Дечки мене нешто не ми е јасно како климиве се економични, а сепак трошат по 3,5kw? Или оваа бројка е за максимум потрошувачка?
На единица приведена енергија даваат 3 повеќе. Ова е заради природата на добивање на таа енергија преку брзо испуштање и набивање на фреонот.
Па така кога прочиташ COP 4.0 (не SCOP туку COP) значи на приведен 1kW струја дава 4 kW топлина.
Обична греалица/панел има COP 1 или преведено пушташ 2000 добиваш 2000 во идеални услови.
Ако греалицата односно греачот почне да "свети" тој COP е под 1 затоа што дел од струјата се претворил во светлина (во овој случај светлината е несакана појава)
Кај климите оној COP опаѓа со пад на надворешната температура. Колку повеќе знае да го задржи тој коефициент толку подобро но најчесто таквите клими, со на пример COP 4.0 на - 10 / - 15), се скапи.
Ете затоа имаме тема за клими со над 1900 страни и скоро 30.000 мислења.