Најдобри филмови по Кајгана критериуми

  • Креатор на темата ¯\_(ツ)_/¯
  • Време на започнување

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
1. Ваш омилен филм за кој пријателите ви викаат: „Ти си немал појма од филмови!“
Memento- Ѓаволот ако постои ме тераше да го препорачам филмов на неколку пријатели...Премногу конфузен за некого,за некого уживање .Некој спомна дека филмов те остава подзамислен подолго време ,но доколку низ целиот филм ,што се вика не си склопил око - поракта е јасна на самиот крај. Мистерија и пол со не праволиниски приказна во однос како нештата се одвиваат.
2. Филм за кој мислите дека мора да ја преживее апокалипсата, дури и ако мора да ја жртвувате Грција за да го спасите.
Би ја жртвувал Грција за Снеч. Ниеден ама баш ниеден филм не ми бил забавен интересен и смешен како споменатиот. Ако исчадените двоцевки се шлагот, снеч е јаготката на врвот :D. Eден од ретките филмови ,чии дијалози можам да ги повторувам со одредени френдови кои не се филмомани/фили.
3. Филм кој би им го покажале на „малите зелени“ кога ќе дојдат, во надеж дека ќе им се допаднеме и нема да не истребат.
They live - Ако некој има дадено повеќе мање во филм од Чак ,ондак тоа е Roddy Piper. Зелените би се вратиле веднаш од таму од каде дошле :D
4. Филм од кој сте научиле многу, категорија Ретко Интелегентен Филм.
Ако го изоставам Чудесниот ум и начинот на кој е прикажано како да се успее во животот ,живеејќи со некој проблем (во случајот шизофренијата) ,би го спомнал и неодамна гледаниот Thank you for smoking ,од кого сум сеуште под свежи импресии . Можеби е далеку од некои врвни драма филмови али има многу работи што можат да се научат од филмот пред се водењето на дискусија и правилно користење на аргументите, моменталното капиталистичко општество жедно по зголемување на својот капитал, пороците итнт.
Да го подспомнам и The Bucket List -како еден од ретките инспиративни филмови,како и Mary and Max - ремек дело помеѓу анимираните филмчиња.

5. Филм кој откако завршил сте зјапале пет минути во екранот со WTF??? израз на лицето
Кој друг ако не Линч-овиот Lost highway. Koj го сконтал веднаш после гледањето или лаже или поседува надприродни способности. Премногу комплициран филм со многу симболи а главна тема грижата на совест и осудата/казната(психичка) за стореното ...
6. Филм што ве натерал да смените некакво мислење, сваќање или предрасуда за 180 степени, не целзиусови.
Бидејќи неможам да се сетам дали постои некој таков ,би го подспомнал Шиндлерова Листа во поглед на моите предрасуди кон германците за време на Нацизмот.

извинување до филмовите кои не ги спомнав(дел од нив погоре ги спомнаа некои членови) а сум уживал гледајќи ги:)
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Само Снеч го имам гледано од листава :D

Него, Рокенрола, има едно мислење, последното на предходната страна, кое мислам дека треба да се избрише. Peace, and now get back in the kitchen (y)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Само Снеч го имам гледано од листава :D

Него, Рокенрола, има едно мислење, последното на предходната страна, кое мислам дека треба да се избрише. Peace, and now get back in the kitchen (y)
Ти мислиш ама не треба :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Da, toa sakav da kazam a i kako zena bas jaka replika mi dade, i zasluze da ne i spomnam kujna. Nesto drugo gospodin "imam najkrsh lista za filmovi"?
А кој кажа дека твојата е добра освен ти самиот?
И не, она лајк ти е за трудот, не за квалитетот :) :cool:
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
1. Ваш омилен филм за кој пријателите ви викаат: „Ти си немал појма од филмови!“
Mr. Nobody. Го изгледав дома сам и бев воодушевен од филмот. Потоа, бидејќи сакав пак да го гледам а и цело време им го зборев на другарите, се собравме кај еден другар и го гледавме на 42 инчен телевизор. Нивната реакција беше "брат, ова е НАЈГЛУПИОТ ФИЛМ ШТО СУМ ГО ГЛЕДАЛ ВО ЖИВОТ!!!" и "од тебе веќе нејќам предлози за филмови" итн...
А всушност, сите што го гледале филмов знаат дека е еден од најдобрите на сите времиња. За мене е толку добар што одма по гледањето го ставив во категорија "Надвор од конкуренција". После некое време го изгледав и Lucky Number Slevin, па и тој го додадов во таа категорија.

2. Филм за кој мислите дека мора да ја преживее апокалипсата, дури и ако мора да ја жртвувате Грција за да го спасите.
Бидејќи веќе го пишав Mr. Nobody, овдека би го ставил филмот што ми е број 1 на листа, а е и број 1 на imdb :D. The Shawshank Redemption. Едноставно, филмов после гледањето ме остави без зборови. Особено кога се случи пресвртот во кој
Andy Dufresne отиде во банка и си ги подигна сите пари што претходно ги перел во затвор за Warden Norton - EPIC AND PRICELESS!!!

3. Филм кој би им го покажале на „малите зелени“ кога ќе дојдат, во надеж дека ќе им се допаднеме и нема да не истребат.
Прво ќе ги напушам, па ќе им го дадам да го гледаат How High. Во случај да не умрат попрво од смеа, сигурен сум дека ќе не' засакаат пошто ептен сме ги расположиле :ROFLMAO:

4. Филм од кој сте научиле многу, категорија Ретко Интелегентен Филм.
Бидејќи стварно не ми текнува на некој филм со оценка над 8 на imdb, а одма на памет ми дојде овој - ќе го пишам (иако може да ве зачуди малце :oops:). Spread. Филмов е со Ештон Качер во главна улога, и е навидум еден од оние "Ештон ги ебе сите девојки во филмот" тип на филм, али има многу добра приказна и поента. Јас го сфаќам како "ако веќе имаш гулаб во рака, не пробувај да ловиш уште врапчиња, бидејќи и гулабот ќе ти избега". Многу ми се свиѓеше филмов, и ме научи дека кога веќе имаш убава и богата девојка што те сака, а ти си шворц до коска пред да ја запознаеш - DON'T FUCK IT UP!!!

5. Филм кој откако завршил сте зјапале пет минути во екранот со WTF??? израз на лицето
Donnie Darko. Иако го гледав Director's Cut, потребни ми беа 2 саати читање за поентата на филмот после гледањето за да сфатам што сум гледал. Јас цело време мислев дека се работи за тип со мали пречки во развојот, што има халуцинации and shit... Ни на крај памет не ми дојде дека филмов уствари бил за
временски loop кој Дони се обидува да го прекрши веќе долго време, за сите останати да можат да продолжат со животот. Па и тоа дека учителката, девојката и уште неколку ликови му помагале при тоа...
Тешка психоделија е филмов...
Би го пишал и Primer, али него до ден денес не го разбирам, така да... :confused:

6. Филм што ве натерал да смените некакво мислење, сваќање или предрасуда за 180 степени, не целзиусови.
Kids. Не знам за вас, али за мене филмов е нешто посебно. Иако кога го гледав и јас бев до некаде во таа фаза, али филмов сигурно ми ги отвори очите за тоа како НЕ треба да се понаша еден тинејџер. Али затоа е пренесен на начин апла тежок за гледање...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
^Одлична листа (со исклучок на Спреад :) ), туку сакав да кажам: мислам дека многу малку форумџии го гледале Kids, а добро е да го гледаат, сигурен сум дека за тој филм ќе паднат добри дебати.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
^Одлична листа (со исклучок на Спреад :) ), туку сакав да кажам: мислам дека многу малку форумџии го гледале Kids, а добро е да го гледаат, сигурен сум дека за тој филм ќе паднат добри дебати.
Баш добро може да се вклопи Spread. Ретко интелигентен филм - меѓу таквите. Плус научил нешто човекот од него. И мене не ми беше лош, али не за да го ставам во топ листи, онака сакајќи лесен и глуп филм, друштво - парови, го пуштивме. Задоволи. Бел бумбар од мене.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Не е така лош филмот, мислам дека пишав рецензија и на мое изненадување му дадов позитивна оцена. Само некако не ми се вклопува со другите филмови во постот, ми стрчи малце :)
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Не е така лош филмот, мислам дека пишав рецензија и на мое изненадување му дадов позитивна оцена. Само некако не ми се вклопува со другите филмови во постот, ми стрчи малце :)
Па затоа и пишав за него "Бидејќи стварно не ми текнува на некој филм со оценка над 8 на imdb, а одма на памет ми дојде овој". Не знам, филмов ми има останато во памет и крај. Ич не очекував да биде толку добар пред да го гледам, ама тоа е. :)
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
^Одлична листа (со исклучок на Спреад :) ), туку сакав да кажам: мислам дека многу малку форумџии го гледале Kids, а добро е да го гледаат, сигурен сум дека за тој филм ќе паднат добри дебати.
Kids е полн погодок на листата , добра прилика за тие што генерално сметаат дека нема асални тинејџ филмчиња од САД , уникат во тој жанр.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Не знам баш дали може да влезе во тинејџ жанр, обично под тоа се подразбира пијани тинејџери во журка или кој со која раскинал и зошто... овој филм е шокантен, може да те акне од земја. Јас кога го гледав не ми се веруваше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom