Најекономично греење (затоплување)

Член од
23 ноември 2016
Мислења
525
Поени од реакции
509
Знаеш што е 20 километри раздалеченост?
Тебе повеќе те трујат комшиите кои се греат на дрва, и ти самиот се труеш, пошто кога ќе отвориш врата и прозор од истиот чад ти влегува дома. Башка и ќумбето ти прочадува внатре, јаглерод моноксид и чад.

Јасно е дека нема да се разбереме со муабет, инаетот е јак во некои, и се затварат очите за фактите. Затоа мора закон за забрана на горење дрва да се донесе, и така се решат работите.

Влага е потребна за развој на штетни микроорганизми. Во мод на греење во внатрешната единица нема влага... Колку пати го повторив ова, треба ли да го нацртам за да го разбереш? :)
Ti zboris za inaet? Te prasav konkretno zosto ne proizveduvas struja so fotovoltaicni ili do veternici?
Zatoa sto e skapo?
80% od lugeto nemaat fasada i izolacija,maka macat so vlaga,a ti im kazuvas deka za 1000 eur ke mozat da great edna soba od 40÷50m2(znam deka ke se fatis za kvadraturava ama ok).
Bez izolacija od najmalku 10cm dzabe e se,ama vie sitni dilercinja i montercinja imate kjar od klimite i posle imate izgovor "los izbor na klima ste napravile ili montazata vi e losa".
Osven 2÷3 dileri koi jasno se proiznele tuka,ostanatite treba da ucite za marketing koj ne se bazira na plukanje na se sto "ne e vase"
Nikoj ne e glup da se gree na drva (zborov gree ne se odnesuva na kineskite klimi i ve molam da me postedite od vasite vreganja :) ), vie ne ste otkrile topla voda,samo nemastijata si go pravi svoeto,a ako vi e zagadeno slobodno vratete se od kade sto ste dosle
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.413
Поени од реакции
8.676
Во случајов не се работи за немаштија, туку за неукост во комбинација со инает и глупост, и затварање на очи пред фактите.

Се надевам само дека преку праќањето на „нас“ надвор од град и истакнување на твоето наводно градско потекло, не сакаш да инсинуираш некоја твоја супериорна едукација и знаење? Пошто ако судиме според знаењето и однесувањето, ти не само што не изгледаш како да потекнуваш од град, туку најверојатно не си ни од село. Од пештера некоја можеби? :sneaky:

80% od lugeto nemaat fasada i izolacija,maka macat so vlaga,a ti im kazuvas deka za 1000 eur ke mozat da great edna soba od 40÷50m2(znam deka ke se fatis za kvadraturava ama ok).
Тие што немаат фасада и изолација, истите проблеми ќе ги имаат со било какво греење. Или сакаш да кажеш дека 5 киловати топлина добиени од клима, не се еднакви со 5 киловати топлина добиени од горење дрва?

Ti zboris za inaet? Te prasav konkretno zosto ne proizveduvas struja so fotovoltaicni ili do veternici?
Zatoa sto e skapo?
Знаеш ли колку киловат часови и требаат на Македонија?
Колку фотоволтаик панели, или колку ветерници, требаат за да се произведе таа енергија?

Очигледно немаш поим за димензиите, посебно на економските. Па овде си размислуваш на памет, и се обидуваш да продадеш муда за бубрези. Прво најди ги тие пари (кои очигледно немаш поим колку се многу), па потоа веднаш ќе купиме фотоволтаик панели и ветерници, зошто да не.

Ама додека не купиме фотоволтаик панели и ветерници, нема да дозволиме да не трујат Кромањонци и Неандерталци кои на сите други подобри можности, запнале да палат оган во сред град. Ајт во дивина, па однесувајте се како диви луѓе и палете огнови, и чадете се, колку што сакате. Ама не може заради вашата себичност, и глупост и незнање, да ви се дозволи да труете други луѓе.

[DOUBLEPOST=1507725223][/DOUBLEPOST]
vie sitni dilercinja i montercinja imate kjar od klimite i posle imate izgovor "los izbor na klima ste napravile ili montazata vi e losa".
Osven 2÷3 dileri koi jasno se proiznele tuka,ostanatite treba da ucite za marketing
Сега јас треба да се објаснувам со некој недоквакан како тебе, дали сум „монтер или дилер“ на клима уреди? :)

Гледај бе вака Ад Хоминем, замисли дека си во право па сите ние овде навистина сме „прикриени монтери и дилери на клими“: Дури и да е така, нашите аргументи се сеуште аргументи на кои треба да одговориш - ако сакаш да докажеш својата ретардирана теза дека климите не ги бива за греење. :coffee:
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.749
Поени од реакции
747
Гасификација е уште една голема глупост. Технологија од пред 70 години. Ние денес се нафаќаме да инвестираме големи пари да се оствари...

Прво зошто?
Велат ќе било евтино.
Не може да е евтино бидејки е енергенс увезен од странство! Исто како нафтата.

Гасификација сама по себе е огромна инвестиција што е многу скапа и долга, тоа се корисникот треба да го плати врз цената на увезениот енергенс.

Сите цевки, па централи, па цевки до секоја зграда, па до секој стан, па прекопување по становите, се до нови бојлери, шпорети на гас, инсталации за парно на гас...замислете колку голема е таа почетна инвестиција...за на крај да можеме да плаќаме стански гас.

Значи на потрошени многу пари за инсталацијата, не сметајте на ефтино греење.

Е сега, ај да размислиме, наместо огормни пари за скапа гасификација и пренамена, плус редовно купување на увозен енергенс....

Не помислиме дека може да изградиме соларни централи и да не треба да увезуваме ништо, напротив да извезуваме...
Технологија од послеедните 10 години...

Само на кој да му текне, можеби за едно 70 години, кога ќе помине и тој воз ќе се сетиме дека можело да се градат соларни централи.....
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2013
Мислења
156
Поени од реакции
29
Здраво,
Ми треба клима за стан (јужна орјентација) станот е на средина во зградата има добра пвц дограма и супер надворешна изолација. Ми треба клима за затоплување на 50 м2, дали би била доволна 3.5 KW ?
Како што гледав на интернет се мислам помеѓу 2 модели што мислам дека ке завршат работа:
PANASONIC CS/CU-KE35TKE и GREE LOMO LCLH GWH12QC-K3DNB4G

https://klimi.mk/sporedba.php?id1=251&id2=106

мислење?
 
Член од
27 август 2016
Мислења
160
Поени од реакции
149

Ако сите станови околу тебе се врзани на топлификација можеби и ќе се згрееш со 3.5кв, во спротивно тешко.
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
525
Поени од реакции
509
Во случајов не се работи за немаштија, туку за неукост во комбинација со инает и глупост, и затварање на очи пред фактите.

Се надевам само дека преку праќањето на „нас“ надвор од град и истакнување на твоето наводно градско потекло, не сакаш да инсинуираш некоја твоја супериорна едукација и знаење? Пошто ако судиме според знаењето и однесувањето, ти не само што не изгледаш како да потекнуваш од град, туку најверојатно не си ни од село. Од пештера некоја можеби? :sneaky:

Тие што немаат фасада и изолација, истите проблеми ќе ги имаат со било какво греење. Или сакаш да кажеш дека 5 киловати топлина добиени од клима, не се еднакви со 5 киловати топлина добиени од горење дрва?

Знаеш ли колку киловат часови и требаат на Македонија?
Колку фотоволтаик панели, или колку ветерници, требаат за да се произведе таа енергија?

Очигледно немаш поим за димензиите, посебно на економските. Па овде си размислуваш на памет, и се обидуваш да продадеш муда за бубрези. Прво најди ги тие пари (кои очигледно немаш поим колку се многу), па потоа веднаш ќе купиме фотоволтаик панели и ветерници, зошто да не.

Ама додека не купиме фотоволтаик панели и ветерници, нема да дозволиме да не трујат Кромањонци и Неандерталци кои на сите други подобри можности, запнале да палат оган во сред град. Ајт во дивина, па однесувајте се како диви луѓе и палете огнови, и чадете се, колку што сакате. Ама не може заради вашата себичност, и глупост и незнање, да ви се дозволи да труете други луѓе.

[DOUBLEPOST=1507725223][/DOUBLEPOST]

Сега јас треба да се објаснувам со некој недоквакан како тебе, дали сум „монтер или дилер“ на клима уреди? :)

Гледај бе вака Ад Хоминем, замисли дека си во право па сите ние овде навистина сме „прикриени монтери и дилери на клими“: Дури и да е така, нашите аргументи се сеуште аргументи на кои треба да одговориш - ако сакаш да докажеш својата ретардирана теза дека климите не ги бива за греење. :coffee:
Pred faktite i bogovite molcat,da ne vadime "tapii" koj od kade poteknuva,za zal rasfrlanjeto so frazi ne go pokriva potekloto i vospituvanjeto. Izvini sto te pogodiv vo slaba tocka, i vo potpolnost te svakam sto tolku skokas i si radosen sto si pominal od cepenje drva na komoditetot sto ti go dava struja i sega gi vregas site sto nemaat pari da pominat na struja.
Ili vo prevod "kad se seljak pocipeli"
 
Член од
27 август 2016
Мислења
160
Поени од реакции
149
Џабе се расправате, секој си има своја математика во однос на греењето.Во становите се греат најчесто на струја, па кој можел да си дозволи наместил клима.Има добар дел од домаќинствата кои што одвај врзуваат први со први и колку и да сакаат не можат да си дозволат да купат, едноставно им е луксуз, па греат едно собче со термо, греалки и сл. или влечкаат секојдневно дрва од подрум (да има и такви).Во куќите пак важи истото за климите, но овде многу често се оди на централно загревање со котли на дрва, пелети, нафта и сл. бидејќи инсталација на добра топлотна пумпа ќе ги чини многу повеќе и се разбира оние со помали примања користат обични печки/ќумбиња на дрва (кои што се најголем процент).
Најдобра варијанта за намалување на загадувањето е градските населби да се приклучат на централно градско парно, но прво треба да се намали безобразно високата цена. Додека во приградските населби каде што е тешко изводливо и неисплатливо да се донесе централно греење,а воедно да биде и рентабилно, да се субвенционираат клими и топлотни пумпи воздух/вода.Само така ќе дишиме полесно како од воздухот така и од помалите сметки за загревање и на крај ке бидеме загреани како што треба.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.761
Поени од реакции
2.674
Гасификацијата е скапа како инфраструктура. Уште треба да се рачуна натоа што ние имаме практично 0% развиена секундарна мрежа, небаре примарната ни е развиена:(.
Втор подводен камен во таа приказна е што бизнис-политичката врхушка има да го силува народот уште пострашно од топлификација.
Со други зборови, дебели ни се шансите да ни се роди уште една мафија!
Како пример да ви ја наведам земјата извор на овој енергенс. Во Русија обичен граѓанин, читај жртва на системот, плаќа од 40-50 евра месечно за стан од 40-50 квадрати само за гас.При плата или пензија слична на нашата.
Што мислите, колку нас ќе не чини тоа задоволство, имајки во предвид дека треба да се задоволат апетитите на земјата извозник , на транзитерите и на нашата бизнис-политичка врхушка?
Гасот е ефтин за Германија на која Русија и е практички колонија и во која има закон по мерка на обичниот смртник, за фукара како нас, наскоро и воздухот ќе биде луксуз:mad:.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
763
Поени од реакции
810
ajде малку и од друга страна да погледнеме на тоа дека климите се најекономично средство за загревање и да си го поставиме следно прашање дали постарите граѓани се до толку затуцани или пак можеби и постапуваат до некаде практично како пример може дасе земе следново:

сведоци сме дека во последно време просечниот животен век на ел. уреди секоја година се намалува и сега засега просечен век на експлатација на ел. апарати е 6-7 год. после доаѓа до скапи и скоро секогаш неисплатливи интервенции примерот погоре со компресорот 330 евра, едно полнење со фреон 60 евра, наспроти дефеците на пр. шпоред на дрва, па се поставува прашањето дали ако на секои 5-7 год. треба да се купува нав уред поради неисплатливоста да се поправа, дополнително пак ќе треба да се плати монтажа на нов уред и демонтажа на стариот, економичноста му се намалува и не е таа што се декларира кога се рекламира дополнително за да ја истераш промотивната гаранција потребни се најчесто посети од сервисер кој треба дополнително да се плати и така натаму.

јас немам клима затоа што неможам да си ја дозволам од економски причини (не затоа што не сакам) и се греам со ТА печка и за одржување во живот на ТА печка трошоците и се минимални како е одржувањето на клима уред незнам и не хејтам против уредот ама погорниот пример ми фрли и малку поинакво светло на случајот, сигурно ЛГ клима ја купил 500 евра монтажа околу 50 ја дополнил еднаш со фреон и платил 60 евра станале над 600 евра и ја користел 3 год. значи годишно го чинела по 200 евра, за после да ја повтори постапката одново.

ајде да подискутираме за ова ако може без навреди
и кажување кој од каде дошол да си оди или напади од продавачите на уредов само како чиста и корекна дискусија со факт и бројки дали сум во право или не.

повелете ракавицата е фрлена за дискусија :zloo:
 
Член од
13 март 2017
Мислења
110
Поени од реакции
181
Ги заеба сеа со без навреди :) абе тука муабет нема без навреди, нели гледаш дека му бркаш во џебот а тогаш нема без навреди, на форумов има се, од дилери до патолошки случаи, затоа прво што треба да направиш е да навредуваш се по список да изринеш со тоа се спушташ на нивно ниво и после немаш мака :)

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.699
Поени од реакции
4.183
ajде малку и од друга страна да погледнеме на тоа дека климите се најекономично средство за загревање и да си го поставиме следно прашање дали постарите граѓани се до толку затуцани или пак можеби и постапуваат до некаде практично како пример може дасе земе следново:

сведоци сме дека во последно време просечниот животен век на ел. уреди секоја година се намалува и сега засега просечен век на експлатација на ел. апарати е 6-7 год. после доаѓа до скапи и скоро секогаш неисплатливи интервенции примерот погоре со компресорот 330 евра, едно полнење со фреон 60 евра, наспроти дефеците на пр. шпоред на дрва, па се поставува прашањето дали ако на секои 5-7 год. треба да се купува нав уред поради неисплатливоста да се поправа, дополнително пак ќе треба да се плати монтажа на нов уред и демонтажа на стариот, економичноста му се намалува и не е таа што се декларира кога се рекламира дополнително за да ја истераш промотивната гаранција потребни се најчесто посети од сервисер кој треба дополнително да се плати и така натаму.

јас немам клима затоа што неможам да си ја дозволам од економски причини (не затоа што не сакам) и се греам со ТА печка и за одржување во живот на ТА печка трошоците и се минимални како е одржувањето на клима уред незнам и не хејтам против уредот ама погорниот пример ми фрли и малку поинакво светло на случајот, сигурно ЛГ клима ја купил 500 евра монтажа околу 50 ја дополнил еднаш со фреон и платил 60 евра станале над 600 евра и ја користел 3 год. значи годишно го чинела по 200 евра, за после да ја повтори постапката одново.

ајде да подискутираме за ова ако може без навреди
и кажување кој од каде дошол да си оди или напади од продавачите на уредов само како чиста и корекна дискусија со факт и бројки дали сум во право или не.

повелете ракавицата е фрлена за дискусија :zloo:
Би рекол дека се зависи од тоа за кој модел, бренд и пазар се работи, како и од тоа како е монтиран клима уредот.
Има разни искуства (за штедливоста, испорачаната топлина, долговечноста, т.е. исплатливоста), некои се позитивни, некои и не се.
Добри и лоши страни има секој вид греење, па ни ова не е исклучок. Животниот век на ел. уреди е условен од повеќе нешта, како се користи и одржува, каде и како е монтиран, каков квалитет има (модел, бренд), па и од тоа колку чини. Нео не е Мицубиши или Даикин, и секако има разлика дали ќе се плати за уредот 30.000 или 60.000 денари.
 
Член од
18 април 2014
Мислења
334
Поени од реакции
563
i vo potpolnost te svakam sto tolku skokas i si radosen sto si pominal od cepenje drva na komoditetot sto ti go dava struja i sega gi vregas site sto nemaat pari da pominat na struja.
Види, проблемот со 99% од народот и еве твојот пример е тоа што не можат да разберат дека тие што се греат со топлотни пумпи не се греат на СТРУЈА.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.413
Поени од реакции
8.676
јас немам клима затоа што неможам да си ја дозволам од економски причини (не затоа што не сакам) и се греам со ТА печка и за одржување во живот на ТА печка трошоците и се минимални како е одржувањето на клима уред незнам и не хејтам против уредот ама погорниот пример ми фрли и малку поинакво светло на случајот, сигурно ЛГ клима ја купил 500 евра монтажа околу 50 ја дополнил еднаш со фреон и платил 60 евра станале над 600 евра и ја користел 3 год. значи годишно го чинела по 200 евра, за после да ја повтори постапката одново.

ајде да подискутираме за ова ако може без навреди
и кажување кој од каде дошол да си оди или напади од продавачите на уредов само како чиста и корекна дискусија со факт и бројки дали сум во право или не.

повелете ракавицата е фрлена за дискусија :zloo:
Повикот за дискусијата е таман на место, за тоа служи темава. :)

Но за да нема препукување без факти и аргументи (како со курто и мурто погоре), ни требаат емпириски податоци. И тоа измерени, без теоретизирање.
Од тој аспект јас на мојата клима имам поставено мерач. Грејата сезона ја почнав пред 4 дена и 21 час, климата е наместена да одржува ~24с, за тоа време потрошила 15,25 киловат часови, и според пресметките на мерачот направен е трошок од 67.9 денари (наместени се тарифите, минус претстојното воведување на дневна евтина тарифа).

Ете постави мерач на твојата термоакумулациона печка, и да споредуваме, неделни/месечни трошкови. Ако претпоставиме барем 5 години животен век на климата (колку што често одат гаранциите), тогаш јас за 5 години треба да заштедам барем колку што ми чинела климата.

За мерач на ТА мислам дека нема да можеш да поставиш од мерачиве кои ги употребуваме за климите, пошто обично се ограничени до 16 ампери. На некој српски форум гледав некоја идеја за тајмер (пошто ТА имаат фиксна потрошувачка, потребно ти е само времето на работа за едноставно да пресметаш потрошувачка).

Ајде. И мене ме интересираат практични резултати. Теоријата сите ја знаеме. :)

Pred faktite i bogovite molcat
Oва да беше вистина, немаше сега без да покажеш никакви аргументи, да се топориш со недоквакани конфронтации. Нејсе, таквите како тебе ќе не трујат сите со чадење и палење дрва, се додека тоа не ви се забрани со закон. Нема друга опција за вразумување.
 
Член од
5 јануари 2010
Мислења
195
Поени од реакции
154
Drugari vaka okolu zagaduvanjeto jas ne sum ubeden deka e od kjumbinjata, kako pred 15 20 godini ne bese zagadeno. Eve jas kaj sto ziveam brojot na kukji ne se zgolemil kojznae kolku za da se zgolemi tolku zagaduvanjeto. Moe mislenje e deka nenormalnoto gradenje niz centar k,voda i vodno , nenormalniot broj na vozila niz gradot namalenoto zelenilo i namaleniot provev na veter megju gradbite se najgolem faktor za zagaduvanje. Inace sto zborite so gumi se greele toa e ziva glupost , koj kje stavi guma vo sporet na drva , kje se zapali i odzak i kje se umirisa cela kukja . E sea ima nesovesni sto stavaat kjumur vo kjumbinjata i toa dosta zagaduva no toa ne se mnogu osven nekoi sto imaat kotli za parno, e toa moze da go zabrani drzavata da se prodava ,da nema od kade da se kupi.
Najgolemoto zagaduvanje e vo opstini kaj sto ima mnogu gradbi i zgradi a ne voopstinite kade sto se great na drva. Toa jasno ukazuva zosto e tolku zagadeno.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
763
Поени од реакции
810
@Vanlok јас сега трошам стрикно на ефтина тарифа отприлика 8-10 KWh и дневно ме кошта околу 30 сетина денари, кага ќе биде поладно ќе трошам и до 30 KWh или 90-100 денари кога е најладно но овој случај е реткост и е само кога дење ноќе е минус.
мислам дека со пуштање на ефтина денска тарифа ќе заштедуваме и ти и јас бидејќи јас ќе дополнувам кога ми е најпотребно т.с кога ќе почне да се изладуваат циглите, но да ти биде појасно јас греам мала површина 17-18 м2.
 
На врв Bottom