Кам за Стокомак е Лидл. Не сум заприметил јас дека ги криеле аргетите под каса, ниту пак ливчиња дека го пишувало тоа.Јас во Стокомак лани си купував паштета Аргета кокошкина . Знам на дел од рафтот каде се паштетите имаше испечатено да се побара на каса. Ова пишувам за Тетово, не знам како е во другите градови.
Во Стокомак најчесто пазарам поради кашкавалот Алпина Деј. Тука некаде ми е слично вкусот како мешаниот Кумановски од Здравје Радово а е поефтин. Исто пазарам често кисело млеко Бучен козјак знае и тој таму да биде поефтин некогаш од другиве Веро, Тинекс.
Исто во Стокомак ме нервира ужасно тоа што работи една каса а вкупно се три каси.
Ќе се направи во една гужва и не ти викаат иди на другата каса.
Алпина Деј пробиштипскиот кашкавал е топ, и јас го зимам.
Во Кам често имам проблем со расипани производи, поготово млечните.