Кога сме кај Wi-Fi, тие кои што имате, како го користите?
Прашањето ми е кое ви е корисничкото сценарио.
Знам дека можите да ја прилагодувате температурата од далечина, меѓутоа дали тоа го правите често и дали го наоѓате корисно.
Во мојот случај, на другиот спрат повеќе од 10 години имаме OnOff Beko 6-ка, кога никој нема дома, првиот што ќе дојде ја пушта климата на ладење, дури да се пресоблече (помалку од 5 мин) климата веќе си ја завршила работата.
Мојата клима SF50 нема WiFi модул, а не знам ни дали има можност да се додаде, не велам дека е gimmick, но ме интересира тие кои имате, дали ја наоѓате оваа функционалност битна и колку често ја користите.