На терапија

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.557


Од 4 септември ќе почне со емитување новата телевизиска серија „На терапија“, првата македонска ТВ-продукција снимена според странска лиценца.

„Првпат во Македонија продуцирана е ТВ-серија според странска лиценца во која глумат домашни актери. Снимени се 45 епизоди адаптирани од македонски автори и реализирани со екипа од македонски ТВ и филмски професионалци“, вели продуцентот на серијата Роберт Насков.

Во македонската верзија на серијата, која е во продукција на „Кинооко“, играаат Никола Ристановски во улогата на психотерапевт, заедно со Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи, Тони Наумовски, Ангела Димитрова, Драгана Костадиновска, Висар Вишка и Бедија Беговска.

Дејството на серијата се одвива околу приватниот и професионалниот живот на психотерапевт, кој во текот на петте работни дена работи со своите пациенти на нивните проблеми за во слободното време и самиот да побара стручна психијатриска помош. Секоја епизода е фокусирана на одреден пациент и неговиот однос со главниот лик: суицидална пливачка на тинејџерски години; професионален војник кој ги преиспитува своите постапки; жена која има еротска фиксација кон терапевтот; брачен пар кој не може да се соочи со обврските на родителство; како и сопругата на психотерапевтот, која се обидува да го спаси нивниот брак кој е во криза.

Оригиналната серија „На терапија“ потекнува од Израел. Концептот на серијата доживува планетарен успех и се снимаат верзии во Канада, Аргентина, Бразил, Јапонија, Холандија, Чешка, Полска и во Италија. Во балканскиот регион досега се снимени романска, словенечка, српска и хрватска верзија.

Повеќе детали за проектот се достапни на официјалната веб страна http://www.NaTerapija.mk.

Серијата ќе се емитува на Сител.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.599
Поени од реакции
38.753
Ова ќе биде нешто како Anger Management со Чарли Шин?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.821
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.557
Еве ви ја првата епизода од српската верзија за да видите точно што е содржински серијата.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ова ќе биде нешто како Anger Management со Чарли Шин?
Не.
Јок

Прочитајте малку. Се` е убаво напишано во опис и оп кењање.

Серијава ќе биде драма и е правена по лиценца од оригиналната израелска серија BeTipul.
Американскава верзија е In Treatment со Гејбриел Брн како психијатар.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.821
е.

Серијава ќе биде драма и е правена по лиценца од оригиналната израелска серија BeTipul.
.
Па Енгр Менаџмент е драма и е правена по лиценца од оригиналната израелска серија BeTipul.[DOUBLEPOST=1501167358][/DOUBLEPOST]Да погодам: пливачката што сака да се самоубие е онаа у тренерките. Пошто нели пливачка е, гарант у тренерки би се облекувала.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.821
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Не сум го знаел ова. Јас цело време мислев дека е драма и е правена по лиценца од оригиналната израелска серија BeTipul.
Затоа ми е wtf упорноста. Пошто го знам филмот со Џек Николсон ко психијатар и Адам Сендлер и знам дека серијава со Шин беше по филмот и дека е ситком од 20тина минути, а не драма од 45 до 60 минути. :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.821

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Јас сум изненаден од фактот дека Сител ќе издвојат време од прајм-тајм за нешто што не е индиско-турска серија или вести. Овака звучи интересно, ќе ги ѕирнам првите епизоди, ќе видиме што ќе излезе.
 
Член од
30 јуни 2015
Мислења
314
Поени од реакции
286
Јас сум изненаден од фактот дека Сител ќе издвојат време од прајм-тајм за нешто што е индиско-турска серија или вести. Овака звучи интересно, ќе ги ѕирнам првите епизоди, ќе видиме што ќе излезе.
+1
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.557
Се надевам серијава ќе издржи долго а не после 2- ра сезона да се стави крај и потоа да се чека години и години за нешто ново и квалитетно.

Ова ќе беше добро да се емитува на Телма таман таму е и Преспав да се уклопат во една телевизија а и на Телма и одговара ваква серија да има.[DOUBLEPOST=1501169221][/DOUBLEPOST]
Јас сум изненаден од фактот дека Сител ќе издвојат време од прајм-тајм за нешто што не е индиско-турска серија или вести. Овака звучи интересно, ќе ги ѕирнам првите епизоди, ќе видиме што ќе излезе.
Имале Сител сеии македонски од кој сите биле хумористични но не толку го задоволиле вкусот на гледачите. Сега ќе видиме оваа серија колку ќе биде прифатлива за гледачите.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Јас сум изненаден од фактот дека Сител ќе издвојат време од прајм-тајм за нешто што не е индиско-турска серија или вести. Овака звучи интересно, ќе ги ѕирнам првите епизоди, ќе видиме што ќе излезе.
Имаат обврска според законот за аудио-визуелни дрн-мрн да создадат и емитуваат одреден број часови своја играна програма.

И лани имаа 2 серијала, ама беа крш, пред се зашто немаше продукција зад нив.

Сега фино-лепо си платиле на Кино Око им им создале серија. Може не е оригинална идеја, ама боље добар римејк отколку крш оригинал. А ова ми делува добро, ама да почекаме до септември.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.599
Поени од реакции
38.753
Затоа ми е wtf упорноста. Пошто го знам филмот со Џек Николсон ко психијатар и Адам Сендлер и знам дека серијава со Шин беше по филмот и дека е ситком од 20тина минути, а не драма од 45 до 60 минути. :D
Мислам дека серијата не е толку по филмот, таму тој терапевтот му помага на мафијашот да се ослободи од стресот, а тука има цела група луѓе со кои он зборува низ серијата што е многу различно!
Така да филмот е многу различен од Енгер Менаџмент со Чарли, која више потсеќа на таа израелска верзија отколку ма филмот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom