Најдобри филмови по Кајгана критериуми

  • Креатор на темата ¯\_(ツ)_/¯
  • Време на започнување
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Она што Јонче сакаше да го каже во текстот подолу е дека ова е тема на која можеме да си направиме листа од филмови но по многу поинакви и нестандардни критериуми, а тие се:

1. Ваш омилен филм за кој пријателите ви викаат: „Ти си немал појма од филмови!“
2. Филм за кој мислите дека мора да ја преживее апокалипсата, дури и ако мора да ја жртвувате Грција за да го спасите.
3. Филм кој би им го покажале на „малите зелени“ кога ќе дојдат, во надеж дека ќе им се допаднеме и нема да не истребат.
4. Филм од кој сте научиле многу, категорија Ретко Интелегентен Филм.

Јас тука би додал:

5. Филм кој откако завршил сте зјапале пет минути во екранот со WTF??? израз на лицето
6. Филм што ве натерал да смените некакво мислење, сваќање или предрасуда за 180 степени, не целзиусови.

Листава можеби ќе ја дополниме, ако има предлози.

Сметам дека е интересно, значи не правиме листа од топ 5 или 10 филмови по ист критериум, туку бираме омилени филмови според различни и необични критериуми. Ве молам по еден филм во категорија, со мало појаснување зошто и како. Дозволени се и дискусии за мислењата, само не си ги вадете очите :)

Во продолжение е оригиналниот и малку збунувачки текст на Јонче кој има multiple personality disorder, што не е воопшто важно за темава ама ќеф ми е да ви кажам.

Листата мора да ја направите почнувајќи од следните критериуми:

- ваши омилени филмови, не филмови кои знаете дека се добри, пример: мене лично Аватар ми е подобар од Godfather, иако знам дека Godfather е подобар филм од Аватар, ама никако не можам да се поврзам со него.

- ако ги снема сите филмови од светот и би престанало да има филмови (што збориш бе море???), да ви се даде можност, кој филм би го “спасиле“?

- кога би биле нападнати од вонземјани и целото човештво избришано од планетата земја (wewe се пwaшам), кој филм би го препорачале на вонземјаните да го гледаат за да имат претстава какви сме ние луѓето.

- филм кој сметате дека МОРА да се гледа затоа што те научил многу работи (не порно :D)

Кхм, океј, ако на некој му текне некој друг ваков критеруим ИоСоно ке го додаде на листава.

Молба до сите што ќе пишуват на темата да не дадат одговори од типот:
1. Titanic
2. Dumb and Dumber
3. Snatch
4. Film 4
5. Film 5

Без пиритоа воопшто да не објасни зошто баш тој филм. Ама да објасни барем до 2 реда, не нешто како: “еее филмов е нешто лудо, па тоа крајот..абе....“.

Еднаш сакав само да биде еден филм не 5, ама ептен тешко ќе беше само еден, после сакав 10, ама ми изгледаа како многу, и исто во 10 филма, ке пикнеш некој онака, колку само да го има... Вака 5 малце е потешко од 10, ама пореално.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Чекај бе, знаеш како звучиш? Манијачки. Ти текнува во љубов и ебење кога ќе се регистрира некој нов и отвори тема пишувајте за вашето прво сексуално искуство, омилени пози, фетиши? Аутоматски си замислуваш некој nerd кој ќе се чепка на постовите. Кој да те сфати сериозно ако не напишеш прв.. Правило е мислам, при отварање тема. Стара школа си, треба да знаеш. :D

Има слични теми премногу, топ10, филмови кои мора да ги излгедаш пред да умреш и сл, али повраќаница се станети. Оваа може да ја направат важна, па од 50тина страни да се соберат најгледани и да се креира некоја ултимејт must see листа. Секако убаво објаснето и пред се` топ5 лично најдобри, а не титаник и шавшанк како што напиша.

Премногу има, неможам да ги сведам на 5 засега, да подразмислам, понатаму.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Јас се потрудив да и дадам малку позабавен карактер на темата од Крејзи, да и дадеме шанса да видиме како ќе се фати. Инаку што се однесува до темите кои ги спомна wot, модераторите наскоро ќе ве изненадат со една прилично опширна тема.
 
Н

'Никола'

Гостин
Ако сватив добро да се пробам.
1. Според првиот критериум, се двоумам меѓу два филма (секако настрана ги ставам Star Wars, тие ми се нешто незаменливо и непроценливо), но ќе одам со Interstate 60 : Episodes of the road.
Баш ми се погоди истото, значи филмов ми е во топ 3 одамна уште, не знам поради која причина, и дали е една или повеќе, сплет на околности, време кога прв пат сум го гледал, но мислам дека секогаш ќе ми биде тука кога ќе ми биде потребен.
И се запишував, а поентата ми е, со поблиските другари имаме различен вкус за филмови вкрај. Колку само пати имаме дискутирано за филмот, колку бил детски, предвидлив, неубаво склопен и уште мал милион такви ствари.
Пак ќе повторам, за мене, можеби дека во еден тежок период прв пат го гледав, ќе биде икона филмов.
2. За вториот критериум, е тука ќе си ги ставам Star Wars, за нив не грција, жена ми би си ја жртвувал. Мислам дека нема потреба објаснување за овие филмови.

Засега ќе останам само со првите два критериуми, за понатаму (ако е дозволено) ќе се надополнам.

п.с. Браво за идејава, и за втората шанса на темава.:)
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
1. Ваш омилен филм за кој пријателите ви викаат: „Ти си немал појма од филмови!“: Avatar, кој што сака нека изеде за филмот, факт е дека овој филм смена многу работи во филмската индустрија. Дали мислам дека приказната е нешто невидено до сега - не. Ама има најмалку 10 солидни филма (кои во имдб имаат над 8.х оценка) кои се многу слични со приказната, или се рип оф на некој друг по анонимен филм, така да околу ова нема многу филозофирање, исто така има мали делчиња онака мини spin-off's, кој навистина се премногу оригинални. Друга работа е тоа колку е само убер-запазено на секој ситен предмет. Филм многу интелегентно режиран, не е потрошено време на тролање во стил на “in the year 2184 (пример ова само) all the resources on earth are exhausted, one man, ONE DESTINY, ONE HUGE EVIL CORPORATION", значи не, ова можеби можеше повеке да пали ама не, него ептен такви ситни работи се оставени сам човек да ги приметува, освен тоа, не знаеме како стигнале до Пандора, со каква брзина патувале... Освен ова, никогаш во филмот немав чуство дека гледам CGI, низ цел филм бев убеден дека Пандора физички постои некаде и дека задутре можам да одам да ја посетам таа планета, и дека На’ви постои како раса. Начинот на кој е разкажан филмот е ѕверски, да беше пола вака разкажан покахонтас можеби ке заработеше пола миљјарда. :cool:

2.
Филм за кој мислите дека мора да ја преживее апокалипсата, дури и ако мора да ја жртвувате Грција за да го спасите: Magnolia, ако го немаш гледано овој филм, ти препорачувам одма, ОДМА да одиш на замунда (не знам дали го има таму) и да го доунлоадираш. Moжно е многумина да не го гледале на форум, дека никогаш не сум сретнал некој да има пишано за филмот, знам 100% њот го нема гледано, дека ке не труеше со филмот, ама да ке не труеше оправдано, а не како што тоа го прави со фајт клаб :P. Овој филм мора да преживее апокалипска, затоа што нема никаде подобро опишано за тоа какви всуштност сме ние луѓето. Не е тип на филм како Black Swan, онака глуп и дегенски (што збори талахасе бе?), (без да спојлерисувам) нешто како Crash/Love Actually е, само што све за човештвото е опфатено, ако продолжам да пишам само ке спојлерисувам нешто.

3. Филм кој би им го покажале на „малите зелени“ кога ќе дојдат, во надеж дека ќе им се допаднеме и нема да не истребат: Е.Т.? Paul? :D не знам, зависи какви се тие мали зелени, ако веќе дошле со цел да не истребат, би им го кажал Signs, за да се уплашат од водата, а ние имаме многу вода :D, или евентуално некој хорор за да си мислаат дека имаме духови во овој свет и никогаш нема да бидат оставени на мира :)

4.
Филм од кој сте научиле многу, категорија Ретко Интелегентен Филм: Hands down, The Big Lebowski, бев некаде 14/15 години кога го гледав филмот, и до 16 години можеби и над сто пати го догледав, затоа што сакав да станам како the dude.

5. Филм кој откако завршил сте зјапале пет минути во екранот со WTF??? израз на лицето: Без никакво сомнение 2001: A space odyssey. Сега кога веќе поминале неколку месеци и не сум онака под импресии (како што сме сите после само 20 минути откако завршил некој добар фил, и мислиме дека е најдобар на светот), филмот и не ми се допадна баш, како идеа беше кул, ама лично не би го ставил на топ 10, па дури ни топ 20 омилени филма, ама крајот, онака, седам и си викам “не бе, не заврше, како може вака да заврше“, толку збунет од филм никогаш не сум бил... Не беа 5 минути, беа 10, и после тоа вратив уште 2-3 пати, ама го гледам, го сфаќам, а не можам да го разберам... Па после гуглај, шмуглај, и после бев “ааааааа, абе да“, не дека не го сфаќаш, само си викаш бегај бе во тоа време немале шанси вака да мислат... Нека не се посрамоти некој да каже од прва сам го сфатил.

6.
Филм што ве натерал да смените некакво мислење, сваќање или предрасуда за 180 степени, не целзиусови: Е ова навистина не знам, ако ми текне некогаш ке пишам...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Ваш омилен филм за кој пријателите ви викаат: „Ти си немал појма од филмови!“

Сенки од Милчо. Искрено мене многу ми се допадна, највеќе ради Менка <3 но одличен филм е како и да е. Повеќето со кои имам дискутирано за филмов го ругаат.

Филм за кој мислите дека мора да ја преживее апокалипсата, дури и ако мора да ја жртвувате Грција за да го спасите.

Shawshank Redemption/Green Mile - sorry морам 2 филма за оваа категорија. Немам што да додадам за филмовиве иначе. Кој не ги глеал под хитно да ги гледа.

Филм кој би им го покажале на „малите зелени“ кога ќе дојдат, во надеж дека ќе им се допаднеме и нема да не истребат.

Forrest Gump - ќе го обожаваат!

Филм од кој сте научиле многу, категорија Ретко Интелегентен Филм.

Dead Poets Society - Oh captain my captain! Best teacher ever.

Филм кој откако завршил сте зјапале пет минути во екранот со WTF??? израз на лицето

Oldboy

Филм што ве натерал да смените некакво мислење, сваќање или предрасуда за 180 степени, не целзиусови.

Сигурно има некој ама не ми текнува моментално... или не сакам да признаам :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
OP is fag. Фатил врски за враќање од абисот.. овај од канта, темата. На еден прст се бројат темите што се вратиле од таму. :icon_lol: Него, cross my heart and hope to die, Џимеј ми е сведок, Magnolia го симнав 7 гигови, уште кога интернетот идеше со 200 максимум. :) Му помина модата и зборување на форумот, кај америте ти кога беше изгледа. A исто мислење делам за Avatar, дека го хејтаа тие што го симнаа 700мб или гигаидваесе. Филмот ако не во приказна (што и немаше ни намера) од аспект на аудио, видео и се тоа проследно (мислам дека сум јасен, не треба линкови од wiki) беше ептен иновативен и квалитетен. Да имавме едно IMAX кино, повеќе ќе ценевме многу филмови.

1. Ваш омилен филм за кој пријателите ви викаат: „Ти си немал појма од филмови!“
Fight Club. Не бе, не сум толку очигледен, после 7мото гледање, толку ги испотив жалниве со рецензии, цитати, слики and whatnot што мораа да го засакаат. Така да неможам овде да го сместам. Драстично се разликуваме во вкусови, неам болни другари. И скоро за секој ми го велат ова. Гледаат филмови кои маркетингот им завршил повеќе од работата, акција со коли, пи4ки & пукање и претежно (најважно) нови филмови. Освен еден, кој има вкус и е отворен за стари (пред се) квалитетни филмови. Така да ќе го земам него во споредба и критериуми. На мое изненадување, ме исхејта за Pulp Fiction. Значи ги изолирав другиве, така да не ме потете со не го сфатил. Зборувам за човек кој го има како аватар Daniel Day-Lewis, кој го обожава Full Metal Jacket, кој го гледал One Flew Over a Cuckoo's Nest, Taxi Driver, et cetera. Значи со океј вкус. Можеби малку луѓе би ми го рекле тоа за филмов, али хеј се деси, плус морам да го ставам во моите топбилоколку филмови. Сепак збориме и за најомилени топ не само за кои пријателите те исмевале. Плус, еден од филмовите кои најмногу ги цитирам. Како и да е, let's not start sucking each other dicks quite yet, одам понатаму.

2. Филм за кој мислите дека мора да ја преживее апокалипсата, дури и ако мора да ја жртвувате Грција за да го спасите: Drag me to Hell би го сејвнал и би живеел со истиот ако е у прашање жртвување Гејлада. YEAH MAN погрешно канализиран патриотизам и HELL YEAH мешам патриот со националист!! Ретко кој ја гледа разликава деновиве. Kaко и да е, знам ќе се согласи Psyside: The Green Mile, ако го немаш гледано овој филм, ти препорачувам одма, ОДМА да одиш на замунда (не знам дали го има таму) и да го доунлоадираш. Moжно е многумина да не го гледале на форум, дека никогаш не сум сретнал некој да има пишано за филмот. lol u mad ОP? :D Значи пак да напоменам, меѓу критериумите сепак треба и најомилени, затоа е листата тешка, и не е темата уште една lame wannabe top10 листа. Правам склоп на едно со друго. И мислам дека човештвото не би требало да биде без филмов. Како прв аргумент, опфатено има повеќе жанрови така да е наменет за поширока маса, не таргетирана група гледачи, па е скоро совршен за пост-апокалипса. Има глума, има приказна.. мислам if this one does not make your skin crawl, it's prolly on too tight! Kaко втор аргумент, јас така велам.

3. Филм кој би им го покажале на „малите зелени“ кога ќе дојдат, во надеж дека ќе им се допаднеме и нема да не истребат. Јас не би одел со Signs, плашење и закани. Повеќе сум passive-agresive kinda guy. Нешто као емоционална уцена, дека луѓето заслужуваат да живеат и дека се способни да се променат. Тука веќе би променил жанр и пак би вклучил еден од омилените (ако не друго барем меѓу анимираните ми е прв, плус и Појол стави цртан уште во првиот дел): Wall-E. I mean think about it, колку дијалози има во филмот, или ај да преформулирам, колку и да има колку би сфатиле ејлиениве? Овој е СОВРШЕН за тоа. Само преку симболика и мимики опишува се' вредно за зачувување на планетава, од тие емо стварите, како еве рецимо, хм.. љубов? Да. Mислам дека совршено ќе се поврзат со робот4ево, ќе се пронајдат како extraterrestrials во необична околина. Плус боите ќе ги шармираат, слушнав дека се into lasers and shit. Ќе им го пуштам во 480п минимум, знае Мац оти. ;)

4. Филм од кој сте научиле многу, категорија Ретко Интелегентен Филм: Pam Anderson goin down on two gu.. oh, не порно. Fuck. Незнам овде кој да ставам, ретко интелигентен филмови имам премногу, али првичната замисла е филм од кој сте научиле многу па ќе се ориентирам околу ова. Fuck уште еднаш, ретко учам од филмови, еве ако морам да одберам некој од кој нешто сум научил и ми е барем во топ50 е филмот кој ме научи да не се дрогирам. Trainspotting. Или ако почнам, дека тешко би престанал. Филмов со Requiem for a Dream и Candy (aj и за девојките еден) oбавезно да се воведат низ школите, како што имаат секс семинари иликакоидае. Овој изобилува со реалност од која секое влакно ќе ви добие ерекција. Доста језив, and yet полн со горчлив британски хумор. Изгледа утнав, ај нема веза, movin on..

5. Филм кој откако завршил сте зјапале пет минути во екранот со WTF??? израз на лицето: Fight Club. :D Нема да лажам, незнаев ништо за филмов, рандом го одбрав за гледање еден ден и можете да замислите резултатот. До ден денес гледан 7 пати. И секојпат дијалозите ми имаат повеќе и повеќе смисла. Култен филм, али што е тука е. Сега веќе overused е цел тој шаблон, али ипак мене ми остави доста голем импакт. Сам би се лажел дури и да помислам дека некој барем стигнал да измами WHAT THE FUCK фаца како овој. Досаден сум, deal with it.

6. Филм што ве натерал да смените некакво мислење, сваќање или предрасуда за 180 степени, не целзиусови: Enter the Void. Ah, кај да почнам.. о, aтеист сум. А филмов ме замисли јако, дури на денови.. Нема да пишам моја рецензија, се надевам дека Јове нема да се лути ако ја стаам неговата, цитирам; Сериозна мелодрама, засега филм на 2010 според мене. Изборот за годинава е тежок, како ретко кога страшно добри филмови излегоа годинава на мое задоволство морам да признаам.
Филмов не е за секого, не е воопшто лесен. Дури и ако сте гледале трилери, драми, психолошки филмови пак ќе се почувствувате изморени и излудени после филмов. Долг е, вулгарен, навлегува во сите пори на денешното изопачено општество и смрди на трулост и грев. Ќе ви ги измеша чувствата, ќе отвори прашања, ќе ве инспирира, ќе ве остави без зборови. Го ставам во ранг со A Clockwork Orange од аспект на "скокотливоста" која ќе ја предизвика.

Искрено режисерот пред овој филм и не ми беше баш познат, читајќи рецензии на интернет сфатив дека човекот навистина има еден брилијатно изопачен ум и класа кога станува збор за режирање филмови. Брилијантноста на Кјубрик, изопаченоста на Линч, паранојата на Скорцезе, класата на Иствуд, ако успее да воспостави континуитет во снимање на филмовите може да стане уште еден во низата на споменатите великани. Не претерувам бидејќи во време кога сите се обидуваат да внесат што е можно повеќе компјутерски генерирани ефекти, маестрово со еден феноменален пристап во поглед на кинематографијата прави едно мало ремек дело и воведува еден нов стил во снимањето на филмови. Силни контрасти, невообично реалистичен кадар од прво лице, психоделични трипови зачинети со постојани премини меѓу животните портали. Можеби кинематографијата малку потсетува на онаа од 2006та Children of Man, но сепак според мене е далеку подобра и пореволуционерна. Границите на смимањето филмови се поместени, со пристапот кој го завзема Гаспар Ное, шокантен, насилен, вулгарен, луд, екстремен и провокативен. За разлика од Српски Филм, за кој слушав толку многу а го прекинав после 15 минути поради нечовечката, изопачена и дебилна суштина, немањето сценарио и поента овој го изгледав до крај и се импресионирав.

Дејствието е сместено во Токио, приказната е за младиот Оскар, кој во потрага по забава и заработка станува дилер на дрога. Постепено започнува да конзумира дрога, се додека не заврши на оние најопојните и евентуално е фатен во тесно од страна на полицијата кога треба да дила во еден клуб наречен Void. Полицијата го застрелува, ликот умира и тука започнува се. Неговиот дух го напушта неговото тело, се потсеќа на целиот негов живот, на неговата сестра, на неговите родители, на сообраќајката, на тоа како стигна до Токио, на дрогата. Филмот отвара прашања поврзани со Будизмот, задгробниот живот, реинкарнацијата, реалноста, семејството и неговата улога, инцестот и Едиповиот комплекс, психоделичните трипови, психотропните супстанции. Брилијантно е претставено она out of body искуство, главниот карактер додека е жив е претставен со кадар од прво лице со повремени кратки прекини за да се симулира трепкањето, говорот и движењата на истиот е феноменално симулирани а и трип-визијата за психоделичниот секогаш осветлен Токио е неопислива. Се на се, филмот вреди да се погледне јас само ќе ве испровоцирам со овој краток вовед па она другото останува на вас.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Њалл-е бе... :rolleyes:

Него, да се додадат и овие критериума: Омилен филм од детството и Your guilty pleasure, т.е. филм за кој се “срамите“ јавно да признаете дека ви се допаѓа, од причина што знаете ќе бидете наречени разни имиња :D

Ова со Фајт Клаб, повеќе се држиш уште на филмов дека нејќеш то лет доњн ѕоурселф (to let down yourself), не дека го бива. Еве како показател е тоа што го пиша: “И секојпат дијалозите ми имаат повеќе и повеќе смисла“, hows that even a good thing? Halfway through it i was like: this nerd dude better not be Ty...FUUUUUUUUUUUU. :D

Magnolia >>>>>>>>>>> The Green Mile

Не дека плукам по грин мајл, ама ...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Не бе, не ми го вади крајот мене Фајкла па да се држам лееј колку е јак. Мислев на дијалозите, еве пример The things you own, end up owning you. И поминало цела година од последниот пат кога сум го глеал. И го пуштам еве а пред 2 месеци сум земал патики кои ги ОБОЖАВАМ, сум ги платил 7.000 и сепак ми стои малку. Едноставно љубов у предмети (прашај Ина за ова, ќе ти објасни :D). И сега јас ги поседувам кога ги земав, али после месец два си станат нивни роб, ги чистиш, ги полираш, не искачаш дека претходно врнело и слични ствари. Завршува тие да те поседуваат. Ова попрост пример, многу дијалози ми се епик одново и одново, со некоја подлабока смисла, едноставно животот сумиран. И плус, никад не би ми здосадил гласот на Нортон коа вели: This is Bob. Bob has bitch tits.

За Магнолија, исто, не хејтам, али многу ми има од таков стил, ги наброи. Green Mile е повеќе култен дека е уникатен. Утре еве, големо име има зад Here After, fuckin Eastwood, и ќе биде за некои кои денес се копиљи епик како нас Магнолија. Green Mile ќе нема наследник. :)

Wall-E кине, не чепкај таму.

Инаку, вака само ќе забегаме со секакви предлози, денес омилен од детството, утре омилен месецов, и пак уште една повраќаница тема. Guilty pleasure океј е до некаде. Ако веќе толку ти се игра, еве замена. До 18 ден сум јас, а Џимеј и Болиглава се гејови, откажаа. :P
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Не бе, не ми го вади крајот мене Фајкла па да се држам лееј колку е јак. Мислев на дијалозите, еве пример The things you own, end up owning you. И поминало цела година од последниот пат кога сум го глеал. И го пуштам еве а пред 2 месеци сум земал патики кои ги ОБОЖАВАМ, сум ги платил 7.000 и сепак ми стои малку. Едноставно љубов у предмети (прашај Ина за ова, ќе ти објасни :D). И сега јас ги поседувам кога ги земав, али после месец два си станат нивни роб, ги чистиш, ги полираш, не искачаш дека претходно врнело и слични ствари. Завршува тие да те поседуваат. Ова попрост пример, многу дијалози ми се епик одново и одново, со некоја подлабока смисла, едноставно животот сумиран. И плус, никад не би ми здосадил гласот на Нортон коа вели: This is Bob. Bob has bitch tits.

За Магнолија, исто, не хејтам, али многу ми има од таков стил, ги наброи. Green Mile е повеќе култен дека е уникатен. Утре еве, големо име има зад Here After, fuckin Eastwood, и ќе биде за некои кои денес се копиљи епик како нас Магнолија. Green Mile ќе нема наследник. :)

Wall-E кине, не чепкај таму.

Инаку, вака само ќе забегаме со секакви предлози, денес омилен од детството, утре омилен месецов, и пак уште една повраќаница тема. Guilty pleasure океј е до некаде. Ако веќе толку ти се игра, еве замена. До 18 ден сум јас, а Џимеј и Болиглава се гејови, откажаа. :p
Ај жити се немој со некои квази-уана-би-смарт-непостоечки-работи :love:
Патиките ги купуваш дека не си кретен па бос да одиш, тоа дека you take care for them, е уште една работа која нема врска со филмот, тоа ти е дека не си глуп па да играш фудбал со нив, и задутре пак нови да купиш(и немој случајно да си рекол “ама има подлабоко филозофско значење кое не го сфаќаш, дека ич нема такво нешто). Сега може да ми вратиш дека си можел да купиш патики од 1000 ден, и пак да ти завршат работа (иако би морал 10 пара во една година да смениш), но на ова јас би ти вратил, ајде ожени се со некоја која не ти е по кејф? :D

Ова ти е пример ист како да купиш огромен телевизор и оптикал сараунд, и после месец да речеш this home theater shit is owning me, by letting me enjoy 1080p 50GB 5.1 LoTR: Two Towers. Не биди бунтовник во стил на “леле колку е глуп светот“, затоа што на крај таа му е цела поента на Фајт Клаб. Светот ич не е глуп, Фајкла е. A тоа за јаките реплики, најсериозно во филмот Зак анд Мири мејк а порно, имаш 10000 пати по јаки и по вистинити цитати, such as:​


Zack Brown: Delaney, my friend, you are On-Ur-Knees Bend-Over.
Delaney: Man, I can't be in no porno. My wife will kill me.
Miriam Linky: Hump me, On-Ur-Knees Bend-Over. You're my only hump.
Delaney: On the other hand, fuck my wife.

Која е разликата во станот што живееше “лузерот“ од станот во кој живееше “херојот“ ака Тајлер? Не, освен трикот кој го направи режисерот, нешто како во Симс, за секој предмет цени покажуваше и демек леле колку многу пари кошта ова. Разликата е во тоа што: a better life. Топло, кејбл ти-ви, добар мебел, чисто, добра плата, добра работа, хиги-факин-ена, а ваму, ни струја, ни ништо... Ама не... Не е тоа целта на животот нели? :eek:

Тоа за Магнолија>Грин Мајл, е пример само за категоријата нумеро дуе.​

Is your laptop/computer owning you bro? It's not helping you in any way right? HE IS OWNING YOU!!!!​

youth... (y)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Пишав дека примерот е прост и from the top of my head, во секој исти таков има дупки. А ти се фати за истиот како за инсулин. (има тука шега али хеј, не ја пишам да не ја земеш како валиден аргумент при следното цитирање)

Виј вака Dr. Manh.. (кажи ми дека ја гледаш иронијата во ова со новиве никови секоја недела? Гребај дур не се појават тројца Тајлери :D) Ќе ја уништиме темава ако навлеземе подлабоко, а за посериозно дискутирање ќе треба да се остаам на тастатурава, а во темата со таква намена не стоеше ни еден месец филмов. За реченицата со саркастичното смајли, шо е битно бе пер, површно гледано не, не е тоа целта на животот. Ама не е ни комфортот кој го форсираш некаков фактор за среќен, читај потенцирано среќен, живот. Но овде навлегуваме во подлабока философија. Bottom line, грешката тебе ти е во: многу фрикови (како мене) се пронаоѓаат во филмот и целата таа идеологија и ја форсираат. Како религија. И ти како таков го оценуваш. Kaко идеологија. Оцени го како stand-alone филмче? Ама не, си закаснел и си го видел шаблонот, си го пробил матриксот. Од аспект на сторија, глума, музика и такви површни ствари за оценување на филм, објективно, неможеш да кажеш дека е глуп.

Не ти чини аголот од кој гледаш, ајде, по некоја ефтина логика, го хејташ Star Wars? Дека хеј, има фан база, онака хардкор кои се водат по таа Jedi идеологија, што е textbook 101 религија, ама има ласерски мечови и господ не е господ туку *drum roll* The Force. Гласам да го вратат за дискусија, би продискутирале на големо, на другата тема, ќе ја расипаме оваа. И пиши ми за guilty pleasure. Мене ми текнува на Twilight, каде рецензијата се сведуваше на слика и оцена. Дадено 8ка. :O дека фаќав цицка и ми има остането како позитивно искуство. :D Шала, ќе одам со друг, секако.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ќе дозволиме да се развие дискусија на темава така да слободно реплицирајте, без гајле.

Еве и од мене избор:

1. Ваш омилен филм за кој пријателите ви викаат: „Ти си немал појма од филмови!“
Значи ова не ми е омилен филм, во точка 2 ми е омилениот. Ова ми е омилен филм за кој не можам да наидам на разбирање кај пошироките народни маси. :) А тоа е Forrest Gump (1994). Сеуште има народ кој се чуди како овој филм добил оскар и оспорува се во филмот освен глумата на Том Хенкс, но мислам дека многу луѓе површно го сваќаат ликот и делото на нашиот јунак кој низ својот обичен, најобичен живот дирекно влијаеше на некои многу важни, и некои многу споредни работи во светот, без притоа да биде свесен за истото. Тоа е она што најмногу ми се допаѓа во овој искрен и емотивен филм.

2. Филм за кој мислите дека мора да ја преживее апокалипсата, дури и ако мора да ја жртвувате Грција за да го спасите.
Nuovo Cinema Paradiso (1988) e според мене најдобриот филм на сите времиња. Точка. Нов ред.
Филмот на најубав можен начин и оддава почит на филмската уметност, како ниеден друг филм пред или по него. Низ животот на Тото, неговото дество и младоста ни е прикажана љубовта кон филмовите на сите генерации. Филм кој ќе ве насмее и расплаче истовремено, филм за вистинските филмаџии.
Мало предупредување: во никој случај немој да ја гледате Directors Cut верзијата, ќе ви го расипе филмот. Тоа евентуално после гледање на вообичаената кино верзија, чисто од љубопитност.

3. Филм кој би им го покажале на „малите зелени“ кога ќе дојдат, во надеж дека ќе им се допаднеме и нема да не истребат.
It's a Wonderful Life (1946). Ако малите зелени дојдат со лоши намери, овој филм ни е последната надеж да се зезнат и да ни дадат втора шанса. Демек, не сме ние така лоши, има нешто добро и во нас, што не прави посебни. Посебни, мај ес...

4. Филм од кој сте научиле многу, категорија Ретко Интелегентен Филм.
Network (1976). Научив многу за телевизијата, како функционира, колку е корумпирана и за што навистина служи. Во овој филм со многу интелегентни дијалози и култни сцени, е опишан почетокот на модерната телевизија каква што ја знаеме денес. Филмот го сметам за еден вид претскажување.

5. Филм кој откако завршил сте зјапале пет минути во екранот со WTF??? израз на лицето
The Sixth Sense (1999). Не знаев ама баш ништо за филмот кога го гледав. И не сватив што се случува до последнат сцена. Не само што имав WTF израз, туку и не можев да заспијам од мака што „не видов нешто што ми беше пред очи цело време“. Ама супер филм, идните генерации ќе го опишуваат со зборот „Класика“.

6. Филм што ве натерал да смените некакво мислење, сваќање или предрасуда за 180 степени, не целзиусови.
The Life of David Gale (2003), кој го смени моето мислење за смртната казна.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
1. Ваш омилен филм за кој пријателите ви викаат: „Ти си немал појма од филмови!“

Титаник !
Онај со Ди Каприо и онаа како се викаше...
Препорачан од филипинец, колега кога работев на брод, нешто као “остај шо викаат, филмот е зверски, ќе видиш“...си го изнајмив на лице место, оригинал ДВД...и после ги броев чамците за спасување на палубиве...и не, сеуште нема за сите место, нека не ве лажат, пребројано и помножено со капацитет на места, сомнеж дека дел од посадата е expendable, нешто како баласт...
Тотално зверски, посебно последниот саат време од филмот.

2. Филм за кој мислите дека мора да ја преживее апокалипсата, дури и ако мора да ја жртвувате Грција за да го спасите.

Mad Max.
Ја преживеа апокалипсата, зошто не и филмот да не ја преживее !?
Пост-апокалиптично дежа ву? Можеби ќе им делува и оптимистично на гледачите.
Снимен за 300.000 австралиски долари, дел од глумците се болничари кои ги собрал режисерот “ај ќе снимаме филм за викенд ако не сте зафатени“ ради немање кеш за supporting roles.
Ако не беше така нема да постоеја ликовите како Cundalini, The Nightrider, Roop, Fifi, Johny the Boy...тоа не се плаќа со пари...

3. Филм кој би им го покажале на „малите зелени“ кога ќе дојдат, во надеж дека ќе им се допаднеме и нема да не истребат.

Mission.
Со Џереми Ајронс и Де Ниро.
Можеби ќе се сожалат на нас бедните, па нема да изиграваат шпански конквистадори во Парагвај, а нас нема да не бранат runaway Jesuit dropouts...
Мислам дека ќе ги фати на алтруизам.

4. Филм од кој сте научиле многу, категорија Ретко Интелегентен Филм.

One flew over the cuckoo`s nest.
Системот во мало, да не речам во една просторија, зиповано во односите меѓу “лудите“ и “чуварите“.
Unzip that на макро-план и имаш пред тебе се што те очекува во животот.
Да...и лоботомија има плус...:D

5. Филм кој откако завршил сте зјапале пет минути во екранот со WTF??? израз на лицето

Zabriskie point.:eek:
До тогаш не знаев дека и со камера се правеле чуда.
Има едно 5 минути дијалози, останатото е...некакви секвенци споени од директорот на фотографија, визуелни доживљај со троа напнување на мозокот на некои сцени...и секако веќе не снимаат такви филмови...а можеби и поарно...

6. Филм што ве натерал да смените некакво мислење, сваќање или предрасуда за 180 степени, не целзиусови.

The Killing fields.
Има луѓе кои не се предаваат.
Кои системот не може да ги ебе.
Макар и тој систем бил олицетворен во Пол Пот и Црвените Кмери каде што аргумент за побивање различно мислење била мачета, факти кои го подржувале режимот и неговата “исправност“ куршум во глава а прехрамбените навики ограничени на шака ориз и малку вода во период од 24 саати од кои пола на работно место “референт по садење ориз на места непредвидени од Бог и здравиот разум за таа намена“.
Еден таков чичко кој не го ебеше и таквиот систем (!?) беше еден камбоџански новинар. Against all the odds, успеа. Како? Well...
Финалната сцена ако не ви измами некоја солза...нешто не е во ред со вас, жими се...

Има и други кои можат да ги заменат наведените, но ете...да се ограничиме на “прва постава„...:D
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Toecutter има ѕверска листа освен “Zabriskie point“, кој не сум го гледал и прв пат слушам за филмов, за разлика од ИоСоно кој освен Форест Гамп, све му е промашај :D

@њот, Стар Њарс ми е во топ листа на филмови кои мора да се гледат барем два пати пред да наполниш 18 години, и многу гејски од “академијата“ што не и дала оскар на Лукас, ама тоа е тоа. За тоа што викаш дека си ми дал еден пример онака, океј така нека е, сега дај ми еден пример од фајкла, ама некој онака за кој мислиш дека вреди да се гледа филмот. Само да не е сапунот. Или коментарот “is that what a real man should look like"(или вака нешто слично беше) cos i'll be god damned if thats not how we suppose to look. :oops:

И ова сега ми текна, првин Едуард вика: this is bob, bob has bitch tits. Ова освен ако си ретардиран ке сфатиш дека ги заебава/навредува дебелите (јеа рајт тестостерон и глупости...за дебели е), после го кажува коментарот за батево од рекламата во автобусот, демек такво убер добро тело е глупо/лејм или не е тоа тоа... How about this, as a major plot hole? :D

Денеска ова, утре може ке убије некој од браќата кои живееја со него...wait, WHAT???

А и рака на срце, листава моја владее бе. Најди нешто што не треба да е таму. :P
 
Член од
18 април 2008
Мислења
876
Поени од реакции
213
1. Bad Lieutenant / Mr. Brooks -незнам зошто но само јас бес единствениот кој остана без зборови од овие 2 филма (секако дека падна и малце ремет на моја сметка)
2. The Godfather / Kingdom of heaven / Thank you for smoking / Bravehearth / Black Swan / Butterfly effect / Titanic( некако овие први на мозок ми дојдоа)
3 Half Baked / How High / Ace Ventura / Пинк Пантер (сепак нели сакаме да и посакаме топло и весело добредојде :D )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom