На денешен ден!

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1872.Во Пиза умре Џузепе Мацини, италијански револуционер и демократ. Во 1831 година во Марсеј го основа револуционерното здружение "Млада Италија". Учествуваше во борбите за обединување на својата земја и до крајот остана верен на републиканските начела, протестирајќи против обединувањето на Италија врз монархистички основи. Роден е во Џенова, на 26 јуни 1805 година.
1878 Во селото Мачуково, Гевгелиско, е роден Леонид Јанков, македонски револуционер и војвода. Песната „Трба, трби гевгелиска“ е посветена на овој 27-годишен војвода. Во месноста Ѓуров Дол, кај селото Ѓавато, Гевгелиско, на 2 септември 1905 година, во борба против турската војска, откако го уби турскиот јузубашија, со последниот куршум се самоуби.
1945 Токио во Втората светска војна е уништен во нападот на 300 американски бомбардери Б-29, при што загинаа околу 100.000 жители ја јапонскиот главен град.
1953 Во Скопје излезе првиот број на весникот "Просветен работник", како орган на Здружението на просветните работници на НР Македонија.
1965 Во Скопје умре Стале Попов, македонски писател. Богословија заврши во Битола, а Теолошки факултет во Белград. Немаше постојана професија. Беше селски чувар, тутунски работник во прилепскиот монопол, службеник во Собранието во Белград, претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, управник на шумска дирекција и професор по македонски јазик. Литературната афирмација ја започна по ослободувањето на земјата. Во 1953 година го објави романот "Крпен живот", а потоа и романите "Толе Паша", "Калеш Анѓа" и "Дилбер Стана". Исто така, познати се и неговите повести "Опасна печалба" и "Мариовски панаѓур". Роден е во селото Мелница, мариовско, на 25 мај 1902 година.
1985 Во Битола умре Ацо Стефановски, доајен на Народниот театар во Битола и пионер на македонската театарска и филмска уметност. Роден е во Битола, на 10 декември 1922 година.
1987 Во Скопје умре Спасе Чучик, истакнат македонски просветно-педагошки работник, општественик и учесник во НОВ на Македонија. Тој е еден од првите просветни работници во слободна Македонија кои го понесоа товарот и одговорноста на мошне сложената и тешка општествена и просветителска задача и пристапија кон остварувањето на воспитно-образовната дејност на македонскиот јазик. Особено е значаен неговиот придонес, заедно со други автори, во издавањето на првиот македонски буквар во 1945 година. Роден е во Дебар, во 1907 година.
1992 Наместо терминот "милиција", што се користеше во Република Македонија за припадниците на Министерството за внатрешни работи, почна да се употребува терминот "полиција".
1993 Сухарто по шести пат е избран за претседател на Индонезија.
1995 Полковник Станоја Богев е промовиран за прв генерал на полицијата на Република Македонија.
1997 Ватикан воспостави дипломатски односи со Либија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1544.Во Соренто е роден Торквато Тасо, италијански поет. Се смета за најголем италијански поет во периодот меѓу Петрарка и Леонардо. Живееше во времето на ренесансата, а во својот богат опус настојуваше да ги изрази моралните дилеми на своето време, да го фиксира судирот меѓу доброто и злото, меѓу пороците и доблестите. Најпознати негови дела се „Ослободениот Ерусалим“, „Аминта“ и „Реторисмондо“. Умре во Рим, на 25 април 1595 година.
1820 Умре американскиот сликар Бенџамин Вест. Последните години од животот ги помина во Лондон, каде што го портретираше британскиот крал Џорџ Трети.
1857 Умре шпанскиот писател Мануел Хосе Кинтана, следбеник на класиката. Беше секретар на бунтовничкото движење за независност во времето на Наполеон Први кога владееше со Шпанија од 1808 до 1814 година. Дела: „Ода за Шпанија“, „Ода за печатот“, драмите „Пејало“, „Војводата од Висеа“, историското дело „Животите на славните Шпанци“, критиката „Правила на дармата“.
1885 Роден е англискиот возач на брзи автомобили и чамци Малколм Кемпбел, кој меѓу 1924 и 1935 година деветпати го собори светскиот брзински рекорд во возење автомобил, а меѓу 1937 и 1939 година трипати во возење чамци. Во 1935 година стана првиот човек кој со автомобил возеше побрзо од 300 милји на час (483 километри). Неговите рекорди ги собори синот Доналд, кој во 1967 година загина со чамецот „Сина птица“, при поставувањето на новиот светски рекорд на вода од 527,9 километри на час.
1892 Роден е американскиот филмски режисер Раул Волш. Филмови: „Багдатски крадец“, „Цена на славата“, „Умреа во чизми“, „Џентлменот Џим“, „Сребрена река“, „Светот во негови раце“, „Голи и мртви“.
1908 Умре Едмондо Амичис, италијански писател и патописец. Неговите дела, романот за деца "Срце" и патописот "Холандија" се преведени на сите јазици во светот. Роден е во 1846 година.
1913 Велика Британија и Германија постигнаа Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун.
1915 Во Чикаго на првиот народен собир 468 делагати од САД и Канада го поддржаа обединувањето на Србите со другите јужни Словени. Иселениците во резолуција истакнаа дека „единствен спас е прекинот на сите врски со Австро-Унгарија“ и формирање на единствена држава.
1915 Велика Британија ја почна блокадата на Германија во Првата светска војна.
1916 Роден е англискиот државник и публицист Џејмс Харолд Вилсон, водач на Лабуристичката партија и премиер на Велика Британија од 1964 до 1970 и од 1974 до 1976 година. Дело: „Војна против сиромаштијата во светот“.
1917 Избувна Февруарската буржоаска револуција во Русија (според стариот каледнар - на 26 февруари).
1917 Британските трупи го зазедоа Багдад во Првата светска војна.
1918 Советската влада на чело со Владимир Илич Ленин и ЦК на РКП мина од Петроград во Москва. Тогаш Москва стана престолнина на првата социјалистичка земја во светот.
1931 Во Скопје е роден Драган Ѓаконовски - Шпато, македонски композитор, диригент и музички аранжер. Неговото име ќе остане трајно врежано во историјата на македонската забавна музика. Како автор на многубројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна и џез музика, на македонската сцена се појави уште во првите години по војната. Како надарен музички инструменталист формира повеќе оркестри и групи. Умре во Скопје, на 3 јануари 1987 година.
1931 Во Куманово е роден Драгутин Аврамовски - Гуте, македонски академски сликар и графичар. Тој е еден од првите македонски апстрактни сликари и има особен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимаваше и со сценографија и илустрација. Умре во Скопје, на 12 септември 1986 година.
1938 Трупите на фашистичкиот Трет Рајх влегоа во Австрија.
1941 Американскиот Конгрес, на иницијатива на претседателот Френклин Рузвелт, го усвои „Законот за заем и наем“, со кој беше овозможено државата да може сите воени материјали да ги продаде, пренесе, замени, позајми, да ги даде под закуп. Со овој закон Велика Британија доби значителна помош во оружје во Втората светска војна, а САД официјално останаа надвор од војната.
1943 Бугарскиот окупатор изврши општа блокада и рација за собирање на Евреите во Македонија. За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеа обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите беа конфискувани, а покуќнината ограбена. Откако сите Евреи (од Скопје, од Битола, Велес, Штип и од други места) беа собрани во Монополот во Скопје, на 22 март беа транспортирани во логорот на смртта „Треблинка“ во Полска, во кој, по извесно време, германските фашисти ликвидираа над 7.000 Евреи.
1945 Во Македонија почнаа првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеја до 25 март, за прв пат гласаа и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија.
1955 Умре Александар Флеминг, шкотски микробиолог. Во 1928 година откри дека габите на мувлата го спречуваат развитокот на некои микроорганизми. Ова откритие Флеминг го нарече пеницилин, чија масовна примена започна во 1942 година. За ова откритие, заедно со Флореј и Чаин, во 1945 година ја доби Нобеловата награда за медицина. Роден е во Лохвилд, на 6 август 1881 година.
1975 Во Лисабон згасна буната на падобранските единици против левичарската воена влада, а поранешниот претседател генералот Антонио Рибеиро де Спинола побегна со група офицери во Шпанија. Следниот ден е основан т.н. Револуционерен совет за продолжување на револуционерниот процес започнат на 25 април 1974 година со соборувањето на режимот кој во наследство го остви Антонио де Оливеира Салазар.
1976 Поранешниот претседател на САД Ричард Никсон призна дека во 1970 година и наредил на Централната разузнавачка агенција да спречи Салвадор Аљенде да стане претседател на Чиле. ЦИА при соборувањето на Аљенде во 1973 година во многу го помогна воениот заговор на генералот Аугусто Пиноче.
1985 Ден по смртта на Константин Черњенко, за генерален секретар на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија на Советскиот сојуз беше избран Михаил Горбачов.
1990 Литванското собрание ја објави независноста од Москва. Литванија е првата советска република која излезе од Советскиот Сојуз.
1990 Чилеанскиот диктатор генералот Аугусто Пиноче по 16 години му ја предаде функцијата на Патрисио Ајлвин, но ја задржа командата врз оружените сили.
1996 Република Македонија е примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка.
1996 Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија е примена во Клубот на земјите-членки на ФАРЕ.
1998 Претседателот на Индонезија Сухарто, и покрај силните студентски протести, го започна седмиот петгодишен мандат, но набрзо беше принуден да поднесе оставка на функцијата шеф на државата.
2000 Во експлозија на гас во рудникот за јаглен Бараково во источна Украина загинаа 81 рудар.
2002 Во Скопје умре Илија Милчин, македонски артист и преведувач, почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Роден е во Прилеп, на 19 јуни 1918 година.
2003 Во Хаг е инаугуриран Меѓународен кривичен суд. Пред овој суд, кој има мандат да суди само за дела сторени по 1 јули 2002 година, можат да се поднесат тужби за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
2004 Во терористички напад на Ал Каеда на возови во Аточа, главниот железнички јаз во Мадрид, загинаа 191, а повредени беа околу 1.500 луѓе.
2006 Умре Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и на Сојузна Република Југославија. Милошевиќ беше пронајден мртов во својата ќелија во затворот на Хашкиот трибунал во Шевенинген, во кој се наоѓаше од јуни 2001 година.
2007 Во експлозија на автомобил-бомба во Багдад убиени се најмалку 31, а ранети 30 луѓе. Камионот е „дигнат во воздух“ во близина на багдадскиот колеџ Ал Мустансирија во претежно шиитската населена област Ал Карада.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
641. Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за тибетскиот владетел, врз основа на што подоцна Кина имаше право на суверенитет на оваа територија.
1365 Отворен е Универзитетот во Виена, една од најстарите установи од овој вид во светот. Првиот универзитет во Европа е основан во Болоња, во 1119 година, вториот во Париз, Франција, во 1150 година, третиот од Оксфорд, Англија, во 1214 година, четвртиот во Кембриџ, Англија, во 1229 година, петтиот во Прага, Чешка, во 1348 година, шестиот во Краков, Полска, во 1364 година итн.
1507 Загина италијанскиот генерал Чезаре Борџи, вонбрачен син на папата Александро Шестти. Кога во 1492 година Александро Шестти беше избран за поглавар на Римокатоличката црква, за надбискуп на Венција, а потоа и кардинал го назначи синот Чезаре, но тој го напушти високиот свештенички чин женејќи се за сестрата на кралот од Наваро. Со помош на француските трупи и поддршката од неговиот татко, по трите воени походи од 1499 до 1502 година, го скрши отпорот на федуалната династија на италијанската покраина Ромање. Во делото „Вледетел“ Николо Макијавели го величеше, тврдејки дека само владетел со таква безобразност може да ја обедини Италија. По смртта на Александро Шестти во 1502 година, Чезаре мораше да јанапушти Ромање, кој иако беше уапсен, успеа да побегне и да најде прибежипте кај кралот од Навара.
1832 Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг Бојкот. Во 1880 година додека управуваше со дел во Ирска, беше предизвикан ненасилен отпор за одбивање соработка. Таквиот вид на ненасилен протест е наречен според неговото презиме - бојкот.
1848 Во Виена избија големи студентски демонстрации против полицискиот режим на канцеларот Клеменс Метерних.
1854 Велика Британија и Франција влегоа во Кримската војна пружајќи му помош на Османлиското царство, склучувајќи сојуз против Русија.
1861 Роден е италијанскиот писател и политичар Габриел Данунцио, изразит стилист. Најдлабока трга во литературата остави со збирката песни „Рајска поема“ и „Алкиона“. Во политиката беше исклучителен претставник на италијанскиот национализам, па дури и фашизам. Дела: романите „Оган“, „Сласт“, драмите „Мртов град“, „Франческа да Римини“, „Ѓоконда“.
1881 Француската влада му нареди на експедициониот корпус да го окупира Тунис, земја која беше значајна во борбата за превласт на Средоземјето.
1881 Во Солун е роден турскиот државник Мустафа Кемал, познат како Кемал Ататурк, татко на модерна Турција. Под негово водство во 1922 година исфрлен е последниот султан Мухамед Шести, а во 1923 година Турција е прогласена за република. Тој е еден од творците на Балканскиот сојуз во 1934 година.
1890 Роден е рускиот балетан и кореограф Владимир Фомич Нижински, еден од најголемите балетани во историјата на балетот, чија кариера како балетан траеше само четири години, бидејќи во 1917 година заболе од неизлечлива душевна болест. Неговите креации никој не ги надмина, а скоковите во балетот „Сон за ружа“, поради невообичаените скокови и убавини, влегоа во легендата како недостигнат идеал.
1907 Во експлозија на воениот брод „Јена“ во француското пристаниште Тулон загинаа најмалку 119 луѓе.
1912 Американскиот капетан Алберт Бери го изведе првиот скок со падобран од авион.
1913 Канбера стана престолнина на Австралија.
1913 Во Скопје е роден Петре Богданов - Кочко, македонски композитор и пејач (тенор), учесник во НОВ на Македонија. По ослободувањето на Македонија беше еден од првите организатори на музичкиот живот. Неговото име се врзува со основањето на Здружението на музичките уметници на Македонија (беше прв претседател) и на Скопската опера и балет. Беше диригент на Музичката школа (1946-1947), солист на Операта (1947-1953), главен музички уредник на Радио Скопје, директор на Операта и друго. Умре во Скопје, на 22 февруари 1988 година.
1914 Умре американскиот инженер Џорџ Вестингхаус, пронаоѓач на воздушните сопирачки за локомотиви и трамваи. Во 1886 ја основа компанијата „Вестингхаус електрик корпорејшн“.
1922 Роден е американскиот писател Жан Луј Керуак, познат како Џек Керуак. Дела: романите „На пат“, „Д-р Сакс“, „Маги Касиди“, „Богот Сар“, „Сатира во Париз“, книгата со песни „Мексико Сити блуз“, „Химна - Боже моли се за мене“, „Расфрлени песни“, патописот „Осамен патник“.
1925 Во Пекинг умре Сун Јат Сен, кинески револуционер и државник. Во 1905 година ја основа Кинеската револуционерна лига, а во 1912 година ја основа партијата Куоминтанг. Во 1917 година е избран за претседател на Јужна Кина. По победата на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија работеше на обединувањето на земјата и ја објави револуционерната програма на Куоминтанг, во која ја вклучи и Комунистичката партија на Кина. Роден е на 12 ноември 1866 година.
1930 Водачот во борбата за независност на Индија Махатма Ганди започна камања за граѓанска непослушност против британската колонијална управа и нејзините намери да воспостави монопол во производство на сол.
1935 Во Њујорк умре Михаило Пупин, физичар со светски углед. Беше професор по физика и математика на Универзитетот Колумбија во САД, го пронајде системот на повеќекратна фотографија и ги откри секундарните рендгенски зраци. Човештвото најмногу го задолжи со решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина. За својата научна дејност посмртно ја доби Пулицеровата награда во 1924 година, како и многу други награди со светско значење. Роден е во селото Идвор, Банат, на 4 октомври 1858 година.
1935 Персија го доби новото официјално име на земјата - Иран.
1938 Германските трупи влегоа во Австрија, а Адолф Хитлер два дена подоцна објави дека Австрија стана дел од Третиот Рајх, на што западните сили реагираа со „скрстени раце“ настојувајќи на секој начин да избегнат војна со нацистите.
1940 По поразот во „зимската војна“ започната со советската инвазија кон крајот на 1939 година, Финска потпиша мировен договор со кој се откажа од Карелијската долина и градот Виброк на исток од земјата.
1945 Петнаесетгодишната Ана Франк е убиена во германскиот нацистички логор Берген-Белзен. Нејзиниот дневник стана симбол на страдањата на Евреите во Втората светска војна, во која Германците систематски и плански го истребуваа овој народ во Германија и во сите окупирани земји во Европа. Нејзиното семејство по доаѓањето на нацистите на власт во Германија во 1933 година пребега во Амстердам, каде од 1942 до 1944 година живееше во тајно скривалиште кое Гестапо успеа да го открие. Од нејзиното семејство војната ја преживеа единствено нејзиниот татко. По Втората светска војна нејзиниот дневник е пронајден, а во 1947 година и објавен. Дневникот е пишуван во време на двете години поминати во скривалиштето.
1946 Родена е американската глумуца и пејачка Лајза Минели. Кариерата за почна пеејќи во ноќните клубови и глумејќи во њујоршките театри во Бродвеј. Филмови: „Кабаре“, (Оскар), „Кажи дека ме сакаш“, „Среќната Леди“, „Тишина, се смееме“, „Њујорк, Њујорк“, „Артур“.
1947 Претседателот на САД Хари Труман во Конгресот ја прокламираше доктрината за помош на земјите загрозени од комунизмот („Труманова доктрина“). Првите средства им беа дадени на Грција и на Турција.
1950 Во Санта Моника, Калифорнија, САД, умре Хајнрих Ман, германски писател (брат на Томас Ман), генијален критичар на своето време и на граѓанското општество. Негови познати дела се „Царство“, „Седум години“, „Силата на човекот“, „Човекот од слама“ и „Професорот Урнат“. Роден е во 1871 година.
1952 Во битолскиот Народен театар се одржа првата дипломска претстава во Македонија, со која Димитрие Османли, тогашен студент на белградската Театарска академија ја одржа премиерата на комедијата “Ѓаволштините на Скапен” од Молиер и го положи високообразовниот испит по режија со одличен успех. Со тоа Османли стана првиот македонски димпломиран, воедно театарски и филмски, режисер. Со тој академски старт токму во Битолскиот театар започна една богата театарска и мултимедијална режисерска биографија на творецот кој како дел од основачката генерација на високобразовната институција, стана и прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
1966 Собранието го лиши Ахмед Сукарно од сите звања, вклучувајќи ја и титулата претседател на Индонезија, а генералот Сухарто стана вршител на должноста шеф на државата.
1968 Островот Маурициус во Индискиот Океан, британска колонија од 1810 година, стана независна членка на Британскиот комонвелт. Истиот ден во 1992 година Маурициус е прогласен за република, прекинувајќи ги така и симболичните врски со британската круна.
1971 Премиерот Хафез ел Асад на референдум е избран за претседател на Сирија.
1978 Левите партии за првпат во историјата на Франција добија апсолутно мнозинство во првиот круг од парламентарните избори.
1984 Во Велика Британија почна генерален штрајк на рударите.
1987 Во Советскиот Сојуз е извршена првата успешна трансплантација на срце.
1988 Владата на Јужна Африка ја забрани опосициската група која ја предводеше англиканскиот надбискуп Дезмонд Туту, со тврдење дека таа е „закана за јавната безбеност“.
1992 Во индискиот град Бомбај во серија експлозии кои ги подметнаа исламски терористи загинаа повеќе од 300 луѓе. Индија за овие експлозии го обвини исламскиот сосед Пакистан, но Исламабад го отфрли ова тврдење.
1993 На годишнината од масакрот, исламските терористи во Бомбај предизвикаа нова серија на екесплозии во кои загинаа најмалку 200 луѓе.
1994 Англиската англиканска црква ракоположи 32 жени за свештеници, прекинувајќи ја 460-годишата доминација на мажите.
1999 Полска, Чешка и Унгарија, како први членки на поранешниот Варшавски пакт, влегоа во НАТО.
1999 Умре американскиот виолинист од еврејско потекло Јехуди Мењухин, еден од најголемите виолинисти во 20. век. Почна да свири на петгодишна возраст, а светската кариера ја направи како „чудо од дете“ со неговата интерпретација „Виолински концерт“ на Феликс Менделсон со кој на седум години се претстави пред публиката на концертот во Сан Франциско. Музичката критика овој настан го оцени како сензационален. Во 1963 година ја основа „Школата Јехуди Мењухин“ за музички надарените деца.
2000 Папата Јован Павле Втори побара прошка за вината на Римокатоличката црква поради постапките према Евреите, еретиците и жените.
2003 Пред влезот на зградата на Владата на Србија е убиен српскиот премиер Зоран Ѓингиќ. На предлог на владата, вршителот на должноста претседател на Србија, Наташа Миќиќ прогласи вонредна состојба.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1558.Германскиот цар Фердинанд Први ја презеде титулата римски цар без вообичаеното папско крунисување.
1804 Во Виена е роден Јохан Штраус Постариот, австриски композитор, татко на прочуените виенски композитори Јохан, Јозеф и Едуард. Најзаслужен е за најголемата распространетост на виенскиот валцер во почетокот на 19. век. Умре во Виена, на 25 септември 1849 година.
1820 Роден е италијанскиот крал Виторио Емануел Втори, прв монарх на обединета Италија. Од доаѓањето на престолот во 1861 година до неговата смрт во 1878 година владеел како уставен монарх.
1844 Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај.
1879 Во Улм, Германија, е роден Алберт Ајнштајн, американски физичар, Евреин со германско потекло, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката. По доаѓањето на Хитлер на власт, Ајнштајн се откажа од германското државјанство и емигрира во САД. Покрај општата теорија на релативитетот го објави и законот за фотоелектричниот ефект со помош на квантната теорија и во 1921 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре во Принстон, на 18 април 1955 година.
1883 Вo Лондон умре Карл Маркс, германски револуционер, творец на научниот социјализам, на неговите погледи кон општеството и законитостите на неговото движење. Творец е на низа капитални дела од областа на економијата, филозофијата, историјата и од други подрачја на општествените науки. Главни негови дела се „Прилог кон критиката на политичката економија“, „Капиталот“, „Економско-филозофски ракописи“, „Беда на филозофијата“, заедно со Енгелс - „Манифест на комунистичката партија“ и други дела. Роден е во Трир, на 5 мај 1818 година.
1891 Подморницата "Монарх" постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа.
1912 Во Москва умре Петар Лебедев, истакнат руски научник, физичар, кој се занимаваше со проучување на притисокот на гасовите, што е од големо значење за разбирањето на космичките појави. Тој докажа дека светлоста врши притисок на површината на која паѓа. Роден е во 1866 година.
1914 Цариградскиот мировен договор меѓу Србија и Турција е дополнет со Лондонскиот договор со кој заврши Првата балканска војна.
1932 Американскиот индустријалец Џорџ Истман, еден од пионерите на фотографијата и филмот, основач на компанијата „Кодак“ изврши самоубиство. Во 1844 година ја лансираше чувствителната фотографска хартија. Во 1899 година лансираше едноставна фото камера, а потоа истата година и целулоидна филмска лента прилагодена на камерата.
1938 Рускиот револуционер Николај Иванович Бухарин е стрелан по монтираниот судски процес за време на најжестоките сталинистички чистки. Беше осуден на смрт по измисленото обвинение за шпијунажа како „припадник на троцкистичко-жиновјевски и бухариновски контрареволуционерен центар“. Беше професор на Универзитетот во Москва каде предаваше политичка економија. Од 1918 до 1922 година беше главен уредник на весникот „Правда“. Дела: „Империјализмот и светското стопанство“, „Економија на преодниот период“, „Теорија на историскиот материјализам“.
1944 Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.
1945 По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Пацификот, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија.
1965 Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија.
1979 Најмалку 200 луѓе загинаа при пад на авион од типот „трајдент“ врз една фабрика близу Пекинг.
1980 Во авионска несреќа во Варшава загинаа 87 луѓе, вклучувајќи и 14 членови на американскиот боксерски тим.
1983 Органзацијата на земјите произведувачи на нафта се согласија за намалување на цената на нафта од 15 отсто, првпат во 23-годишната историја на ОПЕК.
1991 „Бирмингемската шесторка“ - шест Ирци погрешно обвинети за подметнување експлозија во 1974 година во пабови во англискиот град Бирмингем после 16 години беа ослободени од затвор.
1995 Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во космосот со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур.
1996 Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
1997 Умре американскиот филмски режисер од австриско потекло Фред Цинеман. Филмови: „Седмиот крст“, „Луѓе“, „Тереза“, „Точно напладне“, „Сват“, „Одовде до вечноста“ (Оскар), „Оклахома“, „Старецот и морето“, „Приказна за калуѓерката“, „Човек за сите времиња“ (Оскар), „Операција шакал“.
2004 Шпанците и приредија изборно изненадување на владата на десниот центар и на премиерот Хосе Марија Аснар, враќајќи ги на власт социјалистите.
2005 Собранието на Кина го усвои законот со кој се одобрува употреба на воена сила во случај Тајван да прогласи независност.
2006 Ирачката полиција на повеќе места пронајде 86 тела со рани од куршуми, а сите тела беа врзани за рака и нога. По тој повод потврдено е постоењето на „одредот на смртта“.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Денеска е Светски ден за заштита на потрошувачите
44г.п.н.е.- Во Рим, во Сенатот, група републикански заговорници го убија Гај Јулиј Цезар, римски восководец и државник, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Убиството на Цезар го означи почетокот на граѓанската војна, во која загинаа сите заговорници. По повеќегодишни воени пресметки власта ја приграби итриот Октавијан, кој воведе монархија против која се бореа заговорниците. Цезар е роден на 12 јули 100 година пред нашата ера.
1493 Славниот италијански морепловец Христофер Колумбо се врати од Мајорка, во Шпанија, од своето прво патување, кога и ја откри Америка.
1776 Американскиот конгрес донесе одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД е прогласена на 4 јули 1776 година.
1848 Во Пешта, со востанието на граѓанските и пролетерските маси и студенти против националното и феудалното угнетување од апсолутистичка Австрија и од високото унгарско племство, избувна Унгарската буржоаско-демократска револуција.
1867 Виенскиот двор, поради постојаната криза која ја потресе Австрија од револуционерната 1848 година, се откажа од унитарната држава и од тогаш Австриското царство се претвори во Австро-Унагарија. На централно ниво останаа само војската, надворешните работи и заедничкиот сегмент на финансиите. Во се друго Австрија и Унгарија имаа самостојност, но се наоѓаа во персонална унија.
1883 Роден е рускиот револуционер Сергеј Миронович Костриков, познат како Сергеј Миронович Киров, чие убиство во Ленинград во 1934 година советскиот диктатпр Сталин го искористи како повод да почне со масовната чистка. До 1938 година Сталин успеа физички да ги ликвидира повеќето од старите револуционери, учесници и водачи во Октомвриската револуција.
1898 Умре англискиот инженер Хенри Бесемер, кој во 1855 година ја пронајде постапката за преработка на суровото железо во челик, наречена „Бесемерова постапка“. Челичарницата која ја подигна во 1859 година во Шефилд и сега произведува челик.
1907 Во Финска во собранието првпат беа избрани жени.
1916 Претседателот на САД Вудро Вилсон, под команда на генералот Џон Першинг, во Мексико испрати 12.000 војници за да го фатат мексиканскиот револуционер Панчо Вија, но експедицијата заврши неуспешно.
1917 Револуционерите го принудија на абдицирање рускиот цар Николај Втори кој престолот му го понуди на својот брат, големиот војвода Михаил, но тој следниот ден, под притисок, се откажа од круната, со што после три века заврши владеењето на Романовата династија.
1922 Египетскиот султан ја зеде титулата крал како Фахд Први.
1937 Првата централна банка за чување крв со замрзнување заради трансфузија е основана во чикашката болница „Кук Кантри“.
1939 Германските трупи влегоа во Прага и ја окупираа Чешка, а следниот ден и Словачка, со што беше остварен планот за уништување на Чехословачка. Под закана од големи напади и уништување на Прага, претседателот Емил Хах во Берлин го потпиша актот за предавање на земјата на Третиот рајх. По влегувањето на Германците во Прага, Хитлер изјави дека „Чехословачка веќе не постои“. Франција и Велика Британија не сторија ништо за да ја спасат независноста на Чехословачка за која претходните неколку месеци и гарантираа во Минхен.
1948 Воспоставен е редовен цивилен воздушен сообраќај меѓу Скопје и Белград и обратно.
1957 Умре српскиот политичар од еврејско потело Моша Пијаде, претседател на Собранието на ФНРЈ, сикар и новинар. Поради печатењето на весникот „Комунист“, илегалниот орган на Централниот комитет на КПЈ во 1925 година беше осуден на 20 години затвор. Во времето кое го минуваше во затвор ги преведе „Капиталот“, „Бедата на филозофијата“ и „Манифестот на комунистичката партија“ од Карл Маркс. На второто заседание на АВНОЈ кон крајот на 1943 година во Јајце беше потпретседател на Претседателството. Во Јаце на 5 ноември 1943 година ја основа Националната новинска агенција на Србија - Танјуг.
1974 Во Скопје умре Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Скопската опера и на Македонската филхармонија. Во неговото творештво доминираат фолклорните теми. Автор е на првиот македонски балет "Македонска повест". Роден е во селото Будинарци, беровско, на 8 мај 1914 година.
1981 Умре Рене Клер, француски филмски режисер и писател на книги за филмот. Во повеќето дела го прикажува животот на родниот Париз. Негови најпознати филмови се „Под покривите на Париз“, „14 Јули“, „Молчењето е злато“, „Убавината на ѓаволот“, „Големите маневри“ и други. Роден е во 1898 година.
1983 Умре англиската писателка Ребека Вест, која по престојот во Југославија во 1937 и во 1941 година го напиша опсежното патописно-историско дело „Црното јагне и сивиот сокол“. Останати дела: роамните „Враќањето на војникот“, „Судија“, „Хариет Хјум“.
1990 Михаил Горбачов е избран за прв и последен претседател на Советскиот Сојуз. Како единствен кандидат за оваа функција доби 59,2 отсто од гласовите во Конгресот на депутатите.
1990 Во Ирак е обесен дописникот на британскиот весник „Обзервер“ Гарзд Фазофт заради наводно шпионски активности и покрај апелите од целиот свет испратени до режимот во Багдад да не му се одзема животот.
1993 Израелскиот претседател на владата Јицак Рабин по состанокот со претседателот на САД Бил Клинтон изрази подготвеност за компромис со Сирија на начин што во замена за мировниот договор, ќе и отстапи дел од Голанската висорамнина.
1993 ПТТ "Македонија", вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со мотив на знамето на Република Македонија.
1996 Германските власти издадоа налог за апсење на иранскиот разузнавачки министер Алија Фалајхин поради вмешаност во убиството на курдски водач во Берлин, во 1992 година.
1997 Во Заир бунтовниците го зазедоа Кисангани, трет по големина град во земјата и последно упориште на владините сили во источниот дел на државата.
2000 Во Скопје умре Живко Јаневски, уредник на фотографија во „Нова Македонија“, голем мајстор на фотографијта. Роден е во селото Градско, Велешко, на 1 август 1940 година.
2003 Ширум светот, од Токио и Бејрут, до Париз и Вашингтон, стотици илјади луѓе протестираа на улиците обидувајќи се да го спречат американскиот воен напад врз Ирак.
2007 Најмалку 49 индиски полицајци се убиени, а 12 ранети во нападот на комунистичките бунтовници маоисти на гарнизот Рани Бодли кој се наоѓа во џунгла, во државата Чатишгар, околу 1.500 километри југоисточно од Њу Делхи.
2007 Четворица американски војници загинаа во источниот дел на Багдад кога покрај нивното возило експлодира бомба поставена покрај патот. По овој инцидент, бројот на американските војници загинати во Ирак од почетокот на инвазијата ја надмина бројката од 3.200.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
37.Умре римскиот цар Тиберие (Клаудиј Нерон Цезар Август) посинок на Октавијан Август, кој во текот на владеењето ги осигура границите на Римското царство без нови освојувања, но ги подобри финансиите и администрацијата, посебно во провинциите. Претходно се прослави во воеите походи во Германија, Панонија и во Далмација.
1480 Во Саброза, Италија, е роден Фернандо Магелан, португалски морепловец во служба на Шпанија. Пловејќи по должината на Јужна Америка и низ теснината на Огнена Земја, што подоцна го доби неговото име, на 16 март 1521 година стигна до Тихиот Океан на Филипинските Острови. Загина во борба со домородците на островот Макатан, на 27 април 1521 година.
1534 Англија ги прекина сите врски со Римокатоличката црква. 1736.- Умре италијанскиот композитор Ѓовани Батиста Перголези. Дело: операта „Служавка господарка“.
1751 Роден е американскиот државник Џемјс Медисон, „татко на американскиот устав“, претседател на САД од 1809 до 1817 година. Со Алекасандер Хамилтон и Џон Џејм ја нашпишаа „Федералистички акти“ заради придобивање поддршка за ратификација на уставот со кој наместо конфедерација, се воведува поцврстата унија на федерални држави на САД.
1787 Роден е Георг Симеон Ом, германски физичар. Го откри односот меѓу струјата и електромоторната сила, според неговото име наречен Омов закон. Тој даде значајни прилози во акустиката, во оптиката на кристалот и во математиката. "Ом" е единица за мерење на електричниот отпор во меѓународниот систем на мерки. Умре во 1854 година.
1851 Шпанија склучи конкордат со Ватикан според кој римокатоличката вера стана единствена религија во земајта.
1859 Роден е рускиот физичар и електроинженер Александар Степанович Попов, кој ја пронајде и ја воспостави првата радиотелеграфска врска. Го направи првиот радиоприемник, пред италијанскиот пронаоѓач Гиљемо Маркони.
1917 Ден после абдицирањето на рускиот цар Николај Втори, неговиот брат големиот војвода Михајло, под притисок, се одрече од круната со што после три века заврши владеењето на Романовата динасија.
1925 Во Берлин умре Аугуст фон Васерман, познат германски лекар, научник - бактериолог, кој во 1906 година прв го воведе методот за преглед на крвта. Роден е во 1866 година.
1930 Умре шпанскиот генерал Мигел Примо де Ривера и Орбанех, профашистички диктатор на Шпанија од септември 1923 до јануари 1930 година. Неговиот режим се обиде да ја обедини Шпанија под мотото „една земја, една вера, една монархија“, но не успеа да создаде прифатлив политички систем. Поднесе оставка под притисок на војската од која не ја доби поддршката.
1934 Во Рим е потпишан италијанско-унгарско-австрискиот „Дунавски блок“, со кој беше поддржана експанзионистичката политика на Италија кон „Малата антанта“ - Југославија, Чехословачка и Романија.
1935 Германија потполно ја отфрли клаузулата за разоружување предвидена со Версајскиот договор со кој заврши Првата светска војна.
1939 Словачка, еден ден откако германаските трупи ја окупираа Чешка, по директива на Адолф Хитлер, е прогласена за „независна држава“, со што Чехословачка беше уништена.
1940 Роден е италијанскиот филмски режисер Бернардо Бертолучи. Филмови: „Пред револуцијата“, „Партнер“, „Конформист“, „Последно танго во Париз“, „Дваесетти век“, „Месечина“, „Смешен човек“, „1900“, „Последниот кинески цар“.
1956 Во Париз умре Ирена Жолио - Кири, ќерка на Пјер и Марија Кири, пронаоѓачи на радиумот. Ирена Жолио - Кири и нејзиниот маж Жан Фредерик Жолио во 1935 година ја добија Нобеловата награда за хемија. Родена е во Париз, на 12 септември 1897 година.
1962 Лансиаран е првиот советски сателит од серијата „Космос“. 1968.- Американските трупи во Виетнамската војна масакрираа најмалку 500 виетнамски цивили во селото Ми Лај, вклучувајќи деца и жени, меѓу кои и многу бремени жени. За ова злосторство иако целиот свет беше згрозен никој од сторителите не беше казнет.
1978 Терористичката организација „Црвени бригади“ во Рим го киднапира поранешниот италијански премиер Алдо Моро. Терористите го држеа во заложништво до мај 1978 година, кога и го убија.
1987 Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје - Гевгелија.
1993 Во подметната експлозија во индискиот град Калкута загинаа 69 луѓе. 1999.- Европската комисија поднесе колективна оставка, првпат од основањето на ова извршно тело на Европската унија.
2005 Израелската армија го предаде градот Јерихон под палестинска управа.
2007 Тројца бомбаши-самоубијци со камиони наполнети со хлор во одвоени инциденти погодија цели околу градот Фалуџе, усмртувајќи најмалку осум лица, ранувајќи десттина лица и принудувајќи 350 Ирачани и повеќе американски војници да побараат медицинска помош поради изложеност на штетните материи.

180 Умре Марко Аурелиј, римски цар (161-180) и филозоф. Во афористичка форма го напиша делото "Разгледување за самиот себе" во 12 книги. Роден е на 26.04.121 година.
1834 Роден е германскиот инжинер Готлиб Вилхелм Дајмлер кој во 1883 го конструирал првиот автомобилски бензински мотор. Тој мотор им овозможил брзина на возилата од 18 километри на час. Во 1890 година ја основал компанијата "Дајмлер Моторен-Гезелшафт" која 26 години по неговата смрт, во 1926 година се споила со фабриката Карло Бенц во компанија "Дајмлер-Бенц", производител на автомобилите "мерцедес".
1891 Воспоставена е првата телефонска врска меѓу Лондон и Париз. Првата телефонска линија во Европа беше отворена во 1877 година во Берлин, во Германија. Пет години подоцна Берлин ја доби првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа беа почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освои светот.
1947 Во Скопје е формирана првата Хирушката клиника во Македонија.
1958 САД од космодромот Кејп Каневерал во орбитата околу Земјата го лансираа вториот американски сателит "Вангард".
1963 При ерупција на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали загинаа најмалку 11.000 луѓе.
1969 Голда Меир, како прва жена во историјата на Израел ја презеде должноста премиер.
1976 Умре Лукино Висконти, италијански филмски режисер и сценарист, еден од зачетниците на наореалистичката филмска школа. Познати се неговите филмови "Земјата трепери", "Роко и неговите браќа", "Смрт на Венеција", "Гепард". Роден е на 2.11.1906 година.
1992 Република Македонија и Република Словенија воспоставија дипломатски односи.
1998 Жу Ронгџи стана премиер на Кина.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1584.Вo Санкт Петербург умре Иван Четврти Василевич - Грозни, руски цар, приврзаник на автократизмот и на јакнењето на царското самодржавје. Концентрирајќи ја во свои раце целата власт, настојуваше со сите средства да ги уништи болјарите, а кметовите што поцврсто да ги врзе за земјата. Наречен е „Грозни“ поради грубоста во остварувањето на своите планови. Во настап на бес го уби и својот син. Роден е на 25 август 1530 година.
1745 Умре англискиот државник Роберт Волпол, прв британски премиер. Претседател на владата беше од 1721 до 1742 година, најдолг во историјата на Велика Британија.
1837 Роден е американскиот државник Стивен Гровер Кливлен, претседател на САД од 1885 до 1889 и од 1893 до 1897 година.
1842 Роден е францускиот писател Стефан Маларме кој значително влијаел на француската поезија. Дело: „Песни и проза“.
1844 Во Тихвин е роден Николај Андреевич Римски - Корсаков, руски композитор, диригент и педагог, професор на Петроградскиот конзерваториум и член на групата „Петмина композитори“, мајстор на инструментацијата и техниката. Покрај другото, компонирал 15 опери, од кои најпознати се „Царска невеста“, „Снегурочка“, „Садко“, „Мајска ноќ“ и други. Умре во Лубенск, кај Санкт Петербург, на 21 јуни 1908 година.
1848 Во Милано изби бунт против Австрија така што австрискиот фелдмаршал Јохан Јозеф Радецки мораше да ги повлече трупите од градот.
1858 Во Париз е роден Рудолф Дизел, германски инженер и научник. Во 1897 година, тој го конструира првиот мотор со внатрешно согорување на принципот со самопалење, наречен "дизел-мотор". Умре на 29 септември 1913 година.
1869 Роден е Артур Невил Чембрлен, британски политичар и државник водач на Конзервативната партија. Спрема агресивноста на фашистичките сили водеше политика на попуштање и двоумење, што доведе до зголемување на агресивноста на фашистичките сили и до почетокот на Втората светска војна. Умре на 9 ноември 1940 година.
1871 Прогласена е Париската комуна, прва пролетерска револуција во историјата, кога работничката класа воспостави власт и почна да управува со политичкиот и со општествениот живот во Париз, кој уште тогаш имаше повеќе од милиони жители. Иако траеше само 15 дена, таа изврши многу општествени реформи кои му дадоа правец на идниот социјалистички развиток.
1909 Во Софија умре Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата "Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина", "Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин", како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата во Македонија. Роден е во Охрид, на 1 февруари 1834 година.
1913 Во Солун е убиен грчкиот крал од данско потекло Ѓорѓе Први, кој владееше со Грција од 1836 година.
1921 Бољшевиците со војска во крв го задушија бунтот во Кронштат, главната база на руската Балтичка флота. Бунтот го предизвикаа морнарите на флотата барајќи економски реформи и окончување на болшевичката политичка доминација. Кронштанските морнари и работници во 1917 година силно ги поддржуваа бољшевиците, и беа едни од најголемите поддржувачи на Октомвриската револуција.
1922 Британскиот колонијален суд на шест години затвор го осуди водачот на индиското движење за независност Махатма Ганди поради водење кампања за граѓанска непослушност.
1932 Роден е американскиот писател Џон Хојер Апдајк. Дела: „Кентаур“, На фарма“, „Парови“, „Ожени ме“ „Државен удар“, „Вештерките од Иствик“, збирка раскази „Иста врата“, „Голубови перја“, „Музичко школо“, „Проблеми“, „Музеи и жени“.
1936 Роден е јужноафриканскиот државник Фредерик Виле де Клерк, кој придонесе за окончување на расната дискриминација. Како преседател на Јужна Африка во почетокот на дваесеттите години од 20. век одлучувачки влијаеше на демонтирањето на режимот на апартхејдот.
1936 Умре грчкиот државник Елефтериос Венизелос, основач на Либералната партија. Беше пет пати престедател на владата од 1910 до 1933 година. Како премиер ги реформираше работничкото и аграрното законодавство и ги реаорганизира копнената армија и воената морнарица. Во пролетта 1935 година се обиде со револуција да ја спречи обновата на монархијата, но не успеа и мораше да емигрира во Франција каде и умре.
1938 Мексиканскиот претседател Ласаро Карденас ги национализираше сите приватни нафтени компании и го формира државниот нафтен монопол „Пемекс“.
1946 Француска Гијана, Мартиник и Гвадалуп добија статус на прекуморски департмани и станаа интегрален дел на Франција.
1948 Советскиот Сојуз од тогашна Југославија ги повика воените стручњаци, а следниот ден и цивилите, под изговор дека „се опколени со непријателство“ во обид југословенското раководство под притисок да го натера да го прифати курсот кој го наметна Информбирото, односно Москва.
1962 Во швајцарското градче Евијан е потпишана Спогодба за прекин на огнот во Алжир, со што заврши осумгодишната војна за ослободување на таа земја од француската колонијална власт.
1965 Во Рим умре поранешниот египетски крал Фарук Први, последниот монарх во Египет. На престолот застана во 1936 година, а во 1952 година од престолот го тргнаа побунетите офицери, по што беше принуден да оди во бегство.
1969 Претседастелот на САД Ричард Никсон издаде тајна наредба за бомбардирање на Камбоџа.
1970 Проамериканскиот генерал Лон Нол во Камбоџа изведе државен удар додека принцот Нород Сиханук беше во посета на Москва.
1975 Собранието на Тунис за доживотен претседател го прогласи Хабиб Бургиб.
1980 Умре Ерих Фром, германски филозоф. Критички ги толкува тезите на Фројд и ги анализира причините на самоотуѓувањето и деструктивноста. Најпознати негови дела се "Бегство од слобода", "Здраво општество" и други. Роден е во 1900 година.
1983 Умре поранешниот италијански крал Умберто Втори, последниот монарх на Италија, кој на престолот беше само еден месец. Стана крал во мај во 1946, по абикацијата на својот татко Виторио Емануел Трети, но и сам абдицираше во јуни 1946 година, бидејќи Италијаните на референдум се определија за република, по што мораше да емигрира и умре во Швајцарија.
1996 Амбасадата на САД во Скопје започна со издавање визи.
1997 Израелците почнаа со изградба на еврејската населба Хар Хома во источен Ерусалим предизвикувајќи огорчени протести кај Палестинците.
1996 Претседателот на САД, Бил Клинтон го именува Кристофер Хил за амбасадор во Република Македонија.
2000 Со победа на кандидатот на Демократската партија на прогресот Чен Шуи Бијан, поддржувач за независност на Тајван од Кина, заврши 50-годишното владеење на Националистичката партија.
2003 Претседателот на Ирак Садам Хусеин, во едно од ретките појавувања пред јавноста, облечен во унифрма, преку телевизијата им соопшти на Ирачаните дека го отфрлил американскиот ултиматум да оди во бегство или да се соочи со војна.
2004 Во Скопје умре Тодор Мицов, маекдонски писател и критичар. Автор е на книгите поезија „Крепости“, „Збор и слика“, „Од 1 до 101“, „Скалила“, на монографијата „КУД Григор Прличев“ и на други дела. Роден е во селото Калиманци, Виничко, на 12 јуни 1949 година.
2007 Во судар на два товарни брода во Источнокинеското море, осум лица го загубија животот додека уште девет се водат за исчезнати. До сударот на еден кинески брод и еден брод регистриран во Хонг Конг, дојде во близина на брегот на провинцијата Џеџианг.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
43 п.н.е.- Роден е Публиј Овидиј Насон, еден од најталентираните римски поети, пријател на Вергилиј и Хорациј. Во своите исклучително музикални стихови најмногу внимание и посветуваше на љубовта. Неговите дела се одликуваат со фантазија, со психолошко забележување, со духовитост и хомор. Умре во 17-та година на новата ера.
1413 Умре англискиот крал Хенри Четврти, основач на династијата Ланкастер. На престолот дојде во 1399 година симнувајќи го својот братучед, кој во 1400 година под мистериозни околности умре во заробеништво во замокот Понтефракт. Во текот на владеењето ги задуши бунтовите на Велшаните и Ричардовите поддржувачи, но цената на тие војни беше големото оданочување на поданиците и исцрпувачката борба со парламентот за контрола на кралската каса. Последната година од неговото владеење го одбележа неговата тешка болест и острите фракциски борби во врвот на власта.
1727 Во Кесингтон умре Исак Њутн, англиски физичар, математичар и астроном. Ги удри темелите на класичната физика и на вишата математика, го откри Природниот закон за општа гравитација, за меѓусебно приближување на сите тела, ги пронајде и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усоврши и телескопот. Роден е во Вулстроп, на 25 декември 1642 година.
1815 Францускиот цар Наполеон Први триумфално се врати во Париз од прогонство на средоземниот остров Елба. По „100-те дена владеење“ во битката кај Ватерло во јуни 1815 година беше поразен од силите на антифранцуската коалиција и доживотно беше протеран на островот Света Елена во Атлантскиот Океан.
1828 Роден е Хенри Ибзен, норвешки писател. Во своите дела го осуди современото буржоаско општество и односите што владееја во него. Негови најпознати дела се "Нора", "Комедија на љубовта", "Непријател на народот" и други. Умре во Осло, на 23 мај 1906 година.
1875 Роден е корејскиот државник Сингман Ри, прв претседател на Јужна Кореја, кој по поделбата на Корејскиот Полуостров, како водач на Либералната партија во 1949 година стана шеф на државата. Од власта се повлече во 1960 година.
1890 Роден е италијанскиот пејач Бењамино Ѓиљи, еден од најголемите оперски тенори во 20. век. Повеќе од 40 години импресивно толкуваше 60-ина улоги, посебно во оперите на италијанските и француските композитори. Исто така, играше и во низа филмови.
1894 Умре унграскиот револуционер Лајош Кошут, водач на Унгарската револуција во 1848 година, еден од најголемите противници на режимот на Хабзбуршката монархија. По упадот на хрватските сили предводени од банот Јосип Јелаичиќ во Унгарија во септември 1848 година, го организираше Комитетот за одбрана на татковината. Ги победи Хрватите и тргна кон Виена за да се пресмета со Хабзбурците, но унгарските реакционерни офицери го осуетија планот. Народното собрание во април 1849 година прогласи независност и ја симна монархијата, а во мај го избра за прв претседател на владата на слободна Унгарија. Републиката набрзо подлегна на надворешните воени напади. Емигрираше во август во 1849 година во Италија, а во Торино остана се до неговата смрт.
1898 Во селото Ѓувљанци, Кукушко, каде што беа откриени осум души од Кукушката чета, во тричасовна борба против турската војска загина еден четник, како и неколкумина војници. Тоа беше единствен судир со турската војска што се случи две години од појавувањето на првите агитационо-организаторски чети во Македонија.
1908 Роден е англискиот театарски и филмски глумец Мајкл Редгрејв. Филмови: „Госпоѓата која исчезнува“, „Браунингова верзија“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Осаменоста на тркачот на долги патеки“, „Јуришот на лесната коњаница“, „Демони“.
1915 Роден е рускиот клавирист од германско потекло Свјатослав Теофилович Рихтер, најзначајниот пијанист во 20. век. Според одредени музички критичари, најголем пијанист во историјата на музиката. Оригинално ги толкуваше композициите од различни епохи, интерпретирајќи ги со совршена техника со што ја воодушевуваше концертната публика ширум светот.
1929 Умре францускиот маршал Гердинанд Фош, кој во Првата светска војна командуваше во клучните битки против Германците на Западниот фронт.
1933 Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор.
1934 Во Софија умре Ѓакон Евстати, македонски револуционер. Покрај другото, водеше борба против великогрчките, великобугарските и великосрпските чети во Македонија. Роден е во селото Нестрам, Костурско, во 1873 година.
1945 Во Втората светска војна почнаа завршните операции за ослободување на Југославија, за што клучна улога имаше пробивот на Сремскиот фронт три недели подоцна.
1956 Франција ја призна независноста на Тунис.
1972 Во лавина на планината Фуџи во Јапонија загинаа 19 алпинисти.
1980 Во Скопје умре Волче Наумчески, македонски писател. По Втората светска војна објави голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат "Поема за злото", "Пролетни желби", "Виорно време", "Седумдесет цветови" и други. Роден е во Прилеп, на 31 јануари 1916 година.
1986 Во Њујорк умре Бернард Маламуд, американски писател. Добитник е на Пулицеровата награда за романот „Поправувач“ (1971). Во 1979 година беше претседател на Американскиот ПЕН-клуб. Роден е во 1914 година.
1991 По одржаните повеќепартиски избори во СРМ, во Скопје е формирана првата Влада на Социјалистичка Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев.
1991 Каледа Зија е избрана за премиер на Бангладеш.
1992 Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет. За претседател е избран Васил Тупурковски.
1994 Тунис го доби првото повеќепартиско собрание.
1995 Во Ирак упаднаа 35.000 турски војници во операцијата против курдските бунтовници.
1995 Во напад со нервен гас на јапонската верска секта АУМ Шинркјо во токиската подземна железница беа задушени 12 луѓе, а повеќе од 5.500 повредени.
1996 Еден од клучните ирачки генерали во Заливската војна Назар Хазраџи пребегна во Јордан.
1996 Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство.
1996 Во Скопје, во издание на приватното претпријатие „Круг“, излезе првиот број на дневниот весник „Дневник“.
2001 Најголемата нафтена платформа во светот за само неколку минути потона спроти бразилскиот брег, пет дена по силната експлозија во која загинаа 11 луѓе.
2003 Американските и британските сили ја почнаа инвазијата на Ирак, и покрај противењето на Франција, Русија, Кина и Германија, за само два часа по истекот на ултиматумот кој му го постави претседателот Џорџ Буш на Хадам Хусеин со синовите и соработниците да ја напушти земјата.
2005 САД ја усвоија стратегијата за превентивни удари против државите кои претставуваат закана.
2007 Најмалку 63 лица настрадаа во пожарот кој изби во дом за стари лица во местото Камишевачка, на Кавказ, во југозападна Русија, а беа повредени уште 30-ина.
2007 Најмалку 29 луѓе загинаа, а 30 беа повредени кога автобус се преврти и запали на автопат во Тајланд.
2007 Светската здравствена организација објави дека во супсахарска Африка во последните два месеци од менингитис умреле 1.670 лица, а уште 16.000 биле заразени со оваа болест.
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
908
Поени од реакции
185
1998-Се роди Михаил Дукоски(кој го знае нека пиши информации):baeh:
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1556.Кентерберијскиот надбискуп Томас Кренмер беше спален како еретик за време на римокатоличката реакција на кралицата Мери Прва. Како главен застапник на верската реформа во Англија воведе литургија на англискиот јазик и го состави „Општиот молитвеник“ на англиски.
1685 Во Ајзенах е роден Јохан Себастијан Бах, германски композитор, еден од најголемите композитори во историјата на музиката. Беше познат како виртуоз на оргули. Тој го доведе до совршенство барокот, усовршувајќи ги и продлабочувајќи ги дотогашните средства на музичкиот израз. Се смета дека неговите "Голдберг-варијации" за инструменти со калвиши и жици претставуваат ремек-дело. Умре во Лајпциг, на 28 јули 1750 година.
1804 Стапи на сила Наполеоновиот кодекс, француски кривичен и граѓански закон, со кој царот Наполеон Први, тогаш „доживотен конзул“, го реформираше правосудството.
1806 Роден е мексиканскиот државник Бенито Пабло Хуарес, по потекло од селско индијанско семејство, кој како претседател од 1858 до 1865 и од 1867 до 1872 година го донесе законот за одвојување на црквата од државата и спроведе низа мерки значајни за социјалниот и економскиот развој на земјата. Од 1858 година во тригодишната граѓанска војна ја предводеше борбата против реакционерните кругови кои ја соборија законската влада. Во текот на француската интервенција од 1861 до 1867 година ја предводеше борбата за независност на земјата, која заврши со пораз на интервенционистите и со стрелање на неговиот експонент царот Максимилијан Хабзбург.
1829 Во земјотресот, што ја зафати Шпанија, загинаа 6.000 луѓе.
1831 Австриската војска влезе во Италија за да му помогне на реакционерниот режим на италијанските државници во згаснување на народното востание.
1839 Во селото Крево, Псковско, е роден Модест Петрович Мусоргски, руски композитор, претставник на руската национална школа, застапник на реалистичкиот правец, член и најславен творец на композиторската „Група на петмина“. Поважни дела му се оперите „Борис Годунов“, „Хованшчина“, „Сорочински саем“, клавирската композиција „Слики од изложбата“ и други. Умре во Санкт Петербург, на 28 март 1881 година.
1871 Канцеларот Ото фон Бизмарк ја отвори првата седница на Рахјштагот (собранието) на новосоздаденото Германско царство.
1884 Во Франција се легализирани синдикатите.
1898 Во Блато, во Словенија, е роден Луј Адамич, американски писател од словенечко потекло. За време на Втората светска војна своите литературни и политички сили ги посвети на НОВ на народите на Југославија. Умре во Милфорд, во САД, на 14 ноември 1951 година.
1917 Бољшевиците откако го уапсија рускиот цар Никола Втори го принудија да абдицира. Царот, сите членови на неговото семејство и послугата, по наредба на Ленин водачот на Октомвриската револуција, беа ликвидирани, а потоа и искасапени во Екатеринбург (подоцна Свердловск) во јуни 1918 година.
1918 Со последната германска офанзива во Првата светска војна почна втората битка на Сома.
1919 Прогласена е Советската Унгарска Република, создадена без крвопролевање. Претседател на владата стана социјалистот Шандор Гарбаи, а комесар за надворешни работи водачот на комунистите Бела Кун. Владата ги национализираше индустриските и сообраќајните претпријатија, како и рудниците, банките и трговијата, воведе осумчасовно работно време и презеде дуги социјални мерки. Републиката падна на 1 август 1919 година, а главната улога во нападот ја имаа чехословачките и романските војници.
1945 Британски авиони во Втората светска војна го бомбардираа седиштето на Гестапо во Копенхаген при што загинаа повеќе од 70 германски нацисти, а по грешка погодија и француско училиште, усмртувајќи 86 деца и 10 калуѓерки.
1952 Кваме Нкрумах стана шеф на владата на Златниот Брег (подоцна Гана), како прв Африканец јужно од Сахара на функцијата претседател на влада.
1960 Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација.
1960 Во Сао Паоло е роден Аиритон Сена, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на "Формула 1". Загина за време на трката во Имола, Италија, на 1 мај 1994 година.
1963 Затворен е злогласниот затвор „Алкатраз“ во заливот Сан Франциско.
1973 На вонредното заседание на Советот за безбедност на Обединетите нации во Панама, САД и ставија вето на резолуцијата со која се бараше на Панама Вашингтон да и го врати назад суверенитот врз зоната Панамски канал.
1975 Комунистичката влада на водачот на пучистите во Етиопија потполковникот Менгисто Хаиле Маријамо соопшти дека е укинато 3.000 години старото царство. Последниот негус (цар) Хаиле Селаси, иако беше симбол на борбата за слобода, беше најбрутално убиен, а на јавноста и беше соопштено дека умрел од природна смрт.
1977 Премиерот на Индија, Индира Ганди поднесе оставка.
1985 Умре англискиот театарски и филмски глумец Мајкл Редгрејв, еден од најголемите актери во британското глумиште во 20. век. Филмови: „Госпоѓата која исчезнува“, „Браунинговата верзија“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Осамениот тркач на долги патеки“, „Јуриш на лесната коњаница“. „Демони“.
1990 Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност.
1990 Во етнички судар меѓу Романци и Унгарци во романскиот град Тирг Муреш загинаа шест лица.
1991 Падот на саудискиот транспортен авион во Кувајт не го преживеа никој од 92 сенегалски војници и шест саудиски членови на екипажот.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
1997 Претседателите на Русија и САД, Борис Елцин и Бил Клинтон, на самиотот во Хелсинки дадоа согласнсот за намалување на нуклеарните арсенали на двете земји.
1998 Умре руската балерина Галина Сергеевна Уланова, водечка балерина во „Бљшој театарот“ по Втората светска војна. Дебитираше во 1928 година во „Киров театар“, веднаш покажувајќи го раскошниот талент, по што набрзо стана прва балерина на „Бољшој театарот“. Пекрасно ги толкуваше водечките рољи во балетите „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“, „Жизел“, „Пеперутка“, „Ромое и Јулија“. На крајот на играчката кариера стана балетски педагог во кореографското школо на „Бљшој театарот“.
1998 Во Скопје е одржано Основачкото собрание на политичката партија Демократска алтернатива. За претседател е избран д-р Васил Тупурковски.
1999 Албански терористи во напад на полициска патрола во центарот на Приштина убија четворица полицајци.
2000 Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори допатува во прва официјална посета на Израел.
2000 Тајванското собрание ја изгласа одлуката за укинување на забраната за директна трговија, сообраќај и поштенски врски со Кина, која важеше 50 години.
2002 Експлозијата пред американската амбасада во Лима, во која беа убиени девет лица, не го спречи претседателот на САД Џорџ Буш да го посети Перу.
2003 При пад на хеликоптер на ирачката граница, загинаа осум британски и четворица американски војници, кои се првите познати жртви меѓу напаѓачите на Ирак.
2004 Во судирот на непалските трупи со маоистичките бунтовници загинаа најмалку 500 бунтовници и 18 војници и полицајци.
2004 Авганистанскиот министер за цивилно воздухопловство Мирваис Садик, син на моќниот гувернер на провинцијата Херат, е убиен во напад од заседа во градот Херат, на запад во Авганистан.
2007 Најмалку 31 лице го загубија животот во одроните на земјиштето предизвикано од обилните дождови во пакистанскиот дел на Кашмир.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Денеска е Светски ден на водата
1312 Ватикан го распушти монашкиот витешки ред на Темплар, основан во Палестина во 1118 година заради заштита на поклониците на Христовиот гроб.
1599 Роден е фламанскиот сликар Антон Ван Дајк, истакнат претставник на фламанската сликарска школа, врз кого силно влијаел Паул Рубенс во чие ателје во младоста работел. Потоа заминал во Италија, па во Франција, а во Лондон дошол во 1632 година и станал дворски сликар на кралот Чарлс Први, како и портретист на високото англиско друштво. Неговите религиозни композиции оценети се како вредни, но најмногу се прославил со портретите кои се одликуваат со племенит израз, суптилност и сериозна психолошка анализа.
1687 Умре францускиот композитор, виолинист, диригент, пејач, глумец, сценограф и танчер од италијанско потекло Жан Батист Лили, творец на класичната француска опера, со балетски и хорски арии и сценски ефекти. Дела: „Тезеј“, „Персеј“, „Кадмис и Хермион“, „Алсеста“, „Психа“, „Амадис од Галија“, „Амсида“, „Асис и Галетеј“, „Прозефина“, „Фетон“.
1794 Американскиот Конгрес усвои закон со кој во американските бродови забрани да се превезуваат црни робови од Африка во Америка.
1797 Роден е рускиот крал со германско потекло Вилхелм Први Фридрих Лудвиг кој му помагаше на канцеларот Ото фон Бизмарк да ја обедини Германија. На прускиот престол беше од 1861, а од 1871 година стана првиот цар на Германското царство. Во текот на владеењето, во војната во 1964 година Германците од Данска ги презедоа покраините Шлезвиг и Холштајн, во 1866 година ја поразија Австрија, а во француско-пруската војна во 1871 година ги презедоа Алзас и Лорен од Франција. Во 1879 година го издаде „Lex specialis“ со кој социјалистичкото движење во Германија е ставено вон закон.
1832 Во Вајмар умре Јохан Волфганг Гете, германски писател, најмаркатната појава во целокупната германска литература и еден од најзначајните во светската литература. Беше современик и учесник на многу книжевни струења и правци. Светското признание го стекна со драмскиот еп "Фауст". Други негови познати дела се "Страданијата на младиот Вертер", "Егмонт" и "Херман и Доротеја". Роден е во Франкфурт на Мајна, на 28 август 1749 година.
1848 Побунетата Венеција прогласи независност од Австрија.
1876 Во Врање е роден Бора Станковиќ, српски писател. Делото му е проткаено со симпатии на патријархалниот свет на стара Србија. Беше сликар на страсните судири и на носталгијата по младоста. Негови познати дела се романот "Нечиста крв", драмите "Коштана" и "Ташана", голем број раскази и други дела. Умре во Белград, на 21 октомври 1927 година.
1895 Пионерите на филмот браќата Огист и Луј Лимиер во Париз за првпат демонстрираа движечки слики употребувајќи целулоидна лента.
1910 Роден е англискиот писател Николас Џон Тарни Монсар, најпознат по романот „Сурово море“. Останати дела: „Мисли за утре“, „На прв поглед“, „Приказна за Естер Костело“, „Племето кое го загуби водичот“, „Смит и Џонс“.
1913 Роден е американскиот глумец од српско потекло Младен Секуловиќ, познат како Карл Малден, кој се прослави во филмовите на Елиј Казан, со кого соработувал и во театарот. Филмови: „Бумеранг“, „Трамвајот наречен желби“ (Оскар), „Бакнеж на смртта“, „Еднооки Џек“, „Патон“, „Синсинати Кид“, „Невада Смит“, „Сутон“.
1917 САД, по победата на Русија во Февруарската револуција, први ја признаа привремената влада на Александар Керенски.
1919 Воспоставена е првата меѓународна авионска линија меѓу Париз и Брисел.
1933 Роден е иранскиот државник Аболхасан Бани Садр, кој во 1980 година беше избран за прв претседател на Иран по симнувњето на шахот Резе Пахвали во исламската револуција. Поради несогласување со политиката на иранските верски водачи беше принуден да оди во бегство во Франција.
1938 Во селото Рајчица, Дебарско, е роден Тришо Стојановски, македонски писател и новинар. Автор е на поетските и на прозните книги „Меѓу две реки“, „Сочувана земја“, „Немолклива земја“ и „Рајска земја“. Умре во Скопје, на 1 октомври 1986 година.
1943 Сите Евреи од Македонија кои беа собрани во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти.
1945 Египет, Ирак, Јордан, Либан и Сирија во Каиро ја формираа Арапската лига.
1970 Ден на планетата Земја, празник на единствениот дом на сите живи суштества. Овој ден за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.
1979 Во Хаг ирски терористи го убија британскиот амбасадор во Холандија Ричард Сајкс.
1983 Хаим Херцог е избран за претседател на Израел.
1992 На вторите повеќепартиски избори во Албанија власта ја освои Демократската партија.
1996 Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е примена за член на Асоцијацијата на европските академиии.
2000 Германија го усвои законот за обесштетување на лицата принудени на присилна работа во текот на нацистичката ера, игнорирајќи ја жалбата на преживеаните за премногу малиот надоместок.
2004 Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската унија.
2004 Духовниот лидер на палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас), шеикот Ахмед Јасин загина при израелски воздушен напад во Газа.
2006 Баскијската сепаратистичко-терористичка организација ЕТА прогласи траен прекин на терористички дејства во настојување со политички средства да постигнат независност на северната шпанска покраина Баскија. Од 1968 година, во Шпанија, припадниците на ЕТА убија 850 лица.
2007 Почнаа вооружени судири во Киншаса во Конго, во кои настрадаа повеќе стотина луѓе во текот на повеќедневните борби меѓу силите на режимот и следбениците на поразениот претседателски кандидат Жан-Пјер Бембе, бидејќи неговите сили ја одбија владината наредба за разоружување.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Светски ден на борба против туберкулозата
1603 Во Лондон умре англиската кралица Елизабета, а на престолот дојде шкотскиот крал Џемс Шести, со што Англија и Шкотска создадоа персонална унија. За време на нејзиното владеење (1558 до 1603), Англија доживеа голем напредок во целокупниот развој. Родена е во 1533 година.
1783 Шпанија ја призна независноста на САД.
1882 Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата.
1845 Во селото Лешок, Тетовско, умре Кирил Пејчиновиќ, македонски писател и просветител. Своето образование го започна во манастирската школа во црквата Света Пречиста Кичевска, а го продолжи во манастирот Света Гора. Од Света Гора се врати во Марковиот манастир, блиску до Скопје, каде што почна да пишува. Подоцна се премести во манастирот Лешок и таму остана до крајот на жвотот. Неговата дејност има големо значење за македонската литература, пред се затоа што пишуваше и печатеше дела на народен македонски јазик. Негови најпознати дела се „Огледало“, печатено во Будим, во 1816 година и „Утешение грешним“, печатено во Солун, во 1840 година, во печатницата на Теодосија Синаитски. Роден е во селото Тераце, Тетовско, околу 1771 година.
1894 Во Солзбери (денес Хараре), во Зимбабве, умре Верни Ловет Камерон, англиски истражувач, кој прв ја помина Африка од исток до запад и ја откри Лукуга, голема река што истекува од езерото Тангањика. Го напиша значајното дело „Низ Африка“, а заедно со другиот англиски истражувач Ричард Франсис Бартон делото „Кон златниот брег на злато“. Роден е во 1844 година.
1905 Во Амиен умре Жил Верн, француски писател. Негови најпознати дела се "Дваесет илјади милји под морето", "Децата на капетанот Гранд", "Пат околу светот за 80 дена", "Пат на Месечината" и "Патување во центарот на Земјата". Роден е во Париз, на 8 февруари 1828 година.
1949 Во Скопје е формиран Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, кој од 2 јуни 1953 година го носи денешното име Ансамбл за народни игри и песни на Македонија "Танец".
1972 Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите.
1990 Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две ипол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо.
1993 Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел.
1994 Во Чикаго, САД, умре Збигњев Голомб, истакнат полски лингвист, македонист и балканист, член на Македонската академија на науките и уметностите и на Полската академија на уметностите. Роден е во Нов Тарг, Полска, во 1923 година.
1997 Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
1997 Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17 мај 1997 година - "Спасител '97".
1999 Почна бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија по наредба на генералниот секретар на Алијансата Хавиер Солана. Бомбардирањето заврши на 10 јуни 1999 година со усвојување на Резолуцијата 1244 за Косово на Советот за безбедност на Обединетите нации.
 

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
1990-Се роди новиот фирер:)Луцифер се роди пред 20 години,мислете му ја!
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1611.Роден е Евлија Челебија, турски патописец. Од 1630 година, речиси без прекин патуваше по Османлиското царство и надвор од него учествуваше во воени походи. Водејќи воени белешки, низ разговори со стари луѓе за обичаите и настаните, копајќи по старите архиви, напиша патопис во 10 тома и остави скапоцени сведоштва за балканските народи и простори низ кои пропатувал повеќепати. Пропатува и низ голем дел од Македонија, при што отави скапоцени сведоштва за македонските градови, со богат историски и етнографски материјал. Умре во 1682 година.
1807 Во Англија е забранета трговијата со робови.
1821 Грците на Пелопонез започнаа востание против Турција, кое заврши по 12 години со признавање на независност на Грција.
1860 На традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби ловоров венец за поемата "Сердарот".
1867 Во Парма е роден Артуро Тосканини, италијански оперски и симфониски диригент, еден од најпознатите диригенти на сите времиња. Умре во Њујорк, на 16 јануари 1957 година.
1873 Во селото Осој, Дебарско, е роден Нестор Алексиев Мирчевски, последен од големата тајфа македонски резбари. Зад себе остави големо дело кое може да се сретне во резбарските иконостаси во Македонија и во други балкански земји. Во 1939 година ја освои првата награда на Светската изложба на уметничкото занаетчиство во Берлин. Умре во Скопје, на 17 јули 1969 година.
1881 Во Наѓсентмиклош е роден Бела Барток, унгарски композитор, етномузиколог и пијанист. Разви оригинален музички стил проткаен со карактеристични елементи од унгарската народна музика. Најпознати негови дела се операта „Дворецот на модробрадестиот“, како и балетите „Дрвениот принц“ и „Чудесниот мандарин“, симфониската поема „Кошут“ и други дела. Умре во Њујорк, на 26 септември 1945 година.
1884 Во селото Селци, Дебарско, е роден Арсениј Јовков, македонски револуционер и публицист. Учествуваше во Илинденското востание во 1903 година и напиша поема за него. Како емигрант во Бугарија го редактираше весникот „Илинден“ и објави голем број статии во него. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио во 1923 година е снимен документарниот филм „Македонија на филм“. На ѕверски начин е убиен од агентите на Ванчи Михајлов во крвавите горноџумајски настани, на 14 септември 1924 година.
1908 Роден е англискиот филмски режисер Дејвид Лин, автор на спектакуларни и извонредно технички изработени филови. Филмови: „Кратка средба“, „Големото исчекување“, „Оливер Твист“, „Мадлена“, „Хобсонов избор“, „Мостот на реката Квај“ (Оскар), „Лоренс од Арабија“ (Оскар), „Доктор Живаго“ (Оскар), „Рајановата ќерка“, „Патот во Индија“.
1911 Во селото Долнени, Прилепско, роден е г.г. Ангелариј (Цветко Крстески), поглавар на Македонската православна црква, архиепископ охридски и македонски. Загина во сообраќајна несреќа, на патот Прилеп - Велес, во Дреновската Клисура, на 15 јуни 1986 година.
1914 Умре францускиот писател и филолог Фредерик Мистрал, добитник на Нобеловата награда за литература во 1904 година. Фредерик Мистрал најповеќе пишувал лирски песни, епови и драми. Дела: епопеите „Мирејо“, „Календо“.
1918 Умре францускиот композитор Клод Асил Дебиси, творец на музичкиот импресионизам и втемелувач на модерната музика. Дела: клавирска „Арабеска“, „Бергамска свита“, „Детско катче“, „Естампе“, „Слики“, оркестарски „Ноктурно“, „Море“, вокални „Пет Бодлерови песни“, „Заборавената ариета“, „Галантни свечености“, опера „Пелеас и Мелисанда“, камерна музика.
1924 Со симнувањето на кралот Ѓорѓе Втори Грција стана република, бидејќи економската криза и очајната положба на стотината илјади бегалци од Турција предизвикаа револуционерен бран кој ја урна непопуларната монархија.
1936 САД, Велика Британија и Франција ја потпишаа Лондонската конвенција за слободна пловидба на отворено море.
1949 Филмот „Хамлет“ на Лоренс Оливие доби пет Оскари. Тоа беше првиот британски филм што го доби ова највисоко признание во областа на филмот.
1957 Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија ги потпишаа Римските договори за создавање Заеднички пазар. Организацијата го доби името Европска економска заедница, потоа Европска заедница, а сега Европска унија во која членуваат 15 европски земји.
1975 Кралот на Саудиска Арабија Фејсал го уби принцот Фејсал Мусаид. Тој беше прогласен за непресметлив. Во Ријада, во јуни 1975 година јавно му беше пресечена главата. Нов крал стана Фејсаловиот брат Халид Ибн Абдул Азиз.
1990 Во илегален ноќен клуб во Њујорк во пожар загинаа 89 луѓе.
1991 Советот на Струшките вечери на поезијата за добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 1991 година го прогласи Јосиф Бродски, поет - прогнаник (дисидент), Нобеловец, советски поисател кој живееше во САД.
1997 Австралискиот сенат го укина законот за еутаназија, единствен закон во светот според кој беше дозволено самоубиство на пациентите кои боледуваат од неизлечливи болести со помош на медицинскиот персонал.
1999 Во пожарот што зафати 30-тина автомобили во тунелот под Мон Блан загинаа најмалку 40 лица.
2002 Афроамериканката Хали Бери го доби Оскарот за главна улога во филот „Балот на монструмите“. Таа е првата црнкиња која ја доби оваа награда.
2004 Претседателот на Либија Моамер ел Гадафи во бедуинскиот шатор го прими премиерот на Велика Британија Тони Блер. Блер е првиот британски премиер кој беше во официјална посета на Либија по посетата на Винстон Черчил во 1943 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom