Најисплатливи работи за кои не ти е потребен факултет

Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Значи за се не треба факултет ама и се не може да се научи ако не се оди на факултет. Зависно е од занимање до занимање, од професија до професија.
Факултетот точно не е никаква гарнација ама општеството е така поставено да за некои професии факултетот е е предуслов за да почне да се гради кариера во некоја област која можеби не е директно поврзана со самиот факултет ама има некои допирни точки.
Едноставно за се нема курсеви, а и за некои работи никаков курс нема да ги има сите потребни услови за да те подготвува за некоја област. Прв пример се докторите, значи никаков курс ни има ни па ќе има во блиска иднина за да те направи доктор. Едноставно за тоа те спрема факултетот. Друга работа е кој колку го бива и дали некој оди колку да оди на тој факултет а некој што има поголема желба и можеби повеќе ќе го бива не е примен на истиот поради некои икс фактори, но тоа е сосема друга тема.

Точно е дека делумно за некои работи некои факултети се само за пари и штанцање дипломи но и тоа е сосема друга тема.
Многу ми се интересни споредбите со успешните ликови во светски рамки кои демек го напуштиле факултетот и успеале. Но тие се само еден мал процент, а што е со останатиот поголем процент што можеби не успеале баш поради тоа што не останале на факултет. Бар не усепале во тоа што имале намера.
Значи не викам дека диплома и факултет е пресудно но едноставно за некои професии е морална.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Не за некои , ај ти се молам кај се видело на пример таксист или келнер без факултет !
Ако пак зборуваме поконкретно , сета оваа политика на дипломирање и лиценцирање доведе да не може да се најде нормален занаетчија во Македонија . Одеднаш стана срамно да си водоводџија или тесар , што директно се одразува врз квалитетот на градењето на пример , исто е скоро во сите бранши.
Кариера може да се гради во секоја област и со секаков степен на образование . Проблемот е што кај нас ова го нема сватено поголемиот дел од општеството .
Од таа причина секој кој сериозно сака да се занимава со предприемаштво наидува на милион кочничари , чиј единствен квалитет е што се догребале до пусулче и успешно прошле 2 изборни процеси како лепачи на плакати .
Затоа и сме на ова дереџе ама за ваша утеха НИКОГАШ нема ова да се поправи и блиску е денот кога бројот на одселени македонци ке го надмине бројот на оние кои привремено се останати овде !
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.875
Поени од реакции
7.744
Значи за се не треба факултет ама и се не може да се научи ако не се оди на факултет. Зависно е од занимање до занимање, од професија до професија.
Факултетот точно не е никаква гарнација ама општеството е така поставено да за некои професии факултетот е е предуслов за да почне да се гради кариера во некоја област која можеби не е директно поврзана со самиот факултет ама има некои допирни точки.
Едноставно за се нема курсеви, а и за некои работи никаков курс нема да ги има сите потребни услови за да те подготвува за некоја област. Прв пример се докторите, значи никаков курс ни има ни па ќе има во блиска иднина за да те направи доктор. Едноставно за тоа те спрема факултетот. Друга работа е кој колку го бива и дали некој оди колку да оди на тој факултет а некој што има поголема желба и можеби повеќе ќе го бива не е примен на истиот поради некои икс фактори, но тоа е сосема друга тема.

Точно е дека делумно за некои работи некои факултети се само за пари и штанцање дипломи но и тоа е сосема друга тема.
Многу ми се интересни споредбите со успешните ликови во светски рамки кои демек го напуштиле факултетот и успеале. Но тие се само еден мал процент, а што е со останатиот поголем процент што можеби не успеале баш поради тоа што не останале на факултет. Бар не усепале во тоа што имале намера.
Значи не викам дека диплома и факултет е пресудно но едноставно за некои професии е морална.
толку голем пост а ништо не кажа[DOUBLEPOST=1452070281][/DOUBLEPOST]
Не за некои , ај ти се молам кај се видело на пример таксист или келнер без факултет !
Ако пак зборуваме поконкретно , сета оваа политика на дипломирање и лиценцирање доведе да не може да се најде нормален занаетчија во Македонија . Одеднаш стана срамно да си водоводџија или тесар , што директно се одразува врз квалитетот на градењето на пример , исто е скоро во сите бранши.
ова не е одеднаш, туку резултат на едно 50-60 години формиран менталитет во стилот "учи синко да не работиш" сега ги гледаме последиците од тоа.
 
Т

Триптико

Гостин
Како тргнала работава, за 20-30 години 80% д-р на наука ќе бидат. Тогаш факултет ќе се брои како претшколска. Јас мислам, уште сега, децата од 5-6 год возраст да ги запишуваме директно на факултет. Зошто да губат време за образование што никој не го брои?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Факултетите, болниците, фармацеутската индустрија одамна станаа бизнис за профит..., ги прават луѓето зависници, им продаваат дрога и мода и тепаат пари.
Одамна ја заборавија својата примарна функција дадена од бога....:):)
Тоа нормално доведува до ниво на бижутерија илити конфекција, т.е. масовен производ со најмали трошоци, со еден збор бофл.. , кој држи вода додека мајсторите не си одат.....мајстори како. Др.Др.Проф,Претседател Бојо ин Фиат ( нека прости не му ги знам академските титули) ..и многу други неспомнати и помалку славни...:sneaky:
 
Т

Триптико

Гостин
Факултетите, болниците, фармацеутската индустрија одамна станаа бизнис за профит..., ги прават луѓето зависници, им продаваат дрога и мода и тепаат пари.
Одамна ја заборавија својата примарна функција дадена од бога....:):)
Тоа нормално доведува до ниво на бижутерија илити конфекција, т.е. масовен производ со најмали трошоци, со еден збор бофл.. , кој држи вода додека мајсторите не си одат.....мајстори како. Др.Др.Проф,Председател Бојо и Фиат ( нека прости не му ги знам академските титули) ..и многу други неспомнати и помалку славни...:sneaky:
Не се само тие. Магистер по правни науки, Д-р по правни науки, Магистер по сметководство, Д-р по бем ли га што... Се користат закони, да не речам, исти како тие во Југославија. Се води сметководство според некои си МСС/МСФИ (на светско ниво никој не ги рецка). Работа на електро, машинство, градежништво... Сѐ е исто, само дипломата има нов датум. Во оваа држава таквите титули се добиваат како резултат на препишување од луѓе кои биле и се иноватори во науките. Отвори учебник, ќе видиш од 1000 страници, наведени 100 дела од светски научници и од истите препишани по 10. На факултет, кога ќе прашаш нешто вон материјата (го нема во учебник, но е поврзано со истата), добиваш одговор: ќе ви одговорам колега на следното предавање. А може и да си го добиеш, ако премногу прашуваш. Само пример ќе дадам и не, не е исклучок. Во 2005 се вработив во Линк телеком и немав факултет. Во денешно време, за тоа работно место ти бараат не само Финки, Пмф или нешто слично, туку и еден тон сертификати. На истиот кат имаше и интернет провајдер, не којзнае што, ама подобар од тогашниот МОЛ (Мацедониа Офф Лине). Во тој провајдер работеше 1 (еден) човек. Немаше ни Ф од факултет, а опслужуваше неколку (не сум сигурен колку точно беа, затоа не пишувам бројка) фирми. Зборуваме за време кога компјутер, мрежи, интернет беше апстрактен поим на овие простори. Истиот тој, кога сакал да запише факултет го видел следново. На предавање по математика на Машински факултет (или на вежби било, кој знае нека ме поправи) им прегледувале домашна работа на студентите. Еден од нив, не само што ги решил СИТЕ задачи од Збирка задачи... Туку ги решил и тие со *. Поминало прегледувањето и нели: ајде да решиме заедно што не ви е јасно. И овој: Може ли да ми помогнете за една задача (од тие со неколку *). Професоров: Колега, тие задачи се екстремно тешки, плус дадени се како (некаков) пример и нема потреба да се решаваат. Не професоре, јас морам да ја решам. Се натегаат неколку мин и проф го вика асистентот. Овој, едно доаѓање, знае што е работата. Го викнал студентот кај него и го прашува: ја реши? Да. Зошто тогаш го прашуваш проф за помош? Да видам колку знае. Абе будало една, никогаш нема да завршиш факултет, ако сфати дека си попаметен од него. Другарчево мое, никогаш не запиша факултет после ова. А студентот? Студентот се отпишал на пола година и денес е некаде во Сингапур или Јапонија :) Можеби без факултет, можеби завршил таму.

Знам дека беше предолго, ама морав пластично да опишам што се случувало. Поентата ми е, глупаци земаа дипломи за кои не се свесни какви позиции и одговорности носат. Свесни за својата неписменост и начин на земање на дипломите, ставаат бариери за влез на раб места. Раб места на кои природно е некој со средно или факултет да работи. Затоа почнаа таксисти, келнери, обезбедување, продавачи... со факултети и повеќе да работат. Дури и полиција "заврши" факултет. Само, наместо право или безбедност, сите завршија педагошки. Што ти кажува ова? :D
 
хмммм..пластикава т.е.описот ти е занимлив, но тоа не е мислам поентата на муабетов. ОБРАЗОВАНИЕ посебно ВИСОКО.., па и НАЈВИСОКО мора да има. Нормално Македонија е мала замја , светска провинција и не може да се очекува да има образовни институции од светски ранг. Се нема толку пара , а и сијасет други услови.
Проблемот кај нас е со пропустливоста на филтерот. Во моментов разни надри-образувачи го водат колото и продаваат шкарт невиден. Нормално е потоа тој шкарт да се завиткува во скапи обланди , читај цертификати, лиценци и слично кои се доведоа до една гротеска , која нема ама никаква врска со суштинската намена на таквите направии.
Квалитетот каков е сега е резултат на една доооолгододишна со децении пракса на негативна селекција во која стана основна премиса наследникот да биде голем дупелизец и да не го надминува учителот за да не стане закана. Другите едноставно се елиминираат.
Се заборави на основната цел на секој професор, учител, мајстор ..: да створи подобар од себе наследник-наследници. Тоа е напредокот , ова сега кај нас е долдрум..кој некакво високо образование го проектираше како цел за себе, заборавајќи дека образованието во секое ниво , во ширина е бескрајно и нуди огромни можности за реализирање на личноста и стручно и материјално.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
толку голем пост а ништо не кажа
Многу убаво си е кажано ако не ти се совпаѓа со твоето мислење тоа е друга работа.
Да ти сумирам во една - две реченици. Факултетот е потребен за некои професии за некои не е. Исто така дипломата не е никаков гарант за успех но може да даде предност во некои случаи.

На страна тоа, ако збориме само за Македонија кај нас поради штанцањето на дипломи и терањето сите да се високо образвони па дури и магистри, се е девалвирано и самата диплома веќе губи вредност. Едноставно не е можно сите да се високо образовани.
 
ете видиш, си можел ти и подобро, баш тоа болдираново е темата или целта на отворачот на темава. Тој бара совет или идеја за работа без високо образование, а не јас, ти и уште еден куп "паметни ликови" да му сереме нешто што тој го знае, дека се штанцале дипломи во МК, патем и во светот е така денес, и таму се штанцаат дипломи со кој можеш задникот да го избришеш, тоа е сега некој вид бизнис во некој од развиените земји каде има голем број потенцијални мигранти или попрецизно кажано, мигранти кој студентската виза ја гледаат како можност за мигрирање ,па се отвораат еден куп курац безвредни колеџи , али да не забегувам тоа е веќе друга тема.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Видете пред се мораме да направиме разлика меѓу школување и образование. Во македонија имаме многу школи и многу школовани.. За жал малку од нив се вистински образовани. Не викам дека образованието и школувањето немаат врска, но далеку од тоа дека ако си школуван си образуван.... Исто така може да се каже дека многу полесно ќе се образоваш преку формално школување...

Има примери на двете страни на спектарот.. Врвно образовни личности кои имаат никакви креденшали (дипломи, формални докази за знање).. Познавам луѓе со диплома од инфомратика битола на кои цела професорска фела во македонија може вода да им носи за научна методологија, статисика, математика, програмирање, економија и други научни области..

Но познавам и такви од истиот тој факултет кои не знаат и не научиле ништо повеќе од орање со трактор на нива.. А имаат диплома за информатичари..

Од таму се поставува прашањето што е дипломата? Што е формалното школување?

Дипломата е документ што гарантира дека ти знаеш барем колку најслабиот дипломец на тој факлутет... По оваа дефинција повеќето дипломи во Македонија се прилично безвредни во поглед на доказ за знаење и образование. Имаше два унвзеризитти кои додека студирав држеа некој минимум критериуми, кои за жал додека студирав а вервуам трендот продолжи и после тоа ги намалуваа од година во година. Тие два универзитети се УКИМ во Скопје и Апостол Павле во Охрид..

Остатокот од дипломците на унверзитетите не можат да се носат во знаење за нивната област со 16 годишник од британија - ако останат само на тоа што му се бара за да положат. Има чесни исклучоци, луѓе кои како мене ставаат висока цена на знањето и образованието и кои сметаат дека тоа што се бара на школо/факлутет е премалку за да се носат со предизвиците на живтоот и од таму почнуваат да копаат по други места, учебници, блогови, енциклопедии а понапредните и по научни студии.

Современите технологии, глобалната достапност на знаење, интернетот, википедија и сите програми за слободно знање денес овозможуваат образование на секој со компјутер и интернет. Проблемот секако е пристапот до тоа знање поради јазични бариери. Со доволно упорност и јазикот може да се совлада на интернет. Ако ме прашате мене јас во македонија ќе воведам настава по сите предмети од 1во до средно на англиски. Тоа ќе му ги отвори вратите на македонската интелегенција да се образова и покрај ниските поточно непостоечките критериуми за да се стигне до диплома.

Животна желба ми пензија пред 40та година за да можам да се посветам на учење на се што постои. Еден промил утре да знаам повеќе од денес јас ќе бидам среќен. Не сум кизнај колку интелегенет, но сум претерано љубопитен и желен да научам повеќе... За жал познавам малку такви желни за да знаат повеќе.. Повеќето се прагматци кои викаат ми треба таква диплома за да се пикнам таму на безбедна работа каде што нема што многу да правам а ќе имам каков-таков живот...Не мора да ги имаат мегаломаските сакам-да-бидам-милјардер амбции, но барем да имаат желба да создадат нешто од вредност на овај свет кој им дал толку многу. Тие, повеќето од македонците, сакаат канцеларија со што помалце работа, просечна плата и доживотна гаранција... Дали ќе создадт нешто за другите луѓе не им е битно ( не мора да е тоа алтруистички, може од чист себичлак да сакаат да направат нешто од вредност за светот)

Tenure или job-for-life- е термин кој го користат на запад кога на професор на факлутет му се дава гаранција за доживотна работа поради неговите достигнувања .. Ова е повеќе да се заштити професорот ако еден ден даде политички некоректни изјави кои се анти-естаблишмент и за кои би можел да изгуби работат.. Така се гарантира слободната мисла на интелегентите....

Tenure- кај нас има цела државна админситрација, а вервуајте ви гарантирам дека ја немаат интелегенцијата на професорите на странските универзитети кои доживотанта гаранција на работонто место ја заслужиле..

И така ние што работиме од ноќ до ноќ, трудеќи се да создадеме нешто за нас, а преку пазарот и со помош на нашата себичност создаваме нешто и за другите, сме доведени во ситуација преку даноците кои ги плаќаме, да стипендираме школување на луѓе кои немаат желба за да се образоваат, уште помалку сакаат да работат а после секако на наш терет ќе треба да им се обезбеди
"работа" за која пак ние ќе платиме, и на крајот поради нивните надпросечни нето плати тие ќе земат и поголем дел од пензискиот колач кога и ако дојде да го делиме.

Ќе ве прашам на крајот... Вреди ли толку формални школи за толку малку луѓе со желба за образование? Вреди ли да ги туркаме со сила луѓе кои немаат желба за ништо низ образовен процес за кој се незаинтересирани? Вреди ли толку академска фела по новите факлутети за која кога ќе речам академска се шегувам?... To hell with it... let them eat cake..

Ние ги школуваме народните маси, а не лидерските елити. И не зборувам за богатство на родителите туку за интелегенција на студентите.. Не може сите да се кадарни за високо образовни позиции... Треба да направиме 1-2 факлутети во македонија каде што ќе владее висока конкуренција на основа на академски достигунувња и каде што ќе ги истрењираме луѓето кои се веќе извонредни, да бидат лидери на нашето општество во бизнисот, невладиниот сектор и политиката. Каде што ќе извадиме интелектуалци а не изгубени дипломци...

Денес за жал имаме еднаквост... Еднаквост во дипломи и формланости... Немаме начин да ги селектираме и одделиме лидерите и образованите од купиштата дипломи што пристигнуваат кога ќе објавиме оглас за работа..

Дипломата е девалвирана до тој степен што веќе е сеедно дали ја имаш.. Веќе подривањето и анти-интелектуализмот навлегува во традиционално интелектуални професси како медицината (штипскиот мед. факутлет)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom