Најефтин супермаркет

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.290
Поени од реакции
7.239
Зара и H&M подобар избор за парите.
Квалитетот на H&M = Шутка
Штом Тинекс и Веро ти се доживување у пазарење, а оној големиот Тинекс во Ист Гејт е допир со друг свет, тури му пепел, имаш уште леб да јадеш.

Ајмо, ќе те прошетам во Берлин, ќе посетиме неколку интересни места.
Прво ќе го посетиме Edeka и тоа оној големиот на Neumannstraße, може и оној во центар. Океј цени, ни ефтино, ни скапо, но од пиле млеко се има.
После ќе одиме до Rewe, да видиш што свежо овошје и зеленчук има.
Ако си веган, одиме во Veganz. Нема што нема за вегани.
Hit-Markt, Netto Marken ќе ти биде испод просекот. Се сетив, обавезно одиме и во Spar.
Aldi, Kaufland, Lidl, Penny остај тоа е за сиротињите. Тек па Metro, тоа е за оние со една нога во гроб. Не те носам таму.

Ноооо ќе одиме во Markthalle Neun. Таму ќе си поминеш убаво. Пазар е, ама скапо е брате, таман за тебе. Ќе уживаш со вкусните кашкавали, домашните кобасици и секаква традиционална скапа храна. Може и да мезнеш нешто во локалите таму. Не е како наше зелено пазарче, нека не ти биде гад.

После треба да се средиш како човек, а не тука Ваикики, Ваикики. Тоа е за сиротињите.
Ќе почнеме од Cartier, Prada, Louis Vuitton, Bulgari, Chanel, Gucci, итн, да купиш нешто и за твојата понежна половина, додека во меѓувреме ќе седнеме на нешто благо во Leysieffer.
Ќе го посетиме и Porsche Design да си купиш некој добар саат или новчаник (заслужуваш еден ваков).
После идеме во Mall of Berlin. Таму сум сигурен дека ќе најдеш соодветна лична гардероба за себе. Ако прошетаме по Kurfürstendamm, мислам дека ќе се разочараш. Ако не си задоволен одиме продолжуваме према Das Schloss и други.
Ќе одиме и до Die Hackeschen Hoefe, но таму само на кафе. Тури им пепел на бутиците.
Ја не знам како не препозна дека чоекот е кандидат само за Alexanderplatz и Primark?
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.660
Поени од реакции
21.694
Член од
11 јуни 2021
Мислења
361
Поени од реакции
792
Не ми се верува дека се расправате и дигате галама околу тоа од каде пазарите и дали богатите идат у Веро или Рамстор, а сиротињите у Стокомак и Кам. Јебале ве пари и социјални статуси, сите с(м)е голтари и тука во МаЌедонија ретко кој живее богато.
На темава, одам во сите и не се осеќам супериорно кога пазарувам таму ниту се осеќам ко голтар пошо сум влегол у Стоко или Кам. Одам таму каде што некои производи не можам да ги најдам на некое место или одам таму каде што има нешто на попуст за она што ми треба.

Што се однесува до Ваикики и таму пазарувам и се облекувам. Пред две недели купив два пара фармерки, шорцеви за вежбање и шал за 1800 денари. Е сега за квалитетот се согласувам дека е на пониско ниво да кажеме од Котон. Еве фармерки што сум ги купил во Котон уште ги мкнам додека тие што ги земав лани од Ваикики ми се испокинаа ама па колку пари толку музика.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.212
Поени од реакции
78.776
Дај доказ за ова? истиве теории за телефони ги слушам, врска нема.
Имам на форумов објавено линкови од словачки истражувања околу ова, на некоја друга тема. Потоа, чинам, официјално преку државата побараа одговори од некои големи компании, кои им одговорија дека тоа не се полоши производи по квалитет, туку за побарувањата на разни пазари тие соодветно ги менуваат производите.
Истражувањето, мислам дека беше, околу процентот на лешници во Нутела (или друг познат таков крем), како за словачки (и секој друг источно-европски пазар) е помал, отколку во истиот производ за германски пазар.
Разликата можеш да ја приметиш сам, ако си пробал грчка Нутела (Made in Greece) и наша (Made in Poland).
Линкови нема да барам сега.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.700
Поени од реакции
9.539
Имам на форумов објавено линкови од словачки истражувања околу ова, на некоја друга тема. Потоа, чинам, официјално преку државата побараа одговори од некои големи компании, кои им одговорија дека тоа не се полоши производи по квалитет, туку за побарувањата на разни пазари тие соодветно ги менуваат производите.
Истражувањето, мислам дека беше, околу процентот на лешници во Нутела (или друг познат таков крем), како за словачки (и секој друг источно-европски пазар) е помал, отколку во истиот производ за германски пазар.
Разликата можеш да ја приметиш сам, ако пробал грчка Нутела (Made in Greece) и наша (Made in Poland).
Линкови нема да барам сега.
Да ви се уфрлам во моабетите, бидејќи потполно си во право....ќе дадам само еден пример, таблетите Кафетин на Алкалоид, за Рускиот пазар се произведуваат со посилно и побрзо делување...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.212
Поени од реакции
78.776
Да ви се уфрлам во моабетите, бидејќи потполно си во право....ќе дадам само еден пример, таблетите Кафетин на Алкалоид, за Рускиот пазар се произведуваат појаки.....
Тој пример мислам дека не е баш најсоодветен, затоа што лековите (мислам) ги прават според физичките карактеристики на населението.
Па така, порано лековите од Америка што ни ги носеа (истите) беа појаки од нашите, а еден другар, кој живее во Јапан, нон-стоп бара лекови да му праќаме, пошто таму ич не му делуваат. Истите лекови. Вели, доста послаби биле од нашите.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.700
Поени од реакции
9.539
Тој пример мислам дека не е баш најсоодветен, затоа што лековите (мислам) ги прават според физичките карактеристики на населението.
Па така, порано лековите од Америка што ни ги носеа (истите) беа појаки од нашите, а еден другар, кој живее во Јапан, нон-стоп бара лекови да му праќаме, пошто таму ич не му делуваат. Истите лекови. Вели, доста послаби биле од нашите.
Знам дека Русите барале да биде дејството појако ....но навистина почувствував разлика, бидејќи само Кафетин користам за главоболка.
Ок.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.589
Поени од реакции
38.736
нема врска тоа, лековите се дозираат у милиграми, не можеш некој лек некаде да го правиш појак некаде послаб. Тој што зема појак е ради апчето што има појака доза ставено у милиграми. Значи ако тука е 50, таму е 70 милиграми и затоа повеќе топлата осеќала.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.212
Поени од реакции
78.776
Знам дека Русите барале да биде дејството појако ....но навистина почувствував разлика, бидејќи само Кафетин користам за главоболка.
Ок.
Во случајов со другаров од Јапан, баш за Кафетин стануваше збор.

Како и да е, потврдена работа се понеквалитетните производи на големите компании, за источно-европски пазар. (за храна барем сигурно)
Автоматски споено мислење:

нема врска тоа, лековите се дозираат у милиграми, не можеш некој лек некаде да го правиш појак некаде послаб. Тој што зема појак е ради апчето што има појака доза ставено у милиграми. Значи ако тука е 50, таму е 70 милиграми и затоа повеќе топлата осеќала.
Можеби е тоа во прашање.
Автоматски споено мислење:

Милка, Нутела... избегавам да купувам кај нас. Лино купувам наместо Нутела.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
.... , официјално преку државата побараа одговори од некои големи компании, кои им одговорија дека тоа не се полоши производи по квалитет, туку за побарувањата на разни пазари тие соодветно ги менуваат производите...
Apsolutno si vo pravo.
Imase reakcija i od Bugarija do Germania za kvalitet na prasok za perenje I za pomalku aktivna materija za bugarski pazar...
Pa otkako dobija takov odgovor, imase cinicni zaebancii od bratskiot ni narod deka ocigledno deka Germancite se po-prljav narod stom za nivni pazar mora poveke aktivna materija :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.589
Поени од реакции
38.736
приметувам сега и на кафево и други производи почнаат да скалперишат. 200грама беше 86, сеа го направиле 95-96

Освен производите кои имаат замрзнати цени граѓаните се жалат дека во меѓувреме се качија цените на сите други производи, а позабележителен раст има на цената на кафето, производите од преработувачката индустрија и кондиторските производи.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.084
Поени од реакции
15.917
приметувам сега и на кафево и други производи почнаат да скалперишат. 200грама беше 86, сеа го направиле 95-96



Не сум сигурен дали тоа замрзнување се однесува на сите производи, па и на кафето. Мислам дека се однесува на основни прехранбени артикли, како брашно, зејтин, месо, млеко, јајца. И според мене е најголема глупост тоа замрзнување, колку и да не ми се свиѓа, бидејќи и мене ќе ме удри по џеб.
 

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
372
Поени од реакции
689
Покачувањата во Македонија
Државен завод за статистика:

Брашно(1kg): Јануари 2021-31.86 ден
Јануари 2022-36.31 ден (14%)
Зејтин(1I):Јануари 2021-74.52 ден
Јануари 2022-98.07 ден (32%)
Шекер(1kg):Јануари 2021-34.54 ден
Јануари 2022-43.27 ден (25%)
Компири(1kg):Јануари 2021-24.83 ден
Јануари 2022-33.81 ден (36%)
Сирење(1kg):Јануари 2021-321.48 ден
Јануари 2022-330.01 ден (3%)
Леб(1kg):Јануари 2021-52.38 ден
Јануари 2022-58.89 ден (12%)
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
23
Поени од реакции
24
Цените во супермаркетите за "богати" и за "сиромашни" се повеќе се приближуваат. Почесто барам конкретен производ одошто супермаркет пример апчиња за машина за садови од кам или прашак за алишта од Веро. Околу прашоците за перење, голема разлика во квалитет кај Ариелот од Турција и од Чешка, ама и по цената се гледа разликата. Обично двата вида ги има во ист супермаркет и гледам да начекам од чешкиот на акција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom