На денешен ден!

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1827.Во Виена умре Лудвиг ван Бетовен, германски композитор, еден од најголемите композитори на сите времиња. Компонира девет симфонии, од кои најпознати се Третата, Петтата и Деветтата симфонија, потоа компонира клавирски сонати, гудачки квартети и друго. Роден е во Бон, на 17 декември 1770 година.
1859 Роден е англискиот писател Алфред Едвард Наусман. Дела: збирка песни „Момчето од Шропшир“, „Последни песни“.
1868 Роден е Ахмет Фауд Паша, кој како Фауд Први во 1922 година стана првиот крал на Египет. Претходно додека Египет беше под британски протекторат во 1917 година стана египетски султан, а титулата крал ја доби кога Велика Британија на Египет и даде ограничена независност. По смртта во 1936 година го наследи синот Фарук Први.
1874 Роден е американскиот писател Роберт Ли Фрост. Тој е четирикратен добитник на Пулицеровата награда за поезија. Дела: збирка песни „Момчешка волја“, „Северно од Бостон“, „Потокот што тече на Запад“, „Собрани песни“.
1892 Умре американскиот писател Волт Волтер Витмен. Со своето пишување силно влијаел на модерната лирика.
1893 Роден е Палмиро Толјати, еден од основачите на Комунистичката партија на Италија, револуционер, борец против фашизмот и публицист. Умре на 21 август 1964 година.
1901 Во Галичник е роден Лазар Личеноски, македонски сликар. Тој е еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејсаж ("Бачила", "Долап", "Афионски полиња", "Охридски рибари") во кои внесува и фолклорни елементи. Сликаше и мртва природа, портрети и мозаици. Умре во Скопје, на 10 април 1964 година.
1913 Повеќе од 1.400 луѓе загинаа во поплавите кои ги зафати американските држави Охајо, Индијана и Тексас.
1914 Во Колумбос е роден Тенеси Вилијамс, американски драмски писател. Голема популарност стекна со современите лирски драми. Меѓу најпознатите негови дела се "Трамвајот наречен желба" и "Мачка на вжештениот покрив".
1918 Францускиот маршал Фердинанд Фош е поставен за врховен командант на сојузничките сили во Првата светска војна.
1923 Умре француската глумица Сара Бернер. Беше професор и на Парискиот конзерваториум, а напиша и „Мемоари“.
1945 Умре англискиот државник Дејвид Лојд Џорџ. Беше неколку пати премиер на Велика Британија, а ја предводеше земјата до победата во Првата светска војна. Дејвид Лојд Џорџ беше еден од главните учесници на мировната конференција во Версај. Напиша и мемоари „Дваесет и пет години“ во кои го опфаќа периодот од 1892 до 1916 година.
1945 По големите и тешки борби, американските трупи во Втората светска војна го освоија малиот пацифички остров Иво Џим, стратешки важен за бомбардерските напади на Јапонија. Јапонскиот екипаж составен од 23.000 лица целосно загина, а од вкупно 27.000 Американци 6.821 лице загина.
1953 Доктор Џон Салк, американски микробиолог, го објави откривањето на новата вакцина против детска парализа.
1957 Умре францускиот државник Едвард Ерио. Германците во Втората светска војна во 1942 година го заробија, но во 1945 година беше ослободен од Црвената армија која го зазеде Берлин. Ја предводеше Радикал-социјалистичката партија од 1919 до 1955 година. Беше неколку пати претседател на владата и министер меѓу 1924 и 1936 година, а од 1936 до 1940 и од 1947 до 1953 година и претседател на собранието.
1971 Шеикот Муџбир Рахман го прогласи Источен Пакистан за независна држава Бангладеш.
1973 Умре англискиот писател, глумец и пејач Ноел Кауард кој беше многу популарен меѓу Првата и Втората светска војна во Велика Британија и во САД.
1979 По разговорите во Кемп Дејвид, Израел и Египет склучија мировен договор во Вашингтон. Со тоа е завршена воената состојба меѓу двете земји, што траеше од 1948 година.
1984 Познатиот српски писател Бранко Ќопиќ изврши самоубиство. Дела: „Под Грмеч“, „Борци и бегалци“, „Планинци“, „Пролом“, „Глув барут“, „Не тагувај бронзена стражо“, „Осма офанзива“, „Доживувањата на Николетина Бурсаќ“.
1984 Во Ерд, во близина на Будимпешта, умре Золтан Чука, унгарски поет и литературен преведувач. Тој е најзаслужениот преведувач на дела од автори на српскохрватското, словенечкото и македонското литературно подрачје. Ги преведе романите „Тоа Радиовце“ во кое паѓам длабоко“ од Јован Павловски, „Улица“ од Славко Јаневски, „Миладин од Кина“ од Божин Павловски и други. Роден е во 1901 година.
1998 Кинескиот поет Лу Јуан е прогласен за добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 1998 година.
2001 САД ставија вето на донесувањето на резолуциајта на Советот за безбедност на ОН за создавање меѓународни набљудувачки сили заради заштита на цивилите на Западниот Брег во појасот Газа.
2002 Во авганистанската провинција Баглан околу 160 километри северно од Кабул во земјотрес загинаа најмалку илјада луѓе, а главниот прад на провинцијата Нахрин беше срамнет со земја.
2007 Во Нигерија, во Кадун, загинаа најмалку 90 лица додека ја собираа нафтата која се излеваше од камион-цистерна која ненадејно експлодира.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1461.Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете ружи во Англија, околу 36.00 војници под знамето на династијата Јорк, кај Тоунтон близу Јорк, ги поразија околу 40.000 војници на армијата на династијата Ланкастер, со што династијата Јорк го осигураа престолот на Едвард Четврти.
1772 Умре шведскиот филозоф Емануел Сведенборг, автор на мистичко-теозофското учење за природата, посебно за човечката природа. За неговите визии пишува и Имануел Кант во делото „Соновите на еден духовник“. Најпознати дела на Сведенборг се „Opera philosophica et mineralia“, „Arcana coelestica“ и „De nova Hierosolyma“.
1792 Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена откако атентатор пукаше кон него во опера во Стокхолм. Од стапувањето на престолот во 1771 година владееше апсолутистички, но беше и голем покровител на уметноста. Војуваше против Русија од 1788 до 1790 година и безуспешно се обидуваше да го заземе Санкт Петербург. Инспириран со атентатот врз него, Џузепе Верди ја напиша операта „Бал под маски“.
1809 Шведскиот крал Густав Четврти мораше да абдицира после серијата порази на шведските трупи во војната со Данска.
1814 Во Данска Евреите се изедначени во првата со останатите граѓани.
1848 Почна тригодишната војна меѓу Данска и Прусија во која Данците претрпеа пораз. Данска изгуби голем дел од територијата на јужниот полуостров Јитланд.
1849 Велика Британија го анектира Пенџаб и го присоедини кон Индија.
1864 Грција го поврати суверенитетот над островите во Јонското Море, дотогаш под колонијална управа на Велика Британија.
1867 Британската Влада во северниот дел на Америка го формира доминионот Канада со три покраини: Канада, Нова Шкотска и Њу Брунсвик. Со Вестминстерскиот статут од 1913 година Канада и формално стана независна држава на британскиот Комонвелт.
1891 Во Париз умре Жорж Сера, француски сликар, зачетник на „поентилизмот“. Сликаше ненанесувајќи на платно многу ситни точки со чисти бои на спектарот, кои во окото на гледачот се слеваат во одредени шари и тонови. Најчесто сликаше пејзаж, сцени од циркуси и од плажи. Роден е во Париз, на 2 декември 1859 година.
1899 Роден е шефот на злогласната советска политичка полиција НКВД и потпретседател на Владата на Советскиот Сојуз Лаврентиј Павлович Бериј, кој во „големите чистки“ организираше физички ликвидации на болшевичките првенци, а од 1938 година раководеше со системот на концентрационите логори (ГУЛАГ) во кои беа затворани милиони луѓе. Постојат големи сомнежи дека го отрул Сталин. Беше уапсен во средината на 1953 година, по смртта на Сталин, под обвинение дека правел заговор да ја преземе власта, а во декември 1953 година беше стрелан.
1989 Советот на Струшките вечери на поезијата го прогласи австралискиот поет Томас Шапкот за добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 1989 година.
1901 На првите федерални избори во Австралија победи Лабуристичката партија.
1902 Роден е англискиот композитор Вилијам Тарнер Волтон, творец на чувствителна и лирска музика со неоромантичарски стил. Негови најпознати дела се мелодрамите „Фасада“, „Балтазаров пир“ и „Концерт за виолина.
1912 Англискиот поларен истражувач Роберт Фалкон Скот умре од студ и глад при враќањето од Јужниот пол, каде што пристигна на 13 јануари 1912 година, четири недели после Норвежанецот Руалд Амундсен.
1945 Владата на Советскиот Сојуз и официјално ја призна владата на Јосип Броз Тито. Пред неа, владата на Јосип Броз ја признаа Велика Британија и САД.
1945 Со истоварувањето на специјални диверзантски трупи на американската морнарица почна борбата за Окинава, крстосница на Исток, бидејќи е еднакво оддалечена од Јапонија, Кина и Формоза. Во крвавите борби американските десантни единици загубија околу 50.000 луѓе, а јапонските околу 110.000 луѓе.
1946 Со новиот устав Златниот Брег (сегашна Гана) стана првата британска колонија во Африка со африканско мнозинство во Парламентот, но на целосна независност чекаше уште 14 години.
1967 Франција ја пушти в море првата нуклеарна подморница.
1973 Последниот контигент американски трупи го напушти Виетнам и со тоа заврши директното воено учество на САД во долгогодишната Виетнамска војна.
1974 Првите фотографии од Меркур ги сними американскиот вештачки сателит „Маринер 10“.
1990 Премиерот на Австралија Боб Хоук ги доби изборите, станувајќи прв лаборист кој четири пати непрекинато ја освојувал функцијата шеф на влада.
2004 НАТО официјално е проширен со седум нови земји од источна и југоисточна Европа, од дотогашните 19 на 26. Нови членки станаа Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија.
2004 Ирска стана првата земја во Европа која го забрани пушењето во пабовите, рестораните, хотелите и на работните места.
2007 Во несреќата на рударски брод кој потона во близина на брегот на Гвинеја, недалеку од престолнината Конакри, од околу 120 преживеаја само 36 патници.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1135.Роден е еврејскиот филозоф, лекар, математичар и астроном Мојсије бен Мајмон, познат како Мојсије Мајмонид, следбеник на Аристотел. Тој е најголем еврејски филозоф во средниот век. Во филозофското дело „Водич во љубовта“, се обиде да ја базира религијата на рационални основи, што предизвика жестока осуда на ортодоксните приврзаници на јудаизмот. Напиша неколку астрономски и математички расправи.
1746 Во Фуентетодос, Арагонија, е роден Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер. Работеше ѕидни композиции за цркви, нацрти за таписерии и сцени од секојдневниот живот. Неговата слика "Стрелање на бунтовниците" го одбележа почетокот на новата ера во европското сликарство. Автор е на неколку графики и цртежи. Од делата најпознати му се "Трети мај 1808", "Борба со бикови", "Гола Маја" и "Облечена Маја". Умре во Бордо, на 16 април 1828 година.
1842 Американскиот лекар Крофорд Лонг прв - при хируршка интервенција во болница во градот Џеферсон во американската држава Џорџија - го употреби етерот како анестетик.
1844 Во Метз е роден Пол Верлен, француски поет, кој значително влијаеше врз симболичната школа. Песните му се непосредни, полни со лиризам и музика. Умре во Париз, на 18 јануари 1869 година.
1853 Роден е холандскиот сликар Винсент ван Гог. Неговите дела, околу 850 слики и повеќе од 900-ни цртежи, пејзажи и портрети, пресудно влијаеја на модерната уметност. Во состојба на нервно растројство изврши самоубиство во 1890 година.
1856 Во Париз со мировен договор заврши Кримската војна водена меѓу Русија и Отоманското царство.
1867 Потпишан е Договор меѓу САД и Царска Русија со кој, САД од Царска Русија ја купија Алјаска за 7,2 милиони американски долари. Вредноста на Алјаска се покажа во 1897 година, кога е откриено злато, богати наоѓалишта со руда и нафта.
1894 Роден е рускиот конструктор на авиони Сергеј Владимирович Иљушин, кој во текот на три децении конструирал повеќе од 50 типа авиони. Особено е познат по оклопниот јуришки авион "Il-2" за потребите на советското воено воздухопловство во Втората светска војна и патничките авиони конструирани по војната.
1905 На Крит Грците се дигнаа на востание против турското владеење. Овој грчки остров во Средоземното Море и припадна на Грција во 1913 година, по балакнските војни.
1912 Умре Карл Мај, германски писател. Дела: „Винету“, „Богаство во сребреното езеро“, „Синот на ловецот на мечки“, „Од Багдад до Стамбол“.
1913 Роден е Френки Лејн, познат американски пејач кој со серија хитови стана еден од најпопуларните музичари во 50-ите години од минатиот век. Песни: "That's My Desire", "Mule Train" , "Jezebel", "I Believe" и "Rawhide". Во текот на седумдецениската кариера продаде повеќе од 100 милиони плочи од кои повеќе од 20 се стекнаа со статус златни. Имаше широк репертоар кој опфаќаше џез, блуз и кантри музика.
1940 Јапонија воспостави маронетска влада во окупираната Кина.
1950 Умре францускиот државник Леон Блум, водач на Социјалистичката партија од основањето во 1920 година, првиот социјалист премиер на Франција. Ја предводеше владата на Народниот фронт во 1936 и во 1937 година и во пролетта 1938, а третиот пат беше претседател на влада од 1946 и 1947 година. Во Втората светска војна Германците го интернираа во концентралциониот логор во Даха.
1960 Во САД, во вселенската база Кејп Кенеди е лансиран првиот метеоролошки вештачки сателит "Тајрос - 1".
1967 НАТО ги затвори воените штабови во Франција, откако претседателот Шарл де Гол одлучи да ја повлече земјата од тој западен воен сојуз под доминација на САД.
1973 Последниот контигент американски војници го напушти јужниот дел на Виетнам. Во виетнамската војна загинаа повеќе од 58.000 американски војници. Марионетскиот сајгонски режим е урнат во 1975 година, по што се обединија Северен и Јужен Виетнам.
1974 Првиот кинески патнички авион слета во Њујорк.
1979 Иранците на дводневен референдум со убедливо мнозинство изгласаа воспоставување исламска република.
1981 Американскиот претседател Роналд Реган во момент додека излегуваше од еден хотел во Вашингтон лесно беше повреден од атентаторот Џон Хинкли.
1986 Умре американскиот филмски глумец Џејмс Кегни. Филмови: „Државен непријател“, „Грешников одмор“, „Премин до пеколот“, „Победникот зема се“, „Сонот на летната ноќ“, „Оклахома Кид“, „Јенки Дудл Данди“ (Оскар), „Крв на сонце“, „Цена на славата“, „Човек со илјада лица“, „Еден, два, три“. „Регтајм“.
1990 Парламентот на Естонија го прогласи СССР за окупаторска сила и побара целосна независност.
1992 Република Македонија и Република Хрватска со размена на ноти склучија спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на амбасади.
1994 Во Стразбур, Република Македонија пристапи на 15 конвенции на Советот на Европа.
1997 Во бомашки напад на митинг во главниот град на Камбоџа Пном Пен, беа убеини 10, а ранети повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи и водечки камбоџиски опозициски политичари.
2001 Во планинарскиот дом „Китка“ е најден убиен Јосиф Илковски, македонски новинар, публицист и писател. Роден е во Велес, во 1924 година.
2003 Во Њујорк дури и баровите и рестораните се прогласени за непушачки зони.
2006 Умре поранешниот претседател на Естонија, Ленарт Мери, клучна личност на движењето за независност на оваа балтичка земја. Мери беше претседател на Естонија од 1992 до 2001 година.
2007 Најмалку 54 лица, од кои повеќето странци од различни исламски земји, беа убени во судирите меѓу терористите поврзани со Ал Каида и припадниците на пакистанските племиња во регионот на Јужен Вазиристан. Станува збор за провинција на границата со Авганистан, која служи како база на талибанските бунтовници.
 
C

Crazy Diamond

Гостин
- Ден на македонското судство
1492.- Кралот Фернандо Петти Католички им даде на Евреите рок од три месеци да поминат во римокатоличка вера или да ја напуштат Шпанија.
1547.- Умре францускиот крал Франсоа Први, кој со Болоњскиот конкордат во 1516 година обезбеди превласт на круната над римокатоличката црква во Франција. Од доаѓањето на престолот во 1515 година, тој се обиде да стане римско-германски цар, што во 1519 година му успеа на неговиот ривал Карло Петти, против кого потоа водеше четири војни. Беше заробен во битката кај Павија во 1525 година, но успеа да се спаси и во 1536 година воспостави сојуз со Отоманското царство против Хабзбурговците. Заслужен е за развој на француската уметност и наука.
1596.- Во Хаг е роден Рене Декарт, француски филозоф, математичар и физичар. Неговото учење претставува основа на модерната филозофија и раскин со схоластиката. Напиша повеќе дела од кои најпознати се „Принципи на филозофијата“, „Расправа за методите“, „Медитации“, „Расправа за страстите на душата“ и „Правила за раководење со умот“. Како физичар се истакна со трудовите од механиката и од оптиката, а неговото дело "Геометрија" отвори нова ера во математиката. Умре во Стокхолм, на 11 февруари 1650 година.
1631.- Умре англискиот писател Џон Дон. Тој е верјатно еден од најголемите пистели кој на ангилски јазик напишал љубовни песни. Дела: елегии, сатири, епиграми, религиозни песни.
1727.- Умре англискиот физичар, математичар, механичар и астроном Сер Исак Њутн, универзитетски професор во Кембриџ. Во негова чест со знакон N се обележува сила.
1732.- Роден е Франц Јозеф Хајдн, австриски композитор, кој го откри дотогаш неистраженото поле на народната музика, инспирирајќи се од германскиот, австрискиот, унгарскиот, францускиот и рускиот фолклор. Во извонредно големиот опус (104 симфонии, 83 гудачки квартети, повеќе од 20 опери), тој го усоврши изразот на симфониското музицирање. Умре во Виена, на 31 мај 1809 година.
1809.- Во Сорочинци, Полтава, е роден Николај Василевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар. Негови најпознати дела се "Миргород", "Тарас Буљба", "Мртви души" и "Ревизор". Умре во Москва, на 4 март 1852 година.
1823.- Во Москва е роден Александар Николаевич Островски, руски драмски писател, автор на педесеттина драмски дела што ја претставуваат основата на рускиот класичен драмски репертоар. Меѓу најпознатите негови дела се „Бура“, „Мома без мираз“, „Шума“, „Свои сме, ќе се разбереме“, „Волци и овци“ и други дела. Умре во Шчеликово, на 2 јуни 1886 година.
1837.- Умре англискиот сликар Џон Канстебл, еден од творците на модерниот пејзаж во европското сликарство. Неговите платна се одликуваат со едноставни мотиви, слободни потези и прозрачност на афмосферата, со што значително влијаеше на француските импресионисти.
1854.- Јапонија и САД го потпиша првиот Договор за отворање на пристаништето Шимод и Хакодате за американските трговци, со што заврши изолацијата на таа земја.
1855.- Умре англиската писателка со ирско потекло Шарлота Бронте, која се прослави веќе со првиот роман „Џејн Ејр“. Со помладите сестри Емили и Ана напиша збирка песни. Нејзини познати дела се и „Вилета“ и „Професорот и Ема“.
1875.- Во Врање е роден Борисав - Бора Станковиќ, еден од најголемите српски прозаисти, романописец и драмски писател. Најпознати негови дела се романот „Нечиста крв“, драмите „Ташана“ и „Коштана“ и расказите „Стари денови“. Умре во Белград, на 22 октомври 1927 година.
1889.- Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри. Кулата изградена по повод Светската изложба ја конструира францускиот инжинер Александар Густав Ајфел.
1917.- САД и Данска ги презедоа Западноиндиските острови во Карипското Море, источно од Порторико и ги нарекоа Девствени остови, кои по отворањето на Панамскиот канал во 1914 година, станаа стратешки важни. Договорот за купување на овие острови за 25 милиони долари е склучен во август 1916 година. Под Велика Британија беа шест поголеми и 25 мали острови во архипелагот, а под Данска три поголеми и 50 помали.
1945.- Президиумот на АСНОМ донесе Повелба за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија.
1948.- На планината Грамос, во месноста Клепчево, како политички комесар на баталјон на ДАГ, во борба против грчката владина војска, загина Михаил Апостолов - Гранати, голем македонски револуционер и борец за слобода на Македонија, активист и организатор на НОФ за Егејска Македонија. Роден е во селото Крчишта, Костурско, на 25 ноември 1923 година.
1948.- Американскиот конгрес во усвои Маршаловиот план за четиригодишна помош на европските земји по Втората светска војна, наречен според творецот на планот, државниот секретар генералот Џорџ Маршал. Владата на САД во рамките на овој план на западноевропските земји им додели 15 милијарди долари.
1948.- Умре чешкиот писател и новинар од еврејско потекло Егон Ервин Киш, татко на модерното новинарство. Беше мајстор за репортажи, познат по прекарот „Летечки репортер“, а така гласаше и насловот на една негова книга. Дела: „Цареви, попови, бољшевици“, „Откритија во Мексико“, „Тајна Кина“, „Летечки репортер“.
1949.- Њуфаундленд и се приклучи на Канада како десетта провинција.
1980.- Умре американскиот атлетичар со африканско потекло Џеси Овенс, еден од најголемите спортисти на 20 век, кој освои четири златни медали на Олимписките игри во Берлин во 1936 година. Со победите на 100 и 200 метри, со штафетата 4х100 метри и со скокот во далечина го избезуми нацистичкиот водач Адолф Хитлер, кој не можеше да ги поднесе таквите успеси на еден Црнец над припадниците на „повисоката раса“ и ја напушти почесната ложа за да избегне да се поздрави со него.
1986.- Мексиканскиот авион „Боинг 727“, кој леташе на линија Сиудад Мексико - Лос Анџелес, се урна во планините во централно Мексико и несреќата не ја преживеа никој од 166 патници во леталото.
1987.- Во Скопје умре прота Антим Поповски. Во НОВ на Македонија како свештеник извршуваше многу одговорни задачи, а во септември 1943 година стана и член на поширокиот состав на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Во 1943 година беше избран за прв архиерејски намесник на слободната територија, а директно учествуваше и во донесувањето на одлуката за обновување на Охридската архиепископија и за организирање на Македонската православна црква. Роден е во селото Слатино, Охридско, во 1900 година.
1991.- Првите повеќепартиски избори во Албинија ги добија комунистите, но опозицијата победи во Тирана и во останатите поголеми градови.
1994.- Израел и Палестинската ослободителна организација потпишаа Договор за меѓународни набљудувачи во градот Хеброн на Западниот Брег, со што Израел првпат се согласи на меѓународно присуство во окупираните територии откако ги зазеде во војната во 1967 година.
2001.- Во Холандија се венчаа четири двојки хомосексуалци на основа на новиот холандски закон со кој тоа е дозволено.
2005.- Принцот Алберт од Монако, како регент, ја презеде должноста на својот тешко заболен татко, принцот Рение Трети.
2006.- Најмалку 70 лица загинаа, а речиси 1.200 беа повредени во три силни земјотреси што го погодија западниот дел на Иран.
2008.- Умре американскиот филмски режисер Жил Дасен. Создаваше филмови со криминалистички жанр. Во почетокот на 20-ите години од 20. век, во време на макартистичката антикомунистичка кампања, беше обвинет за антиамериканско дејствување, со што му беше оневозможено да работи во САД поради што се пресели во Европа и снимаше во Франција и Грција. Филмови: „Наци агент“, „Брутална сила“, „Голиот град“, „Рифифи“, „Оној кој мора да умре“, „Закон“, „Никогаш во недела“, „Федра“, „Топкапи“.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
-Денеска е Меѓународен ден на книгата за деца
742.Роден е францускиот цар Карло Велики, кој од доаѓањето на престолот во 768 година па се до смртта во 814 година, ја прекрои картата на Европа и ја прошири Француската држава од Северно Море до Италија и од Антлатикот до Чешка. Папата Лав Трети во 800 година го круниса за римски цар. Тоа беше чин на трајни последици по историјата на Европа.
1724 Роден е италијанскиот авантурист Џовани Џакопо Казанова де Саингалт, синоним на латински љубовник, една од најколоритните личности во Европа на 18 век. Во текот на бурниот живот беше ученик во верско училиште, секретар на кардинал, венециски поморски офицер, коцкар, алехемичар, виолинист, шпион, библиотекар. Неговите „Мемоари“ се слика за европското друштво во епохата во која живеел.
1792 Озаконет е доларот како парична единица во САД.
1805 Во Одензе е роден Ханс Кристијан Андерсен, дански писател. Пишуваше поезија, романи и драми. Напиша 156 приказни. Се смета за творец на реалистичката проза во Данска. Најпознати негови дела се „Импровизатор“, „Грдото Пајче“, „Приказна на мојот живот“, „Само музичар“, „Сказни“ и „Сликовница без слики“, „Во Шпанија“. Умре во Копенхаген, на 4 август 1875 година.
1838 Роден е францускиот државник и адвокат Леон Мишел Гамбета, еден од основачите на Третата република, кој значително придонесе за воспоставување на парламентарната демократија после симнувањето на царот Наполеон Трети. Во борбата против царот тој ги предводеше Републиканците, а во текот на француско-пруската војна во октомври 1870 година, како министер за внатрешни работи во Владата на национална одбрана од Париз со балон одлета во внатрешноста и ја организираше борбата против Германците. Од 1879 година до 1881 година, Гамбета беше претседател на францускиот Парламент, а потоа до 1882 година премиер.
1840 Во Париз е роден Емил Зола, француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста. Во своите дела внесе толкава енергија и страст, што често добиваат халуцинантни и чудесни димензии. Најпознати негови дела се „Нана“, „Жерминал“, „Земја“, „Ѕвер човек“, „Пари“, „Плодност“, и „Слом“. Умре во Париз, на 29 септември 1902 година.
1872 Во Њујорк умре Самјуел Морзе, северноамерикански сликар и пронаоѓач. Во 1835 година го пронајде електричниот телеграф, апарат за испраќање знаци составени од точки и цртички (Морзеова азбука), кој беше пуштен во работа во 1844 година на линијата Вашингтон - Балтимор. Роден е во 1791 година.
1905 Официјално е отворен железничкиот тунел Симплон под Алпите кој ги поврзува Швајцарија и Италија.
1974 Умре францускиот државник Жорж Помпиду, претседател на Франција од 1969 година до смртта. Шеф на државата стана по оставката на Шарл де Гол и главно ги следеше идеите на славниот претходник. Претходно беше професор во Марсеј и во Париз. Со Де Гол соработуваше од 1945 година, во меѓувреме беше директор на Ротшилдовата банка, шеф на Кабинетот на Де Гол, член на Уставниот совет и од 1962 година до 1968 година беше премиер.
1982 Воената хунта на Аргентина со 10.000 војници го нападна британскиот имот на Фолкландските острови во Атланскиот Океан, околу 500 километри југоисточно од аргетинскиот брег, на кој во тој момент имаше 75 британските војници. Аргетинските сили после борбите кон крајот на мај и во првата половина на јуни во 1982 година поразија околу 5.000 војници испратени од Велика Британија.
2005 Почина поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори. За време на 27-годишното понтификување, тој посети 133 земји во 99 патувања, а за светци прогласи 478 свештени лица, додека 1.200 ги беатифицираше. Папата Јован Павле Втори на 19 октомври 2003 година на посебна свеченост ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза. Прв пат во историјата на папството, тој објави книга насловена "Римски триптих", а напиша и 14 "папски текстови". Карол Војтила се роди на 18 мај 1920 година во Вадовице во близина на Краков.
2006 Умре вдовицата на атентаторот на Хитлер, Нина Шенк фон Штауфенберг, чиј сопруг се обиде да го убие Адолф Хитлер во атенат во 1944 година, по што беше стрелан. Нејзиниот сопруг, грофот Клаус Шенк фон Штауфенберг, подметна чанта со бомба под маса, но неговиот стол го заштити Хитлер. На 20 јули 1944 годна заговорниците беа стрелани, а роднините, вклучувајќи ја и грофицата Штауфенберг беше одведена во концентрационен логор. Учесниците на неуспешниот заговор се слават како херои во денешна Германија. Вдовицата на грофот Штауфенберг родена е како бароница Фон Лерхенфелд во 1913 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1789 Прославениот војсководец Џорџ Вашинтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент.
1897 Во Виена умре Јоханес Брамс, германски композитор, пијанист и диригент, еден од најголемите композитори во светот. Компонираше симфонии, клавирски концерти, камерна музика, а особено се истакнува со компонирање на соло песни. Роден е во Хамбург, на 7.05.1833 година.
1945 Во Скопје, со изведувањето на претставата "Платон Кречет" од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар.
1982 Аргентинските трупи се истоварија на Фокландските Острови, а претседателката на британската влада, Маргарет Тачер издаде наредба за поаѓање на англиските воени бродови кон Фокландските Острови. Судирот заврши на 14.06.1982 година, со предавање на аргентинските трупи во Порт Стенли.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1588 Роден е Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Познат е по максимата "Човек на човека му е волк". Напишал многу дела меѓу кои се "Левијатан" и "За политичкото тело". Умре на 4.12.1679 година.
1654 Со мирот во Вестминстер (централен дел на Лондон) заврши првата англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скрши холандската надмоќност на море.
1794 Гилотиран е Жорж Дантон, француски револуционер, противник на монархијата во Француската буржоаска револуција. Тој беше жртва на јакубинскиот терор. Роден е на 6.10.1759 година.
1955 Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на братанската дипломатија Ентони Идн.
1982 Првите британски воени бродови испловија кон Фолкландските острови во Атланскиот Океан.
1987 Во Скопје умре Калипсо Налча, прва жена - професионална артистка во Македонија. Родена е во Битола, во 1915 година.
1989 Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа.
1999 Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион "Боинг 747" над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1948 Стапи во сила Уставот на Светската здравствена организација. Тој ден се прославува како Светски ден на здравјето.
1953 Во Белград умре Димитар Влахов, македонски револуционер, политичар и публицист. Повеќе децении беше присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 8.11.1878 година.
1994 Во Скопје се одржа Првото основачко собрание на Независните писатели на Македонија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1848.Во Бергамо умре Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на музика, полна со драмска динамика. Главни негови дела се "Ќерката на полкот", "Дон Пасквале", "Лучија ди Ламермур" и "Љубовна напивка". Роден е во Бергамо, на 29.11.1797 година.
1909 Во Прилеп е роден Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди "Островот бил парче земја фрлен во вода", објавена во 1993 година и на други дела. Умре на 3.11.1988 година.
1971 Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8-ми април за Светски ден на Ромите.
1973 Во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, умре Пабло Пикасо (вистинското име му е Роиуз), шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари. Тој е основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите "Госпоѓиците од Авињон", "Герника" и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз. Тој се соживеа со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и беше меѓу првите кои се огласи на солидарната акција за собирање на уметнички дела, испраќајќи ја својата позната слика "Глава на жена". Роден е во Малага, Шпанија, на 25.10.1881 година.
1993 Република Македонија воспостави дипломатски односи со Нов Зеланд.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Денес е Ден на македонските железничари. На 9 април 1873 година од Солун во Велес пристигна првиот воз. Работничкиот совет на Македонските железници на 8 април 1994 година усвои одлука со која 9 април го прогласи за Ден на македонските железничари.
1483 Умре англискиот крал Едвард Четврти, водач на династијата Јорк во граѓанската „Војна на две ружи“ против подржувачите на династијата Ланкастер. Престолот го осигура со победата на своите сили во 1461 во клучните битки кај Мортимер Крос и Тоутон.
1553 Во Париз умре Франсоа Рабле, француски писател, најпозната личност во француската ренесанса. Негови најпознати дела се фантастично-хумористичните романи "Гаргантуа" и "Пантагруел". Роден е во 1490 година.
1588 Умре италијанскиот сликар Паоло Веронезе, еден од најзначајните претставници на венециското сликарство. Тој беше мајстор на колоритот, динамичните композиции, сликар на гозби, скапоцени ткаенини, ентериери и екстериери, ренесансен амбиент во кој пренесуваше библиски и митолошки теми. Веронезе обработуваше теми од христијанството и античката митологија, го славеше богатството и моќта на Венециската република.
1626 Во Лондон умре Франсис Бекон, англиски филозоф и државник. Тој е еден од основачите на модерниот материјализам во филозофијата. Неговите дела се значајни за историјата на филозофијата и за индуктивната логика. Најпознати негови трудови се „Органон“, „Нова Атлантида“, „Есеи“ и „Унапредување на науката“. Роден е на 22 јануари 1561 година.
1683 Францускиот истражувач Робер Кавелије, Сјер де Ла Сал прогласи пространа територија во Америка за територија на Франција, нарекувајќи ја Лузијана во чест на кралот Луј Четиринаесетти.
1821 Во Париз е роден Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели на 19 век. Се занимаваше со литература и уметничка критика, а неговата поезија е одраз на очајот и на корупцијата на современата цивилизација. Ги надмина естетските форми на своето време, во поезијата внесе оргинални бои и егзотика, задржа елементи на романтизмот и го навести симболизмот. Главно негово дело е збирката песни "Цвеќето на злото". Умре на 31 август 1867 година.
1872- Роден е францускиот државник Леон Блум, водач на Социјалистичката партија од основањето во 1920, претседател на владата на Народниот фронт од 1936 и 1937 година и во март и април 1938 година, прв социјалистички премиер на Франција од 1870 година. Во Втората светска војна Германците го интернираа во концентрациониот логор во Даха. Трет пат ја предводеше француската влада во 1946 и во 1947 година.
1928 Во Турција во рамките на реформите кои ги спроведуваше Кемал Ататурк исламот престана да биде државна религија.
1933 Роден е францускиот филмски актер Жан пол Белмондо, носител на главни улоги во речиси сите важни филмови за францускиот „нов бран“ на 60 години на 20 век. Тој глумеше во филмовите „Биди убава и молчи“, „До последен здив“, „Модерато кантабиле“, „Крадец“, „Борсалино“, „Страв над градот“, „Мисисипи“ и други.
1940 Германија во Втората светска војна ги нападна Норвешка и Данска.
1941- Битола е окупирана од германската фашистичка војска.
1959 Умре американскиот архитект Френк Лојд Рајт, еден од творците на модерната функционална архитектура. Прв во САД употреби армиран бетон и индустриски градежен материјал и силно влијаеше на современата архитектура. Конструираше неколку градби вклучувајќи го Гугенхајмовиот музеј во Њујорк и хотелот „Империјал“ во Токио.
1983 Во Скопје умре рускиот педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје, Александар Доброхотов. Тој е и прв балетски играч на скопската балетска сцена. Роден е во 1909 година.
1988 Ли Пенг е именуван за премиер на Кина.
1991 Грузискиот парламент едногласно ја усвои Декларацијата за независност од Советскиот Сојуз, по референдумот на кој 97 отсто од граѓаните зе изјаснија за нејзина независност.
1997 Во Скопје умре Стево Теодосиевски, македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист. Роден е во Кочани, во 1924 година.
2001 Во Луксембург е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Времената спогодба за трговија и трговски прашања меѓу Македонија и Европската унија. Собранието на Република Македонија ја ратификува Спогодбата за стабилизација и асоцијација на 12 април 2001 година.
2005 Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс се венчаа во Виндзор. Венчавката, прв пат во историјата на монархијата во Обединетото кралство, е спроведена според граѓанска процедура во локалната општина. Првата сопруга на Чарлс, принцезата Дајана, загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1585.Умре папата со италијанско потекло Гргур Тринаесетти, кој во текот на 13 години како црковен поглавар ги поттикна француските римокатолици на злосторства. Тој го поддржуваше шпанскиот крал Фелипе Втори, приврзаник на инквизицијата, во борбата против Англија. Според советот на астрономите во 1582 година го реформира календарот, наречен Грегоријански.
1583 Роден е холандскиот правник, писател и хуманист Хиг де Грот, познат како Хуго Гроцијус, основач на науката за меѓународното право. Припаѓаше на „школото за природно право“ и ја докажа еднаквоста меѓу луѓето и пред законот. Дела: правни и религиозни - „De iure belli ac pacis“, „Mare liberium“, „De iure praedae“, „De iure belli ac pacis“, „Mare liberium“, „De iure praedae“, „De veritate religionis Christus patiens“...
1778 Роден е англискиот писател Вилијам Хезлит, еден од најзначајните литературни критичари во 19. век. Напиша голема биографија за Наполеон Први и повеќе книги за уметноста. Останати дела: „Англиски комични писатели“, „Духот на времето или современи портрети“.
1813 Умре францускиот математичар, механичар и астроном од италијанско потекло Луј Лагранц, кој на 19 години стана професор по математика во Артилериското школо во родното Торино. Дела: „Аналитичка механика“, „Теорија за аналитичките функции I-II“; „За теоријата на Јупитеровите сателити“.
1814 Британските и шпанските сили во битката кај Тулуз ги поразија трупите на францускиот цар Наполеон Први, кој утредента абдицираше и е прогонет на островот Елба во Средоземното Море.
1847 Во Мако, Унгарија, роден е Џозеф Пулицер, Унгарец по потекло, значајно име во американското новинарство. Се смета за зачетник на "жолтиот печат", односно на масовниот булеварски печат во светот. Од 1917 година е воведена "Пулицеровата награда" за новинарство, култура и литература. Учествуваше во Американската граѓанска војна (1861-1865), а подоцна стана сопственик на издавачки куќи и беше избран во Конгресот. Умре во Шарлотсвил, Јужна Каролина, во САД, на 29 октомври 1911 година.
1867 Умре рускиот шахист Александар Дмитријевич Петров, прв руски шаховски мајстор и шаховски теоретичар. Тој беше втемелувач на руската шаховска школа и најсилен шахист во првата половина на 19. век. Иако го сметаа за непобедлив, тој сепак никогаш не играше надвор од Русија. Во 1824 година издаде учебник за шахот. Една од шаховските варијанти е наречена според него - Петрова одбрана.
1916 Почна масовната германска офанзива на Верден, која во историјата на Првата светска војна е позната како "Верденска кланица", а во која требаше да се уништат француските сили. Но, во жестоките борби двете страни загубија по половина милион луѓе па крвавиот судир заврши без победник.
1919 Убиен е Емилијано Запата, водач на Движењето на мексиканските селани за аграрна реформа. Тој со многубројните акции и битки ја создаде бурната историја на мексиканската револуција. Роден е во 1877 година.
1921 Сун Јат Сен е избран за претседател на Кина.
1929 Роден е шведскиот театарски и филмски глумец Карл Адолф фон Сидов, познат како Макс фон Сидов. Филмови: „Госпоѓица Јулија“, „Лице“, „Зимско светло“, „Емигранти“, „Страст“, „Смарагд“, „Победа“, „Хана и нејзините сестри“, „Втора победа“.
1932 Роден е египетскиот филмски глумец Мајкл Шалхуб, познат како Омар Шариф, кој најчесто играше во улоги на романтичен љубовник и херој. Филмови: „Лоренс од Арабија“, „Доктор Живаго“, „Смешна девојка“.
1948 Започна изградбата на хидроцентралите "Маврово".
1953 Избран е вториот генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации. Таа функција ја зазеде Даг Хамаршелд од Шведска. Роден е во 1905 година, а загина во авионска несреќа во Катанга, во 1961 година.
1954 Умре францускиот хемичар и индустријалец Огист Лимиер кој со неговиот брат Луј ја направи првата филмска камера и во Лион отвори фабрика за изработка на фотографски материјал. Браќата пронајдоа постапка за снимање во природни бои и во париската кафеана „Гран кафе“ на 28 декември 1895 година ја приредија првата филмска претстава во светот („Влегување на воз во станица“, „Работници излегуваат од фабрика“).
1963 Во северниот Атлантик во експлозија на американската нуклеарна подморница „Трешер“ загинаа 129 лица. После долга истрага не е соопштена причината за најтешката подморска несреќа во историјата на САД.
1964 Во Скопје умре Лазар Личеноски, македонски сликар. Се смета за еден од втемелувачите на ликовниот живот во Македонија. Тој е еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж ("Бачила", "Долап", "Афионски полиња", "Охридски рибари"), во кој внесува и фоклорни елементи. Сликаше и мртва природа, портрети и мозаици. Роден е во Галичник, на 26 март 1901 година.
1972 Во земјотрес во јужниот дел на Иран загинаа повеќе од 5.000 луѓе.
1972 Повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги САД и СССР, ја потпишаа Конвенцијата за забрана на биолошкото оружје.
1986 САД извршија нуклеарна проба во Невада, наспроти протестот на мировните групи и советската кампања за забрана на проби.
1995 Израел и Јордан разменија амбасадори врз основа на мировниот договор меѓу двете земји од октомври 1994 година.
2001 Горниот Дом на холандскиот Парламент со мнозинство гласови гласаше за законот за еутаназија, не земајќи ги предвид уличните демонстрации на противниците на тој закон, со што Холандија стана прва земја во светот во која е озаконето убиството од милосрдие.
2006 Умре шведскиот режисер и писател Вилгот Сјоман. Филмови: „Љубовница“, „Љубопитен сум на жолто“ и „Љубопитен сум на плаво“, „Алфред“. Напишал и повеќе од 20 книги.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1514.Умре италијанскиот архитект Донато Браманте. Проектираше многу згради и ја реконструираше црквата "Свети Петар" во Ватикан.
1689 Англискиот кралски пар Вилијам Трети Орански и Мери Втора беше крунисан, по соборувањето од престолот на последниот крал од династијата Стјуарт Џејмс Вотори во „Славната револуција“ во 1688 година. Мери Втора е ќерка на Џејмс Втори, која ја отфрли непополураната таткова римокатоличка политика и силно ја поддржа Англиканската црква. Во текот на нивното владеење во Англија е зацврстен парламентаризмот.
1713 Потпишан е Утрехтскиот мир меѓу Британија, Португалија, Прусија, Сардинското кралство, Франција, Холандија и Шпанија, со кој заврши Војната за шпанското наследство. На престолот во Шпанија беше донесено новото владетелско семејство Бурбон (од француско потекло), кое во шпанското кралство владее и денес.
1755 Роден е англискиот хирург и палеонтолог Џејмс Паркинсон, кој ја откри и опиша нервната болест на екстрапирамидалниот систем наречена според него - Паркинсонова болест. Прв го опиша apendicitis (воспалението на слепото црево) и објави повеќе дела.
1772 Роден е шпанскиот писател Мануел Хосе Кинтан, вљубеник во класиката и пишувач на поезија со пролиберална ориентација. Дела: „Ода на Шпанија“, драмите „Пелајо“, „Војводата од Висеа“, историското дело „Животите на славните Шпанци“, критиката „Правила во драмата“.
1814 По поразот во Русија, по загубената битка кај Лајпциг и по падот на Париз, францускиот цар Наполеон Бонапарта беше принуден да абдицира. Сојузничката коалиција му го додели островот Елба, како имот, од каде што идната година се обиде повторно да ја освои власта. Со поразот кај Ватерло, конечно беше запечатена неговата судбина.
1854 Умре Карл Фон Базедов, познат германски лекар и научник, кој прв ја прикажа и детално ја опиша болеста која настанува поради нарушувањето на работата на штитната жлезда. Роден е во 1788 година.
1884 Умре англискиот писател Чарлс Рид, чиј огромен историски роман „Манастир и огниште“ е преполн со списи за животот на холандскиот хуманист Еразмо Ротердамски. Дела: „Никогаш не е предоцна“, „Грифит Гонт“.
1894 Уганда стана британски протекторат.
1919 На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународна организација на трудот.
1941- Германските трупи ги зазедоа Дебар, Охрид и Струга и се споија со италијанските единици.
1943 На пат за Солун, надвор од селото Имера, Кожанско, Егејска македонија, паѓајќи во заседа на националисти од колаборационистичката организација ЕКА (национална и социјална преродба), загина Лазо Трповски, еден од најистакнатите револуционери и организатори на борбата на македонскиот народ за национална слобода и социјална правда меѓу двете светски војни и за времето на фашистичката окупација. Роден е во селото Д'мбени, Костурско, Егејска Македонија во 1901 година.
1945 Американските војници во Втората светска војна го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд.
1961 Пред Судот во Ерусалим почна судењето на австрискиот нацист Адолф Ајхман, шеф на Одделението во Гестапо за уништување на Евреите и за германските логори во Втората светска војна.
1961 Нигерија воведе трговско ембарго спрема Јужна Африка поради политиката на апартхејд во таа земја.
1977 Умре францускиот писател Жак Анри Мари Превер. Неговата поезија ја крактеризира револт, младински цинизам и исмејување авторитети. Напиша повеќе сценарија во француската кинематографија. Негови најпознати дела се збирките песни „Голем пролетен бал, „Дождот и убавото време“, „Зборови“ и други.
1985 Во Тирана умре Енвер Хоџа, албански политичар и државник, од 1948 година прв секретар на ЦК на Албанската партија на трудот. Роден е во Ѓирокастро, на 16 октомври 1908 година.
1990 Владата на Ангола се согласи во Португалија да започне мировни преговори со припадниците на бунтовничкото движење Унита.
1991 Советот за безбедност на Обединетите нации го соопшти формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и оти ќе го уништат оружјето за масовно уништување.
1992 Во Министерстото за внатрешни работи на Република Македонија е регистриран Македонскиот олимписки комитет (МОК).
1994 Во Скопје е промовирана првата еколошка публикација од популарен вид во Македонија, "Екологија". Главен уредник беше Свето Стефановски.
1995 Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.
2005 Умре американскиот микробиолог Морис Хилеман. Во текот на повеќедецениската работа, Хилеман даде придонес во борбата против болестите, како што се сипаници, менингитис, воспаление на белите дробови и хепатитис.
2007 Најмалку 33 лица загинаа, а 220 беа повредени во две силни експлозии во алжирската престолнина. Едната бомба експлодира пред зградата на владата, а другата во Баб Езуар, источната периферија на градот. Одговорноста ја презеде Северноафриканскиот огранок на терористичката мрежа Ал Каида, познат под името „Салафистичка група за проповед и борба“.
2007 Умре американскиот писател Курт Вонегат. Се прослави со романот „Кланицата Пет“, а пишувал и театарски парчиња, есеи и новели. Неговите романи во 60 и 70-тите години на 20 век биле некој вид патоказ на американската контракултура.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1204.Крстоносците во Четвртата крстоносна војна го зазедоа Константинопол, претворајќи го во центар на Латинското царство - државите кои ги основаа на просторите на географска Тракија и Мала Азија. Латинското царство престана да постои кога во 1261 година византискиот цар Михајло Осми Палеолог ги протера крстоносците од Константинопол.
1654 Ирска и Шкотска се обединија со Англија.
1823 Роден е рускиот писател Александар Николајевич Островски, чии дела се основа на рускиот класичен драмски репертоар. Дела: драмите „Шума“, „Бура“, „Без вина виновни“, „Девојката без мираз“, „Сиромаштијата не е порок“, „Свои сме, ќе се договориме“, „Волци и овци“.
1850 Франција на повик на папата Пио Деветти - кој 20 години подоцна воспостави догма за непогрешливост на римокатоличкиот поглавар - го окупираше Рим, разбивајќи ја републиканската војска која се бореше за обединување на Италија.
1861 Силите на Конфедерацијата го задоа Форд Самтер, кај Чарлстон, во Јужна Каролина, со што почна Американската граѓанска војна, во која силите на Северот ги победија трупите на јужните соседи. Војната траеше до 1865 година, по што Соединетите Американски Држави толку индустриски напреднаа што за 20 години ја надминаа најразвиената индустриска земја во светот - Велика Британија.
1903 Меѓу железничката станица во Истборн и градчето Мидс, во англиската грофовија Сасекс, воведена е првата редовна автобуска линија во светот.
1938 Во Париз умре Фјодор Иванович Шалјапин, голем руски оперски пејач, со исклучителен бас-баритон глас, еден од најголемите оперски уметници на сите времиња. Се прослави со улогите на Борис Гудунов, Мемфисто, Иван Грозни и Дон Кихот во истоимените опери. Роден е во Казан на Волга на 13 февруари 1873 година.
1945 Единиците на НОВЈ го пробија Сремскиот фронт против германските фашистички единици. Во пробивот на фронтот учествуваше и Петнаесеттиот македонски ударен корпус, кој даде многу жртви за конечното ослободување од фашистичкиот окупатор.
1945 Во Ворм Спринс, Џорџија, умре Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста беше избран четири пати. Популарноста ја доби со својата политика, со која успеа да ја ублажи големата економска криза во земјата. Кога избувна Втората светска војна застана на страната на сојузниците, а по влегувањето во војната, целиот индустриски потенцијал го потчини на потребите на војната против силите на Оската. Роден е во Хајд Парк, Њујорк на 30 јануари 1882 година.
1961 Советскиот сојуз го лансира во орбитата околу Земјата вселенскиот брод "Восток -1", во кој се наоѓаше 27-годишниот астронаут Јуриј Алексеевич Гагарин, првиот човек кој летна во вселената. По летот, кој траеше 103 минути, тој се спушти кај селото Смеловк, јужно од Саратов. Гагарин загина во авионска несреќа, на 27 март 1968 година.
1962 Умре францускиот вајар и сликар од руско потекло Антоан Певзнер, еден од најистакнатите во движењето на руските конструктивисти.
1966 Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина.
1981 Умре американскиот боксер од африканско потекло Џо Луис, апсолутен светски првак во тешка категорија од 1937 до 1949 година. Титулата ја презеде од неговиот сонародник Џејмс Брадок и ја одбранил 25 пати, што претставува рекорд, кој не е надминат ниту по должината на држењето на титулата. Се повлече непоразен во 1949 година, но на рингот се врати во 1950 и 1951 година поради финансиски тешкотии, но не успеа да ја поврати титулата.
1987 Двајца руски астронаути „шетајќи“ во вселената успешно го поврзаа вселенскиот модул со орбиталната станица „Мир“.
1993 Во Њујорк, меѓу Република Македонија и Република Грција започнаа преговорите за надминување на несогласувањата околу името на Република Македонија и за тоа кое знаме ќе може да биде истакнато пред седиштето на ООН.
2000 Најмалку 138 лица се удавија кога преполн дрвен товарен брод кој се упати кон Малезија, потона во близина на јужниот филипински остров Џоло.
2002 Во Венецуела во државен удар со поддршка на Вашингтон е симнат од власт демократски избраниот претседател Хуго Чавез. За шеф на државата е прогласен проамериканскиот работодавач Педро Кармона, но Чавез само два дена подоцна се врати на власт.
 
C

Crazy Diamond

Гостин
1519.- Родена е француската кралица со италијанско потекло Катарина де Медичи, ќерка на господарот на Фиренца, Лоренцо Втори Медичи. Таа по смртта на нејзиниот сопруг Анри Втори од 1560 година владееше со Франција. Со поддршка на папата Гргур Тринаесетти во 1572 година го организираше уништувањето на хугенотите, познато како Вартоломејска ноќ.
1605.- Умре рускиот цар Борис Фјодорович Годунов, кој го презеде престолот во 1598 година, по смртта на Фјодор Први.
1695.- Во Париз умре Жан де Лафонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Негови познати дела се песните „Адонис“, „Филемон и Баукида“, романот „Љубов на Психата и Купидон“ и други. Роден е во Шато Тиери, на 8 јули 1621 година.
1743.- Роден е американскиот државник Томас Џеферсон, основач на Демократската партија, претседател на САД од 1801 до 1809 година. Беше гувернер на Вирџинија од 1779 до 1781 година и секретар на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон од 1790 до 1793 година. Ги искористи финансиските проблеми на францускиот цар Наполеон Први во 1803 година за да ја купи од него Луизијана.
1848.- Сицилија прогласи независност од Неаполското кралство.
1885.- Во Будимпешта е роден Ѓерѓ Лукач, најголем унгарски филозоф, естетичар, политичар, еден од најзначајните марксистички филозофи на 20 век. Умре во Будимпешта, на 4 јуни 1971 година.
1898.- Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум.
1904.- Во Порт Артур, САД, умре Василиј Василевич Верешчагин, руски сликар. Стана познат по воените мотиви и сликите на кои ги прикажуваше актуелните настани и егзотични амбиенти. Сите негови историски и воени композиции претставуваат општа осуда на војната. Роден е во Љубец, на 26 октомври 1842 година.
1906.- Во Стар Дојран е роден Антон Панов, македонски драмски писател. Неговата литературна дејност е од извонредно значење за македонската литература. Инспириран од тешкиот живот на македонските печалбари, Панов на македонски јазик ја напиша драмата "Печалбари", која првпат е изведена во Скопје на 3 март 1936 година. Тој напиша повеќе прозни и сценски текстови. Умре во Скопје, на 28 август 1968 година.
1906.- Во Даблин е роден Самјуел Бекет, ирски писател. Познати се неговите романи "Марфи", трилогијата "Молоа", драмите "Чекајќи го Годо" и "Среќни денови". Во 1969 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 22 декември 1989 година.
1913.- Во Општинскиот театар во Битола е одржана првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот "Градинарот Лаврициус".
1919.- Британските трупи во Амрицар масакрираа најмалку 379 Индијци, приврзаници на водачот на Движењето за независност на Индија, Махатма Ганди.
1922.- Роден е англискиот писател Џон Брејн. Дела: роматите „Пат во високото друштво“, „Место во виското друштво“, „Љубоморниот Бог“, „Игра на плачење“, „Остани со мене до изутрина“, студијата „Пишување роман“.
1945.- Трупите на советскиот маршал Фјодор Толбухин во Втората светска војна го скршија германскиот отпор во Виена. Падот на „втората престолнина“ на Третиот рајх го овозможи опколувањето на германските сили во Берлин, кој падна три недели подоцна.
1961.- Генералното собрание на Обединетите нации ја осуди политиката на апартхејдот во Јужна Африка.
1963.- Роден е рускиот велемајстор од еврејско потекло Хари Вајнштајн, познат како Гари Каспаров, кој во 1985 година, на 23-годишна возраст стана светски првак, најмлад во историјата на шахот.
1964.- Американскиот глумец од афроамериканско потекло Сидни Поатје го доби Оскарот за главната улога во филмот „Полско цвеќе“, како прв црнец кој ја освоил оваа награда.
1966.- Претседателот на Ирак, Абдул Салам Ариф загина во хеликоптерска несреќа.
1976.- Во експлозија во фабрика за муниција во Финска загинаа 45 лица.
1987.- Во Крушево умре д-р Стерјо Боздов, член на АСНОМ, прв декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Роден е во Крушево, на 7 јануари 1902 година.
1990.- Во неуспешниот обид да го спречи отцепувањето на Литванија, претседателот на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов и се закани на блатичката република со економско ембарго доколку за два дена не ја повлече декларацијата за незвисност.
1993.- Почна судењето на дванаесетмината поранешни советски функционери и офицери, кои беа обвинети за заговор за соборување на Горбачов во 1991 година.
1994.- Исламски терорист-самоубиец уби шест лица во автобус во израелскиот град Хадера.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
- Денеска е Ден на Царинската служба на Република Македонија. Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник на 14 април 1994 година.
1629 Роден е холандскиот астроном, математичар и физичар Кристијан Хајгенс, кој во 1655 година ја откри тајната на изгледот на прстенот на Сатурн набљудуван од Земјата и ги објасни промените на тој изглед во текот на хелиоцентричното движење на планетата. Тој го откри сателитот на Сатурн, Титан и точно го одреди траењето на неговата револуција. Тој ги пронајде законите на судирањето на телата, го постави законот за центрифугална сила и го објасни начинот на простирање на светлината. („Хајгенсов принцип“).
1759 Умре германскиот композитор Георг Фридрих Хендл, кој заедно со Јохан Себастијан Бах е најистакнат претставник на барокот во музиката. Тој речиси целата кариера ја помина во Лондон како директор на Кралската музичка академија. Негови најпознати дела се оперите „Риналдо“, „Јулиј Цезар“, „Александар“, ораториумите „Месија“, „Самсон“, „Саул“ и други.
1914 Умре американскиот филозоф и логичар Чарлс Сандерс Пирс, основач на прагматизмот, правец кој подоцна го разви Вилијамс Џејмс. Тој веруваше дека идеите најдобро можат да бидат испитани со истражување на последиците кои ги предизвикуваат. Неговите влијателни „Собрани списи“ се објавени постхумно.
1917 Умре полскиот лекар и филолог Лазар Лудвиг Заменхоф, творец на меѓународниот јазик есперанто. Првиот учебник на тој јазик го објави во 1887 година под псевдонимот др Есперанто (тој кој се надева). Есперанто не стана меѓународен јазик во широка употреба како што се надеваше неговиот творец, но е најважен и најраспространет од сите вештачки јазици.
1929 Роден е алжирскиот државник Садли Бенџедид, претседател на Алжир од 1979 до 1992 година.
1945 Американското воено воздухополовство во Втората светска војна во текот на бомбардирањето на Токио ја погоди и палатата на јапонскиот цар.
1986 Во Париз умре Симон де Бовоар, француска писателка и филозоф. Таа е автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзестенцијализмот. Меѓу нив се истакнуваат романите "Мандарини", "Другиот пол" и мемоарите "Спомените на добровоспитаната девојка". Родена е во Париз, на 9 јануари 1908 година.
1991 Во Гевгелија умре Илија Џаџев, македонски културен деец, професор и писател, најистакнат интерпретатор на хавајски песни. Тој има објавено 19 стихозбирки, а напиша и околу 8.000 афоризми. Роден е во Гевгелија, на 5 октомври 1926 година.
1992 Во гарнизонот во Охрид, пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија.
1995 Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи.
1997 Во Скопје умре Видое Подгорец, македонски писател и патописец. Најпознати негови дела се "Развигорче", "Ајдучка чешма", "Белото циганче", "Весела азбука" и "Чисти раце". Роден е во селото Колешино, струмичко, на 8 јуни 1934 година.
1999 Пакистан - три дена по сличен експеримент што го изврши Индија, успешно изврши проба на балистичка ракета со дострел од 2.000 километри, способна да носи нуклеарни проектили.
2000 Во Скопје умре Јонче Христовски, врвен македонски интерпретатор на македонски народни песни и композитор на новокомпонирани македонски народни песни. Роден е во 1931 година.
2000 Руската државна Дума по една година одложување, го ратификува Договорот Старт-2 за намалување на нуклеарното вооружување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom