Најпосле – луѓето ќе одат на Марс

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Со помош на нуклеарна технологија, т.е. вселенски брод на нуклеарен погон.
Она што и беше предвидено пред многу години.


Позади, неинтересната и кратка информација, произлезена од Руската “Energy Space Corporation”, се крие иднината на човековите истражувања во Вселената, за релациите кои се подалеку од Месечината.

Нуклеарниот пропулзиски погон е пресвртница во меѓународните летови.
Енергија во 2011 год. ќе започне со работа на вселенски бродови, кои ќе бидат на нуклеарен погон. Директорот на Енергија, Витали Лопота, изјавил дека за десет години, очекува оперативен нуклеарен погон на вселенски погон, со сила од 150 до 500 KW.

Директорот на Руската вселенска агенција - Roscosmos, Анатолиј Перминов, вели дека проектите со нуклеарен погон на вселенските бродови, ќе чинат најмалку 17 милијарди рубљи (600 милиони УСА), но истовремено, додава дека во случај на успешна реализација , ќе доведе, Русија да добие лидерска позиција, за пилотирани мисии на други планети.

“Постојната техника која ја користиме е доволна за лет во Земјината орбита, па дури и до Месечината. Но, летот на човекот на Марс со сегашните технолошки решенија, не е невозможна, но практично е неостварлива. Премногу време за патување и очекуваните технички проблеми со кои ќе соочат луѓето и леталото, просто го одвлекуваат терминот за човечки лет на Марс и понатаму”, изјавил Перминов.

Прототип на Рускиот нуклеарен ракетен мотор.
Покрај, “нуклеарниот ракетен погон”, Енергија ќе произведе мали нуклеарни електрани, наменети за вселенски мисии. Само еден или два такви уреди, ќе ја осигурат потребата на една цела колонија на луѓе во вселената, без сложена инфраструктура на соларни фотонапонски ќелии, кои сега се користат. Од друга страна, нуклеарните реактори би овозможиле независност, од било какви временски или други состојби на Марс, односно на Месечината.

Нуклеарниот ракетен погон, би овозможил брзи и кратки патувања на луѓе, како и кај роботите, насекаде по Сончевиот систем, како и фактот, дека би предизвикал вистинска револуција во меѓупланетарните летови. Сакале ние или не, нуклеарната енергија во овој или оној облик, претставува единствена вистинска опција во вселенската ера. Така, и т.н. алтернативни извори на енергија, како сончевата светлина, се само нуспроизвод од атомски реакции на нашата ѕвезда.

Летот на човекот на Марс, започнува и покрај медиумската помпа во лабораториите во Руска Енергија.


Астрономија


Сепак останува најголемиот проблем - радијацијата.
 
T

Tetro

Гостин
Може, ама само во еден правец. :)

Радијациона болест, оштетување на клетките и зголемен ризик за канцер за долгорочните мисии на Марс

Ама, ако јадеме многу овошје, демек сме заштитени :pos:
Астронаутите во иднина, освен што ќе треба да си ги спакуваат „вселенските“ куфери за долгото патување во вселената, ќе треба да се најадат и јагоди....



Научници предлагаат лет кон Марс во еден правец

Колонизацијата на Марс би можела да се случи многу побргу и да биде поекономична доколку астронаутите се однесуваат како први доселеници на Северна Америка, без желба да се вратат на матичната планета Земјата.

Ова го сметаат Дирк Шулц-Макуч и Пол Дејвис, двајца американски научници, во текстот објавен во „Космолошки журнал“, а чии делови пренесе Асошиејтед прес.

Тие сметаат дека секогаш е поевтино патувањето во еден правец, „па дури и на Марс“ и додаваат дека во таа смисла е суштината „истражувањето на црвената планета да се движи напред“.

Според нив, патувањето во еден правец би заштедело гориво за враќање и би ги намалило трошоците на мисијата за 80 отсто.

Но, со идејата на двајцата научници не е многу воодушевена НАСА, како и некои астронаути.

Ед Мичел, еден од астронаутите што шетале по површината на Месечината, смета дека луѓето сè уште не се подготвени за тоа, додека портпаролот на НАСА Мајкл Брокас порача: „Ние сакаме нашите луѓе да се вратат назад“.

Шулц-Макуч и Дејвис сметаат дека луѓето треба да започнат колонизација на другите планети како еден вид на резерва во случај на катастрофа на Земјата.

Тие веруваат дека патувањата во еден правец на Марс би можеле да почнат за 20 години и препорачуваат најпрво да се испраќаат постари луѓе - околу 60 години, бидејќи таквата мисија несомнено би го намалила нивниот животен век поради недостаток на медицинска нега и изложеноста на радијација.

Радијацијата може да ги оштети и органите за репродукција кај луѓето во помлади години, па заради тоа испраќањето млади луѓе не е добра идеја.

Но, Шулц и Дејвис истакнуваат дека е важно да се разбере дека тие не предлагаат „самоубиствена мисија“.

„Астронаутите би оделе на Марс со намера таму да останат до крајот на животот, како претходница на постојаната човечка колонија на Марс“, се вели во текстот потпишан од двајцата научници.

Свесни дека е тешко да се очекува дека НАСА ќе го финансира овој проект, тие предлагаат „прсти да вмеша“ некој ексцентричен милијардер.

Британскиот тајкун Ричард Бренсон, основачот на ПејПал Елон Маск и извршниот директор на сајтот за продажба на книги Amazon.com Џеф Безос веќе се вклучени во приватни вселенски авантури.

Марс е оддалечен од Земјата шест месеци лет, има гравитација, атмосфера, богати извори на вода, јаглерод диоксид и есенцијални минерали, што според научниците, ја прави оваа планета погодна за живот на луѓето.






10 неверојатни факти за Марс

1. Првото забележано име за планетата доаѓа од старите Египќани. Тие ја нарекле планетата Har decher што значи „Црвениот“. Вавилонците го нарекле Nergal - Ѕвездата на смртта. Хебрејците го викале Ma’adim - оној кој поруменува. Најпосле, старите Грци и Римјани го именувале според своите богови на војната - Арес и Марс.

2. Црвената боја на Марс се должи на железо оксид, попознато како ’рѓа. Најкусо речено, карпите на Марс богати со метали за’рѓуваат.

3. Ако беше возможно да се вози до Марс, со просечна брзина од 100 km/h, ќе ви беа потребни 271 година и 221 ден за да стигнете до таму.

4. Марс нема озонска обвивка. Токму затоа неговата површина се преплавува со смртоносни дози радијација, секогаш кога сонцето ќе изгрее.

5. Атмосферата на Марс е главно составена од јаглерод диоксид. Патем, таа е толку ретка, што вода не може да постои во течна форма. Ако ја има, тогаш таа е или водена пара или мраз.

6. Човечко суштество не би можело да го преживее притисокот на Марс без соодветен вселенски костум. Изложувањето на тој притисок инстантно ќе направи крвта да ви испари и да се претвори во меурчиња. Смртта настапува во истиот момент.

7. Марс го има најголемиот лавиринт од долини и планини во сончевиот систем. Наречен е „Ноќен лавиринт“. Дополнително, на оваа планета се наоѓа најголемиот кањон во сончевиот систем - „Долината на морепловците“, долг 4 илјади километри и длабок околу 6 и пол.

8. Годината на Марс трае речиси колку 2 години на Земјата. На Марс му се потребни 687 дена за да заокружи околу Сонцето. Затоа и годишните вреимња (кои значително се разликуваат од нашите) траат двојно подолго.

9. За време на марсовската зима, речиси 20% од воздухот смрзнува.

10. Ако мразот на северниот пол се претвори во течност, ќе ја покрие целата планета, со длабочина од 11 метри.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Еееееееееее отидоа веќе....
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Колку плаќаат?

Додуша... не дека би ми било важно... и онака нема продавници таму, ниту каде да ги трошам.
 
T

Tetro

Гостин
Не исполнуваш услови. Мора да бидеш над 60 години, за првата тура.

Додека да го изградат јас таман ќе бидам компатибилен за програмата :)

--- надополнето ---

Не исполнуваш услови. Мора да бидеш над 60 години, за првата тура.

Додека да го изградат јас таман ќе бидам компатибилен за програмата :)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Може, ама само во еден правец. :)

Радијациона болест, оштетување на клетките и зголемен ризик за канцер за долгорочните мисии на Марс

Ама, ако јадеме многу овошје, демек сме заштитени :pos:
Астронаутите во иднина, освен што ќе треба да си ги спакуваат „вселенските“ куфери за долгото патување во вселената, ќе треба да се најадат и јагоди....



Научници предлагаат лет кон Марс во еден правец

Колонизацијата на Марс би можела да се случи многу побргу и да биде поекономична доколку астронаутите се однесуваат како први доселеници на Северна Америка, без желба да се вратат на матичната планета Земјата.

Арно ама, доколку развијаат брод на нуклеарен погон, ќе нема потреба од такво нешто. Ем ќе биде засилена заштитата од радијација, ем летот ќе трае пократко. И плус со нуклеарниот погон ќе се добие многу поголема моќ од класичните ракети, така да ќе може да се лансира повеќе товар.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
РУСИЈА ЌЕ ЧИСТИ ПО НАДВОР
Речиси 2 милијарди долари изнесува буџетот за последната руска вселенска програма, чија единствена задача ќе биде да ја зачисти Земјината орбита од метеорити и отпадоци од околу 600 сателити со поминат рок кои гравитираат околу планетава.

Руската ракетно - вселенска корпорација најави дека проектот треба да биде завршен од 2020-та до 2023-та а откако сателитот ќе биде готов и лансиран, ќе му бидат потребни 10 години за да ја заврши работата и да ги собере поголемите вселенски отпадоци.

Леталото ќе работи на нуклеарен погон а руските астрономи кои предвидуваат дека сателитот ќе функционира околу 15 години, се надеваат дека ќе го најдат и загубениот Еутелсат WB3, кој го загубија веднаш по неодамнешното лансирање.

Тамошните експерти соопштија дека работат и на вселенски пресретнувач, чија цел ќе биде да уништува опасни објекти како комети и метеори кои се упатуваат кон Земјата.

извор
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Заеднички проект е добро како што е прикажано на видеото, но се надевам дека првиот човек на Марс ќе го испрати само една земја, со што ќе ја предизвика конкуренцијата.
А тоа е добро.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Заеднички проект е добро како што е прикажано на видеото, но се надевам дека првиот човек на Марс ќе го испрати само една земја, со што ќе ја предизвика конкуренцијата.
А тоа е добро.
Дали ќе биде заеднички или проект на една земја е помалку битно, според мене највжен е проектот. Роберт Зубрин има генијални идеи кој се функционални, економични и ефикасни, а тоа се трите најбитни предуслови за прифатлива и изводлива мисија од овој тип.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom