И јас размислувам за термо изолација пролетва.... во план сум за внатрешно обложување на надворешните ѕидови и плафоните со тервол и кнауф.
Прво мислев со оној мекиот/ролованиот тервол пошто ми рекоа комплет ќе отфрли само 5цм со тоа што ќе се потпритисне во кнауф профилот, ама потоа ме премислија за тврдопресуван 5цм тервол со вкупно отфрлање од 8цм.... значи сосе кнауф и глет финиш.
Може, може и воопшто да не ставиш на јужна ако финансиите се куси.
Ама разликата во дебелината на стиропорот би ти била испод 500еур за цела куќа... па стварно не вреди да штедиш на тоа.
Пред 2 години некаде кога прашував за кај мене, со 5ка стиропор ми дадоа понуда 7.5к еур а со 8ка стиропор 8к еур.... па така пропаднаа плановите за од надвор.
@palpem Можеш да споделиш и некое инфо за изолацијава?
Ова терволот од внатрешна страна ти е така? Од мекиот/ролованиот или тврдопресуваниот што оди во табли.