Види, толкување на историски личности, посебно од пред 500 години како сојузник на твојата кауза, автоматски ги прави тие што биле сојузници со Турците твои непријатели. Така да излегува дека Крали Марко е твој непријател.
Мислам за мене тврдење дека ми е сојузник или непријател било која историска личност е тотално нелогичка.
Плус со турците не било се така црно, турците донесле мир во многу долг период за обичниот човек на Балканот. Просечен балканец, бил континуирано изложен на војни до 15 век. Прашање е дали имало периоди од 50 години без војна до 15 век.
И на крај оваа твоја омраза кон исламот, ги одалечува Македонците муслимани од Македонската држава. Искрено имам сретнато Македонци Муслимани и плус Горанци од Албанија, и немам видено поголеми патриоти од нив.