Најекономично греење (затоплување)

Член од
13 јули 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.771
Ovaa sporedba e za prestiz i luxuz, tuka raboti egoto nekoj si go hrani, kako i leci komplexite (Maibach Rolls R)... no nie zboruvame za uredi te za klima uredi - inverteri, koi gi kupuvame 99% poradi upotrebna vrednost (kvalitetno greenje, kvaliteten kompresor, kvalitetni delovi i materijali vo izrabotka, vrven softver, ekonomicnost na uredot, dolgorocna upotreba...i tn) a 1% za estetika i prestiz (da vidat komsiite se nasali nekoj pogore)... no koja e logikata megju ovie dve japonski klimi cenata da e 50% razlika?.... Ke dade 50% snaga poveke LN-to? Ke gree 50% poveke vreme (dolgorocna upotreba) LN-to? Ke bide 50% poekonomicno LN-to? Povtoruvam dvete se japonski klimi, ednata Mitsu 110K drugata (rece predhodno Trajche, za 55 bona) duplo poevtina!? Koja e logikata!? Ke si kupis dve Sensiri (ednata rezerva:P za parite od eden LN i ke te sluzat vkupno 20 god!
Прегледај го приврзокот 219028
Затоа и гледаш дека ФТХФ50 е постојано препорачувана тука бидејќи е со многу конкурентна цена. А уруру каде ти е? Таа е уште поскапа во ицс груп, исто Даикин. За џабе ли постои? ;)

Кај што има потреба од тие клими они парите си ги вадат за 1-2 години во однос на електрично/дрва/пелети. Затоа не е пресудна цената толку за некои корисници! За греење давале 90000 годишно, сега со клими даваат 20000. Цената климата си ја вади одма.

Друго е стан во кој давале 9000, па намалила на 2000. Тоа никогаш нема да се исплати.

Се си има свое.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
4.995
Поени од реакции
5.718
Колку им е просечниот век на работање на климите. На пример, поевтините (vivax, gree, haier) наспрема поскапите (daikin, mitsu и сл) ?
Значи да збориме од лично искуство, а не од маркетиншки дел.

Лично кажете си колку години користите и која клима?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
D

Deleted member 12196

Гостин
ај малку проста математика ако клима од:

100.000 дава 3,4

-25.000 дава 2,4

=75.000 разлика во пари или 75,000 / 4.5 за kwh = 16667kwh

со годишна разлика во потрошувачка од максимални 1000 kwh по сезона уредот треба да работи над 15 год. за да се дојде на нула, или ако цркне за упола од тоа 7-8 години колку што намерно се прават уредите да функционираат правете си ја сами математиката, а ефтиниот и да го замениш за пет пак си ќар,
ова е корисничка математика без разлика дали ќе им се допадне на продавачите.
Баш вакво е и моето размислување. Скапата клима кај мене никогаш не може да ја надополни разликата во однос на ефтината.
За 100к поарно купи си кожна гарнитура,оти тешко ќе импресионираш гости со клима па макар и Митсубиши била.За 99.99% од луѓето климата е пластична кутија на ѕидот,толку знаат и толку ги интересира.
А истите придобивки од една ФХ35 ќе ги добиеш и од две АЕРИ 2.5ки со тоа што нема “паметното око” на Митсуто подобро да ти ја расподели топлината од две посебни клими.
Никогаш нема да ја вратиш разликата во цена од SCOP4 до SCOP5.1,и на крај ако рикне една,ја фрлаш и си купуваш нова без да се тресеш многу многу.
Јас размислував малку во друг правец. Ако ефтината е послаба и на ладно не може да задоволи, тука е појака верзија. Наместо 3,5 од 25 000 денари работата ќе ја врши 5,5 од 35 000 денари. До 100 000 разликата е огромна. Ќе ја компензира помалата ефикасност на ефтината клима.
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.771
Баш вакво е и моето размислување. Скапата клима кај мене никогаш не може да ја надополни разликата во однос на ефтината.
Јас размислував малку во друг правец. Ако ефтината е послаба и на ладно не може да задоволи, тука е појака верзија. Наместо 3,5 од 25 000 денари работата ќе ја врши 5,5 од 35 000 денари. До 100 000 разликата е огромна. Ќе ја компензира помалата ефикасност на ефтината клима.
Друга работа што ја утињате.

Една клима вади 3кв со 900м3 и 44степени издув. Друга вади 3кв со 700м3 и 51степени издув. Трета вади 3кв со 1100м3 и 36 степени издув.

Исто киловати испорачуваат сите 3 клими. Но удобноста во собата е МАСИВНО различна. 1100м3 е ураган, па уште и со пониска температура од 36ц е ужасно. 900м3 со 44ц е поокеј, нема толку провев, и потопол издув од 44ц е сосем океј да се седи. Со 700м3 веќе е доста пристојно во поголема соба, многу е потивко, нема провев, а и тој што го има е врел и се осеќа како печка да дува, а не промаичка.

Не се будали ни луѓето, ни фирмите. Си има зошто од иста фирма има клими од 36000, 60000, и 180000. Таа од 36 ќе е утка невидена за греење, но ќе е сосем океј за ладење. Таа од 60000 ќе е океј за греење и супер за ладење. Таа од 180000 ќе е фантастична и за греење и за ладење.

Се си има свое.
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Препорака за мерач за потрошувачка и каде може да се набави. Воедно и предлог за инвертерче за 20тина квадрати( за спална плус ходник) како надопуна на сузумиво од дневна,буџет макс 27000ден
 
Член од
16 март 2019
Мислења
2.163
Поени од реакции
2.015
Препорака за мерач за потрошувачка и каде може да се набави. Воедно и предлог за инвертерче за 20тина квадрати( за спална плус ходник) како надопуна на сузумиво од дневна,буџет макс 27000ден
Merac za potrosuvacka imas ovde
LINK
Okolu izbor za inverter klima za toj buddzet edna od ovie klimi
1. https://klimi.mk/product.php?id=344

2 . https://klimi.mk/product.php?id=373

3 . https://klimi.mk/product.php?id=362
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.978
Поени од реакции
1.975
Препорака за мерач за потрошувачка и каде може да се набави. Воедно и предлог за инвертерче за 20тина квадрати( за спална плус ходник) како надопуна на сузумиво од дневна,буџет макс 27000ден
Merac ovoj tie so 2 tarifi ...vo anhoc ima 890den.ama.sonedna tarifa e ako ne ti menuva toa i ako ne tise ceka od Ali 3/4nedeli .....
27k.max budzet so se.montaza ili samo za klima.? Violata tie 26k imas golem izbor za cena okolu 25-27k
 
Attachments

Последно уредено:
Член од
2 јануари 2012
Мислења
233
Поени од реакции
280
Баш вакво е и моето размислување. Скапата клима кај мене никогаш не може да ја надополни разликата во однос на ефтината.
Јас размислував малку во друг правец. Ако ефтината е послаба и на ладно не може да задоволи, тука е појака верзија. Наместо 3,5 од 25 000 денари работата ќе ја врши 5,5 од 35 000 денари. До 100 000 разликата е огромна. Ќе ја компензира помалата ефикасност на ефтината клима.
taka razmisluvame nie sto kratime od sekade za da kupime solidna klima za malce pari... eve site prasuvaat za klima 35 kv budjet 30-35k ima narod sto nemoze da si dozvoli poveke... jbg treba da se jade, obleka i knigi za deca, struja, voda... so edna plata ne se stasuva da se platat site troskovi i zatoa taka razmisluvame
 
Член од
27 ноември 2018
Мислења
211
Поени од реакции
360
Како се овие 3.5киве за греење на детска соба 15м2, што има посалам да се земи?
Кои се две/три најдобри за минус температури?
 
I ti si vo pravo ..... Za sk. I nee tolku problem ...ostanatite mesta se mn.po slabi so finansii i poradi toa se bara haier,vivax,midea,st ... itn
Автоматски споено мислење:

Како се овие 3.5киве за греење на детска соба 15м2, што има посалам да се земи?
Кои се две/три најдобри за минус температури?
3.5kw vo 15m2,ke raboti kako on/off a za toplejne bilo koja inverter kete topli samo da neja isklucuvas ....odnosno ja ostavas 24/7 On.! Samo podesuvas temperatura +/- Primer : ja stavas 21° ako tie malce pokacuvas ako e mnogu namaluvas na.19 itn....
 
D

Deleted member 12196

Гостин
taka razmisluvame nie sto kratime od sekade za da kupime solidna klima za malce pari... eve site prasuvaat za klima 35 kv budjet 30-35k ima narod sto nemoze da si dozvoli poveke... jbg treba da se jade, obleka i knigi za deca, struja, voda... so edna plata ne se stasuva da se platat site troskovi i zatoa taka razmisluvame
Кај мене не е проблем цената. Можам да платам поскапа. Но не гледам причина да го направам тоа. Поефтината ќе троши повеќе, можеби кога е многу ладно нема да задоволува. Ама со разликата во цената за климата можам со години да ги покриваам трошоците за поголемата потрошувачка и по потреба да вршаам догревање во ладните денови.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.978
Поени од реакции
1.975
Кај мене не е проблем цената. Можам да платам поскапа. Но не гледам причина да го направам тоа. Поефтината ќе троши повеќе, можеби кога е многу ладно нема да задоволува. Ама со разликата во цената за климата можам со години да ги покриваам трошоците за поголемата потрошувачка и по потреба да вршаам догревање во ладните денови.
Druze jas i ti mozebi taka mislime bidejki sme.ograniceni da platime do 50k Max. A nekoj so ima 90k ne se zamara niso.forumi ni so nisto ....odi so srpskata pogovorka prasaj sto e poskapo 100% e podobro.....a nie tukaa ke klimcime.i ke ispravame politiki trosi/topli....itn...
Автоматски споено мислење:

Megu haier tide green i gree viola koja e podobar izbor?
Violata na greejne e 4.4kw i malce pojak izduv a haerot e 4.2kw
 
Член од
6 јуни 2017
Мислења
102
Поени од реакции
194
I ti si vo pravo ..... Za sk. I nee tolku problem ...ostanatite mesta se mn.po slabi so finansii i poradi toa se bara haier,vivax,midea,st ... itn
Ne bi se slozil vo celost so vasiot post. Da tocno e deka Skopje ekonomski e vo prednost pred site gradovi, no sto da se pravi so tipovi koi cela godina odat da tovaraat drva, po dva do tri kamioni dnevno utovar rastovar, za da soberat pari, za vo cela kuka parno na drva da naredat. Zavisno od kvadratura, parnoto kosta od 1800e pa nagore i plus od 15m3 do 20m3 vo sezona drva. Toa se plus 45 000 do 60 000 denari za da ko ke pojdel vo wc da mu bilo toplo. Alo vo wc se pominuva 2 min. Znaci mi se slucilo ova da mu objasnuvam na prijatel poznanik, deka so klima e podobro i pak ke bide stoplen, mi vika ne be bate drvo ko sto ke te stoplit nisto. Epa neka raboti za drva. Nekoi lugje ednostavno nemozes da im smenis mislenje, iako ona sto mu go kazuvas e provereno i zasega najekonomicno greenje.
Taka da toj sto saka ke najde nacin. Jas ne mozev da stavam mitsubishi heavi industries hyper inverter, no najdov odlicna klima za budzetot sto go imav planirano.
DAIKIN FTXF50A Sensira. Znaete sto imam.
Prezadovolen sum.
P.S: I da nemav 58 230 plus 90e montaza, ke najdev nacin da ja zemam.
Pozdrav

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom