- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 4.820
- Поени од реакции
- 10.685
Види, кај мене не се проектирани дедо ми кога ја правел куќава 70’ и некоја…Тамам сватив што е пдизајн ти пак ќе ме збуниш.
Топлински загуби на еден објект како што велиш ти
Не е исто што Проектирани топлински загуби како што опиша Дамјов.
Проектираниве топлински загуби се намерно вметнати од проектантот во објектот поради некои причини.
Ама пак ги имам, и пак можам да ги измерам!
Шала настрана, нека не те буни тоа…
Проектирани им значи само дека се пресметани теоретски во самиот проект, уште пред да биде изграден објектот.
Ништо не мења! Чак више, попрецизно е сам кога ќе си ги измериш, оти кај нас се знае какви кривини се фаќаат за време на градба!
Ја се кладам дека новиве градби и 20-30% разлика имаат од теорија до пракса!
Тргни од тоа дека немаме ни саглам мајстори, а и тие што се саглам работат по нивни принцип што не значи и дека е исправен! Надзор нула посекако!
Така да, Пдизајн е Пдизајн, загуби на објектот!
Кај нас се рачуна во средна зона, што значи најниска температура од -10c се зима, или -7c што ќе потрае со часови…
Ако јас имам Пдизајн од 6kw, тоа значи дека 6kw би ми биле максимално потребни на најладното(пак нагласувам кај нас!)!
На потопло од -7ц загубите можат да ми бидат само помали… проста физика..!
На +7c примерице ќе имам загуби од 2.5кв.
Друг со иста површина/волумен ќе има пдизајн од 5kw или 4kw оти има подобра изолација…
Секогаш се гледа конкретниот објект, и климата се бира така…
Можеш и поединечно по простории да израчунаш, ако купуваш клима за една просторија, или сакаш да комбинираш две или повеќе клими за повеќе простории.. итн итн
Битно, Пдизајнот се загубите на твојот простор!
Автоматски споено мислење:
Ма само ќумк ти треба! Каков оџак какви бакрачи!Во куќа, вентилацијата од кујна и купатило не излегува над герамиди него е под герамиди. Е сега колку е тоа проблем а најверојатно е, не знам.
Дали ствара влага мувла или можи да диши низ штиците низ герамидите...кој се качил на таван горе да види.
Планирам за наредна година да барам мајстор да се спроведе со пластични цевки над герамиди. Има едни како тркалезна форма со решетки од страна... Не знам како се викаат но тоа завршува на цевката од надвор и кога дува ветар тоа се врти и го извлекува воздухот.
Еве вакво
Прегледај го приврзокот 404398
Капава што врти е чиста глупост од не знам каде дојдена, а ептен у мода влезе…
Самиот ветер и висина ќе направат доволен подтлак на врвот (ако оџакот е правилна висина на кровот! Си има правилници и како се градат и проектираат оџаци..)
Во основа тебе не треба ни да те занима тоа, оти како што разбрав само за вентилација ќе биде, и нема врел чад да изнесува..
Не мора ни инокс, скап е! (Плус тие се со двојна изолација од стаклена волна мислам, нешто што апсолутно не ти треба, и ќе заштедиш пари).
едит: отпосле видов дека само капата е иноксна, а сакаш пластични цевки…
Поентава стои дека капа не ти треба, туку само правилна висина на “оџакот” во однос на билото!
Последно уредено: