На терапија

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Уште на слушалки да си ја гледаш и верник можи ќе станам, греота сум ќе скинам конци ако продолжам да ги слушам глупостиве и така одење на психијатар ја сметам за тешка глупост, па уште и серија да морам да слушам :D
Off topic си, on so many levels. :)

@Ilumious , потвρдувам деκа бρатучед ти (баρ тој мислам деκа е психијатаρот :D) ваκа од слиκи е стваρно личен и симпатичен.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.045
Поени од реакции
19.652
Во МК не сум видела убав психијатар, сите изгледаат како потенцијали серијски убијци. Цинични се и искомплесирани и тоа е мнооогу видливо.
Психотерапевтите се однесуваат многу различно. Едни се како санта, само ќутат и ништо не зборат, те пуштаат да дробиш, и ќе ти постават максимум 5-6 прашања кои ќе те освестат каде се наоѓаш во животот.
Има психиатри што повеќе зборар за политика, и пациентот им е последна дупка ан кавалот. Има психијатри кои се големи алапачи, а и такви кои оставаат приватна пракса и со сет памет прифаќаат амбасадорско место у Београду. Такви се македонските психијатри.
Кога те чита некој од страна делуваш како фраер од Прибилци, со ајвар на носот, кој после 2-3 корпи од незаинтересирани девојки плаче во Драга Кајгана дека сите жени се курви.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Off topic си, on so many levels. :)

@Ilumious , потвρдувам деκа бρатучед ти (баρ тој мислам деκа е психијатаρот :D) ваκа од слиκи е стваρно личен и симпатичен.
Глупо ми беше ама морав да го умешам :D ако мисли па и членката на моментот што Милена се зацапа во Виктор уште првата епизода, наводно зошто е убав, тоа е феномен што се случува во период кога си разочаран од се и сите и може да се случи да се заљубиш и во коњ ако ти даде сигурност и разбирање макар и на момент, не па во психијатарот.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Дали 40та е последната епизода што ја прикажале од серијава?
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.832
Поени од реакции
7.554
Реакцијата за "45 епизоди малку" беше затоа што и 450 да беа пак се малку кога е нешто добро али кој како разбира....
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Глупо ми беше ама морав да го умешам :D ако мисли па и членката на моментот што Милена се зацапа во Виктор уште првата епизода, наводно зошто е убав, тоа е феномен што се случува во период кога си разочаран од се и сите и може да се случи да се заљубиш и во коњ ако ти даде сигурност и разбирање макар и на момент, не па во психијатарот.
Милена е година дена зацапана во него, иако мене не ми е јасно зошто. Тоа трансфер на чувства во психијатрија можда што го зборуваат, но таа не знае ништо апсолутно за овој. Која заљубеност кои бакрачи, само си ствара илузии. Мислам, ај ок, симпатичен и фин човек да ти ги слуша маките и да те поднасочува, но тоа му е работа, да ти помогне, не ти е потенцијален партнер.
Баш не го разбирам овој момент, ако иаме доктор во куќава да подобјасни зошто баш психијатриве се на тапет дека пациентите се вљубуваат во нив, а не во не знам, стоматологот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Милена е година дена зацапана во него, иако мене не ми е јасно зошто. Тоа трансфер на чувства во психијатрија можда што го зборуваат, но таа не знае ништо апсолутно за овој. Која заљубеност кои бакрачи, само си ствара илузии. Мислам, ај ок, симпатичен и фин човек да ти ги слуша маките и да те поднасочува, но тоа му е работа, да ти помогне, не ти е потенцијален партнер.
Баш не го разбирам овој момент, ако иаме доктор во куќава да подобјасни зошто баш психијатриве се на тапет дека пациентите се вљубуваат во нив, а не во не знам, стоматологот.
Зш стоматологот ненамерно те плаши, не ти ствара пријатна атмосфера :)))) друг фактор е што се јавува машка личност која ја слуша, и пружа внимание и не влегува во конфликт со неа. Психијатарот има задача како прво кога ја уредува ординацијата да пази на одредени елементи да не ги вознемират пациентите. На пример, ако имаш горе неонки, ни под точка разлог да нема една расипана зш оние со поизразено OCD ќе шизнат, да нема предмети на маса поставени на ивица, да не е претесно за тие што сакаат да се излечат од клаустрофобија и еден куп такви работи.

Не мора Милена ништо да знае за да се заљуби во него, времена, предизвикана привлечност е таа, може да трае од ден до години.


П.с. Не влагам во темава додека не завршам зш ќе си спојлнам нешто :D
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Мене ми се свиѓаше моментот кога Милена му кажуваше на Виктор зошто го сака, му рече дека има нешто скршено и кај него, како и кај неа. Тоа беше интересно. Иако, доколку навистина го сакаше, немаше да биде во врска со Владо или со било кој друг. Тука може да се надоврзаме на тоа што го зборуваше Вера дека никогаш не престанала да го сака сопругот иако ја варал, тоа исто така беа доста јаки моменти. Милена е нетрпелива во љубовта, и можеби затоа (можеби, претпоставувам само) нема да бидат вистински заедно со Виктор. Истото се покажа и во нејзината релација со Владо, на кого требаше да му покаже љубов и разбирање, а таа само го проценуваше. На Владо му требаше некој/а кој ќе му влее повеќе сигурност, за жал тој моделот на жена си го избрал според моделот на неговиот татко, строг и непопуслив, нормално, за да го држи на права линија, понастрана од неговите вистински желби поврзани со самосталност и слобода (од било каков аспект, и (хомо)сексуален). Добар беше заклучокот на Вера дека жената на Виктор, со самото тоа што станала независна, престанала да биде интересна за Виктор, кој сакал жената да се потпира на него, и дека баш оттаму потекнува и неговата заинтересираност за Милена, сега Милена зависи од него и го гледа како бог. Виктор е на средината меѓу позицијата да биде "главниот" во врската, или да биде еднаков со партнерката. Мора да одлучи дали сака однос во кој ќе се грижи за партнерката, или ќе се грижат заедно за нешто трето (на пример, децата, кои претходно биле воглавно чувани од жена му). Секој маж наоѓа извесна привлечност во тоа да биде потребен, и сега Виктор не може да се снајде со таа улога на кој му е потребен и на кој сака да му биде тоа, веќе ни самиот не се пронаоѓа во таа улога да биде потребен, затоа не може ни во својата професија да се пронајде веќе, гледа дека не може да допре до пациентите. Му треба некаква промена во животот, и токму тој меур за кој ја обвинуваше Вера дека се наоѓа, всушност тој се наоѓа во таков, меур на средовечна возраст кога одеднаш се запрашува дали е добар сопруг, добар родител, задоволен од работата итн. Дали таа промена ќе ја пронајде во Милена или во изменет живот со жена му, тек и самиот ќе дознае, па и ние со него. :гик:
Во случајот со Зана и Гент, пак постапките на возрасните се афектирани од нивните комплекси од детството, поврзано со дебелината кај Зана и желбата за еманципација. Така да, реално е дека како возрасни сме често жртви на нашите проблеми од детството и низ животот, често се и некои "небитни" ситуации од младоста кои понатака ни оформуваат животни одлуки и ставови. Веројатно тоа е и поентата на терапијата, човек да се извлече од околностите во кои живее(л), да почне пообјективно да го гледа своето минато и сегашност.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Од сите ликови мене со пливачкава ми е баш најинтересно за гледање. Денешнава епизода со Лилиќ е ептен добра.
 
Последно уредено:
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Кај го виде Лилиќ кај Марковски жити 2 очи?
@Löwe не се прај многу паметен и провери пред да коментираш Лилиќ беше докторот на Микиќ кога правеше операција. Пишува и на iMDB дека ја толкувал улогата на др.Горан во 7 епизода.
 
L

Löwe

Гостин
@Löwe не се прај многу паметен и провери пред да коментираш Лилиќ беше докторот на Микиќ кога правеше операција. Пишува и на iMDB дека ја толкувал улогата на др.Горан во 7 епизода.
Wow duri celi 5 sekundi bese vo kadar. Od sto imase nebitna uloga i zaboraviv deka se pojavil
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.720
Поени од реакции
1.477
Добро ако има 45 епизоди ќе ги остават вака да висат судбините на ликовите или во финалето ќе кажат дали Зана и Гент ќе се разведат? Дали Ивана се врати на пливање , се смири со мајка и? Дали Владо се самоуби? Дали Виктор ќе остане со Ана или ќе ја избере Милена? Или пак има и 2 сезона ама молчат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom