Најелитните места (ресторани и кафулиња) во Скопје

  • Креатор на темата deli
  • Време на започнување
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Венето е добро, али не за тие пари. Еднаш бев за роденден.
Венето за мене е нешто во ранг со Тренд и Дион. Тотално разочаран. Особено од услугата. Ај цената океј, ама за тие пари у Хилтон ти земаат јакна, ти се обраќаат со господине, те НОСАТ до маса и уште 300 салтанати. Епа Nма разлика :)

Едино Пелистер ми е вака доста чил за „Елитно“ место. Не е баш ефтино ама имаат и услуга и квалитет и се... А и доста добро местенце за дневно кафе е исто така...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Едино Пелистер ми е вака доста чил за „Елитно“ место. Не е баш ефтино ама имаат и услуга и квалитет и се... А и доста добро местенце за дневно кафе е исто така...
У Пелистер два пути покушале да стават на сметка нешто што не сме го нарачале. На маса од 6 луѓе.
Иначе храната им е ок.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Топла препорака за одлична шкембе чорба во Дојрана.....не го ставам во групата на елитни ресторани, но услугата е добра, цените се пристапни и за мене најважно од се има пријатна домаќинска атмосвера.
Лично не патам од тоа да јадам на елитни места....но кога имам гости, бизнис партнери од странство....практикувам да ги однесам во Воденица или Камник.
Воденица....храната и услугата е одлична....единствена забелешка до сега е што два пати износот на сметката беше солидно погрешен...но се изврши корекција без проблем (сепак тоа им е голем минус од мене, мразам такви "грешки").
Камник го ставам на ниво над Воденица....досега совршено во секој поглед.
 
Последно уредено:
T

Torchyrus

Гостин
Пелистер, такво какво што е, би било подобро ако е на не толку експонирана локација, не знам, можеби грешам...
Лично мене не ме привлекуваат такви hot spot локали па колку и да се добри, најчесто одам само ако морам, да сум поканет, со добра препорака или ако некој друг го бира местото...
За пример, на кеј има места кои изгледаат доста добро (Bella Vista и слични, не им ги ни знам имињата на останатите) ама никогаш своеволно не би одбрал да седнам таму.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372

Стапици за туристи :) Tourist-traps ко што викаат 'мериканците ;)
Ништо повеќе, ништо помалку :)
Додуша на Кеј едно време имаше еден што се вика Етно-бар, мајкоооо, најлоша услуга у мој живот у Скопје.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
495
Поени од реакции
713
У Пелистер два пути покушале да стават на сметка нешто што не сме го нарачале. На маса од 6 луѓе.
Иначе храната им е ок.
А мене 2ката ми ја прочита како 9ка, место 620, 690 се обиде да ми наплати. Ја осетив дека беше намерно.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Хилтон, генерално за Услуга ми има оставено најдобар впечаток. Едноставно перфекција. Сеа цените се х2 од русија ама услугата и општо како е средено внатре е х10.
Јас имам инакво искуство со Хилтон...Неискусни конобари, со катастрофални гафови (од типот менуваш вино, не ти менува чаша туку го истура преостанатото во кибла :tapp: ) . Храната е многу подобра од Мериот ама им фали работа со персоналот.
Мериот, од друга страна има профи услуга и преценета храна. Главниот готвач сакајќи премногу да биде оригинален заборава на вкусот од време на време.
Важна напомена за Мериот: ако одите деловно на кафе или ручек/вечера и се паркирате на нивниот паркинг, на сметката ќе ви пишува „хотелски услуги“ наместо „паркинг“, што е малце чудно после да објасниш во фирма :icon_lol:
 
Генерално Мериот/дистрикт идам на кафе.
Одлично место си е, нема рљзлика некоја у цена од кеј и слично а е доста по опуштено. Мене ми се свиѓа местото како е.

Во хилтон бев само 1 и внатре седев. Кафе и колач, чисо да го видиме местото. Нас ни се погоди одлична услуга. Од носење до маса, зимање јакна, ултра брзо носење на кафе, сок, колачи и слично, вкусот предобар...
Мене ме зачуди како им беше организирано. Може и да се смениле работите таму, не знам :)
Знам и во Русија дека беше предобро место со одлична услуга ама у последните 2-3 пати некако као на кеј кафичите станаа...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom