Најекономично греење (затоплување)

Дискусија во форумот 'Економија, бизнис, вработување' започната од Dr Zmigo, 8 јануари 2010.

  1. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    8.826
    Допаѓања:
    7.924
    Жити се, што има „удобно“ да трпаш вреќи со пелети во печка, и претходно на грб да ги носиш од подрумот? :)

    И што е „чисто“ кај греењето со пелети?
    Да ја чистиш печката, горилникот ако се затне, оџаците да ги чистиш? Да фрлаш пепелишта секој втор ден? Тоа е чисто? ;)

    Дома да кречиш почесто? Да бараш писмени мајстори да ти ја подесуваат електрониката (ако самиот си писмен да видиш кога нема да согорува како што треба)? Да подесуваш електроника секогаш кога ќе земаш нов тип на пелети? Итн, итн, итн...


    Повторно смешни глупости, можеш ли воопшто да објасниш на што се темели тврдењето дека „греење со клима уред е најнеквалитетно“? Како е греење со клима „неквалитетно“? :rolleyes:

    И што е поевтино, да инвестираш во печка на пелети, за која скоро никој монтер овде не знае да подеси електроника?


    --- Споено дупло мислење, 12 октомври 2017 во 17:56 ---
    Баче, сериозно... Да поставиш месечни или сезонски податоци за потрошувачка, се обложувам во гајба пиво дека за иста квадратура трошиш осетно повеќе од мене. А јас единствената работа ми е на почеток на грејна сезона да стисна копче на даљинскиот. Додека ти секој ден ложиш вреќи со пелети во печка, кои на грб ги тегнеш од подрум, чистиш печка и горилник и оџак, и фрлаш пепел.

    Смешни ти се „аргументите“. Ај што си се заебал си се заебал. Гледај олесни си го животот, ако можеш да си дозволиш. (y)
     
    Последно уредено: 12 октомври 2017 во 17:58
  2. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    587
    Допаѓања:
    168
    За трошоци ќе пишам точно...тоа барем го изесапив прелиминарно. А за другото е повеќе прашање на вкус парно ми е поубаво од клима си бев редовен пациент на БЕГ :) за физичка активност ми треба и онака :) за прљавштина тоа е...за други ситни заебанции појма немам ваљда сервисерот знае.
     
    Последно уредено: 12 октомври 2017 во 19:00
    На Vanlok му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gigovit

    gigovit

    Член од:
    13 август 2013
    Мислења:
    222
    Допаѓања:
    204
    Eve jas ke ti kazam za mene. Oktomvri 2013 kupiv toshiba suzumi 13 za dnevna soba so kujna od 25 kvadrati. Kuka so stari dupli drveni prozori, nema izolacija samo obicna fasada. 4 celi zimi se koristi, sega ke bide 5-ta. Klimata e kupena 51.500 so montaza. Kupena e od potreba, bidejki 6kv termo pecka ne zatopluvase dovolno koga ke fati ozbilno ladno. Temperatura vnatresna se podesuva 20-21 stepen retko poveke, za mene toa e dovolno. Merena potrosuvacka za cela sezona e okolu 1200 kw, samo poslednata bese poveke 1300-1350kw. Toa e za cela grejna sezona, od oktomvri do april-maj. Od nekoe poranesno iskustvo i kako nekoj parameter koga se koristelo drvo za ogrev, nikogas nemalo potroseno pomalku od 6 kubika drvo, a se troselo i do 9 vo poladni zimi. Ako se zeme prosecna cena od 5 denari za tie 1200kw izleguva deka greenjeto so klimata za cela sezona e 6000 denari, od druga strana tie 6 kubika drvo bi bile okolu 18000.
    Samo za tie 4 godini mislam deka klimata ja isplati investicijata. Na strana sto za edno pokvalitetno spore ti treba pak 15-20.000 i poveke ako e trajnozarecko, drugo prasanje e kolku i toe ke trae duri nekade ne pukne.. Klimata osven cistenje na filtri na vnatresnata koe jas go pravam, nema nikakvi drugi servisi praveno, duri nema ni cistenje na vnatresna ili nadvoresna so nekoi sredstva koi bi bile kako nekoj vid servis. Na klimata ne se oseka deka e veke peta sezona, isto raboti kako i prvata. Toshiba e toshiba, koj sto saka neka zbori po specifikacii, dodeka ne vidi koja klima kako raboti na delo moze samo da siri nebulozi.
     
    На maki01, Dr Zmigo, Vanlok и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. dastan

    dastan

    Член од:
    7 јуни 2014
    Мислења:
    249
    Допаѓања:
    137
    И јас мислам дека грењето на парно е најкомотно, па ако е некој во можност да си постави подно топловодно греење е дури тогаш да те види господ од комоција и економичност, бидејќи ако е топловоднот греењето на под наместо во радијатор температурата на водата ќе биде бар за 20 степени пониска со тоа и енергијатапотребна и потрошена ќе е многу помала а комфорот да газиш на топол под е неспоредлива со било кое друго загревање
    --- Споено дупло мислење, 12 октомври 2017 во 19:07 ---
    секоја чест ако е ова вистина излегува просек од некои 8-9kwh дневно што е за пофалба и дури за неверување но како што викаш е потврдено и од твоја страна
     
    Последно уредено: 12 октомври 2017 во 19:07
  5. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    587
    Допаѓања:
    168
    Имам искуство со плафонско грење и тоа е убаво. Сум влегол во просторија со подно греење многу е интересно чувството...супер е. Радијација е...дување е друго.
     
    На dastan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. wersa

    wersa

    Член од:
    24 јануари 2008
    Мислења:
    24
    Допаѓања:
    4
    Зависи што и колку грееш... Мое искуство: стан 55 кв, градски ѕид, нема некоја посебна изолација, на две страни немам соседи, стари дрвени прозори, греам дневна и кујна 45 кв., 24 часа уклучена, дење одржава 23 ноќе 19степена, лани грејна сезона вкупно 7-8000 денари. Мене парно за цел стан ми е 24000 годишно... Плаќам паушал што (не)користам топлина од соседи од 6000 годишно... Заштеда 10.000 денари, климата ја исплаќам за 3 години, гаранција имам 5 години.

    Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
     
    На Strelec, murto и dastan им се допаѓа ова.
  7. Klima ured

    Klima ured

    Член од:
    2 март 2017
    Мислења:
    235
    Допаѓања:
    44
    Investicijata na klima e edna od najskapite no se isplaka za edno 2 do 3 godini a toa okolu defekti na kompresori i slicno zavisi od kvalitetot na klimata i toa kako ke se pogodi jas pred godina ipol zemav VIVAX AEZI
    31.500 den bese od klimata sum zadovolen do sega e super
     
  8. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    587
    Допаѓања:
    168
    Според мои пресметки топ листа за најефтини затоплувања при постоечки индивидуален систем за парно греење (цевки, радијатори итн) при актуелни цени во Македонија:
    1. нафта
    2. гас
    3. дрва
    4. пелети
    5. клими
    6. Ел греачи
    Бонус алтернативи
    Детални пресметки и броеви се наплатуваат...:misticen:
     
    Последно уредено: 12 октомври 2017 во 21:08
    На bakigvg му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bonnie and Clyde

    Bonnie and Clyde

    Член од:
    12 декември 2010
    Мислења:
    3.952
    Допаѓања:
    2.938
    збориш за потрошувачка а забораи изгледа која квадратура ке ја грее он а која ти, може ке е поекономично со инвертори али...
    додека вие сите у дневна ке дремете они ке си го прчат секој у своја соба
    викаш удобност бааап едно копче стискаш само, али тоа што те млати константно ветер и не е баш занемарливо, мене барем ми ја нарушува комфорноста само што слушам дека дува


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  10. Strelec

    Strelec

    Член од:
    9 јануари 2006
    Мислења:
    2.387
    Допаѓања:
    1.669
    Тргни од оваа пресметка и све е јасно колку ти се точни инвестицијата и бројките
    Си земал котел од 25Kw за 150м2 што се 1670W на 10м2, за да понатаму кажеш дека со 3,5КW клима сакаш да грееш 60м2 што се само 580W на 10м2...сеа колкави топлински загуби имаш 1670 или 580 ?.....или имаш мислење дека инвертерот подобро загрева ;)

    по втората математика си требал да земеш котел не од огромни 25KW туку од само 9Kw, а оваа погрешна математика веќе те носи во беспотребна потрошувачка на можеби и 3 врекички дневно со безброј пали/гаси на горилникот...а сите знаеме дека најголема потрошувачка пелет печка има на старт.

    Инаку си имал и опција 3....да вложиш во бафер од доволна литража со што целата вода би се загревала само навечер со постоечкото котле ама на ефтина струја со што би имал COP=2....си можел и солар да додаеш тука и да зголемиш COP....тогаш вистинкски и би ја осетил проидобивката од изолацијата, а со време можеш да преминеш и на ТП воздух-вода....вака си се заковал со пелетите кои мислам за брзо време ке ти искочи промашена инвестиција.
    Пелет е популарен во Хрватска /Славонија кај што имаат во изобилство материјал за сами да си ги направат пелетите, во изобилство пченка и храстовина.
     
    Последно уредено: 12 октомври 2017 во 21:39
    На Vanlok и murto им се допаѓа ова.
  11. Che59

    Che59

    Член од:
    28 февруари 2017
    Мислења:
    303
    Допаѓања:
    195
    Имам бафер 500 л, 12 кв котле , соларно на баферот врзано и змија во печката .Само на струја е изгор па макар и на ефтина тарифа , соларот зиме слаба вајда, не помага нешто особено. Досега беше ок со печката на дрва ама возење е цел ден си и слуга.
    Ќе преоѓам на инвертери пополека , ова другото само ако акне -20 и кусур.
     
    На Vanlok му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dr Zmigo

    Dr Zmigo

    Член од:
    14 мај 2009
    Мислења:
    1.229
    Допаѓања:
    878
    Еве вака со примери да се обидам да објаснам. Да речеме во зграда стан од 60-70м2, ако го грееш на било кој начин со струја (маслени радијатори, таванско греење, конвектори-панели како Thermor, AEG, Aerlec Atlantic,) електрични камини разниразни греалки.... и тн ќе ти требаат најмалку 3 такви грејни тела (со влупна моќ од 7 па и 8kW, при што сметката за струја во грејната сезона (особено во постудена зима) нема да биде под 10,000 Денари месечно.... додека, ако ги грееш тие +60тина квадрати со ТА Печки би ти требале најмалку две и тоа 6-ки и тоа ако се од оние старите, од пред 30 години, кои дуваат повеќе прашина и камена волна отколку топлина..... а доколку сакаш нешто современо од таа технологија (барем ги рекламираат како акумулациони, па треба да се испрси човек и многу повеќе од 600-700 Евра, http://www.kamini.com.mk/dimplex-fsd-30/ јас не видов последниве 5-6 години па и повеќе од оние класичните ТА (а веројатно и повеќе време ги нема во продажба или пак јас незнам).... но еве и да имаш од старите ТА печки со две од нив и 10kW моќ тешко ќе загрееш стан од 60-70 квадрати, да речеме оптимално 12KW... а на 6ка или 5 ка им требаат 6-7 па и 8 часа секојдневно понење.... и не поминуваш месечно под 1700-1800 киловати но бидејки “полнењето„ се врши на евтина тарифа, сметката за струја би била помала отколку во првиот случај но не и помала од 7-8,000 Денари во најладните месеци (Дек Јан Февр...). За печките на пелети незнам многу, но знам дека се и тие изгор скапи од 6-7Kw чинат по 50,000 Денари... ти требаат две такви да затоплиш стан од 60-70м2, ако не се лажам трошат по 800гр до кило на час овие од 6киловати (15 Денари килото) искрено не ми изгхледа евтино, вака излага околу 10,000 месечен трошок... нека ме коригира некој (а Стефус ќе каже како поминал со котел на пелети)... Е сега за климите велиш скапи се (тоа го тврдат и самите корисници)... и спомнуваш хендикеп како откажување на функционирањето во некој краток рок од 5-6-7 год, менување на компресорот, менување те дополнување фреон на 7-8 години... и тн и тн и се прашуваш дали тоа се исплати!? НЕ само нашиве, туку и искуствата на комшиите гледаме читаме по форуми, разни објави на портали од лаици до студии и постручни анализи тн и тн... само на ср-хр јазик пиши на Google “најисплатливо“ или “најекономично греење“, па погледни ги нивните анализи! Дали се исплатат сите ризици што ги наброја, па еве да се вратиме повторно на греењето на стан од 60-70квадрати (овој пат со клими)... колку и да не ми е омилена на форумов (кога претераа со безобразен и агресивен маркетинг) мора да спомнам една опција која би ги елиминирала оние ризици кои ги спомна..... 10 години гаранција (од кои 8 по ред годишно плескаш 800 Денари на редовен сервис и продожеток на гаранцијата)... но истото (елиминирање на ризик за голем квар, компресор на пр.).... можеш да го направиш и со осигурување на климата кое заедно со бела техника нема да дојде повеќе од 1000 Денари год. (така да отпаѓа ризикот за квар на компресорот)... да се вратам на затоплувањето значи за +60 квадрати две клими Lomo Eco 3,5 (кои БТВ и нив ги дигнале со цената иљадарче (или комбинирани 09ка и 12ка)... https://klimi.mk/product.php?id=183 (но наскоро ќе чинат 20К, ти гарантирам), но еве и 22*2ком 44 ијлади го решаваш греењето на цел таков еден стан при работа на климите 6 месеци во годината 24/7 и температура во станот од 22-24 степени, при што и во најладните услови нема да потрошат (двете вкупно) дневно 30Kw/h што би значело под 900киловати месечно или по некој просек од 5 Денари (Скапа тарифа 6,5 Евтина 3,25) 4,500 во најладните месеци (Дек Јан) додека останатите од грејната сезона (крајот на Окт, Ное, Март почеток на Април)... во просек од 2-3000 месечно!... па ти сега пресметај ја разликата и дојди до заклучок сам...
    Дрвата јагленот... несакам да ги споредувам ниту коментирам повеќе за нив!
     
    Последно уредено: 12 октомври 2017 во 22:12
    На komandant_Mark му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Strelec

    Strelec

    Член од:
    9 јануари 2006
    Мислења:
    2.387
    Допаѓања:
    1.669
    Ме мрзи да рачунам и немислам да рачунам зашто за оваква инвестиција со бафери и радијатори која многу кошта а незнаеш што ке добиеш е ризик голем ако нема точна пресметка....инаку пишувано е на темава незнам колку пати.
    Најдов дека имаш куќа од 63м2, со 7цм стиропор изолација.
    Еве ти еден пример сличен на твојот за 60м2
    http://www.forum.hr/showpost.php?p=51915663&postcount=2696
    За со радијатори со полаз од барем 60Ц бафер од 500л е малку, но за подно и полаз од 35Ц 500литра сосем би задовлиле...све зависи од загубите и точнатапресметка....за 150м2 секако ке треба нешто околу 2000литри бафер.
    Накрај пак посигурна е инвестиција во клими како и да ја вртиш.
     
    На Che59 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Caviroski

    Caviroski

    Член од:
    17 август 2017
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    5
    Соларен систем од 1.200W со фотонапонски панели =2.400€ + 600€ за клима , вкупно еднакво на 3.000€
    Систем 2.400 W со фотонапонски панели е 4.600€ + 800€ за клима , вкупно 5.400€

    Стискаш на ON и глеј си работа.. Ни струја , ни дрва , ни пелети ни нафта ни гас...

    FAQ : каде да ги најдам :)

    Sent from my GT-S7390 using Tapatalk
     
  15. Strelec

    Strelec

    Член од:
    9 јануари 2006
    Мислења:
    2.387
    Допаѓања:
    1.669
    За Фотоволтаични панели незнам колку коштаат и кај ги има ....а клими hibrid ако бараш тоа може да ти најдам само пиши ПП :)
     

Сподели преку: