Најчесто поставувани проблеми/прашања (Windows)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Во темата за најчесто поставувани проблеми/прашања, периодично ќе се додаваат нови основни проблеми/прашања, се со цел да не се повторуваат истите во темите за Софтверски проблеми, прашања и совети.

Ве замолувам сите кои што сметате дека нешто треба да се промени или да се додаде да ме известите преку порака, бидејќи темата ќе биде readonly, за да можат да се читаат проблеми без притоа да се оптоварува за дополнителни прашања. (Темата е додадена во известувањето околу правилата на подфорумот)
Доколку имате дополнителни проблеми надвор од темава, продолжете во темата Софтверски проблеми и совети

Напомена
: Поради можност од најразлични причини да имате дополнителни проблеми при користење на следните методи за помош, (како губење на податоци и сл.) Ве молам доколку не сте сигурни претходно обратете се во темата за Софтверски проблеми и совети и/или побарајте/прочитајте подетални информации.
-----------

Кирилична поддршка


Посебна тема: ТУКА

Кодеци


– Најдобри кодеци за аудио и видео се, k-lite може да се преземат тука. Со нив е возможно да ги отворите 99% од сите аудио и видео фајлови, со што не би имале проблем со истите.

За додавање на превод на филмови


(постојат повеќе начини).
-Доколку преводот е .srt вие можете да го преименувате во истото име со вашиот видео фајл и да се наоѓа во ист фолдер. Потоа е возможно да го пуштите преку Windows Media Player и со тоа тој ќе ви се прикажува. Доколку сакате да направите измени на преводот постојат повеќе програми, една од нив, vobsub може да се преземе тука, со која што ќе ви се појави на вашиот доле-десен дел од таксбарот и со тоа во моментот кога е пуштен филмот вие можете да правите измени, пример (каснење на преводот во соодност со сликата)
-Исто така постои уште едно детално објаснување на форумот за оваа проблематика, тука.

Без звук во Windows


Значи при инсталирање на оперативен систем, доколу не добиете звук и покрај инсталирањето на звучни драјвери за звучната картица во тој случај постојат повеќе решенија за различни проблеми.
Најпрво во случај да немате звук само на флеш фајлови тогаш пожелно е да го симнете fixflashreg, тука.
Во ситуација кога немате воопшто звук на вашиот оперативен систем тогаш, има неколку чекори.
1.Симнете и инсталитрајте K-Lite Codec Pack.
2.По инсталацијата одете на Старт копчето потоа All Programs – K-lite codec pack – Configuration – Codec Tweak Tool.
3. Потоа во делот Codec Tweak Tool селектирајте го делот [Registry] Fix non-working system sound.

-Друг чекор –отворете Control Panel во делот за звучници провете го Show volume control on the taskbar. Доколку е ова невозможно да се провери (сиво) во тој случај можеби постојат конфликти (со други драјвери пример со тв картица) или грешки кои што се прикажани во Device Manager. Проверете дали делот Sound, video and game controllers е прикажан (Device Manager), доколку не е тогаш веројатно ви недостасуваат драјвери или во најлош случај, звучната картичка е расипана. Потоа проверете дали вашиот компјутер има звучна картичка и дали е таа овозможена. Исто така доколку имате стари драјвери веќе инсталирано, избришете ги и рестартирајте го вашиот компјутер. Доколку компјутерот не ги пронајде драјверите по инсталацијата лоцирајте ги и симнете ги најновите драјвери на следната страна.

Заборавена лозинка од User accounts

Најпрво проверете дали ви е вклучена голема буква или можеби пишувате со друга јазична поддршка.
-Доколку го заборавите, во тој случај рестартирајте го компјутерот и влезете во Safe Mode (F8), и потоа ќе ви се појави Администраторски акаунт, влезете во него и потоа во делот во Control Panel рестартирајте ја вашата лозинка на вашиот/вашите акаунти.
-Истото можете да го направите преку усб меморија или флопи дискета. Пред акаунтите, притиснете на forgot password и пронајдете го вашето усб или флопи диск. Потоа запишете ја вашaта нова лозинка.

Драјвери

Во зависност од вашиот оперативен систем потребно е да инсталирате драјвери се со цел да имате комуникација со вашиот хардвер. Обично Windows 7 ги препознава драјверите од вашиот хардвер и/или сам ги пронаоѓа и ги инсталира.
Но, сепак морате да инсталирате драјвери за графичка картица.
Линкови за Nvidia, ATI и секако во однос на вашата матична плоча драјвери од официјална страна. Доколку не знаете која матична плоча ја имате во тој случај симнете ја следнава програма cpuid која што ќе ви го даде идентитетот на вашата матична плоча и детални информации и врз основа на тоа пронајдете на интернет соодветно страната на произведувачот.

Плав екран (BSOD)

Тоа е грешка која што се случува кога некоја програма, драјвер или хардвер предизвикува проблем и оперативниот систем не може да ја реши при што за да не станат дополнителни компликации се исклучува системот, или доколку го оневозможите директното ислучување грешката ќе остане за да ја проследите, но не би можеле да работите на оперативниот систем.
Постојат различни ситуации со Плав Екран некои се комплексни предизвикани од хардверскиот дел некои се полесни и може да бидат од постари драјвери или програми.
-Тоа што треба да го направите е да ја прочитате и да ја запишете грешката прикажана на сликата и врз основа на тоа да побарате дополнителна помош или на Интернет страните и пребарувачите, да најдете информации што ја предизвикува истата. (Откако ќе ја лоцирате грешката, за решение или дополнително прашање обратете се во темата за Софтверски проблеми).

 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Креирање на бутабилни цд-а

Посебна тема: ТУКА

Забрзување на оперативен систем и пребарувач

Windows Vista
Кликнете на Start (Windows) копчето
Отворете Control Panel
Кликнете двапати на Appearance and Personalization
Под Personalization, кликнете на Change the color scheme
Во Appearance Settings табелата, кликнете на Windows Vista Basic, и потоа изберете OK.

За исклучување на други непотребни сервиси:
Кликните на копчето Start
Изберите Control Panel
Под Programs кликнете Uninstall a program
На левата страна од менито,кликнете на Turn Windows features on or off
Во листата што ке ви се појави, одштиклирајте го тоа што сакате да биде избришано.
Кликнете ОК кога ке ги завршите вашите промени.Тие функции сега ке се избришат.

Windows XP
За побрзо, и постабилно работење на Windows XP, можете да исклучите некои непотребни сервиси. Отворете Control Panel > Administrative Tools > Services. Ако вашиот компјутер не е поврзан во никаква мрежа и не е конфигуриран за мрежно работење, можете безбедно да ги исклучите следните сервиси без никакви последици.

Alerter
Clipbook
Computer Browser
Fast User Switching
Human Interface Access Devices
Indexing Service (ја успорува работата на хард дискот)
Messenger
Net Logon (непотребен доколку не користите network domain)
Netmeeting Remote Desktop Sharing (за дополнителна безбедност)
Remote Desktop Help Session Manager (за дополнителна безбедност)
Remote Procedure Call Locator
Remote Registry (за дополнителна безбедност)
Routing & Remote Access (за дополнителна безбедност)
Server
SSDP Discovery Service (се однесува на бескорисниот "Universal P'n'P" сервис, и го држи TCP портот 5000 широко отворен)
TCP/IP NetBIOS Helper
Telnet (за дополнителна безбедност)
Universal Plug and Play Device Host
Upload Manager
Windows Time
Wireless Zero Configuration (за бежична мрежа)
Workstation.

Забрзајте го освежувањето на Windows

Секогаш кога додавате нов директориум или бришете нешто од прозорецот притискате F5 (Refresh) за да го видите резултатот. Еве како да направите екранот да се освежува автоматски.
1. Старувајте го Regedit.exe.
2. Одете во HKEY_LOCAL_MACHINE директориумот и отворете го.
3. Отворете го System директориумот, а потоа и CurrentControlSet.
4. Селектирајте го Control, a потоа и Update директориумот.
5. Одете на десниот прозорец и кликнете со десното копче на Update.
6. Селектирајте Modify и променете ја вредноста од 01 на 00.
7. Кликнете на OK и рестартирајте го компјутерот.

Mozilla Firefox
-Внесете "about:config" во адрес барот и продолжете понатаму. Потоа надолу погледнете кон следните делови на страната.

network.http.pipelining
network.http.proxy.pipelining
network.http.pipelining.maxrequests

Нормално пребарувачот ќе отвори една страна во моментот.
Откако ќе го овозможите pipelining ќе направи неколку одеднаш, и ќе ја зголеми брзината на пребарувањето.

-Наместете според оваа шема:

Внесете "network.http.pipelining" да биде "true"

Внесете "network.http.proxy.pipelining" да биде "true"

Внесете "network.http.pipelining.maxrequests" и бројот 30.

-На крај, десен клик било каде и внесете New-> Integer
И потоа преименувајте "nglayout.initialpaint.delay" и внесете вредност до 0.

Доколку користитие broadband конекција страните може да се лоадираат 2-3 пати побргу од претходно.

Дефрагментирање на партиции

Пред да започнете да дефрагментирање има неколку чекори кои мора да се запазат. Најосновно со текот на времето податоците кои ги синимате и бришете обично се разместуваат на различни локации на хард дискот и со тоа пристапот до нив ќе биде бавен, односно ќе ви биде успорена работата на оперативниот систем. Дефрагменитрање е процес на спојување на фајловите и нивна организација со тоа што оперативниот систем и неговата работа ќе биде забрзана.

Што ни е потребно.
1. Најпрво најдобро е да имате направено бекап на вашите податоци на ЦД или на некој уред.
3. Затворете ги сите програми кои што ви работат во моментот.

Кликнете на Старт потоа Programs icon Accessories icon System Tools icon Disk Defragmentation icon

Прикажано


Проверете дали е потребно дефрагментирање

Најпрво притиснете на делот Analyze button со што ќе ви се анализира дискот. Направете го тоа за сите партиции посебно.
Доколку по анализирањето ви се појави дека треба да се дефрагментира дискот направете го тоа, во спротивно исклучете ја програмата.

Прикажано


Сега на долната слика може да се забележи процесот на дефрагментирање. Обично трае од 30 минути па се до неколку часа, во зависност од големината на дискот што се дефрагментира, брзината на процесорот итн.
Кога ќе заврши програмата исклучете ја и доколку има никакви грешки и пораки од програмата запишете ги.

Прикажано
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Делење на хард диск-партиции

Делењето на вашиот хард диск и креирањето на партиции значи дека ќе биде поделен вашиот хард диск со што ќе можете да користите повеќе пристапни локации (партиции) и со тоа подобро да ги организирате вашите податоци.
Во Виндоус постои Disk Management, на кој што ќе се задржиме.
Ќе го најдете во Control Panel - Adminstrative Tools. Потоа ќе влезете во него.



Доколку вашиот хард диск е приклучен тој треба да се појави во програмата.
Делење. Делењето според Мајкрософт може да биде на примарни и продолжени партиции (Primary, Extended).
Десен клик на вашиот хард диск, ќе ги видите опциите кои што можете да ги направите, тука започнува делењето, потоа можете да промените буква или име на вашиот хард диск итн...
Во зависност од големината на вашиот хард диск проценете колку ќе го поделите. Многу е полесно кога би поделиле три партиции, една за оперативниот систем и важни апликации, другата за ваши фајлови, филмови музика, и третата можете да ја користите за игри. Целта е да не се мешаат вашите податоци и да имате подобра прегледност.
Откако оперативниот систем ќе ги креира партициите, потоа може да ги форматирате.

Постојат и други програми како Partition Magic 8



Откако ќе ја симнете отворете ја програмата. Таа ќе ги лоцира вашите хард дискови. Во десниот горен агол се наоѓаат опции, за креирање бекап на податоци, изменување и додавање на партиции.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Најразлични формати и програми/алатки за отварање на истите

Понекогаш се случува да симнеме некој фајл со кој што не можеме да определиме со која програма ќе го отвориме или за каков вид на фајл се работи. Затоа освен класичното пребарување преку пребарувач како опција, на следнава страна може да се најдат сите фајл екстензии со што можете според азбучен ред да ја најдете екстензијата и да дојдете до детални информации како и со која програма можете да го отворите фајлот со бараната екстензија.

Вметнување на математички симболи во MS Word


За MS Word 2003 следната постапка (над 150 симболи во Word)

Наместете го курсорот онаму каде што сакате да вметнете.
Од менито Insert одберете Object.
Кликнете на делот Create new tab.
Во Object type box кликнете на Microsoft Equation 3.0.
Од Equation toolbar-от одберете соодветно математички симболи.

За MS Word 2007 следната постапка

Наместете го курсорот и од менито Insert во Symbols group кликнете на делот Equations.
Потоа притиснете на Insert new equation.
Под Equation Tools, во Design tab кликнете на More arrow.
И потоа соодветно на името на симболот кој што сакате да се прикаже.

Местење на first boot device во BIOS (за инсталација на оперативен систем преку цд-ром)


Најпрво ни е потребо да влеземе во BIOS. (AwardBIOS) Тоа го правиме на тој начин што откако ќе го пуштите/рестартирате вашиот компјутер по неколку секунди треба да притиснете del (delete) обично на сите нови е тој процес.
Потоа влегуваме вo делот Advanced BIOS Features прикажан на сликата



Откако ќе влезете во тој дел треба во делот First boot device да го наместите вашиот цд-ром или ром од кој што ќе сакате да покренете инсталација на оперативен систем. Потоа ќе ги зачувате опциите и по рестартот ќе започне инсталација доколку ви е внесен инсталациониот диск во ромот кој што сте го наместиле како прв за покренување.
Тоа е прикажано на следната слика



Важно: По инсталацијата на оперативниот систем влезете повторно во тој дел и наместете first boot device да ви биде хард дискот на кој што сте го инсталирале оперативниот систем за да може истиот да се подигне.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
WINDOWS SYSTEM RESTORE, SAFE MODE и LAST KNOWN GOOD CONFIGURATION

System Restore претставува алатка со која можете да го вратите вашиот оперативен систем назад (временски).
Доколку вашиот оперативен систем не работи поради најразлични причини, проблеми со вируси, корумпирани фајлови, возможно е да направите restore point и со тоа да се покрене оперативниот систем правилно од претходниот период.

Како да покренете.
Start, All Programs, Accessories, System Tools, и притиснете System Restore. Потоа Restore my computer to an earlier time и Next.
Потоа Select a Restore Point, кликнете на последниот system restore point на On this list, click a restore point и Next.На Confirm Restore Point Selection кликнете на Next. System Restore ќе го врати вашиот оперативен систем поназад временски и ќе се рестартира.

Доколку сакате да ја вратите постапката на последниот пат, тогаш направете го следното.
...System Restore - Undo my last restoration, и Next.

Safe Mode

Safe Mode претставува опција со која пристапувате до вашиот оперативен систем со минимален број на драјвери за уреди и сервиси за да се стартува Windows. Се пристапува при вклучување или рестартирање на вашиот оперативен систем и се одбира f8.
Safe Mode with Networking ви дава можност да користите мрежа како Интернет доколку имате подесено.
Safe Mode with Command Prompt се пристапува со cmd.exe наместо Windows Explorer во замена за работна околина.
Safe Mode може да се користи за тестирање на програми, драјвери, бришење вируси и отстранување на најразлични проблеми доколку не можете правилно да го стартувате оперативниот систем. Потоа се враќате на нормалното стартување на оперативниот систем.
Со Safe Mode се стартува и vga.sys (резолуција) и околината е 640 х 480 со 16 бои.

Last known Good Configuration
го стартува оперативниот систем со користење на последното нормално стартување.
Оваа опција е препорачана да се користи само доколку не можете да влезете нормално во вашиот оперативен систем поради најразлични причини.

Бекап на вашите податоци

Бекап на вашите податоци кои што ги имате зачувано на хард дискот и пристапувате преку оперативниот систем, е бирен чекор којшто е препорачлив да се изврши пред да се продолжи со нормална работа. Многумина од нас секојдневно се соочуваат со разноразни проблеми, отштетувања на фајлови од вируси, проблеми со хард диск и меморија и слично. Затоа е и повеќе од важно да имате копија на вашите податоци.
Постои голем број на слободен и софтвер што се плаќа при што со овие програми на брз и лесен начин се остварува целта.

Вградени алатки во оперативниот систем Windows

Windows XP Backup

На следната локација

Слика 1

Потоа пристапувате до софтверот за бекап


Слика 2

Windows 7

Се пристапува од Control Panel - Backup and Restore или едноставно во search бокс-от во старт впишете backup.


Слика 3


Одбирате што ќе зачувате, и правите бекап при што сите ваши податоци кои што сте ги одбрале ќе бидат таму зачувани.
Во процесот ќе ви биде побарано да одберете локација каде да биде зачуван бекапот, односно ќе ви биде на располагање да одберете помеѓу вашите внатрешни хард дискови, (прикажано слика 3). Препорачливо е доколку имате надворешен диск да ги зачувате информациите на него, но се во зависност дали станува збор за голема меморија на зачуваните податоци, возможно е тоа да го направите и на вашиот внатрешен хард диск, usb flash меморија или било каков мемориски медиум.
Напомена: во зависност од големината на податоците е потребно соодветен временски период да се направи бекап на податоците кои што претходно сте ги одбрале.

System image претставува опција со која можете да одберете да зачувате копија од системските драјвери, ова се прави во случај да имате проблеми со оперативниот систем и со system image го враќате оперативниот систем преку system restore објаснет погоре.

Постојат и други алатки кои што може да се преземат дел од нив се или не се слободни.
Проверете
тука

 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Зачувување на Bookmarks на Mozilla Firefox

Со оглед на големиот број на членови во темата за софтверски проблеми, кои при реинсталација, форматирање на оперативен систем или проблеми со прелистувачот не знаат како да ги зачуваат bookmarks и потоа повторно да ги вратат опишана е постапка.

1. Зачувување.
Откако ќе го отворите прелистувачот се што треба е да пристапите до следната локација.
Bookmarks - Organize Bookmarks - Import and Backup и потоа во делот Export ќе го зачувате фајлот во одредена локација.
-Исто така доколку не можете да го стартувате прелистувачот можете да пробате да го побарате директно фајлот со bookmarks. Тоа можете да го направите преку search со што ќе пребарувате bookmarks.html.
2. Враќање на bookmarks
Oткако ќе преинсталирате, или сте го форматирале оперативниот систем, отворете прелистувач и пристапете до следната локација.
Bookmarks - Organize Bookmarks - Import and Backup и потоа во делот Import ќе притиснете на From and HTML file и соодветно ќе го пронајдете фајлот кој претходно сте го зачувале.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Последна промена 21.02. Зачувување на Bookmarks на Mozilla Firefox

За дополнителни проблеми/прашања кои сметате дека треба да се објават известете ме преку ПП.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom