Греачот работеше на +23 степени надворешна температура, надворешна единица во моментот беше на директно сонце а тацната беше прилично топла додека пак греачот каде што можев да го допрам беше баш жежок. После тоа го следев наредните 2-3 дена, греачот постојано работеше, без прекин!
Претпоставувам греачот непотребно работеше цело време уште лани од денот на монтажата, затоа што памтам имаше и лани потрошна од некој 80w на StandBy.
После мојот пост тука, и препораки од другите членови дека нешто дефинитивно не е во ред и да барам сервисер.
Греачот беше исклучен од страна на официјални сервисери од Грее и ми беше кажано дека е отворен налог и порачан нов греач. Требало да му го испратат од Скопје. Ако не бидне до крај на неделата, ќе останело за наредната недела. Добро.
@Strelec За слика ќе мораш и ти да почекаш да дојдат сервисерите да местат нов греач, па ќе ти сликам дали стариот е пресечен или отштекан.
На 22.09 е пријавен проблемот, ќе си почекаме ние, сеуште не е страшно, не служи временцево и греачот не затребал....
Само да знаевме до кога и поради која причина чекаме со месеци?
Пред 2 недели му се јавив на сервисерот да прашам до каде е работава, ама ми се постави некако како да го напинам, сеа не знам дали да се јавам пак или да чекам снег да падне па дур тогаш да кревам узбуни.....
Не за друго, со климата греам соба на пристар човек со алцхајмерова болест, и од годинава климата ми е единствено грејно тело во таа соба, не сакам да симнувам шпорети пак...