ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.959
- Поени од реакции
- 57.695
FIFA ги објави десетмината фудбалери кои ќе конкурираат за наградата „Најдобар играч“ на првенството. Во изборот се најдоа четворица Германци, тројца Аргентинци и по еден играч од Бразил, Колумбија и Холандија. Тоа се:
Германија: Томас Милер, Филип Лам, Тони Крос, Матс Хумелс
Аргентина: Анхел Ди Марија, Лионел Меси, Хавиер Маскерано
Бразил: Нејмар Јр.
Холандија: Ариен Робен
Колумбија: Џејмс (кој го ебе, Џејмс е!) Родригез
Во конкуренцијата за најдобар млади играч пак, ФИФА номинираше тројца играчи. Двајца доаѓаат од Франција - Рафаел Варан и Пол Погба заедно со Мемфис Депај од Холандија.
За најдобар голман на првенството, номинирани се:
Мануел Ноер (Германија), Серхио Ромеро (Аргентина) и Кејлор Навас (Костарика)
Кои играчи според Вас, треба да ги освојат наградите? Кој е неправедно изоставен од листата? Кој не заслужува да биде на неа?
Анектата ја направив со можност за глас за повеќе опции, за да може да гласате за сите три категории. Нормално, по еден играч од сите три категории. Повторно нормално, можете и да мамите па да накликате повеќе понудени од една иста категорија.