Најубавиот македонски збор

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Во македонскиот јазик имаме прекрасни зборови, некои се особено уникатни, некои можеби се слични со зборови на јазици кои ни се блиски, но тоа е најмалку важно.

Прашањето е многу едноставно, кој за вас е најубавиот македонски збор или израз ?Збор што ве асоцира на нешто убаво или има за вас посебно значење.

Да почнам јас, па се надевам ќе продолжите останатите. :)

Мајче - ме асоцира на топлина. На оние женички со по 70 и кусур години со благ израз на лицето и добрина што им излегува од очите. Обично ќе ги најдете на сликите снимени по македонските села, во кои за жал можете да најдете само постари луѓе. Не за џабе меѓу омилените песни ми е „По друм одам мајче“. Мајче е универзален израз за постара жена, од оние што и да не ги знаеш ги чувствуваш за блиски. Одамна немам сретнато таква женичка, што можам да си ја наречам мајче. Искрено, едвај чекам да ја сретнам.


Напомена од модератор:

Давајте образложенија кога ќе пишувате зошто некој збор ви е убав. Образложувањето не подразбира толкување на зборот, туку субјективни причини зошто токму тој ви се допаѓа. И потрудете се да не бидат турцизми, имаме прекрасни, изворно македонски зборови.
Една таква тема со редење зборови веќе пратив во канта. Постовите кои не содржат образложување ќе бидат избришани.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Созрецание немам појма ни каде сум го чул зборот ниту па што значи. Го ископав некаде од потсвеста.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Бакнеж - Има некоја нежност, суптилност, звучи толку романтично, прекрасно, поетично.

Љубам - Горд ми е зборов некако, да љубиш... посебна чистина ми има зборот.

Убаво - Нема некое посебно објаснување, едноставно ми се допаѓа зборот.

Има многу зборови што многу ги сакам, го обожавам македонскиот јазик, толку поетично звучи...
 
Л

Лигеја

Гостин
Креденец-не е милозвучен но секојпат кога ќе го сретнам/слушнам,посебен ми е затоа што ми доаѓа во мислата заедно со него зборот ''баба''.Креденецот е темно место каде се чува слатко од секакви плодови и разни зимници и имам убави спомени ете како дете бидејќи баба ми имаше огромен и секогаш беше полн со мармалади и слатка што ги правеше сама и најмногу моето омилено слатко од зелени смокви.Исто така ме потсетува и на приказните кога бев малечка во книгите за деца,помнам често го сретнував. :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Благонадежен -(не) убав Македонски збор,
но со продолжение,за да му се види и значењето
Благонадежен Болгарин, се велело за човек,изрод од нашиот македонски народ,продадена душа во годините на војните, кој биле свртени на страната на ослободителите-ОКУПАТОРИТЕ,
Но и сега овие години ги имаме доста такви,и доста се употребува овој пре(не)убав збор Благонадежен „Македонец“,
од татко Болгарин и мајка,кој не знаат ни еден збор Болгарски,
ама за пусти паспорт ќе си го сменат и идинтетот.
А што е тоа БЛАГОНАДЕЖЕН.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Доблест (точност, хуманост, упорност, интелегентен, искреен...итн)- симболизира позитивност, се дарува преку комплименти и шармантно звучи. Најдобар збор кој ги карактеризира добрите луѓе.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Сине - не е важно дали си машко или женско, мајка ти, баба ти, тетка ти, па дури и непознати женички секогаш ќе те викаат сине. :)
Браво што се сети на зборов. И мене ми е еден од поомилените и мислам здравје и јас ќе ги викам така моите деца и внуци.

Зборов ме потсети на еден друг збор што го сакам:
Чедо - најмилото, малото, оставено да го штитиш. Она чија болка и радост ти тежи и ти лекнува цел живот. Суштеството што го носиш на овој свет. Еден збор, цела суштина содржи.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Прво вака што ми текна без многу размислување е зборот ксмет, еквивалентен на среќа.
Го слушав многу во народните приказни, а исто и ми беше интересна таа поговорката - Роди ме мајко со ксмет и фрли ме на буниште, што како мала не ја сфаќав.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Прво вака што ми текна без многу размислување е зборот ксмет, еквивалентен на среќа.
Го слушав многу во народните приказни, а исто и ми беше интересна таа поговорката - Роди ме мајко со ксмет и фрли ме на буниште, што како мала не ја сфаќав.
Ах анасана...Исто така и еснаф е многу убав македонски збор. Еснаф чоек.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Прво вака што ми текна без многу размислување е зборот ксмет, еквивалентен на среќа.
Го слушав многу во народните приказни, а исто и ми беше интересна таа поговорката - Роди ме мајко со ксмет и фрли ме на буниште, што како мала не ја сфаќав.
Да не тупам извини, може некој ќе може подобро да објасни за да знаеме. Зошто ми се чини дека ксмет има потекло од турскиот јазик. Во право сум дечки или грешам?
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Да не тупам извини, може некој ќе може подобро да објасни за да знаеме. Зошто ми се чини дека ксмет има потекло од турскиот јазик. Во право сум дечки или грешам?
Да од турски kısmet ама одомаќинет кај нас за среќа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom