- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
КАКО ПРИЧИНА ЗА КОНЗУМИРАЊЕ НАЈЧЕСТО СЕ НАВЕДУВА ЉУБОПИТНОСТА. ПОЧНУВА ДА СЕ ЕКСПЕРИМЕНТИРА СО АЛКОХОЛОТ - КОЈ МОЖЕ ПОВЕЌЕ, ПОЖЕСТОКО И НЕЗАБЕЛЕЖИТЕЛНО СЕ СОЗДАВА НАВИКА
Топлото време и овозможи на помладата генерација, меѓу кои најбројни се средношколците, повторно да се вратат на своето најомилено место за "искачање" во Скопје - Градскиот парк. Смеа, гитара, песна и пијалак - тоа е секојдневната слика во Паркот во вечерните часови. Скејтери, андерграунд, хипици, металци, рапери, кремци, без разлика каде се класифицираат себеси, сите околу 9 часот се упатуваат кон ова место. Првата станица се околните продавници, од каде се снабдуваат со пијалак најчесто алкохолен и евентуално некое "мезе". Следниот чекор е зафаќање на добра позиција и за некое време започнува мешањето, запознавањето и дружењето. "За 200 денари доаѓаш, си поминуваш лудо, се засладуваш со пијачка колку сакаш, без да се стегаш дека некој ќе ти ја наплати изгор и заминуваш дома со такси возило" - вели еден 17-годишен дечко, кој со своето друштво речиси не пропуштаат вечер барем да поминат од тука. Ова не е случај само во Градскиот парк, слична слика ве очекува и ако поминете на Кеј, пред Соборниот Храм, на клупите кај Палета, на Видиковец на Водно... Не е мал ниту бројот на малолетниците кои со алкохолни пијалаци се засладуваат и во многубројните кафулиња. Најпосетени се оние во Лептокарија каде излегуваат друштва на малолетници од високата класа, кои можат да си дозволат да платат поскапо и наместо пиво и вино да пијат коњак и сечена вотка.
ДЕВОЈЧИЊАТА ПИЈАТ ПОВЕЌЕ
Нашето истражување покажа дека веќе нема полови стереотипи - пијат како момчињата така и девојчињата, речиси подеднакво. "Се пие првенствено пиво, а потоа вино" - вели Владимир Спасовски, ученик во средното училиште "Васил Антевски - Дрен". "Иако сe` уште е поголем бројот на машките кои употребуваат алкохол, во последно време се почесто бараат помош и девојчињата. Женскиот организам е понежен и употребата на алкохол може да биде голем проблем за нив за некоја година. Кај женскиот пол многу побрзо може да се констатира фаза на алкохолизам, отколку кај момчињата" - ни изјави д-р Љубица Јаневска, специјалист по социјална работа и претседател на Здружението на клубови на лекувани алкохоличари на Македонија Како причина за конзумирање најчесто се наведува љубопитноста. Почнува да се експериментира со алкохолот - кој може повеќе, пожестоко и незабележително се создава навика. "Кај малолетните лица, колку и да употребуваат алкохол, не може да се констатира алкохолизам. Се работи за труење на крвта и најчесто се оди на токсикологија или домашен третман со многу течности. Слободно можам да кажам дека малолетните луѓе користат премногу алкохол. Бројот на лица под 18 години, кои побарале помош на Одделението за токсикологија од ден на ден се зголемува" - додава д-р Љубица Јаневска. Само колку за споредба, да кажеме дека според информациите од МВР, на Клиниката за токсикологија за последните новогодишни празници се донесени осумнаесетмина млади луѓе со знаци на алкохолно труење, од кои повеќето малолетници од 15 до 17 години. Инаку, овој период, од оние кои побарале помош од оваа институција 70% се малолетници на возраст од 14 до 18 години.
ЗАКОНОТ НЕ СЕ ПОЧИТУВА
За разлика од останатите европски земји каде алкохолот се пие тајно, така што е замотан во хартиени ќеси, кај нас малолетниците слободно одат на улица и носат пластични шишиња од литар - два. Алкохолот кој се конзумира најчесто во друштво се купува од продавници и покрај забраната. Според член 21 од Законот за угостителска и туристичка дејност, во угостителските објекти е забрането послужување на алкохолни пијалаци на лица со возраст под 18 години. Во истиот закон, но овој пат во член 45 стои дека "со парична казна од шест до 18 плати ќе се казнат за прекршок претпријатието или друго правно лице, ако: во угостителските објекти се послужуваат алкохолни пијалаци на лица со возраст под 18 години, ќе се изрече заштитна мерка забрана на вршење на дејноста во траење од шест месеци до една година". "Оној дел од законот во кој се вели дека е забранета продажба и точење алкохол на малолетни лица воопшто не се почитува. Пред мои очи гледам како продавачите им даваат алкохолни пијалаци на малолетниците. И кога ќе ги прашам зошто го прават тоа, одговорот е: "Родителите го пратиле". Треба еднаш засекогаш родителите да сфатат дека не треба да дозволуваат детето да купува алкохол. Мора да се настапи малку поригорозно во тој поглед" - вели д-р Јаневска.
ПОЛИЦИЈАТА НЕАЖУРНА
Покрај тоа што не се почитува Законот за угостителска и туристичка дејност, ниту полицијата не е нешто премногу ажурна. Пијанките во Парк траат некаде до два часот по полноќ и покрај забраната за движење на малолетни лица по 24 часот. "Се случувало да помине и полициска контрола и да одведат во станица некое малолетно лице заради останување доцна, но тоа брзо се заборава. Најчесто никој не ни прави проблем што седиме и пиеме во Парк" - вели Спасовски. Полицијата не ги запира ниту домашните забави, кои најчесто се снабдени со големи количини алкохол. Младите велат дека се случувало да останат до 5 часот наутро и единствено се интервенира за намалување на музиката заради поплаките од соседите.
СЛОБОДАТА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА
Младите имаат сe` поголема слобода од своите родители, кои по сe` изгледа не наоѓаат доволно време за своите деца. Ним им се поважни оценките во училиште, отколку кога, каде и што правело нивното дете. Најчесто родителите се задоволуваат со петките во дневниците, но внимавајте, и одличните ученици пијат. "Конзумирањето алкохол е прилично голем проблем. Многу често доаѓаат родители на деца кои сe` уште се во основно образование и бараат совет како да ги одвикнат нивните деца од употреба на алкохол" - кажува д-р Јаневска. Таа потенцираше дека Здружението на клубови на лекувани алкохоличари прави разни трибини по училиштата за да ги советуваат младите. Како специјалист по социјална работа, д-р Јаневска смета дека домашното воспитување е многу битно и е прв чекор за спречување на зголеменото конзумирање алкохол кај малолетниците.