Најдоброто кафе во Скопје?

Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.883
Поени од реакции
2.084
Definitivno Home Brews! :)
 
Член од
12 февруари 2020
Мислења
41
Поени од реакции
145
Ама тоа што ти си гуглал не ти дава кое кафе е најдобро, туку кој е најголем ланец. А, секоја тинејџерка и тинејџер, секој кинез што е во Европа, секој хипстер со Мекбук, дремат во Старбакс. Старбакс единствено добро имаат Мatcha Tea, другото се торти.
Точно е за вкусови не се дискутира, ама не можеш во категорија кафе да го ставиш локалот што става 5% кафе, 35% млеко и 60% преливи, шлагови и слични глупости. Тоа е кафе исто колку што и плескавицата во мекдоналдс е плескавица.
Истото важи донекаде и за Коста, иако они имаат подобар избор на кафиња.

Во било која држава надвор од Македонија да отидеш ќе најдеш 100 различни кафичи што се многу подобри од Старбакс. И за седење и за носење кафе. 7г ти е исто срање, за на инстаграм да те видат.
Во Македонија добро кафе во Баду, Кофи Фактори и Тренд на почетокот имаа добро Американо.
Се сложувам. Тоа што се најголеми ланци не го прави нивното кафе најдобро. За тебе. НО веројатно доколку се најголеми, веројатно се и најпосетени. За оние што седат во нив и консумираат од нивното кафе, веројатно е најдобро. Па макар и појма да немаат и да не прават разлика помеѓу кафе и торта.
Иако ова кафе https://www.starbucks.com/menu/product/873068625/hot?parent=/drinks/hot-coffees/brewed-coffees со 360мгр кофеин сигурно не спаѓа во категорија на кафе со 5% кафе, 35% млеко и 60% преливи, шлагови и ... Веројатно различно сме нарачале
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Наслушнав дека е купена франшиза за некој грчки кафич кој бил доста популарен јужно. Ќе го има на две локации, едната ќе да е на рекорд. Не ми текнува на името, ама со брзо гуглање ми се појави Mikel Coffee Company. Се надевам на пристојни цени.
За членот што го бара Старбакс, еве му замена.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
645
Поени од реакции
1.770
Вкусот на кафето не зависи само од квалитетот на кафето. Големо ако не и пресудно е добра апаратура за кафе...Тука спага и мелницата за кафе и самата машина за кафе, нејзиното одржување, редовно чистење. .. Кога ке се погодат сите елементи тогаш има вкусно кафе. Јас сум пиел на многу позабаталени места повкусно кафе отколку на места со познато име.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.909
Поени од реакции
10.540
Наслушнав дека е купена франшиза за некој грчки кафич кој бил доста популарен јужно. Ќе го има на две локации, едната ќе да е на рекорд. Не ми текнува на името, ама со брзо гуглање ми се појави Mikel Coffee Company. Се надевам на пристојни цени.
За членот што го бара Старбакс, еве му замена.
многу добро кафе имаат поготово фрапето им е перверзија
пример у старбакс у Солун нем толку гужва колку у Микел и тоа во секое време
ова на сликава полно до горе е платено 1е што значи тука негде со наш стандард ке биде

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.107
Поени од реакции
4.956
Кафе не се одредува дали е добро со тоа колку е полно, туку кратка доза на еспресо се што е со млеко може и најлошо кафе да е нема да приметиш.
Фрапе или ладниот неснти е истото кафе секаде.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.909
Поени од реакции
10.540
Кафе не се одредува дали е добро со тоа колку е полно, туку кратка доза на еспресо се што е со млеко може и најлошо кафе да е нема да приметиш.
Фрапе или ладниот неснти е истото кафе секаде.
исто ама не е исто
за грчкото фрапе користат посебно млеко а не како кај нас и вкусот е интезивен на кафето да не кажам се осеќа јачина
друга работа читам тука за Старбакс демек торти правеле ама не спомнуваат дека покрај тортите ги имаат и класичните кафиња као еспресо и макијато
нашиве еспреса ги пијам со едно шеќерче и ми е мех додека на старбакс е отров каде каде појако

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Кондензирано млеко ставаат во фрапињата у Грчка (во конзерва), тоа што кај нас тураат рандом најевтино млеко од тетрапак е друга приказна.
Плус - имаат друго Нескафе од она што се продава во Македонија. Различно е на вкус, дефинитивно.
И двете работи ги има за ОК пари во Лидл, на пример.

- Лажичка и пол кафе, шеќер по желба, се става еден прст вода. Се мути со тоа рачната мешалица за кафе, мора да се направи пена за да кога ќе ја свртиш чашата наопаку ништо не истекува.
-Се додаваат 2-3 коцки мраз, се става ладна вода некаде до 2/3 од чашата и на крај се става кондензирано млеко по желба.

Се добива истото фрапе како на плажа/кафич. Веќе година и кусур си правам по овој рецепт, нема утка.
 
Последно уредено:

најкористено им е ова а го има и во веро

поентата ми беше дека далеку фрапето е само некаков вкус на млеко и дека не се осеќа вкусот на кафето

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Starbucks... америчко срање што во ниту една држава со кафе традиција и разбирање неможе да просперира. Во Италија има дури едно во Милано наменето за туристи, во Австалија почнаа со 80 сега ги има 30тина и се наменети пак за туристи што се палат на марка, во Индонзија 2-3 во туристички шопинг центри, Виетнам, Колумбија, Еквадор... Овие имаат се освен кафе, бучкуриши што се продаваат ради имиџ.
Секаде во свет Старбакс работи турбо освен во Австралија. Во Австралија имаат некој друг ланец за кафиња и им се голема конкуренција и поради тоа Старбакс не можат да се пробијат таму.
 
DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
454
Поени од реакции
291
Кондензирано млеко ставаат во фрапињата у Грчка (во конзерва), тоа што кај нас тураат рандом најевтино млеко од тетрапак е друга приказна.
Плус - имаат друго Нескафе од она што се продава во Македонија. Различно е на вкус, дефинитивно.
И двете работи ги има за ОК пари во Лидл, на пример.

- Лажичка и пол кафе, шеќер по желба, се става еден прст вода. Се мути со тоа рачната мешалица за кафе, мора да се направи пена за да кога ќе ја свртиш чашата наопаку ништо не истекува.
-Се додаваат 2-3 коцки мраз, се става ладна вода некаде до 2/3 од чашата и на крај се става кондензирано млеко по желба.

Се добива истото фрапе како на плажа/кафич. Веќе година и кусур си правам по овој рецепт, нема утка.
Тотално се слагам со све што кажа во врска со грчкото кафе.
Грчкото Нескафе за фрапе и Македонското се разлика огромна. Долги години конзумирам грчко нескафе. Го правам по истиот рецепт што е опишан погоре. Кога и да ми дојдеа гости на кафе ме прашуваа како овој нес е толку поразличен од оној што го пијат во нашите кафичи.

Е сега, во врска со Старбакс кафето и сличните брендови...
Веќе неколку месеци живеам и работа во Холандија. Голем љубител сум на кафе и пијам по 3-4 дози дневно (најчесто кратки: еспресо, еспресо-макијато верзија). Во овој период тука скоро и да не наидов на добро кафе, со исклучок на неколку кафетерии од кои едноставно го обожавам кафето.

Една од тие е Douwe Egberts, позната Холандска фирма за кафе (го имате во грчка во поголеми маркети, еве како изгледа теглата). Во нивните кафетерии исто така има мал милион разни кафиња а.к.а. торти, што го викате погоре, но според мене тие се за оние луѓе што сакат да кажат дека пиеле кафе, или едноставно не сакаат кофеинот да ги удри јако :)
На страна од тортиве, во сите кафетерии ги има стандардните еспресо, еспресо макијато (single ili double), американо и сл. јаки кафиња, и овие кафиња се значи стварно пре-пре-добри.

Другата е Старбакс. Секој ден пијам еспресо на железничка дури чекам воз, и предобро е, верувајте. Торта не ни помислувам да земам од нив :)
Веројатно проблемот тука е што нудат општо грозни кафиња по регуларните кафетерии и киоск-шопс, па она што го добивата од Старбакс или DE - е премија.

Од МК локали, преферирам да одам на места кај што име Julius Mein кафе, тоа ми прави најмногу ќеиф :)
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Да, некако е погорко Нескафето за нивниот пазар. Али со водата, мразот и шеќерот се разблажува сосема доволно, па излегува сосема солидно фрапе :D
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Јас не знам како го оценувате вкусот на кафето во 7гр. и сличните како нив кои кафето го мешаат со разни засладувачи.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.316
Поени од реакции
22.605
Секаде во свет Старбакс работи турбо освен во Австралија. Во Австралија имаат некој друг ланец за кафиња и им се голема конкуренција и поради тоа Старбакс не можат да се пробијат таму.
Во топ 10 места каде Старбакс е најраспорстранет со исклучок на САД едино Мексико и Турција имаат некаква кафе култура и таму старбакс не ти е ни 5% од она што е во САД. Старбакс функционира во земји каде се палат на американа и каде старбакс тортите се интересни и можат да пројдат... Пример Кина, Јапан, Кореа, Филипини од Азија, земји каде не се пие кафе, се преферира чај или ако се пие кафе тогаш се бара да е ладно па бучкуршите полесно праѓаат. Во земјите каде што се произведува и пие кафе ги нема или ги има едвај на туристички места. Во европа види каде е популарно? Зошто ги нема во Италија? Во јужна америка едино ги има чат пат во Бразил и таму угалавно во туристичките места или ако се во помалите места тогаш имаат јак баристер што знае да прави кафе и ја знае машината па вади добро кафе. Неможам да ти објаснам ова ама во Бразил функционираат нетипично на Старбакс, не штанцаат кафиња него имаат помала побарувачка и може да ти направи АСАЛНО кафе. Во Африка исто, ги има на 3-4 места али фатија штрафта од Јужна Африка на пример пошто таму исто знаат што е кафе. Со Етиопија се тужеа откако Старбакс им ги крадеше брендовите и пази им ја намалуваше вредноста... На крај Старбакс ги исплати.

Не е баш како што си мислиш.
Автоматски споено мислење:

Јас не знам како го оценувате вкусот на кафето во 7гр. и сличните како нив кои кафето го мешаат со разни засладувачи.
Торта... Балкански Старбакс
 
Ја посочив Австралија бидејќи на неа прво ми текна. Иначе причината е иста сегде, а Старбакс не функционира и во Индија, Виетнам, Јужна Африка, Италија, Израел и Нов Зеланд.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom