На терапија

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Добро ако има 45 епизоди ќе ги остават вака да висат судбините на ликовите или во финалето ќе кажат дали Зана и Гент ќе се разведат? Дали Ивана се врати на пливање , се смири со мајка и? Дали Владо се самоуби? Дали Виктор ќе остане со Ана или ќе ја избере Милена? Или пак има и 2 сезона ама молчат?
Се согласувам со ова. Не дека треба да е долга серијава, но многу неразјаснети детали остануваат во воздух на крајот, а фали уште најмалку една недела епизоди да се расчистат сите дилеми.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Крајов беше без одговори, ама тоа е и во животот така, така да мене ми беше реално. Немаше "правилен" избор во ниедна од приказните.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.504
Нема да беше интересно ако беше сите си живееа среќно до крајот на животот. Интересно беше да се гледа, да се излези од светот на турските серии во поинаков стил.
 
P

PewDiePie

Гостин
Се согласувам до негде ама пак очекував малце по wow крај на серијава,жестоко почна Милена,бар на муабет а од нејзиниот сексуален карактер не видовме ништо само зборење,ок може мал дел од мене сакаше да ја види згодната Јованова гола ама пак all talk испанда лупање во гради само.
Војникот прилично реален лик,не знам дали Тони Наумовски живее уште тука ама како да живеел цел живот ја пренесе својата приказна.
Не ги следев последните епизоди,што се случи со малата ?
Нокшириќи и нејзиниот роботски македонски дразнеа малу појќе,ама ај се знае дека мораше шарени да пикнат сегде,живот :rolleyes:
Вера старата ми беше најодвратна,претенциозна стара баба што јаде лајна по цел ден,дури и глумицата не знам од кај ја ископале,прв пат ја гледам,најтиња сегмент од цела серија.
Како прогресираше серијава така шарените украси ги имаше се повеќе,што разбирливо до негде ако се земат во обзир финансиите,шемата,животот,ослободувањето од режим итн итн :angel:
Ама во принцип добра серија,каде каде подобра од разно разни марковски,пресрав и останати слични канцерогени бљувотини. Браво и за Сител што конечно пуштија нешто друго освен турска серија,рано им текна.

а а а и ќе заборавев,Никола Ристановски,капа долу мајсторе,не ти се ни до колена колегите твои,кхм кхм коцев кхм
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Нокшириќи и нејзиниот роботски македонски дразнеа малу појќе,ама ај се знае дека мораше шарени да пикнат сегде,живот :rolleyes:
Глупо е бар за нејзе да се пишуваат вакви глупости, не е она од вчера во глума, па ајде, идеме по рамковен. Погрешно време ти текнува кога беше?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Не ја гледав последната во петокот па денес ја начекав цела да ја изгледам репризно. Стварно некако како недовршена ама добро е како што пиша и HEKOJ дека нема да е интересно да беше со среќен крај и сите среќно да си продолжеа во животот исто и да се одговореа сите неразјаснети работи.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
Па горе-долу се разјаснето ми делува мене.

Владо загина, штета овој лик според мене беше најкомплексниот и најмногу работи мислам дека излегуваа од неговите сесии. Тони Наумовски од пациентиве беше најдобар актер според мене, заедно со Висар Вишка - Гент.
Најбезвезен ми беше крајот со Ивана. Нејзиниот лик беше исто комплексен и со многу реални проблеми, на исто ниво со на Владо ликот можеби. Безвезна ми беше одлуката да се пресели во друг град толку скоро за да почне одново. Мислам дека уште доста терапија лежеше тука.
Брачниот пар заврши веројатно како што беше правилно, со развод, не верувам дека нешто би се сменило драстично за да биде поинаква нивната ситуација.
Виктор не е со Милена дефинитивно, тоа исто ми делува на завршена приказна. Останува дали ќе биде со жена му или ќе се реши (или жена му ќе се реши) на целосна осаменост и барање нешто друго, зашто и тука се доста загомнети работите.

Не знам каква е гледаноста ама мислам дека ќе прават и нова сезона.
Мене серијава ми беше океј, конечно некои од глумциве и да ги гледаме, enough од синхронизирани срања.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.750
Поени од реакции
13.969
Серијата е предобра, во 3 дена сите 45 епизоди ги изгледав и баш би сакал да видам барем уште 45. Сакав да напишам нешто повеќе сега откога ја изгледав, но мислам дека нема потреба. Ќе кажам само збор два за ликовите и дека треба се повеќе вакви "табу" теми да се отвараат и дискутираат во нашата земја.

Сите ликови ми беа интересни, сите приказни сакав да знам како ќе се одвиваат, но ако треба да одвојам некого тоа би биле Владо и Гент. Со Владо малку love-hate relationship, ама последните две сеанси пред да почине беа нешто предобро и надреално.
А Гент го издвоив од другите исто така само поради фактот дека е маалски лик. Не знам како точно да ја опишам фразата "маалски лик", ама он е тоа.

Никола Ристановски...човеков ја краде секоја сцена во која што се појавува. Го имам гледано многупати во театар, а имам гледано и неколку филмови/серии негови. Сите се одлични, едноставно нема утка со него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom