На кој спорт ги носите вашите деца?

Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Што е со спортот и со децата?

Моиве одеа на шах и не се имаат откажано ама јас се откажав далеку ми беше школото и ме реметеше во сите планови... и да продолжиме им треба нешто за раздвижување, поготово на големата 9 години има, добра кичма добар вид ни еден од поголемите проблеми денес што ги имаат децава освен што имаме добра мрзливост...
Сака на базен - најблиску е олимписки - искуства со деца на олимписки?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
И јас поголемиот планирам да го носам на курс по пливање летово, има ли некој искуство, има само 4 и пол години, а професоров е сигурен дека може да го научи имал научено да пливаат деца на 3 години. Инаку во секој случај ги запишувам на карате, главно за дисциплина, пешачат со мене големиот во главно и повеќе од 10 километри и никако да заспие пред полноќ. мака мачиме. а после прво одделение, ја активирам и бавчата на село, не за друго, многу почнаа да гледаат што имаат другите деца, па и ние треба да имаме, колку да научат како идат парите во новчаникот!
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Од кога го реновираа олимписки е фино ептен, ама како и претходно треба да се погоди периодот кога нема гужва, односно општо пред 6 е прилично празно-термин 4-5/5-6 за викенди да речеме. Сега колку што знам исти се цените кај сите клубови, само зависи кој клуб кои термини ги има, па на тоа паѓа изборот.

Цените за влез незнам како се, ќе да ги имаше на страната на олимписки.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Првo и најважно е да се избере спортот кој му одговара на детето, а не на родителите. Не го запишувајте на спорт кој вас ви е убав и имате познати тренери ова она, па ај повеќе внимание ќе му посветуваат. Или пак да барате мислења од други и да поставувате прашање од типот "Што препорачувате за женско дете од 4 години, а што за машко од 6 години?"

На родителите им се вртат филмови во глава, ако оди на пливање ќе треба само на лето, затоа што ви зимо ќе настине. Од каратето и борењето се забавува растот, а од фудбалот ќе има криви нозе. Или абе висок е, па ај на кошарка.
Треба да се дознаат личните интереси на детето, дали повеќе сака тенис, скијање, одбојка, карате, ракомет или пливање и кои се причините за афинитетите кон тој спорт.

Сите деца сакаат на базен, кое не сака да е во вода. :D Може и на 3 години, моево се научи и има висина, ама џабе нема интерес и повеќе сака зимски спортови. Сите во базен, а он на скии. Пробавме и друго и воопшто не го интересира. :toe:
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952

Амин за постов, конечно некој разумен тука!
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Карате ми допаѓа како спорт, или некоја друга боречка вештина. Ем физичка активност, ем корисна вештина, ем може и ако сака да оди на натпревари.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Олимписки ми е најгнасен базен, не би пуштила детето таму да ми иде.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Атлетика, гимнастика, пливање. Тоа се трите базични спортови од кои произлегуваат сите. Откако ќе се занимава детето со еден од овие спортови, после без проблем може да премине на друг спорт што ќе го сака повеќе.

Не се тимските спортови за први спортови од мали нозе.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Олимписки ми е најгнасен базен, не би пуштила детето таму да ми иде.
Преку еден ден ја проверува водата инспекција, земаат примерот наутро.
Јас погаден базен од Карпош немам видено, пливаш и треба да одбегнуваш влакна и натуткана прашина. Разликата е што на Олимписки тие работи не пливаат заедно со тебе туку се таложат на дното (поради хлорот) и потоа на крајот од денот со специјални правосмукалки се собираат.
Карпош како базен треба многу да поработи на хигиената, на многу пониско ниво е од Олимписки.
Олимписки врие од деца, но не би препорачал да ги носите на многу мала возраст и во големи групи, многу често ги гледам како се борат за место да пливаат и тоа е исто и на олимписки и Карпош. Посебно гледајте да избегавате школи што имаат тренинзи во рекреативни термини.
На пример, во Карпош сабота и недела во рекреативен термин (после 10), имаш 10-20 деца што пливаат во 2 ленти или Олимписки сабота и недела рекреативен термин (од 11) имаш 20-тина деца што пливаат и плус треба да внимаваат на индијанците што скокаат (мада чуварите им даваат првите 5 минути фора и после или пливај или излегувај).
А за ладно, ич не му ја мислите и во декември се плива на Олимписки и Карпош.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Карате ми допаѓа како спорт, или некоја друга боречка вештина. Ем физичка активност, ем корисна вештина, ем може и ако сака да оди на натпревари.
Најдобрата дисциплина за постигнување самодоверба, снаодливост, исфрлање на негативна енергија, подобрување на видот, но секој не може да тренира.
Сите не се цврсти, еластични, полни со енергија, а знаеме дека се губат и многу калории. А тоа да корисна вештина е, јас во основно тренирав и техниките ги испробував на децата од школо и оние во маало. :icon_lol:
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
Првo и најважно е да се избере спортот кој му одговара на детето, а не на родителите. Не го запишувајте на спорт кој вас ви е убав и имате познати тренери ова она, па ај повеќе внимание ќе му посветуваат. Или пак да барате мислења од други и да поставувате прашање од типот "Што препорачувате за женско дете од 4 години, а што за машко од 6 години?"

На родителите им се вртат филмови во глава, ако оди на пливање ќе треба само на лето, затоа што ви зимо ќе настине. Од каратето и борењето се забавува растот, а од фудбалот ќе има криви нозе. Или абе висок е, па ај на кошарка.
Треба да се дознаат личните интереси на детето, дали повеќе сака тенис, скијање, одбојка, карате, ракомет или пливање и кои се причините за афинитетите кон тој спорт.

Сите деца сакаат на базен, кое не сака да е во вода. :D Може и на 3 години, моево се научи и има висина, ама џабе нема интерес и повеќе сака зимски спортови. Сите во базен, а он на скии. Пробавме и друго и воопшто не го интересира. :toe:
Не те разбрав , на 3 години научи да плива. Така?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Олимписки ми е најгнасен базен, не би пуштила детето таму да ми иде.
Оф, а да видевте порано на што личеа двата базена... :) Сега се Лас Вегас.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Првo и најважно е да се избере спортот кој му одговара на детето, а не на родителите. Не го запишувајте на спорт кој вас ви е убав и имате познати тренери ова она, па ај повеќе внимание ќе му посветуваат. Или пак да барате мислења од други и да поставувате прашање од типот "Што препорачувате за женско дете од 4 години, а што за машко од 6 години?"

На родителите им се вртат филмови во глава, ако оди на пливање ќе треба само на лето, затоа што ви зимо ќе настине. Од каратето и борењето се забавува растот, а од фудбалот ќе има криви нозе. Или абе висок е, па ај на кошарка.
Треба да се дознаат личните интереси на детето, дали повеќе сака тенис, скијање, одбојка, карате, ракомет или пливање и кои се причините за афинитетите кон тој спорт.

Сите деца сакаат на базен, кое не сака да е во вода. :D Може и на 3 години, моево се научи и има висина, ама џабе нема интерес и повеќе сака зимски спортови. Сите во базен, а он на скии. Пробавме и друго и воопшто не го интересира. :toe:
Во принцип се согласувам со тебе дека детето треба само да си одбере што му се допаѓа и со тоа да се занимава.Али исто така сметам дека секој родител е обврзан да се обиде да му го покаже патот за кој мисли дека е најдобар за детето.Било да е тоа спорт,или образование.Ние сепак зборуваме за спорт како вид на забава и хоби кај децата,а не дека правиме од нив професионални спортисти уште од 3 години како у Кина.
Мојот постариот се занимава со хокеј,а помладиот тегне накај кошарка ,што мене ми рпетставува огромно задоволство )))
 
Kajgana Shop

На врв Bottom