Најубавиот македонски збор

Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
146
Спокојство - некоја состојба на нирвана, состојба на постигната хармонија, целосна среќа и безгрижност, урамнотеженост на мислите и на чувствата, целосна контрола и мир.
Блискост - кога некој е близу до тебе или е оддалечен неколку километри, а ти сепак го чувствуваш за близок зошто едноствано постои таа "блискост" помеѓу вас.
Посветеност - да си целосно предаден и посветен на некој или нештото што го правиш.:)
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Дејгиди-Самиот збор е често употребуван и има мимичка и чуствена компонента,нешто во стилот на “Ех ти или Ех вие“ т.е израз кој некако ме асоцира на воздишка,мимика и исказ за нешто што поминало и тагата при сеќавањето на тоа нешто.
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 17:26 ---
Кабаетлија-Турцизам.Во превод би значело Крив,виновен.
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 17:33 ---
Саклдисан/Насекиран-Тага,мака која не дава мир.

Ујдисан-Насочен,ориентиран по одреден специфичен правец.
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
13
Поени од реакции
12
Невеста - збор со словенско потекло, во буквален превод значи непозната или нова во семејството.
Дете - прасловенски збор што значи чедо, потомок иако ми се допаѓа и изведенката детуле.
Срце - збор со прасловенско потекло, а на македонски звучи прекрасно : Што не е од срце, не е при срце :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Кандилце - како мала светлост во темнина доволно за да се снајдеш, како мала топлина во студена ноќ доволна за да се стоплиш, нешто како надеж.
 

Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255
Меѓутоа - многу моќен сврзник, сите знаете како и каде се употребува
Ѓоа ми ти (мод. ѓоамити) - македонски збор за ,демек, којшто е турцизам и збор којшто го употребувам во секоја прилика зошто се штитам од турцизми.
Разнебитување, разнебитен, - одличен моќен збор за кој не ми е јасно зошто не се употребува често наместо уништи, скине
Врв - збор со словенско потекло кое укажува на нешто високо, прво, најдобро или пак укажува на географски поим: врв на планина
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Меѓутоа - многу моќен сврзник, сите знаете како и каде се употребува
Ѓоа ми ти (мод. ѓоамити) - македонски збор за ,демек, којшто е турцизам и збор којшто го употребувам во секоја прилика зошто се штитам од турцизми.
Разнебитување, разнебитен, - одличен моќен збор за кој не ми е јасно зошто не се употребува често наместо уништи, скине
Врв - збор со словенско потекло кое укажува на нешто високо, прво, најдобро или пак укажува на географски поим: врв на планина
разнебитен ти е супер!!! и не сум циничен, ама еве на пример колку смешно би звучело “се разнебитив од војска:pos: или пак за онаа која изгубила невиност (ја скинале), разнебитена Е :pos::pos:
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Созрецание немам појма ни каде сум го чул зборот ниту па што значи. Го ископав некаде од потсвеста.
Тоа е кога гледаш долго, може да сонуваш за тоа време; С'зерцавам чудната глетка кон морето.'' На англиски е contemplate
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Качулинка и врховец ми се најубави.
 
Член од
27 март 2013
Мислења
12
Поени од реакции
6
Утроба.
Ме асоцира на најблагородни човечки чувства. На љубовта на мајката, на нежност, на почеток на нов живот.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Срма - сребрен конец со кој се везе.
Алово- црвено
попишмани- предомисли
од атер - од мерак
Сполај ти - ти благодарам
Чунки- демек
бендиса -допаѓа
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
Мошне ми е омилениот збор иако поседува архаичен призвук. Звучи симпатично, а ми се допаѓа и како соодветна алтернатива за неправедно застапениот србизам прилично.

Од нашите побизарни зборови, ги издвојувам башибозук и дуздиса. Многу ми се интересни во иста реченица: Напразно се дуздисавме за низ чаршија, кога се однесуваме како вистински башибозуци.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Мајка/Мајче Сине/Синче Ќерка/Ќере-топлина, прегратка, заштита, жртва.

Срна- невиност, слобода, природа.

Капина
Конец
Огниште
Творештво
Бајка
Качулка
Волшебник
Солза
Кралица
Поговорка
Сребро
 

Kajgana Shop

На врв Bottom