Не ги плаши за џабе, нема везе тоа цел ден учење секој ден, битно е да одвоиш едно 9-10 дена за потежок колоквиум/завршен и 1-2 дена за полесен колоквиум/ завршен.Јас би ви препорачала на тие што планирате да се запишете на медицина, стоматологија или фармација, зборам за смеровите за доктори, не за радиолози, стручни забни техничари и слично, ако сакате да останете нормални какви што сте и ако немате кондиција за бубање над книга од средно, да си се поштедите од идните маки кои уопште не се мали.Значи буквално ве чека бубање по цел ден, особено кога ќе ви дојде на ред хемија или анатомија (за анатомија ако немате основа од средно..среќно) или не дај боже патофизиологија. Не е доволно само да го сакате факултетот верујте, и ја пред да се запишам многу го сакав.
И да, ако немате ординација/аптека да наследите од некого, или можност за во иднина истата да си ја отворите, уопште не ви се исплаќа маката.
Ако толку сте запнале баш доктори да бидете, немојте стоматологија, по неорганизиран факултет не постои, а многу ќе ве погоди тоа. Ова за у Скопје зборам, на Св.Кирил и Методиј.
The warning has been sent
Не ти треба никаква основа по Анатомија, па ебаго не е математика или физика па да мора да ја разбираш од срж и да имаш основа, бубаторски предмет е, земаш седиш учиш напамет латински имиња си ги поврзуваш работите после по логика и откако ќе го научиш латинскиот медицински вокабулар немаш гајле понатаму. Ја завршив Гимназија, со Анатомија првпат се сретнав на факултет, нема апсолутно никаква потреба од основа.
Според мене најзаеабано е што мораш да бидеш редовен на предавања и вежби, а после кога ќе дојдеш дома уморен, немаш воља ниту сила за учење, ќе мора уште од старт да си се снаоѓате со тоа картицине за евиденција и да ве куцнуваат колегите.
Сите над 89 бода што имаат би требало да влезат на Општа Медицина, на Стоматологија и Фармација сите ќе влезете, лани имаше многу мала заинтересираност за Стоматологија и Фармација.