Најдобри пелени

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Еднократните пелени за бебиња можете слободно да ги наречете „нужно зло“. Тие се практични и едноставни за употреба, и им заштедуваат многу труд и време на мајките, во однос на употребата на памучни пелени.

Но, за жал, еднократните пелени содржат многу хемикалии од кои најштетни се диоксините како и натриум полиакрилатот (Sodium Polyacrylate), хидрогел кој ја впива течноста внатре во пелената и ја задржува во својата структура оневозможувајќи да протече од пелената. Производителите на пелени, секако, тврдат дека сите супстанци што ги содржат пелените се безбедни за бебињата, но овие прашања не се докрај расчистени, и за нив се води постојана полемика на Интернет меѓу родителите што користат еднократни пелени и оние што користат платнени пелени за своите бебиња. Без разлика на марката на пелени, сите еднократни пелени можат да предизвикаат осип на кожата на бебето (токму поради хемикалиите во нив) и сите можат да пропуштат. Во врска со осипот, еден корисен совет е да осигурате дека кожата на бебето е сува пред да ја наместите пелената. Влажната кожа, како и дополнителната влага во пелената се добра подлога за развој на осип и габични инфекции. Во врска со пропуштањето, треба да осигурате дека користите соодветен број на пелени, бидејќи пелените ќе пропуштат и ако се големи и ако се мали за вашето бебе. На поголем број на пелени обично се преминува кога бебето ќе достигне тежина од 1 килограм помалку од тежината со која започнува следната величина. На пример, ако користите величина 3 (од 4 до 9 кг.), а бебето достигне тежина од 6 кг., време е да преминете на величина 4 (од 7 до 14 кг.).

Секако, ова е само генерална насока, на вас останува да определите која величина му одговара на бебето во однос на неговата индивидуална градба и тежина. Што се однесува до цената, помалите величини од различните марки имаат скоро иста цена, разликите се јавуваат со зголемувањето на величината. Истото се однесува и на пелените од иста марка, пакувањата со најмала величина се најевтини, како што се зголемува величината се зголемува и цената, односно најчесто цената останува иста – но се намалува бројот на пелени во пакувањето!

А сега да видиме какви пелени користите и кои пелени според вас се најдобри за вашето бебе?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.353
Ние пробавме буквално СЀ што најдовме! Почнавме со Бекутан. Во првите неколку месеци ни беа ОК, но тогаш менувавме по 8-10 на ден зошто изметот на бебето е потечен и почест, па мора почесто да се менува пелената и затоа не забележавме дека пропуштаат. Некаде после четвртиот или петтиот месец, кога малиот почна да ја преспива цела ноќ, неретко се будеше цел мокар, и затоа моравме да ги смениме пелените. Позитивното кај бекутан пелените е што се покрути (иако сите родители веројатно ќе сакаат што помеки пелени за своите најмили), а ортопедите препорачуваат дека е подобро да се користат покрути пелени заради подобар развој на колковите кај бебето. Но од друга страна - ортопедите препорачуваат и широк повој, а денес речиси никој не го користи, па никому ништо. Но тоа е друга приказна. Значи бекутан се покрути (надворешниот слој е буквално од најлон), но пропуштаат. Многумина се лажат со бекутан и заради огромниот број на попусти, промоции и награди кои ги даваат, а и заради тоа дека се македонски производ, но од сегашна перспектива - никому не би му ги препорачал.

Пробавме и Џанбебе (или Канбебе како што ги викаат некои), и Пафис, и Даиперс, и Виолета, и сите 3 вида на Памперс и што уште не и наградата НАЈДОБРИ ПЕЛЕНИ оди кај: Памперс Премиум. Најнежни, најмеки, најубаво мирисаат, нема шанси да се појави некаков исип од нив... НОООО, и тоа ГОЛЕМО НО: прескапи се! Затоа, доста солидна замена за нив се обичните Памперс Актив Бејби (оние во зелена амбалажа). Заедно со Памперс Премиум, Памперс Актив Бејби е единствената пелена која никогаш не ни пропуштила, ниту пак сме имале било каков проблем со неа. Да, и тие се поскапи од сите останати, но вредат за цената.

Најблиску до Памперс Актив Бејби се Даиперс, а и поевтини се, но тешко се наоѓаат броеви (на пример - четворка имаше само во Керфур), и ѝ тие знаат од време на време да пропуштат.

Наградата за најубави пелени оди кај дезенираните пелени на Пафис, но цената им е приближно иста како Памперс Актив Бејби, а квалитетот неспоредливо полош.[DOUBLEPOST=1427630263][/DOUBLEPOST]
Секако, ова е само генерална насока, на вас останува да определите која величина му одговара на бебето во однос на неговата индивидуална градба и тежина. Што се однесува до цената, помалите величини од различните марки имаат скоро иста цена, разликите се јавуваат со зголемувањето на величината. Истото се однесува и на пелените од иста марка, пакувањата со најмала величина се најевтини, како што се зголемува величината се зголемува и цената, односно најчесто цената останува иста – но се намалува бројот на пелени во пакувањето!
Болдираното не е баш точно. Еве пример: Памперс Актив Бејби 4, најмалото пакување има 18 пелени во него, ако не се лажам, чини околу 300 денари, или по околу 16 денари пелена. Истите пелени, во Giant Box кутијата ги има 99 на број, а цената им е 1100 денари, или по 11 денари пелена! Колку поголемо пакување - толку поевтини пелени. Истото важи за сите. ;)
 
Член од
24 август 2009
Мислења
72
Поени од реакции
85
Наградата за најубави пелени оди кај дезенираните пелени на Пафис, но цената им е приближно иста како Памперс Актив Бејби, а квалитетот неспоредливо полош.
Секој со своето искуство. Моето е обратно. На почетокот ги пробав скоро сите пелени. Неспоредливо најдобри се Пафисот кои ги користиме скоро 9 месеци. Од Памперс ич не сум задоволна, постојано пропуштаа :/
 

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Пробано се, најдобро според нас BabyLove... Поготово за навечер :).
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
CanBebe, презадоволна сум.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
canbebe

јас за големата користев само памперс, ама ми варираше квалитетот од едно до друго паковање различно беше
еден ден останав без пари, ми требаа 1200 да купам големо паковање а дента немав па зедов canbebe спаковани за 100 ден неколку парчиња пошто рефус со прашини не сакав како што не би зела ни рефус влошки

Многу поефтини и многу подобар квалитет
за малото од болница ги имав спремено can bebe и до крај не зажалив

на крај пред вториот роденден сама се откажа уште беше зима, не сакаше памперс, многу беше уредна и слатка и ѕвер кога е лута... уште е таква :)

Штом сум јас на темава да си родам уште една овие пораснаа .... ми недостигаат каките :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Блазе си ви,сега млади мајки со овој изум на еднократни пелени.
А нашето порано (тогаш го немаше овој производ или не сме го знаеле,или било скапо или црвените криеле од нас)
Секој ден пери пелени (оние платнени,памучни,нешто како газа ќе му дојде) па пружај да се сушат за утре,ако е лето добро.
И што, таман си ги пружил, газдарицата огин да ја изгори, „ снајке,ај собериги пелените имам јас да пружам“
---------------
Него малку да ја прошириме темава за ПОВОЈ.
Тогаш од прв ден,така и мојте деца ги повивавме цел ден со ПОВОЈ,како вишек што се вели,сигурно повеќе месеци.
Мрдање нема ни со раце ни со нозе,цел ден и ноќ така бебето е врзано и да многу стегнато,уште некаде ги чувам тие пранги.
Сега од прв ден бебињата се слободни,така ли е ќе каже нешто повеќе некоја млада снајка.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Имав едни пелени за врз облека,како фустан во телото стегнати беа, во рацете слободни а нозете слободни како во торба во пелената
само кај кичмата ги стегнував со тоа. Многу беа практични

а од тој повој што кажува анчо в болница беше така едната, ја одврзав да ја видам не можев да ја спакувам, маки на сред ноќ се правдав кај сестрите за свое бебе :) среќа добри беа
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
И за двете користевме Daipers во сите големини. Презадоволни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom