На поранешниот кошаркар Гешоски му е потребна помош

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Сметка за уплата (НЛБ Банка): 210501570305113
Матичен број: 2212956450033
Адреса на живеење: Ул. Мексичка бр. 3, Скопје

http://www.slobodenpecat.mk/naslovna/na-gesoski-mu-e-potrebna-pomos/

На поранешниот кошаркар Гешоски му е потребна помош

March 31, 2017

Пишува Срѓан Ивановиќ

Откако се исцрпени сите опции за негово лекување во Македонија, тој од многубројни медицински установи од странство е советуван да се подложи на третман со матични клетки.



Добив гаранција од руските лекари дека најмалку 80 отсто од загубената функција на телото ќе ми биде вратена. Единствено во болницата во Москва овој третман трае 12 дена, што и цената на лекувањето ја прави поевтина. За разлика од болниците во Кина или во Швајцарија, во Русија сите трошоци ќе изнесуваат не повеќе од 17 илјади евра.


Фото Борче Поповски

Вака ја опиша својата тешка битка што во моментов ја води Поранешниот кошаркар Стеван Гешоски, кој пред две години доживеа мозочен удар, има отежнат говор, парализирана десна страна како и силни болки во екстремитетите на десната страна и на вратот. Откако се исцрпени сите опции за негово лекување во Македонија, тој од многубројни медицински установи од странство е советуван да се подложи на третман со матични клетки.

Тој апелира до бизнис заедницата да му помогнат во овој момент, како и до секој добронамерен човек. Во меѓувреме беше прифатена и иницијативата од судиската комисија, за донирање на целокупните приходи на официјалните лица од претстојното 4. коло во кошаркарската Суперлига, а помош ветија и од Здружението на тренерите.

Без нималку двоумење и без размислување Здружението на кошаркарски тренери одлучи да донира средства за новата битка на Гешоски. Тој е моја генерација, се познаваме одамна. Ние сме им помагале на многу луѓе со донирање средства така што и овој пат тоа нема да биде исклучок – истакна Драган Василов – Цевка, претседател на здружението.
Повозрасните љубители на кошарката го паметат Гешоски како еден од најдобрите тогашни македонски играчи, во некогашната југословенска лига.

Кариерата тој ја започна на 19 години, кога легендарниот тренер Лазар Лечиќ го уфрли во првиот тим на Работнички, кога овој тим значеше многу во тогашното првенство.
Гешоски одамна е надвор од кошарката, последен пат го видовме на функцијата директор на македонската репрезентација за време на европското првенство во 1999 година. Но, неговите некогашни соиграчи и соработници не го заборавија, па сега кога му се потребни дополнителни средства за неговото лекување во Москва, Русија, од Македонската кошаркарска федерација пратија апел за прибирање на средства за неговото лекување.

Им благодарам на моите колеги и пријатели од Кошаркарската федерација, кои несебично се вклучија во прибирањето средства за моето лекување – изјави Гешовски за „Слободен печат“.

Гешовски е еден од ретките кошаркари од Македонија, кој бил член на сениорскиот состав на реномираната селекција на Југославија, со која има освоено сребрен медал од медитеранските игри во Сплит 1979 година, кога во финалето „сините“ беа совладани од Грција, а тогаш светот прв пат на дело ги виде славните кошаркари Никос Галис и Панајотис Јанакис. Тој има сребро и од универзитетските игри во Мексико, а неговата клупска кариера ја одбележа тоа што беше капитен на нашите најтрофејни клубови Работнички и МЗТ Скопје. Со Работнички стаса и до полуфиналето на Купот на победниците на куповите, како и до две купфиналиња во Купот на поранешна Југославија.

Сметка за уплата (НЛБ Банка): 210501570305113
Матичен број: 2212956450033
Адреса на живеење: Ул. Мексичка бр. 3, Скопје
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Срамота би било на човеков да не му се помогне. Некои луѓе тие пари ги заработуваат во еден месец, а да не збориме за државата која има пари за се и сешто да оствари, а не па за 17.000 евра.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
415
Поени од реакции
908
Срамота би било на човеков да не му се помогне. Некои луѓе тие пари ги заработуваат во еден месец, а да не збориме за државата која има пари за се и сешто да оствари, а не па за 17.000 евра.
Уште посрамота е кога потребните средства не ги добиваат мали деца , кои имаат болести кои се корегираат со многу поедноставни зафати и постапки отколку со неефективни и сомнителни методи со матични клетки.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Уште посрамота е кога потребните средства не ги добиваат мали деца , кои имаат болести кои се корегираат со многу поедноставни зафати и постапки отколку со неефективни и сомнителни методи со матични клетки.
Тоа е повеќе од јасно. Ама конкретно за човеков бар од почит кон него како некој кој допридонел за Македонската кошарка може државата да ги исплати тие 17.000 евра, па ако треба и повеќе.
 
P

Patience

Гостин
Македонската кошаркарска федерација ги објави телефонските броеви, на кои може да се донираат парични средства потребни за лекувањето на кошаркарската легенда Стеван Гешовски.
Претплатниците на мобилниот оператор „оне.Вип“ можат да донираат на 075/077 143 472, додека претплатените на „Телеком“ на 070 143 108.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom