Најдобри населби/маала за семејно живеење во Скопје

Дискусија во форумот 'Општи муабети' започната од siteIMINJAzafateni, 16 февруари 2019.

  1. Taxi_Driver

    Taxi_Driver

    Член од:
    30 август 2017
    Мислења:
    656
    Допаѓања:
    825
    Само пример ке земам онака ми дојде напамет не знам колку се сеќаваш или дали си бил на игралиштето во Влае (пролет/летно време), порано пред 10 години живееше тоа место, децата до 20:00 часот, после полно беше со млади кој играше фудбал, кој кошарка кои ке седнеа на трева ке си правеа муабет другите шетеа покрај Кеј патеката, другите се бакнуваа на клупите :D, се путаште и музика со еден збор вриеше од народ местото. Оди и види дали е таа слика и ден денеска, еве јас и да не сум од урбаните места на Скопје. Знам дека некои места во Скопје живеат добар живот но дали се 20% тие што имаат добар живот тука, ние другите 80% да цркнеме??? Со такви проценти не можеш да кажеш дека во нашиот град има живот
     
    На survived му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Almeida

    Almeida гад

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    6.131
    Допаѓања:
    13.107
    Кога барате стан за живеење, глеајте малку повеќе од "за 5 минути си у центар" и "блиску ми е до работа".
    За жал, човек и да пази на вакви детаљи, нема веќе многу избор по Скопје.
    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...adimir-simonovski-za-pozharot-vo-kisela-voda/

    ОД ПАРКИРАНИ КОЛИ НЕ МОЖЕВМЕ ДА СТАСАМЕ ДО ЗГРАДАТА КОЈА ГОРЕШЕ, ВЕЛИ КОМАНДАНТОТ НА ПОЖАРНА ВЛАДИМИР СИМОНОВСКИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КИСЕЛА ВОДА
     
    На Lurtz, AceCaleb, k0k014 и уште 8 други им се допаѓа ова.
  3. Solaire of Astora

    Solaire of Astora

    Член од:
    30 јули 2014
    Мислења:
    3.138
    Допаѓања:
    7.684
    Јас сум на ум за прв пат во мојот живот да го продадам станот и да се преселам на село, се што ми треба е некоја мала куќа до 80 квадрати и една бавча. Сакам да е тоа нешто блиску до градот, со инфраструктура да е поврзано и да има добри услови ( да не биде Трубарево јебем га, не планирам у кал да се бањам ).

    Има ли некој предлог идеја за некое скопско селце каде би можел мирот да си го најдам?
     
    На Beric Dondarrion му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Almeida

    Almeida гад

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    6.131
    Допаѓања:
    13.107
    Зависи што бараш.
    Зелениково, Петровец е рамно, блиску, релативно добро поврзано. Слична поблиска варијанта е Бардовци (веќе бааги упропастено), ама во продолжение (Орман мислам дека е...такви некои места).
    Друга варијанта е попланинска. Или позади Водно, Сопиште, Соње, западен дел на Водно - Нерези или Скопска црна гора, таму има повеќе села: Кучково, Чучер, Бањани...мислам дека летно време таму е супер, ама зимно време дали сакаш да се ебааш со кола по снегови...тоа е избор веќе.
    Зависи колку "селски" мислиш да живееш....Горно Нерези е село, на пример, ама последниве 20 години станува дел прилично елитно на места. А тие на Сцг, мене ми се малку порурални..
     
    На Solaire of Astora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Scirea

    Scirea Старата Дама

    Член од:
    4 август 2010
    Мислења:
    18.817
    Допаѓања:
    43.928
    Или Арачиново...
     
  6. Almeida

    Almeida гад

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    6.131
    Допаѓања:
    13.107
    Нели село?
     
    На Scirea му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Solaire of Astora

    Solaire of Astora

    Член од:
    30 јули 2014
    Мислења:
    3.138
    Допаѓања:
    7.684
    Од сите овие што ги наброја, некако најпогодни ми се селата на СЦГ, ама баш како што пиша, малку ме плаши пристапноста зимно време кога ќе навее снег. Имам одено доста пати во Раштак и отприлика го знам теренот, тоа би било катастрофа кога ќе навее и подмрзне, а доброто е што не е баш толку далеку од град. Е сеа дали себе се лажам и дали ќе можам да живеам, и тоа ме плаши, цел живот живеам во Стара Чаршија, научен сум се да ми е на 5-10 минути, ама пак од друга страна сега ми треба мир и природа. Кога би имал можност, би си купил една викендичка на СЦГ, но здравје.
     
    На 112112 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Almeida

    Almeida гад

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    6.131
    Допаѓања:
    13.107
    Зависи што ти е идејата. Има луѓе што под "враќање во село" подразбираат дека ќе си куцаат на компјутер по цел ден у некоја куќичка како во Ивица и Марица прикаската. Селски живот во права смисла е доста тежок и не за џабе многу луѓе го напуштаат. Има доста физичка работа, често и залудна, што ако не е човек навикнат да ја праи, ќе го фрустрира. Мислам....може веројатно и така идилично да функционира некој, ама да заработува чоек многу надпросечно.
    Има опција да живееш на некоја дистанца 20-30км од Скопје и да возиш до работа секој ден. Мене тоа ми е напорно. Во Словенија многу луѓе функционираат така и важи као за cool нешто, иако мене ми звучи прилично нееколошки и скапо, а и досадно да губам 2 саати во денот во кола, некогаш и во снег, пекол топло, невреме...
    Викендица на многу луѓе им звучи супер, вклучително и мене, а и имам такво нешто. Не ми се јавила потреба целосно да се преселам, дури и напротив. Ќе ти кажам дека чувствата се разликуваат со огромна амплитуда....на пример, со кеиф купуваш некој мебел, есцајг, ситници што ги користиш за скара, излет до тотално прекурчување кога треба да чистиш, да вршиш поправки (што стално искачаат) или стравот дека ќе те сјебе некое невреме или некој ќе ти обие. Тука треба да напраиш компромис и да пресечеш.
     
    На Dimitar171, zurich, Solaire of Astora и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    8.001
    Допаѓања:
    2.311
    И Кондово е добро. А и блиску до Скопје.
     
    На 112112 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gurman2

    gurman2

    Член од:
    16 декември 2012
    Мислења:
    1.445
    Допаѓања:
    965
    Живеење надвор од град воопшто не е едноставно. Секаде може да биде добро, ако имаш возрасни деца или ако си без обврски. Нормално, покрај сета убавина, тој живот е поскап и со многу работа во и околу куќата. Меѓутоа, тешко е изведливо да развезуваш деца по школи, разни курсеви или спортови, цел ден ќе ти отиде само за тоа. Потоа, проблем со набавки, постојана електрична енергија, вода.
    Се сведува на еден краток период во животот; а потоа, со старост, почнува да претставува терет.
    Вака барем кажува моето искуство
     
    112112, Dimitar171, Almeida и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. zmej gorjanin

    zmej gorjanin

    Член од:
    26 јануари 2009
    Мислења:
    7.963
    Допаѓања:
    8.945
    Да имавме урбана инфраструктура ко у Словенија сосем подруг муабет ќе беше за доста луѓе, али зашто така кога цел Фиром у Скопје може да се досели и 6 километри да ги патуваш саат време, а зимно време да си ги облагородиш белите дробови со 1000 пм10 честици на кубен метар.
     
    На 112112 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: