Најдобри vs најлоши македонски веб сајтови

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Како може мотика и точка да го посетува некој, не ми е јасно. Толку глуп хумор и неписмени статии на едно место, нема нигде.

Како најдобри он.нет биФшо, плагиј.ат, бркај работа знаат да кажат нешо интересно. Другото се ветер и магла.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
100
Поени од реакции
17
Како може мотика и точка да го посетува некој, не ми е јасно. Толку глуп хумор и неписмени статии на едно место, нема нигде.

Како најдобри он.нет биФшо, плагиј.ат, бркај работа знаат да кажат нешо интересно. Другото се ветер и магла.
Чекај, сакаш да ми кажеш точка плагијат, а бркај работа не се ? Оф леле, бркај работа се најкатастрофалниот портал според мене!
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Чекај, сакаш да ми кажеш точка плагијат, а бркај работа не се ? Оф леле, бркај работа се најкатастрофалниот портал според мене!
Точка е дебилен сајт. Бркај работа реков дека знаат да кажат нешо интересно. А ако твојот НЕхумор ти дозволува да се радуваш на ретардираните клипови и слики на мотика, океј.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
100
Поени од реакции
17
Друже, никој не ја посетува мотика, само ти кажувам дека бркај работа никад немаат нешто интересно, ако ти се чита интересни и оригинални текстови, ќе си одиш на офф.нет и таму се тие прави текстови...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.312
Поени од реакции
15.547
kapital.mk

(се надевам после толку промоции на сите можни теми ќе ми дадат бесплатна месечна претплата :pos: )
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
kapital.mk

(се надевам после толку промоции на сите можни теми ќе ми дадат бесплатна месечна претплата :pos: )
Леле, колку се нервирам кога ќе сакам да прочитам нешто таму, и ми вади за претплата.

Инаку БркајРабота се трудат барем по малку, иако некогаш и тие вадат бош работи. А не морало да се копираат со Кирилица, со веќе ископиран дизајн од Index.hr.

А нешто полошо од Мотика е бедната копија на веќе лошиот оригинал, ЗабаваХ.
 
Член од
4 февруари 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Гледам често полемизирате како нашите портали се лоши, но дали има таков што може да речете дека е најдобар од кај нас? Еве една анкета, ме интересира какво е вашето мислење. Ги ставав претежно оние што ги начекав во Топ 50 на Alexa, па се истрошија можностите, па на последниот додадов опција „Друг“ да кажете свој фаворит ако го нема на листата. Па ајде да гласаме. :) Може и повеќе опции.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.312
Поени од реакции
15.547
Курир ги нема, јас не гласам!
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
365.com.mk
мада со новиов дизајн не знам.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.701
Поени од реакции
13.358
КАко бе тоа Точка ги има а Фемина јок...
Јас гласам за М експрес (јес да е фикција)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441
Темава веќе постоеше, ја споив новата со постоечката.
Зар навистина е потребна анкета? Се знае дека тука ќе победи Кајгана, исто како што би победил друг сајт доколку темата е отворена на неговиот форум... :)

Продолжете слободно со дискусијата.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
346
Поени од реакции
146
Кајгана да победи? Кајгана? :P
Шала на страна :) Се согласувам со тебе Acid и со Tonchie (некаде во првите постови)

За мене една веб страна треба да биде доста едноставна, практична без многу "дрангулии" (time.mk, донекаде Kajgana.....)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom