Најнови македонски раскази

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.542

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.483
Поени од реакции
5.942
Избришани дискусиите околу тоа дали читањето е геј или не.
@Тапетарот Петар не е дупла тема, баш фино што ти текна.

Иако не сум некој љубител на новиве раскази, речиси сите нудат сленг дијалози, сурова реалност и меланхолија, а нема катарза или некое посебно душевно доживување. Класичен мимезис на реалноста.

Еве еден малку поинаков расказ збирката „Географија на маленкоста“ од Ацо Гогов кој неодамна ја промовираше својата нова збирка раскази „Единствен матичен број“ со која внесува нешто досега ново и невидено во македонската проза.


НЕКРОЛОГ

Еден ден го примив сопствениот некролог. Го оставил поштарот пред вратата заедно со сметките за струја и вода. Јасно се читаа моето име и презиме. Па дури и годината на раѓање беше точна. Отпрвин помислив дека е некоја шега од познато или непознато лице, но минуваше време и никој не се појавуваше да потврди дека тој го смислил тоа.
Да, вистински некролог со црна рамка врз бела позадина. Но тоа и не беше најчудното, самото добивање на некрологот. Почудно беше тоа што тој – освен моето име! – беше испишан со толку ситни букви, одвај видливи за око, што мораше да се чита преку
зголемувачко стакло.
Тоа беше вистинско чудо. Се собираше навечер целото мое племе од роднини: бебиња во пелени, пијани чичковци и кавгаџиски настроени тетки, баби кои само што не беа умреле, дојдени од некое друго време, повеќе сенки отколку живи створови.Им читав од некрологот, а тие, со растегнати усти од уво до уво, се смееја и смееја. Тоа беше некој смешен некролог, полн шеги и закачки, вешти измислици кои нè пукнуваа од смеење. Секако поминаа неколку денови, а можеби и недели како ние, неспособни за што било друго, без престан се смеевме, па нашата куќа почна да наликува на необично место. Луѓе од целиот град се слеваа пред нашиот праг; подѕирнуваа низ вратата и прозорците; ја слушаа нашата смеа и се обидуваа да го протолкуваат тој шифриран јазик на нашата бедна живејачка. И нашите, дотогаш силни тела, почнаа да заслабнуваат, а погледите пак, сè повеќе нè изневеруваа и моравме често да се допираме, за да се распознаеме. Се запустувавме себеси на радост на соседите.
Трештеше нашата куќа од смеа; дури и птиците, уплашени, во лет ја заобиколуваа, а толпата набљудувачи од ден на ден се зголемуваше. Со голема мака ги отворав вратата и прозорците, за да влезе малку воздух, туркајќи ги наоколу безделниците кои како и самите да беа станале врати и прозорци. Една ноќ, кога веќе сакав да влезам внатре и да ја треснам вратата пред грдите муцки на љубопитниците – одеднаш по рамото ме допре нечија рака. Тоа беше некој господин во кариран костум, со расчадена пура во устата.
Влезе со мене во собата и, гледајќи дека неговиот глас е премногу тивок за да биде чуен, почна силно да вика надгласувајќи ја бесната смеа. Се претстави себеси како директор на циркус и рече дека сите нас нè очекува голема слава и богатство како идни циркузанти во неговиот циркус.
- Покажете ја точката. – рече достоинствено.
- Точката! – извикав. – Зарем сме ние циркуска точка?
- Точката! – повторија по мене пијаните чичковци.
- Точката! – се вознемирија кавгаџиски настроените тетки.
- Точката! – вреснаа бабите во еден глас.
- Точката! – загукаа бебињата во пелените.
Карираниот господин воопшто не се вознемири од нашето негодување, туку запали
нова пура и тивко, сосема тивко повтори:
- Да, точката.
Би го истуркал неранимајкото веднаш надвор, можеби би му удрил и две-три клоци, но во очите на насобраните роднини видов разгорени огнови. И тие огнови – така ми се чинеше – не остануваа таму, туку се ширеа по нивните коси, вратови, рамиња; ги зафаќаа целите. Да, тие се беа полакомиле по парите кои ги ветуваше карираниот циркузант.
- Нема точка! – извикав. – Нема никаква точка!
- Не мора да ја покажете целата. – одговори циркузантот. – Можете да покажете и само еден дел од неа. Ама нека биде тој дел малку поголем.
- Бегај! – извикав бесно.
Почнав со сета сила да го буткам надвор кон вратата, но – о чудо! – стотици раце одзади ме влечеа, ме тегнеа, ме штипеа, ми го одземаа здивот. Мутавите роднини веќе не се смееја, туку ме задржуваа мене да не го избркам измамникот. Ме гушеше тоа мноштво на раце, лактови, прсти, развикани челусти и јас паднав во бессознание. Кога се разбудив следното утро, видов како околу мене се надигнуваат и се спуштаат мноштво стомаци и грбови како потсмирени морски бранови по бура: кутрите роднини спиеја. Циркузантот го немаше. Веројатно уплашен од тоа подивено мнозинство, и самиот побрзал да се дофати до вратата и да замине.
Застанав на прсти и, внимавајќи да не разбудам некого, го стуткав некрологот во џебот и зачекорив надвор по правата и долга улица, на угорнина, кон најблиската полициска станица. Ме пречека полициски службеник со глувчешко лице, со нозе истегнати врз дрвената маса пред распаѓање.
Откако му спомнав за чудното добивање на некрологот, тој го прифати телефонот и почна да зборува со некого – час гласно викајќи, час мрморејќи безгласно.
- Оди си дома, несреќнику! Тоа било некој експеримент од Институтот за ......... истражувања. И не ми доаѓај вака за глупости! Збогум!
Тргнав по удолнината, кон својот дом. Можев да чујам од далеку: во нашата куќа вриеше како во кошница!
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Ја обожавам цурата :)

http://delgadina.blog.mk/

РАБОТА

Се викам Стојан и разнесувам подвижни тоалети низ целиот град. Последниве две години имам многу работа. Целиот град се руши и се гради, се руши и се гради, без никакви земјотресни активности. Секаде е потребен подвижен тоалет. Оваа година поставивме дури на неколку градежни места на плоштад. Таму најбрзо се полнат и мораме секој ден по два пати да носиме нови, а старите да ги носиме на чистење. Преку ден разнесувам пластични тоалети, а навечер ги чистам.
Вчера имав најмногу работа. Трговскиот центар беше полн со дојденци од градовите и селата на државава (сезона на матурски, полуматурски и полуполуматурски). Тоалетите се полнеа за половина час (веројатно се хранат многу здраво во внатрешијата). Не стигавме да ги исчистиме за да ги вратиме назад. Вечерта по напорниот ден не остана ниту еден чист тоалет. Се собравме сите вработени (дури и менаџерите) и почнавме со големото чистење.
Негде на полноќ, на половина пат од нашето чистење, стигнав до најсмрдливиот тоалет во кој сум влегол до сега (мирисаше преку маската). Почнав да ја прскам со вода внатрешноста, кога тоалетот целосно се заглави. Некоја метална кутија го блокираше излезот на сите фекалии (ми се виде поубав зборов од гомна). Со помош на колегите го превртевме тоалетот за да излезе кутијата. Ја измивме со вода и на неа стоеше изгравирано: За Стојна Серачкова. Колешката Стојна се појави од задните редови и љубопитно ја погледна кутијата. Беше заклучена со катанче. Сите престанаа со чистењето, ужасен мирис ја наполни просторијата (тоа веројатно дека во изненадување ги испоизвадивме маските). Стојна го раскопча измачканиот комблизон и од меѓу градите извади мало клуче обесено на ланче. Истото ланче ни го покажуваше пред два месеци, подарок од вереникот. Го отклучи катанчето и драмски (со мала триесет секундна пауза) го отвори капакот. Во кутијата имаше уште помала кутија и на неа порака: Врати ми ја младоста. Стојна беше силна жена. Никогаш ја немав видено да плаче. Мислев дека вечерва ќе се скрши пред кутивчето и ќе почне да плаче. Но не, најдостоинствено (колку што може да се биде во просторија полна со гомна од цела држава), се исправи го пикна кутивчето во џеб. Ја стави маската и продолжи да ги прска со вода полните тоалети. Завршивме за еден час и стигнавме дома во четири часот наутро.
Седнав да си проверам пошта и да видам што има на фејсбук.
Стојна сменила статус во комплицирано е.


 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Натали Славковска, најубавата писателка во Македонија :)

Извор


Пепелашка
Пеколот на Данте ќе имаше сосема поинаква содржина, ако тој, бар една вечер поминеше во моите чевли. Во буквална смисла.
Сите жени го имаат тој пар. Совршени чевли, кои најчесто само фаќаат прашина во плакарот. Купени на распродажба, од некоја зборлеста продавачка која те натерала да ги пробаш. А чим ги пробаш, печена си. Иако одиш ко рахитична, и болката е отприлика иста ко да газиш на лего коцки, знаеш дека тие се тие- штиклите на кои би паднало секое машко.
Во себе пцуев се, од зборлестата продавачка, до огледалото во ходникот пред кое одлучив дека денес е тој ден- денот во кој моите штикли ќе излезат од дома.
И се само за него.
Најверојатно никогаш нема да разбере колку се тешки тие 5 минути што касни, а што го чекам на нозе, ниту пак ќе разбере зашто ми потекоа 2-3 солзички додека ме тераше да “прошетаме” низ чаршија… калдрма, па тоа ни самиот Марфи неможеше да го предвиди.
Не сфаќа сигурно колку е тешко да одржиш баланс на полу-смрзнат мермер. А јас кутрата, ко акробат на јаже, наместо романтично да го гушнам, му се обесив ко штипка околу рамото.


Е полошо не може да биде. Со тек на време, како анестетик делуваше ладново, па прекинав од глуждови надоле да чусвствувам било што. Стиснав заби, и мушки и се посветив на мојата женственост. Раце во коса, поглед низ трепки и слични ствари.
Дали од неговите комплименти или од греалките, после пола саат на топло почна пак да ми струи крв низ нозете. Она што го замислував за тивка романтична вечер, се претвори во луда журка преполна со малолетници. Се сместивме на маса за двајца, мада се ми се чини дека во денешно време, масиве за двајца ги прават според кинески стандарди. Још боље, нема везе, поблиску сме еден до друг.
Дискретно си ги соблеков штиклите под маса, и се навалив накај него. Сите романтичари може гомна да јадат, овој одлично си го научил занаетот. За 15 минути се изгубив во земјата на чудата, ги имав сите ѕвезди на рака,бев прилично блиску да почнам и да му јадам од рака… кога ни дојде на маса пак другар ми Марфи. Овој пат маскиран како келнер.
Ни сервира две кригли, кои иако грч ладни, требаше да го скршат мразот. Ни ги собра парите, ни се насмеа задоволен од бакшишот и истрча назад во гужвата да ги служи малолетниците. Успат собирајки една од моите чевлички.
Мајсторски ја дриблаше се до центарот на кафичот. На крај, очигледно без кондиција, ја згази 2-3 пати (исто ко душава да ми ја згази), се сопна на неа, и преврте полн ајнцер пијачки. Љуто се наведна, ја грабна во раце, и прашално се сврте накај нас.
За прв пат таа вечер, се заблагодарив на господ што е зима. Под капата го скрив погледот, и се помолив на чудо. Нешто како временска дупка, низ која би пропаднала и би влегла во некој паралелен универзум, каде што сите чевли се удобни, и не постои калдрма.
Некој сепак изгледа ги слушнал моите молитви.
Според звуците заклучив дека се уште сум тука, а кога се осмелив да го откријам лицето, ме дочека маж, клекнат на колена.


Млада сум за мажење мајке ми, ама готова бев да речам да на тој поглед. Кога видиш, не било тоа предлог за брак.
Тоа да ти било Пепелашка момент.
А јас, со тешки напори, го бутнав моето 39ка стапало во вистинската чевличка. И го добив принцот.
Вредеа чевлите за сите пари. Во право беше зборлестата продавачка. Ми рече: со овие чевли, секој маж ќе падне на гз. Овој мојов, мушки издржа до крај, падна само на колена.
Додуша, падна и на мене.
Би рекла дека тоа е доволно…
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.483
Поени од реакции
5.942
Што се случува кога го читате Фрејзер?

Просто неверојатно. После едно чудо лоши, долги, кратки, испрекинати и неповрзани соништа и лошо свареното утринско кафе кое ми го дозагорчи почетокот на денот, тргнав на работа. Излегов порано од вообичаено, бидејќи мајка ми, свесно или несвесно, ме избрка од дома со смрдеата на запршка од кромид што ја подготвуваше уште од рано изутрина (МРФФФГГРРРЈЈММРРЃГ, ова беше пцовката што успеа да се процеди во тој момент, сега преведена на книжевен јазик). Откако пред нос ми избегаа трите автобуса, по дваесетминутно чекање на следниот автобус, сепак задоцнив на работа и покрај тоа што бев тргнала порано. Крајно изреволтирана, подготвена на кавга дури и за најмала ситница, влегувам во автобусот и замислете куриозитет - шоферот ја пуштил „The Unforgiven“ од Металика и тоа ја рокнал до даска. Во тој момент злобно ги протрив дланките, бидејќи знаев дека на уште многу луѓе денот од рано сабајле ќе им тргне со нервоза. He бре, не ве лажам јас, прво навистина почувствував наслада кога ми светна дека увцата навикнати на: „Неко вози мотор, неко вози трактор, ја и моја мала мотокултиватор“ или „Куче лаје, а ја мислим ти си, отишо си, сарму пробао ниси“ денот ќе го започнат со „The Unforgiven“ и навистина нема никогаш да му го простат ова на шоферот, a богами и на себеси што порано не слегле од тој автобус. Ма не, да не ме сфатите погрешно, јас не сум љубител на хеви металот, ама, па зошто само јас да сум денес лошо расположена?

И така, откако ги погодив сите раскопани сегменти на асфалтот (бидејќи, знаете, во Скопје не се градеше олку ни после земјотресот, и не, не ми беше намерата со ова да го пофалам сегашниот градоначалник), по синдромот на Кнез Мишкин, кога внимавате нешто да не нагазите, неизбежно го нагазувате, или да ја преформулирам реченицава за да звучи пооптимистички: И така, испречувајќи им се на патот на неколку веќе постоечки вирчиња со вода или можеби беше масло од автомобили, не знам, кои одамна си беа заземале место на паркингот пред канцеларијата, конечно, стигнав на работа.

Влегувам во канцеларијата и притоа го извршувам сето она рутинско „добро утро“: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со помалку грижа на совест за типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, беспотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид. Сигурно и вам ви е познат оној став што секогаш го користиме како изговор кога не знаеме што точно да правиме со себе и велиме „само малку, колку да утепам време“, а го кажуваме со длабоко потсвесно сознание дека времето нѐ утепува нас.

И така поразена од длабоко всадените егзистенцијалистички манири на веков, станувам да си ги протегнам нозете, кога гледам нешто светка во мојата ногавица. Претпазливо ја посегам раката, бидејќи предметот наликува на запалка, zippo или копија на zippo. Просто бев шокирана. Од каде запалка во мојата ногавица, кога јас дури и не сум пушач. Најлогично беше да помислам дека се наоѓала на работното биро, од кое без да сетам сум го турнала, а тоа бесшумно паднало токму во мојата ногавица... Набрзо ме напушти логичното расудување, па си велам, можеби ќе бидам малку неразумна, ама мора да признаете дека приказните за магии сѐ уште постојат, особено во нашава бајковидна земјичка. Претпоставувате, мора да станува збор за некоја современа магија која секако има за цел да ми наштети, знаете кога ќе тргнете од анализа на симболот на огнот и бла, бла, 6ла... Сето тоа поврзано со до пред неколку часа сонуваните кошмари, дефинитивно ме наведе да поверувам во тоа, па дури и толку да се убедам што потоа ми беше шубе да го фатам предметот со рацете. Со морничаво чувство го фаќам предметот, зашто сигурно немаше да се шетам со предметот во ногавицата и да ги привлекувам сите љубопитни погледи врз себе, кои беа потенцијално урокливи.

Го вадам светкавиот, метален предмет од ногавицата и гледам дека тоа е memory stick, ама со скинато синџирче. Е, дури сега пребледев, душата ми слезе во петиците. Па зарем е можно, ај кажете вие, овие фрлачиве на магии толку многу да се модернизирале? He можеле да најдат некое обично синџирче, ако веќе тоа им требало за правење магии? Ете, си реков, некој сака да ѝ наштети на мојата четиригодишна сериозна љубовна врска, преку симболот на скинатото синџирче, ама што е пак сега симболиката на memory stick-от? Па си реков добро, штом на некого му се давале толку пари за мене да ми направи магија, ќе соберам барем храброст да го удостојам и видам што има на него. Можеби некакви застрашувачки и заканувачки фотографии кои ја пророкуваат мојата судбина? Го приклучувам на компјутерот и кога ќе видам: голо бебешко газе, едно слатко мало буце со шеширче за сонце, како се капе во мало гумено базенче и кога ми светна... половина час не можев да престанам да се смеам... Па тоа беше малото на колешката од соседната канцеларија, која утрото ме повика заедно да испиеме по едно кафе. Како не ми текна порано дека можеби е тоа, дека можеби паднало во мојата ногавица од нејзиното работно биро.

Туку како сега да ѝ го вратам? Што ќе си помисли, пак, таа? Дека сум ѝ го украла? Дека сакам да ѝ навлегувам во интимата, во приватниот живот? Дека сум некаков болен воајер? Дека можеби јас нејзе ѝ правам магии?


Марта Маркоска
 

Kajgana Shop

На врв Bottom