Ska Maniac
Бараба
- Член од
- 2 октомври 2013
- Мислења
- 11.316
- Поени од реакции
- 28.272
Ристо Пенов. Само тој успеа да ја донесе Касандра во Скопје меѓу првите и ретките во Европа и да и организира дочек на амбасадорско ниво.
Не бил.Љупчо Николовски Фуфо не бил градоначалник? А оние први тројца господ знае кој се.![]()
Генерално се согласувам со мислењето, со исклучок на болдираното. Данела е многу одамна врзана со амбасадите, поточно со една од амбасадите, и не случајно му ја пикнаа на најнеталентираниот политичарСите до Пенов се само грејачи на столчиња, и не комплетно по нивна вина. Нит имале буџет, нит закони, нит моќ. Не вреди да се коментираат.
Ристо Пенов е многу подобар политичар од градоначалник. Како градоначалник има една улица, и ставање плочки на плоштад наместо калдрма. Како политичар успешно успева да направи пријатели од сите страни на спектарот, да балансира, да ги задоволи сите, и да не направи непријател од никого. Умерен човек.
Трифун Костовски, фејкер, ко за се друго во животот. Случајно станат милионер, случајно станат градоначалник. И во едното, и во другото заврши банкротиран. Убедливо најнеуспешен од сите на листата. Неговата “успешност“ е грдата слика на македонското општество. Апсолутно никаков талент, за ништо, сем за патетика.
Коце Трајановски е единствениот на листата што е повеќе градоначалник од политичар. Тоа по автоматизам го прави најуспешен. Според мене има многу многу повеќе добри дела од гревови. Силно поддржан од централна власт, ама сепак знаеше да ги истера проектите до крај.
Петре Шилегов никогаш не ја ни сакаше функцијата. Тоа му беше утешна награда, на која беше лут. Човек со неверојатен талент да направи непријатели, дури и од луѓе на кои ништо не згрешил. Ништо не направи како градоначалник, ама генерално не ни мислам дека проба да биде градоначалник, па макар и на еден ден.
Данела Арсовска, повторно повеќе политичар од градоначалник. Ќе проба да ја искористи функцијата за да се врзе со амбасадите, и да стигне до премиер. Лично, се надевам дека ќе успее, од чисто сеир причини. Нешто слично на тоа што го прави во ЈСП со сите (вклучувајќи ги и нивните семејства) што се откажале од Шефот. Од аспект на капацитет, не сум импресиониран.
Klasicna retardirana makedonska strategija da se ocrni sekoj covek.Ако делот со картите не е баш точен, тогаш можеби главната цел на статијата беше да прочитаме што сè поседува Ленин?![]()
Објектите во центарот на градот, кои не беа фасадирани, сеуште си стојат така. Скелето на зградата на Рекорд стоеше добри 3-4 години, а тука се и започнатите и недовршени факултетски згради на ФИНКИ и на Факултетот за спорт, во универзитетскиот кампус, кои се во процес на изградба веќе добри 6-7 години, а 3-4, од тие 6-7, стагнираа.Времето на Коце беше ренесанса за Скопјево. Тоа што се направи тој период, овие по него не можат ни да го окречат, а камо ли да довршат што се почнало, па гледаме грдосии како зградата на ЕСМ и таа спроти, објектите на плоштад напуштени градилишта стојат у сред центар еве веќе 6-7 години.
Проектот беше од време на шилегов, барем магистралите за кисела вода. За жал ги нареди со ступчиња за точачаривираше сите улици во оваа населба и во среди Расадникот. Овие улици никогаш не биле реновирани, за половина мандат инвестираше повеќе во оваа населба отколку било кој градоначалник на Скопје!
Зборувам за општина Бутел.Проектот беше од време на шилегов, барем магистралите за кисела вода. За жал ги нареди со ступчиња за точачари
Расадник е во кисела вода лол...Зборувам за општина Бутел.![]()