Најдобри опции за инвестиција во Македонија

Член од
10 јуни 2016
Мислења
26
Поени од реакции
14
Кои сметате дека се најпрофитабилни можности за инвестирање во моментот?
Како би инвестирале доколку би имале 10,000$, како ако имате 100,000$ и како ако имате 1,000,000$ кај нас?
Колкав удел би ставиле во акции, недвижности , крипто етц. за најголем профит на долг рог.

Отворена дискусија.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Мислам дека светски признат пасош (пример австралиски) потребни ти се околу 150-200.000 долари. Така да ако ги имаш тие пари поднесиси документи во амбасада дека сакаш да ги инвестираш таму (купување имот или слично таму) и со визата а подоцна и државјанството што подалеку од овде... Има и други нормални држави кои даваат државјанство со неповратна „инвестиција“ во нивнитот буџет.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.921

Ако мислиш на оваа, тогаш е далеку од 200 000 :D
 
TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.288
Ако имаш 10000 чувај ги, ако имаш 100000 тогаш чувај ги исто сега за сега, додека е кризава, ако имаш милион не ти треба некои wow инвестиции, односно купи 3 куќи на различни локации за 300000 евра, земја негде за 200000, дуќан за 100000 и издавај го, и вложи 100000 у она што знаеш да го работиш, без разлика што и да е или 100000 за два влекачи а другите пари нека стојат за живот.
 
J

joli1

Гостин
Чисто сумљам дека нешто у Македонија е поисплатливо од градење згради со дуќани одоздола, како и издавање/продавање на тие дуќани и станови.

Ако сум грешка, нека ме корегира некој.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.921
Чисто сумљам дека нешто у Македонија е поисплатливо од градење згради со дуќани одоздола, како и издавање/продавање на тие дуќани и станови.

Ако сум грешка, нека ме корегира некој.
Да има, влегување во политика и пикање на позиција која ќе ги одобрува урбанистичките планови за тие зградите, или пак уште погоре да ги одредуваш и тие што ги одобруваат плановите :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
281
Поени од реакции
442
prashaj Veleshani, so prodavanje trump coins napravija strasni pari. Sve novi bmwinja i mercedesi po gradov
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.113
Поени од реакции
20.956
Дали и колку исплатлива работа е рентање на стан за "краток престој"? :D
Некој шо има искуство, колку често има клиентела за вакви услуги?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.636
Поени од реакции
4.941

Не многу ќе добиеш окулу 5% поврат годишно од рента а за капитална добивка не се знае јас мислам 0% во следните години. Ако имаш 1 човек на два дена е успех.
Јас би го продал станот и купил усд па после акции ќе фатиш 10% па 20% поврат. Ризикот е малку поголем но има многу помалку работа за два до 3-4 пати поголем поврат на капитал.
 
Последно уредено:

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.113
Поени од реакции
20.956
Не многу ќе добиеш окулу 5% поврат годишно од рента а за капитална добивка не се знае јас мислам 0% во следните години. Ако имаш 1 човек на два дена е успех.
Во апсолутни бројки тоа колку би изнесувало? Околу 250-300 евра месечно?
Бидејќи од прилика по околу 20-25 евра од ден(или вечер) плаќаат за вакви услуги, од тоа што имам прочитано.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.636
Поени од реакции
4.941
Во апсолутни бројки тоа колку би изнесувало? Околу 250-300 евра месечно?
Бидејќи од прилика по околу 20-25 евра од ден(или вечер) плаќаат за вакви услуги, од тоа што имам прочитано.
Толку од прилика малку повеќе од класична кирија. Само имаш чистење зезанција издавање, клучеви ќе испадне за 100 евра работиш месечно.
Автоматски споено мислење:

Ич не се исплати. Ептен да имаш 4-5 стана па да речеш плата вадиш ама тогаш професија ти е хотелиер и имаш цел ден работа.
Подобро ти е обична кирија класика. Нема пари во овој бизнис.
 
Последно уредено:

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Кои сметате дека се најпрофитабилни можности за инвестирање во моментот?
Како би инвестирале доколку би имале 10,000$, како ако имате 100,000$ и како ако имате 1,000,000$ кај нас?
Колкав удел би ставиле во акции, недвижности , крипто етц. за најголем профит на долг рог.

Отворена дискусија.
Ако сакаш добар совет наместо сеир како некои коментари погоре ова е добра опција.

$5,000 за 10% депозит (стан/имот) од $50,000. По можност да купиш во Скопје, не сум сигурен како во помалите градови оди ама на долг рог парите ти растат. Станови што ги гледав за 750 евра квадрат пред 5 години сега се продаваат по 1300 евра квадрат.

Останатите $5,000 инвестирај ги во 50%-50% злато/акции. (Пример Стопанска, Комерцијална банка)

Избегавај тргување за процент со Форекс, Акции, Крипто. 90% од тие што тргуваат ги губат парите. Ако не се разбираш не ризикувај. Ако те интересира почни да читаш, оди на курсеви/семинари пред да потрошиш пари.

Вака барем ке имаш микс од 3 инвестиции и парите не ти се врзани за една работа.
Buy and Hold forever.
Автоматски споено мислење:

Не многу ќе добиеш окулу 5% поврат годишно од рента а за капитална добивка не се знае јас мислам 0% во следните години. Ако имаш 1 човек на два дена е успех.
Јас би го продал станот и купил усд па после акции ќе фатиш 10% па 20% поврат. Ризикот е малку поголем но има многу помалку работа за два до 3-4 пати поголем поврат на капитал.
Ако минималната плата се крева + има инфлација капитална добивка на имот неможе да биде 0% во следни години:)

Тоа е затоашто да изградиш иста зграда сега мајсторот ке бара поголема плата и суровините се поскапи за изградба што значи тој што веќе има ке осети растна имотот. Supply and demand.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.636
Поени од реакции
4.941
Ако сакаш добар совет наместо сеир како некои коментари погоре ова е добра опција.

$5,000 за 10% депозит (стан/имот) од $50,000. По можност да купиш во Скопје, не сум сигурен како во помалите градови оди ама на долг рог парите ти растат. Станови што ги гледав за 750 евра квадрат пред 5 години сега се продаваат по 1300 евра квадрат.

Останатите $5,000 инвестирај ги во 50%-50% злато/акции. (Пример Стопанска, Комерцијална банка)

Избегавај тргување за процент со Форекс, Акции, Крипто. 90% од тие што тргуваат ги губат парите. Ако не се разбираш не ризикувај. Ако те интересира почни да читаш, оди на курсеви/семинари пред да потрошиш пари.

Вака барем ке имаш микс од 3 инвестиции и парите не ти се врзани за една работа.
Buy and Hold forever.
Автоматски споено мислење:

Ако минималната плата се крева + има инфлација капитална добивка на имот неможе да биде 0% во следни години:)

Тоа е затоашто да изградиш иста зграда сега мајсторот ке бара поголема плата и суровините се поскапи за изградба што значи тој што веќе има ке осети растна имотот. Supply and demand.
Цената е делта од инфлацијата сега е инфлацијата 8-9% значи треба да оди уште горе и тоа константно секоја година. Додека долгорочната просечна инфлацијата е 2%. Едноставно крајно неверојатно ја би рекол и невозможно е да расте цената на недвижности. Освен мал пик во цената оваа година и после ќе стагнира или ќе опаѓа со долги години. Јас тоа го мислам. И затоа не купувам недвижност.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Цената е делта од инфлацијата сега е инфлацијата 8-9% значи треба да оди уште горе и тоа константно секоја година. Додека долгорочната просечна инфлацијата е 2%. Едноставно крајно неверојатно ја би рекол и невозможно е да расте цената на недвижности. Освен мал пик во цената оваа година и после ќе стагнира или ќе опаѓа со долги години. Јас тоа го мислам. И затоа не купувам недвижност.
За жал не е дали сакаме или неќеме да расте. Се зависи од цената на градежните материјали и минималната плата.
Недвижностите создале далеку поголем број на милионери него сите други врсти на инвестиција. Никогаш не викај никогаш, затоа е добро од се по нешто да се има.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom