Кој модел е овој Sensira? FTXF50 или FTXF60?Една мала дилема во изборот на клима уред.
1. Mitsubishi LN 5.5.kw-120.000 ден.
2. Daikin Sensira 6.5 kw - 70.600 ден
Дали се исплати да платам толкава разлика за Митсубиши и што би добил повеќе од неа за разлика од Сенсирата?
Знам дека LN моделот на Митсу е врвот а Сенсирата на Даикин е како почетен/среден модел кај Даикин.
Мислења?
Ако е FTXF50 тогаш LN50 дава повеќе топлина, околку 15% а за толку е и поекономична, грубо кажано. Ова на сметка од 3000 би дошло околку 450 ден што не е мала сума ако пресметаш низ целиот животен век. Дополнително имаш повеќе опции кај LN50, прочистување на воздух, сензори за присуство во просторија, вградено Wi-Fi со можност за мерење на потрошувачка на струја и сл. Овие работи мислам дека кај FTXF50 а некои како Wi-Fi мислам дека уште солено се доплаќаат. Дополнително кај LN би требало да добиеш поквалитетна изработка и работи кои не ги гледаш, можеби дополнителна изолација на компресор за придушување на звук и сл.
Само некако ценава од 120.000 ми делува премногу. Баш изминаво лето одбирав клима за мој роднина, LN50 беше во игра и мислам дека цената по попуст беше околку 105.000.
Ако Daikin е FTXF60 тогаш практично исто греат и горе долу се еднакви во економичноста. Тогаш рачунај дека овие дополнителни опции ги плаќаш 50.000 што мислам дека е премногу.