Имам впечаток дека 3 годишно дете се однесува кон мене премногу слободно а во тоа има поддршка од мајка му. Пример, доаѓам од работа, пуштам телевизор на детево одма му текнува дека сака цртани да гледа и мајката " абе пушти и цртани дете е". Ок, пуштам цртани одам во спална на детево му текнало сака на спална да скока тато тргни се од спалната, мајката " да, тргни се сака да скока нека се измори ќе спие". Сеа, дали јас сум луд, со жена ми никаков заеднички јазик не можам да најдам и веќе сум кренал раце. Детето не кака во нокшир, затоа што некоја докторка кажала дека не треба децата да се форсираат со какање во нокшир, детето не знае со деца да си игра и ја влечка мајка му за рака кога сме во игротека, на што остро реагирам да ја остави зашто и прави на малата контрауслуга. Плаче зашто другите деца скокале на трамполина, со мајка и оди и во веце буквално, цело време приврзана за неа. Од жена ми немам никакво разбирање, демек дете било, јас сум бил груб, не сум видел други деца какви се итн. Детето оди во градинка, почесто е дома зашто се разболува. Мојата филозофија на растење деца е да го направам фајтер од мало, повеќе би сакал да падне еднаш двапати трипати, за 4. пат да научи и да не паѓа, мајката па трча по неа цело време пазејќи ја да не падне. Според мене така се ствараат дебили. Грешам ли, или сум во право, чисто ме интересира дали е мојата перцепција и размислување погрешна, а раце сум кренал и не се замарам веќе. Немам ни некаков импакт врз ќерка ми зашто само 2 часа дневно ја гледам, другото време имам обврски.