Неа Мармарас

Член од
3 ноември 2007
Мислења
189
Поени од реакции
58
Оваа година сум во план да одам на летен одмор на Ситонија, поточно во Неа Мармарас.
Ги молам оние кои биле да споделат искуство. Какво е како место, море, плажи и т.н.?
 
Член од
31 мај 2015
Мислења
66
Поени од реакции
46
Ако веќе одиш во Ситонија би ти препорачал во Сарти, доста мирно место, да не кажам старечко, за со пар или фамилијарно е супер. Има доста поубави плажи во околината, можеш со кола да идеш до портокали бич, кампот Арменистис и други. Неа мармарас ти е повеќе како рибарско место, целото е со удолници, мене не ми се допаѓа.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Не сум бил, ама еве ако не даде некои посоодветно мислење (некој кој бил) ја ќе пишам нешто од тао што најдов по нет и др форуми.
Прво е што местото е ридско, значи до плажа идеш надоле, до соба нагоре, ако си со дете и не си младич од старт не оди (ова дури и од агенции ни го кажаа директно).
Второ што знам е дека е пристанишно градче така да плажата е надво од градот(не надвор ко во охрид) него на периферија, па од соба до плажа може да се фати 1км и повеќе, зависи каде си сместен. Ако си со кола ондак овие две претходни работи нема да бидат и така голем проблем.
Предност е што е малце поголемо градче и има пристаниште па од таму поаѓаат многу бродски тури.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom