Небрендирана облека

Член од
15 април 2020
Мислења
9
Поени од реакции
4
Здраво дечки, долго време размислувам, пробувам да соберам информации, ама никој до крај не ми даде одговор на следново прашање:
Дали во Скопје/Македонија постојат продавници што продаваат небрендирана роба (облека)?

Кога велам небрендирана, не мислам на лажни/копија брендови како абидас, пумиа, наке... туку едноставно парчиња што на нив немаат име или лого на некој бренд.

Споделете какво искуство имате со овој тип на облека, каков е квалитетот и каде може да се најде во Македонија.
Бескрајно, благодарам. :angel:
 
D

dobramuzika

Гостин
Ima fruit of de loom vo edna prodavnica vo blizina na grchka ambasada, kvalitetni maici bez nikakvi logoa/natpisi
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.177
Поени од реакции
21.298
Види низ дуќани има колку што знам и од Македонско производство.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.625
Поени од реакции
14.397
Какво е ова прашање?

Огромен дел од облеката во Ваикики, Њујоркер, Reserved, Sinsay, Terranova, Pull & Bear, Евроазија (во ГТЦ) е небрендирана. Се е рандом принтови/бои, немаат натписи од брендот. Скоро сите од оваа „средна класа“ на производители немаат логоа на фирмата по облеката.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2009
Мислења
353
Поени од реакции
351
Не знам каде бараш или каде си гледал, но за лична употреба воопшто не е тешко да се најде.
Мене скоро цела облека ми е без бренд, еднобојни парчиња или рандом принт/слика.
Во NewYorker има обични еднобојни небрендирани блузи и маици без никаков принт на нив.
Единствено обележје е внатрешната етикета.
Имам купено и од Waikiki, а има и по скоро сите други бутици или пазар.

(Освен ако не бараш големопродажба)
 
Последно уредено:
Член од
11 март 2022
Мислења
9
Поени од реакции
9
мислам дека 70% од облеката шо се продава нема натписи, лого.... поготово сега онлајн продавници од тренерки до мајчки немаат бренд
 

Kajgana Shop

На врв Bottom