Дечки, не се напињајте, очигледно се релативни искуствата
Белград има огромен избор на смештај, а со тоа и многу позитивни и негативни случки.
Службено сум патувaл многу често. Сум престојувал во доста хотели, хостели, апартмани...
Има едно златно правило. Колку пари - толку музика.
Пошто темава е за апартмани и хостели, што се поевтина варијанта, најдобро нешто на што можете да се потпрете се критики. На секој сериозен сајт, има reviews каде ќе прочитате туѓи искуства со просторот што сакате да го изнајмите.
Одете на испробана варијанта како airbnb на пример, и нема промашај.
Генерализирање од типот на хостел е подобро од апартман, или обратно, е смешно и нереално