Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.169
- Поени од реакции
- 34.281
Кој е најубавиот дел во вашиот град и зошто? Опишете го најубавиот предел, најдоброто кафуле или нешто што ви оставило најголем впечаток до сега. Да направиме една листа на места каде што навистина вреди да се појде кога сме на гости во некој град.
Сликите се пожелни.
Посебно ме интересира за Охрид, Струга, Скопје, Гевгелија, Ресен и Битола.
За Скопје, мене најинтересни ми се и ги препорачувам за посета:
Калето кое е прекрасно уредено, поготово во пролет/лето, а од таму се гледа голем дел од градот.
Соборниот храм исто така не смее да се пропушти. Навистина едно прекрасно здание, не само од надворешната страна, туку и внатре. Прекрасно изгледа.
Турската чаршија - секогаш полна со живост, луѓе, па и ефтина гардероба. :wink:
Потоа улицата „Македонија” која води до плоштадот Македонија, на која има доста кафичи кои сигурно ќе го задоволат вашиот критериум.
Секако, Плоштадот е неизбежен.
И можеби најомиленото место, Пешачката авенија, Кејот, Камениот мост и кафулињата покрај кејот на Вардар.
Секој мисли дека неговиот град е најубав. Еве можност да го докажеме тоа.
Пишете кој дел и зошто е најубав. Обидете се да најдете и фотографии. :wink: