Најчестите грешки на родителите

Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Кревањето рака на мало дете е нешто кое ме вади од такт.
Доколку мисли родителот дека проблемот би бил решен со тоа многу греши. Детето подоцна ќе гледа со страв кон родителот а тоа воопшто не е потребно. Детето кон родителот треба да го гледа како заштитник а не на некој друг начин.
Знам случаеви кај што родителите буквално ги тепаат децата буквално...Секој ден и за не некоја посебна причина.
Утре тоа дете може да израсне во агресивна личност.

Друга грешка е преголемото дозволување на децата уште од мали години. Подоцна прераснуваат во разгалени шмизли и нафурани фраерчиња кои не знаат за доста и претеруваат во секоја смисла на зборот. Јас велам дека мора да се има златна средина за некои работи. А не : Мамо вака - Добро сине, мамо онака - добро сине.
Наместо децата уште од мали нозе да учат за тоа како е кога ќе бидеш возрасен родителите не дозволуваат да преминат подалеку од прагот за некоја сериозна работа.

Трета работа, е тоа веќе е најсериозна работа. Кога некој се наога пред животна одлука - Што со себе понатаму, овде се родителите кои мора да се мешаат во секоја одлука..
Во ред, можеби не сака родителот своето дете да погреши но наметнување свои желби и идеи е крајно недозволиво.

И за на крај можам да го додадам и тоа што некогаш родителот знае да го потценува своето дете.
Што се случува тогаш? Детето губи желба и мотивација за да превземе некој чекор понатаму само заради потценувањето од страна на својот родител. Се случува, наместо родителот да даде подршка да биде причина за откажувањето од нештото кое го сакаш.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362

Се е до тоа детето како ќе ги сфати работите ,на пример ти може имаш брат/сестра и покрај тоа што родителите ве учеле подеднакво и исто вашиот темперамент,размисливање и дејствување во животот не се исти.Јас сметам дека секој има како некое вградено однесување во својата душа некое природно нешто во него кое ни родителот неможе да го промени.
 
chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Некако насловот не ми е соодветен најчести грешки се знае грешка еднаш се прави и се поправа ова веќе ке му дојде недоволно разбирање(знаење) за одгледување.
Прво и основно е правењето сноб од свое дете подразбира чување под стаклено ѕвоно ограничувајќи го во слободата идење по кеф недавајќи да израсне во снаодлив човек пушти го нека расне нека се снаоѓа ке му користи ако нема ручек пушти го ке го свие глад ке се научи да прави.Да не се срами да праша да се движи меѓу луѓе што се вика ке те продаде.Настинал изел нешто од земја ако така треба тоа е по природен пат со тоа ојачува.А не гледам во денешницава леле гладен е морам да одам дома леле настинал мора апче леле останал сам се плаши ке направи беља.Нема никаква беља да направи освен што вие ке го направите паразит и снов кој ке нема да знае да се снаоѓа ке мора да чека на готово ке нема да знае да направи основно јадење ке цркне што се вика и ке мора некој цело време да го носи на грб ке го пратиш до пазар ке нема да знае што да ти купи или ке купи скапано.
Да го цени денарот а не снема пари дај мамо дај тато.Со тоа темпо сето тоа што му е купено ке го изгуби искрши продаде уништи ке се научи те моите ке ми купат.Кога ке научи да цени пара ке знае што ке направи со нив на што ке ги потроши сето она купено што ке го има ке му се тресе да не му падне или изгуби а со тоа и ке почне да размислува позрело и еден степен ке е погоре во станување домаќин човек.
Пуштање на улица да се игра со другари учење на улична школа каде што ја нема никаде и не може да се плати за да се научи тамо ке научи како да се брани да го брани своето а не компјутери и фарм вил кенди краш и остали заебанции кои ке го направат робото и она што му се сервира преку еден четвртаст екран ке го прави само тоа и тоа ке му биде негов живот.
Учење на прави вредности поштување фамилија татко мајка брат сестра и сите останати помагање на сите доколку е потребно а не да се гледа само од корист и газење на други во смисла градење кариера светот не е се околу пари има нешто што не се купува едино се заслужува.
Подршка во смисла на градење на личноста доколку сака нешто да направи од себе охрабрување разговор во насока на согледување на сите позитивни и негативни страни и никако мешање сине можда боље ке биде онака или најлош случај уште си мал ништо не разбираш мама и тато ке ти помогнат аха да во насока да бидеш идиот.
Казнување забрани тепање само полошо ке биде само разговор и многу разговор секој ден и многу разбирање сето може да се реши како што велат дипломатски.
 
Член од
24 јули 2014
Мислења
118
Поени од реакции
64
Најчеста грешка е што родителот го напраил детето за да не го глеа, па го дава кај бабата на чување. Бабата, поготово Македонската баба, е научена да го отруе детето и да ти скења све што си се трудел задњите месец дена да го научиш. Денешниве деца се со извинење али ко од мочка праени. Не дека постарите генерации биле спартански воспитувани, али се немале толку многу опции и тој начин ќе те направи по спремен него денешниве.

Па ако од 80тите генерација па навака се изнаглеавме безрбетници, жално што не чека во иднина со кокичињава на бабе од 2000та па навака.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Повеќето родители денешни кога ќе имаат дете најчесто сакаат нивното дете да изгледа како нив во особините тоа е едната работа другата работа која повеќето родители го прават е тоа што тие одлучуваат детето каде ќе се школува и што ќе биде понатака бидејќи тие самите сакаат што желбите на детето се ставаат во втор план или поедноставно не се размислува за неговите желби и за тоа што сака да заврши нивното дете. Повеќе знам кои завршиле средно и тоа со сите маки бидејќи едноставно нивните "строги" родители сакале нивното дете таму да учи, потоа следува истото и со факултетот. Овие грешки се најчести но и исто така прават голем проблем бидејќи на детето треба да му се даде слобода да учи и да го прави она што ќе го направи задоволен и да ги остварува своите желби а не да се спречуваат неговите желби а да се остваруваат на своите родители. Постојат повеќе проблеми но сепак овој е најчест проблем со кој се соочуваат децата...
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Физички удар неможе да се замени со повреда на суетата и личноста на детето.Секогаш ќе ја памтам реченицата кога бев прва година факултет од една професорка кога пред цел клас пофали 4,5 студенти со зборовите ,,Вие сте најдобри студенти,сум слушнала за вас''.Oва го прават и родителите мислам оние што имаат повеќе од едно дете во смисла ,,Види го брат ти колку е добар тебе за ништо не те бидува''.

Немам студирано психологија,но ризично можеби до некој степен и опасно е јавно да се потценува некого а најмногу дете.Сепак реално гледано од едно дете може да направите Исус Христос а може и Адолф Хитлер бидејќи многу убедувања,ставови и размислувања се формираат кај децата уште од она кога ,,знаат за себе''.Така да,нашите зборови утре се судбина на нашето дете.. како што кажав,од нас зависи дали ќе го направиме голем човек или голем монструм..
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Преголемата грижа од повреди...е грешка. Ние сме растеле многу слободно и природно, такво детство треба да има секое дете...Преголемата грижа од родителот може да биде деструктивна.
Овој филм го прикажува стравот на родителите од повреди...тие како роденденски подарок за своето дете,одбираат заштитно одело...
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
114
Поени од реакции
139
Најголемата грешка на моите родители е недостигот на разговор. Јас израснав во сиромашно семејство и кај нас секогаш недостигаше разговорот. Тој недостаток на разговор ми ствара многу тешкотии во животов. Не зборувам многу, ќутлив сум и ми е потешко да се снајдам. Јас еден ден кога би бил родител би разговарал со моето дете/моите деца колку што можам повеќе. Не сакам да ја правам истата грешка што моите родители ја имат направено со мене.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Некако насловот не ми е соодветен најчести грешки се знае грешка еднаш се прави и се поправа ова веќе ке му дојде недоволно разбирање(знаење) за одгледување.
Прво и основно е правењето сноб од свое дете подразбира чување под стаклено ѕвоно ограничувајќи го во слободата идење по кеф недавајќи да израсне во снаодлив човек пушти го нека расне нека се снаоѓа ке му користи ако нема ручек пушти го ке го свие глад ке се научи да прави.Да не се срами да праша да се движи меѓу луѓе што се вика ке те продаде.Настинал изел нешто од земја ако така треба тоа е по природен пат со тоа ојачува.А не гледам во денешницава леле гладен е морам да одам дома леле настинал мора апче леле останал сам се плаши ке направи беља.Нема никаква беља да направи освен што вие ке го направите паразит и снов кој ке нема да знае да се снаоѓа ке мора да чека на готово ке нема да знае да направи основно јадење ке цркне што се вика и ке мора некој цело време да го носи на грб ке го пратиш до пазар ке нема да знае што да ти купи или ке купи скапано.
Да го цени денарот а не снема пари дај мамо дај тато.Со тоа темпо сето тоа што му е купено ке го изгуби искрши продаде уништи ке се научи те моите ке ми купат.Кога ке научи да цени пара ке знае што ке направи со нив на што ке ги потроши сето она купено што ке го има ке му се тресе да не му падне или изгуби а со тоа и ке почне да размислува позрело и еден степен ке е погоре во станување домаќин човек.
Пуштање на улица да се игра со другари учење на улична школа каде што ја нема никаде и не може да се плати за да се научи тамо ке научи како да се брани да го брани своето а не компјутери и фарм вил кенди краш и остали заебанции кои ке го направат робото и она што му се сервира преку еден четвртаст екран ке го прави само тоа и тоа ке му биде негов живот.
Учење на прави вредности поштување фамилија татко мајка брат сестра и сите останати помагање на сите доколку е потребно а не да се гледа само од корист и газење на други во смисла градење кариера светот не е се околу пари има нешто што не се купува едино се заслужува.
Подршка во смисла на градење на личноста доколку сака нешто да направи од себе охрабрување разговор во насока на согледување на сите позитивни и негативни страни и никако мешање сине можда боље ке биде онака или најлош случај уште си мал ништо не разбираш мама и тато ке ти помогнат аха да во насока да бидеш идиот.
Казнување забрани тепање само полошо ке биде само разговор и многу разговор секој ден и многу разбирање сето може да се реши како што велат дипломатски.
Сето ова е во ред напишано но ете не можам да се согласам за некој дел. Како на пример кога некој останал сам и ќе направи беља.
Не секој го доживува тоа на ист начин. Секој со свој карактер, секој различно гледа. Ако не е силен на карактер, што очекуваш од сето тоа?
Исто и не можам да се согласам за делот со парите. Ајде да речеме синот/ ќерката помага со финансиите во семејството но што ќе се случи доколку синот/ ќерката навистина снема пари? А му се потребни? Од каде тогаш ќе бара? Комшија? пријатели? роднини? Сите барем неколку пати во живот сме биле во таква ситуација кога ќе немаме пари да побараме од некој.

Е сега делот со компјутери се сложувам. Знам еден случај кај што детето има едвај четири години а веќе работи со таблети и компјутери и глава не крева од нив. Тоа дете е осудено без детство кое јас и ти и многу генерации сме имале, играње на улица.

Ќе си земам дозвола да кажам за еден пример на моја пријателка од 23 години. Остана сама дома, родителите и брат и се во странство. Оставена сама на себе... Родителите и дозволиле буквално СЕ.
Пие по 1 вино секој виќенд а некогаш и по две... Да не зборувам за пушењето на скапи цигари, и трошењето на пари. За еден ден ај што ги троши сите пари од нејзината плата па плус останува должна по бутици и на крај нема што да јаде. Врв на сето тоа е непочитувањето на баба и и дедо и.. Селско однесување и изразување.

Да бев ко нејзините родители, не само што ќе и одземев се што сум и дала туку би и забранила излегување се додека не се свести како се однесува, што прави, колку троши, и на крај ќе ја натерам да ги почитува постарите луге во нејзиниот дом.
Ама нејзините и дозволиле да се однесува како што сака. Додека брат и е сосема спротивно од нејзе. Домаќин човек, работлив, грижлив... пример за сите.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.616
Поени од реакции
31.821
Кога го форсираат детето во одредена област, со цел за да задоволат некоја потреба,желба, мотив кои самите не ги оствариле како деца или во понатамошниот дел од животот.

Тоа иди како идентификација во психологијата, со цел да се задоволат самите, како да тие го оствариле нештото, да си го препишат лично себе и да се наградат преку тоа. Треба да се почитува изборот на детето, и само да се дејствува кога се треба со давање одредени насоки, притоа укажувајќи на позитивностите и недостатоците.

Чист пример го имам другарче, онака најдобро. Гениј, капацитет и лејка на високо ниво, дете на кое уште од најмали нозе му беа сервирани математички проблеми и загатки. Думам во 6-то одделение ја решаваше математиката од гимназија. Секаде по натпревари, светски, олимпијади, шо ти знам шо. Обавезно кога ќе се вратеше од училиште, на масата имаше 10-тина задачи кои мораше да ги реши, дури да се врати татко му од работа. Заврши математика во Германија, сега се дума на што да продолжува и каде, но кроз муабет сум увидел дека и самиот се свести дека животот оној од младоста му поминал и дека жали што не успеал да ги поприми и проживее сите оние лудории кои се наменети за тој период. Сега се теши само со помислата дека времето ги носи и склопува сите работи кога-тогаш. Социјализацијата изостанува, позитивни мигови исто, има жртвувано една страна за да придобие друга и тоа по вина би рекол на родителот кој го форсирал во таа област. Дури и на моменти искажува гнев кон истиот.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601

Секогаш треба компромис. Нема 2 добра, само две лоши од кои треба да го избереш помалото.
Во овој твој случај, АКо бил нормално дете, ќе заглавел тука како еден обичен просек и толку, после ќе пцуе по влада и сл. Вака пак, ..... рече “на моменти“ искажува гнев. И ОК е тоа, кога во исто време е свесен дека зарати таа ртва има поквалитетен живот и тој самиот и неговото семејство.
Исто е и со спортистите. АКО сакаш да бидеш квалитетен, добар, меѓу најдобрите и сл , тогаш треба да тренираш секој ден по најмалку 4ч за да бидеш забележан. Нормално, тие 4ч не се доволни, но се некој минимум за да имаш позначајни резултати. Е сега, ако успееш, ко Надал (кој ми е антипатичен) тогаш шансите да квалитетен живот ти се зголемуваат со геометриска прогресија.
 
Треба да го видиш во живо детево за да сфатиш точно што сакам да кажам. Робот во човечка кожа. Толку.

Слабо зборува, емоции никакви, заинтересираност никаква, целовреме задуман како во депресија, исклучен максимално. И што е најтрагично не искажува радост во она што го учел, студирал и градел.

Производ на желбата од родителот. Фрлен живот. Можеби родителот му мислел добро, можеби сакал да го направи нешто многу повеќе од обичен вработен во некоја фирма за дизајн или програмирање, но факт е дека освен чколиото, цел живот му е наебан, почнувајќи од најмали години каде не можеше, против своја волја, да излези со нас дури чалгаме на голот во училиштето, ниту да прошета салам в чаршија, или на свирка.
Само бројките и толку. И шо е најбитно, како резултат на ,,премореност,, кој самиот ја дефинира, одмара година дена од било какво учење.
 
ДА, во право си, сепак требаше да назначам дека таквата жртва треба да биде во согласност со детето. Можеби на 3-4-5 год и нема да се сослуша детето, ама после тоа е веќе доволно големо да знае да каже дали сака или не сака нешто да прави
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.945
Поени од реакции
15.961
Индонезија ќе ги забрани мобилните телефони во основните училишта
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=54026[DOUBLEPOST=1448109897][/DOUBLEPOST]
Кревањето рака на мало дете е нешто кое ме вади од такт.
Доколку мисли родителот дека проблемот би бил решен со тоа многу греши. Детето подоцна ќе гледа со страв кон родителот а тоа воопшто не е потребно. Детето кон родителот треба да го гледа како заштитник а не на некој друг начин.
Знам случаеви кај што родителите буквално ги тепаат децата буквално...Секој ден и за не некоја посебна причина.
Утре тоа дете може да израсне во агресивна личност.

Друга грешка е преголемото дозволување на децата уште од мали години. Подоцна прераснуваат во разгалени шмизли и нафурани фраерчиња кои не знаат за доста и претеруваат во секоја смисла на зборот. Јас велам дека мора да се има златна средина за некои работи. А не : Мамо вака - Добро сине, мамо онака - добро сине.
Наместо децата уште од мали нозе да учат за тоа како е кога ќе бидеш возрасен родителите не дозволуваат да преминат подалеку од прагот за некоја сериозна работа.

Трета работа, е тоа веќе е најсериозна работа. Кога некој се наога пред животна одлука - Што со себе понатаму, овде се родителите кои мора да се мешаат во секоја одлука..
Во ред, можеби не сака родителот своето дете да погреши но наметнување свои желби и идеи е крајно недозволиво.

И за на крај можам да го додадам и тоа што некогаш родителот знае да го потценува своето дете.
Што се случува тогаш? Детето губи желба и мотивација за да превземе некој чекор понатаму само заради потценувањето од страна на својот родител. Се случува, наместо родителот да даде подршка да биде причина за откажувањето од нештото кое го сакаш.
Има и друго, деца кој многу се лутат и на закана со рака од родител , но што праиме кога друго дете ќе му ја врзе ? ( оправдано)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom