Најдобриот говор во историјата

D

Daedalus

Гостин
Нашето знаење не направи цинични,нашата умност сурови и безобѕирни?
Ова би било согласно со нашето незнаење не прави простодушни, нашата глупавост хумани и обѕирни?

Не се ниту интелигенцијата ниту модерната технологија криви за војните и желбите за превласт и доминација. Криви се примитивните животински нагони кои ни помогнале да стигнеме до тоа што сме сега и да ги преживееме сите природни непогоди поминувајќи низ тестовите на нашите непогодни услови за опстанок.

Од друга страна, не ми се свиѓа начинот на кој видеото ја презентира својата сублиминална пропаганда. Кога се спомнуваат диктатори, видеото дава пун приказ на видеа со фаци на американски претседатели а нигде не го забележав Черчил, Сталин, Чаушеску, Гадафи, Садам Хусеин итн...(не дека ова е важно и не дека бегам од поентата која ова видео треба да ја даде)

За другиот дел и поуката која ова видео треба да ја донесе, добро знаеме сите...не треба да има војни, убиства и треба да владее љубов и разбирање помеѓу сите луѓе на планетата земја. Не знам што го прави ова видео поразлично од останатите 10000000 видеа од овој тип кои покажуваат гладни деца во Африка и несреќни луѓе од војните и кои кажуваат како сите треба да се сакаме и бла бла. Јасно ни е на сите тоа, ништо ново под синото небо.
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836

Имај во обзир дека ова е снимано пред 73 години на самиот почеток на втора светска војна. Точно е дека може да му се најде забелешки во говорот затоа и јас забележав дека демократијата ја гледа како решение што од денешна гледна точка е смешно. Самите луѓе се расипани а не технологијата ниту знаењето, тие се неутрални а начинот на нивното користење е поларизиран. Тоа денес ни е јасно но од тогашна гледна точка оној кој се мислел за пообразуван ги сметал инфериорни оние кои немале услови за тоа и ги вбројувал во пониска класа која заслужува да биде поробена и подредена во секој поглед, на тоа мисли Чарли :) кога вика Нашето знаење не направи цинични,нашата умност сурови и безобѕирни.
 
D

Daedalus

Гостин
Точно е дека може да му се најде забелешки во говорот затоа и јас забележав дека демократијата ја гледа како решение што од денешна гледна точка е смешно.
Како мислиш од денешна гледна точка е смешно?
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Како мислиш од денешна гледна точка е смешно?
Затоа што е полесно да се мрчи и да се биде циник во глобала. Полесно е да се напише нешто без разлика дали има основа или не, важно е да се изрази незадоволството обвинувајќи го системот и да се правиме паметни. И од временската перспектива од времето на Чаплин и од денешна перспектива демокрстијата е најдобар избор. Не дека ми се допаѓа, ама радо би ја одбрал владата да ме ебе на здрав памет него некој психопат да ме убие заради што сум левак или пак да ме прати во логот заради моите ставови.
 
Демократијата си е супер уредување доколку демосот е умен и владата исто така.:) Доколку не се умни, ондак какво и да е уредувањето ќе владее несреќа. А ако нема никакво уредување ондак ќе владее уште поголема несреќа.
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Супер, само не сфаќам што бара "темава" во подфорумов СВЕТ..?
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Блгар, ајде прошетај.
Си има одговорни што ќе одговорат на моето прашање ДАЛИ ТЕМАВА Е ЗА ОВОЈ ПОДФОРУМ ИЛИ НЕ.

Во меѓувреме пожелно е да не лапаш многу муви.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664

Мислам дека тука припаѓа, на почетокот напишав дека темава не е заради актерството на Чаплин (кој припаѓа во историјата) туку темава е за пораката која се прати, која пак е безвременска, и е пратена за целиот С В Е Т....
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Мислам дека тука припаѓа, на почетокот напишав дека темава не е заради актерството на Чаплин (кој припаѓа во историјата) туку темава е за пораката која се прати, која пак е безвременска, и е пратена за целиот С В Е Т....
Колку што знам овој подфорум е наменет за дискусии за СЛУЧУВАЊАТА во светот, надвор од Македонија.

Немам ништо против темата, ама ми се чини дека повеќе би одговарало да се наоѓа во некој од другите подфоруми.
На пример во "Општи муабети" или сл.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Колку што знам овој подфорум е наменет за дискусии за СЛУЧУВАЊАТА во светот, надвор од Македонија.

Немам ништо против темата, ама ми се чини дека повеќе би одговарало да се наоѓа во некој од другите подфоруми.
На пример во "Општи муабети" или сл.
Можеби, не бев сигурен каде да ја отварам, нека ја преместат модераторите....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom