Најефтин супермаркет

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Обично во Штип кога сум пазарувал од Кит-Го маркетот кај полициската станица што е, немаше пазарање а да не ме поткраднуваа продавачкиве по 1-5-10 денари. Некогаш ќе им преречев, некогаш па мене ме фаќаше туѓ срам тоа нивно глумење лудило и себе-понижување што едвај чекав да си излезам.

Инаку имам Супер Тинекс на >1 минута од мене така да тоа ми е опција бр1 но многу често имаат гужви бидејќи имаат мал број на вработени, во просек 1/2 каси само работат и продавачките секогаш се преоптоварени со роба па не можат да постигнат. Цените за разлика од другиве маркети воглавно им се повисоки.
Како те поткраднуваа во време на фискални, картички и слично?
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.836
Јaс сум приметил кoнкретнo декa Ариел и Ленoр oд Кaм уoпште не се тoa штo требa дa бидaт,aј зa перење мoже ке исперaт aли мирис никaкoв.У Стoкoмaк пa прaшoкoт Фaкс блaге везе немa,a и штo дa oчекувa чoвек кoгa вреќa oд 8кгр се прoдaвa пo ценa oд 499 ден,a 3 кгр пaкoвaње у други прoдaвници се прoдaвa oкoлу 300 ден.Единственo штo никoгaш немa прoмaшaј oд евтинaтa рoбa се Пoлските прoизвoди вo Стoкoмaк,мислaм нa Пoлски брендoви,не Милкa прoизведенa вo Пoлскa.Сoлидни зa нискa ценa спoреденo сo истиoт вид прoизвoди пo другите мaркети.Се штo пишувa земјa нa пoтеклo Пoлскa a е Пoлски бренд купувaм
Автоматски споено мислење:

Нaјгoлемa пoдвaлa пo сите мaркети се пaстите зa зaби Colgate,купкaтa Nivea и сaпуните Dove.Oвие три прoдукти немa шaнси дa ги купиш у МК a дa чинaт.Еднoстaвнo се тежoк шкaрт
 
Последно уредено:

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Најскапиот маркет во нашава држава е маркетот 23-ка во Охрид... Досега никаде во нашава држава не сум видел толку скап маркет!!! Цените се од 25 до 30% поскапи од другите маркети... Цени ко санкир во Монако, Токио, Осло, Виена, Копенхаген или Цирих...

Доста артикли таму има со поминат рок. Инспекциите за тој маркет воопшто не превземаат мерки било какви неправилности да има...

Јас не знам како може да има толку будали луѓе да пазарат по такви високи цени...Како на пример 78 денари Крали Марко од литар и пол во сите други маркети, а во 23-ка 99 денари... А пак доста маркети ги има со толкава квадратура што се затвораат а имаат ниски цени...
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
495
Поени од реакции
713
Јaс сум приметил кoнкретнo декa Ариел и Ленoр oд Кaм уoпште не се тoa штo требa дa бидaт,aј зa перење мoже ке исперaт aли мирис никaкoв.У Стoкoмaк пa прaшoкoт Фaкс блaге везе немa,a и штo дa oчекувa чoвек кoгa вреќa oд 8кгр се прoдaвa пo ценa oд 499 ден,a 3 кгр пaкoвaње у други прoдaвници се прoдaвa oкoлу 300 ден.Единственo штo никoгaш немa прoмaшaј oд евтинaтa рoбa се Пoлските прoизвoди вo Стoкoмaк,мислaм нa Пoлски брендoви,не Милкa прoизведенa вo Пoлскa.Сoлидни зa нискa ценa спoреденo сo истиoт вид прoизвoди пo другите мaркети.Се штo пишувa земјa нa пoтеклo Пoлскa a е Пoлски бренд купувaм
Автоматски споено мислење:

Нaјгoлемa пoдвaлa пo сите мaркети се пaстите зa зaби Colgate,купкaтa Nivea и сaпуните Dove.Oвие три прoдукти немa шaнси дa ги купиш у МК a дa чинaт.Еднoстaвнo се тежoк шкaрт
Мене па само купките на нивеа од кам што ги купувам ми одговараат без да ми се јавува чешање или бубуљици.
Од друга страна па ги имам фатено два пати касиерките како на фискалната ми додаваат продукти, како на пример отстранувач на лак за нокти и женски шампон до окулу стотина денари надевајќи се да не приметам.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Vo Skopjevo ... Kam, Stokomak i Kipper se najdobro snabdeni i se najeftini (y)
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
ДИМ маркети... ниски цени, ги имаат сите мејнстрим брендови... Одлични се.

Поздрав.
A дали има шанси во следниве неколку години да се прошират во повеќе градови во нашава земја??? Тие само во Куманово ли се???

Ако имаат ниски цени убаво би било тоа да се прошират во повеќе градови!!!
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.230
Поени од реакции
7.039
Јaс сум приметил кoнкретнo декa Ариел и Ленoр oд Кaм уoпште не се тoa штo требa дa бидaт,aј зa перење мoже ке исперaт aли мирис никaкoв.У Стoкoмaк пa прaшoкoт Фaкс блaге везе немa,a и штo дa oчекувa чoвек кoгa вреќa oд 8кгр се прoдaвa пo ценa oд 499 ден,a 3 кгр пaкoвaње у други прoдaвници се прoдaвa oкoлу 300 ден.Единственo штo никoгaш немa прoмaшaј oд евтинaтa рoбa се Пoлските прoизвoди вo Стoкoмaк,мислaм нa Пoлски брендoви,не Милкa прoизведенa вo Пoлскa.Сoлидни зa нискa ценa спoреденo сo истиoт вид прoизвoди пo другите мaркети.Се штo пишувa земјa нa пoтеклo Пoлскa a е Пoлски бренд купувaм
Автоматски споено мислење:

Нaјгoлемa пoдвaлa пo сите мaркети се пaстите зa зaби Colgate,купкaтa Nivea и сaпуните Dove.Oвие три прoдукти немa шaнси дa ги купиш у МК a дa чинaт.Еднoстaвнo се тежoк шкaрт
Исти се и Nivea, Dove, Colgate и во Германија. Сеа тоа што ти плаќаш двојно у споредба со други производи и очекуваш wow за тие пари. Маркетот/производителот не ти е виновен.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
898
Поени од реакции
3.507
Млечните производи се под сериозна закана со палминовото масло, кое е неутрално за разлика од сончогледово и маслиново. Не знам дали уште се продава едно овчо сирење во Кам, евтино, а солидно масно, без специфична овча арома, која е посебно изразита при повисока масленост. Не тврдам, ама можно е македонските добавувачи да праат различни серии за различни маркети, а играта да ја праат со палминото масло.

Инаку се стаписав кога видов на пакувањето на јогуртот на Кораб Трница дека се произведува во Ниш.
Не е лошо чоек да читнуе на амбалажа што стои, пошо се праат многу манипулации.
Пошто сум ептен по млечни производи и ги јадам цел живот приметив дека последниве 2 години квалитетот е драстично опаднат, малтене сите производи од сирења до кашкавали имаат некој чуден малтене мувлосан мирис уште кога ќе се отворат и не ретко имаат необјасниво киселкаст/неквалитетен вкус.

Правев муабет со пријател на темава и ми спомна дека всушност ништо (99%) млечно веќе не се произведува кај нас туку се носи млеко во прав од Турција и Кина и нашиве 'млекари' само го преработуваат. Првично бев скептичен но кога ќе видиш дека млеко кај нас се произведува во микро количини ќе да е во право.
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
696
Поени од реакции
1.554
Јaс сум приметил кoнкретнo декa Ариел и Ленoр oд Кaм уoпште не се тoa штo требa дa бидaт,aј зa перење мoже ке исперaт aли мирис никaкoв.У Стoкoмaк пa прaшoкoт Фaкс блaге везе немa,a и штo дa oчекувa чoвек кoгa вреќa oд 8кгр се прoдaвa пo ценa oд 499 ден,a 3 кгр пaкoвaње у други прoдaвници се прoдaвa oкoлу 300 ден.Единственo штo никoгaш немa прoмaшaј oд евтинaтa рoбa се Пoлските прoизвoди вo Стoкoмaк,мислaм нa Пoлски брендoви,не Милкa прoизведенa вo Пoлскa.Сoлидни зa нискa ценa спoреденo сo истиoт вид прoизвoди пo другите мaркети.Се штo пишувa земјa нa пoтеклo Пoлскa a е Пoлски бренд купувaм
Автоматски споено мислење:

Нaјгoлемa пoдвaлa пo сите мaркети се пaстите зa зaби Colgate,купкaтa Nivea и сaпуните Dove.Oвие три прoдукти немa шaнси дa ги купиш у МК a дa чинaт.Еднoстaвнo се тежoк шкaрт
Да не трескам офф топик муабети на темава ама кај шо спомна за прашоците за перење.... Од сигурен извор имам сведок кој беше присутен поплавите ко беа Арачиново, ко чистеле некаде по подрумите виделе цела "мини" фабрика за шампон правење. Така да не те чуди ништо во оваа еби ветар држава. :)
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Пошто сум ептен по млечни производи и ги јадам цел живот приметив дека последниве 2 години квалитетот е драстично опаднат, малтене сите производи од сирења до кашкавали имаат некој чуден малтене мувлосан мирис уште кога ќе се отворат и не ретко имаат необјасниво киселкаст/неквалитетен вкус.

Правев муабет со пријател на темава и ми спомна дека всушност ништо (99%) млечно веќе не се произведува кај нас туку се носи млеко во прав од Турција и Кина и нашиве 'млекари' само го преработуваат. Првично бев скептичен но кога ќе видиш дека млеко кај нас се произведува во микро количини ќе да е во право.
Млекото во прав што е од Турција и Кина нашава држава треба да го забрани увозот!!!

Пример како можат држави како Кина и Русија да забранат увоз на некои видови храна во нивните земји???
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Проблемот со млекото овде е покомплексен. Има производство.
Фората е што имаме многу ниски стандарди и ниво на хигиена кај одгледувачите, веројатно тоа е поради недостаток на вработени, ниски плати исл. Кравата кога ќе ја видиш во Австрија и Словенија, би ја примил у кревет да си легне со тебе, затоа што е чиста, боксовите им се чистат редовно. Молзењето се прави со иноксни садови, машини, не фаќа човек шо не мие раце во вц кога оди. Кај нас кравите се цели налепени со измет и млекарите не одат на ризик, туку го обработуваат термички млекото, со што на витимини, масти, хранливи материи кажи им чао. Тука влегуваат во игра овие турски и кинески гнасотии, кои се евтини и се додаваат за појачување на вкусот. Затоа веќе сите млека, јогурти, сирења се скоро идентични и нема некоја суштинска разлика. Палминовото, за кое пишував, во цврстите производи (кашкавалот и сирењето) глуми масленост. Плус, сум приметил дека ги пресолуваат, за да траат подолго и исто за да се појача вкусот...сума сумарум - лошо.
И воопшто млечни производи, со тек на стареење треба чоек да ги регулира, пошо не се многу препорачливи. Мој совет е подобро помалку, поретко и некое увозно да користиш, не знам, гауда некоја, едамер, отколку нашиве бљувотини.
А про по темава, скоро гледав некое видео за американскиве фастфуд ланци. Голем дел од менијата се покриени со filler-и, состојка што нема врска со описот, на пример, бургер е 30% говедско месо, а другото е "неќеш да знаеш", состојка со хемиска ознака. За профит, производителите се спремни најштетни состојки да ги подметнат како најнормална работа.
Пред да земе човек производ од рафт, треба да размисли дали е воопшто логична цената на нештото да биде толку ниска, посебно во вакво време на скапотија (сиромаштија).
Автоматски споено мислење:

Да не трескам офф топик муабети на темава ама кај шо спомна за прашоците за перење.... Од сигурен извор имам сведок кој беше присутен поплавите ко беа Арачиново, ко чистеле некаде по подрумите виделе цела "мини" фабрика за шампон правење. Така да не те чуди ништо во оваа еби ветар држава. :)
За цигарите се знае многу одамна дека се фалсификуваат на големо и по цел Балкан ги има.

Исто сум слушнал за Thommy мајонезот, ама поодамна. Нестле изгради голема фабрика во Софија и сега тамошниот со Џ квалитет, прилагоден на балканските барања, го има нашите рафтови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom