Најдобра/најлоша издавачка куќа во Македонија?

X

xxxholic

Гостин
Изадаваат некад негде книги со тврди корици денес или амин таа работа веќе у Македонија?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Изадаваат некад негде книги со тврди корици денес или амин таа работа веќе у Македонија?
Издава „Алеф“ , а ги принтаме во „Контура“ - таму ја принтавме „Магика, Книга 4“ од Кроули. Тврди корици, шиена, со dust jacket (не знам на македонски ова како би било) :)

Има каде да се направи таква книга, но се мислам дека е 2.5 до 3 пати поскапо од обична книга со меки корици и лепена. Ако принтање за 100 книги е 15 000, со тврди корици, шиена е 40 000+ :)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Изадаваат некад негде книги со тврди корици денес или амин таа работа веќе у Македонија?
Сите наслови од едицијата Ѕвезди на светската книжевност (библиотека со вкупно 1000 книги), покрај популарните изданија со меки корици, се издадени и со тврд повез. Ги има во подобро снабдените книжарници, а се продаваат и во НУБ. Од издавачките куќи знаат некогаш да извадат книги со тврд повез, иако доста ретко, пример во Магор ја имаш Одисеја во тврд и мек повез. Некои од преводите на Драги Михајловски на Шекспир издадени од Каприкорнус се во тврд повез. Во МАНУ продаваат книги, ама малку малтретирање е со нив, со уплатници е купувањето.
 
X

xxxholic

Гостин
Сите наслови од едицијата Ѕвезди на светската книжевност (библиотека со вкупно 1000 книги), покрај популарните изданија со меки корици, се издадени и со тврд повез. Ги има во подобро снабдените книжарници, а се продаваат и во НУБ. Од издавачките куќи знаат некогаш да извадат книги со тврд повез, иако доста ретко, пример во Магор ја имаш Одисеја во тврд и мек повез. Некои од преводите на Драги Михајловски на Шекспир издадени од Каприкорнус се во тврд повез. Во МАНУ продаваат книги, ама малку малтретирање е со нив, со уплатници е купувањето.
ОК, фала, ги најдов ѕвездите во НУБ, ама прескапи се. Митот за Сизиф 200 страни 600 денари. Офтопик: да не знае некој каде може да се најдат на старо овие ѕвезди со тврди корици? Покрај кеј има некои, ама конкретно Сизиф ја нема.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Малку непопуларно мислење. Од Антолог почна да ми се гади, ама стварно. До толку издавање ради издавање, толку немање некаков концепт. И нивниот начин на пласирање на книгите и се`. Далеку од тоа дека немаат добри изданија, далеку од тоа дека ќе престанам да купувам, ама стварно мислам дека Антолог се изгуби во таа хиперпродукција на свашта.
Баш го барав мислењево за да те прашам што мислиш еве после година дена од постов? Антолог продолжи со масовно издавање книги, е сега не сум толку искусен за да проценам што е квалитетно а што не, од она што сум го зел од таму сум бил задоволен, но и начинот на пласирање на книгите е интересен да се спомене - гледам сега дека прават како караван/саем на книги низ помалите градови во Македонија, што од една страна е супер можност, а од друга страна на пример ќе организираат мотивациони семинари како тој што им се распродаде во најбрз можен рок... не можам да им најдам нзс.
 
Член од
13 март 2017
Мислења
30
Поени од реакции
9
Некој со мислење за книги во издание на Арс студио?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Во однос и на квалитет на книжевни дела и квалитет на преводи по мене Или Или, Бегемот и Темплум се најдобри во Македонија. Тука се Блесок и Слово ама многу слабо издаваат. Бегемот растури со преводи од полјаците, Борхес и добар број на одлични книги, Темплум исто со култни наслови и Или Или со еден куп супер литература.

Од аспект на естетика топ е дизајнот на кориците на Бегемот и посебно тие на Темплум се огин. Светлосни години подобри од стандардните слики од полугола жена и маж што ги има на секоја книга од другиве издавачки куќи. Едниве дизајнирале корица другиве залепиле рандом слика.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Прашањето ми беше повеќе околу квалитетот на преводите.
Kолку што имам чуено, поврзани се со Арс ламина, така да, мислам дека преводот не им е лош. Само се огин скапи. Освен ако не знаеш што зимаш и што да очекуваш општо од книгата, не вреди да експериментираш со непознати наслови.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Што мислење или искуство имате со книгите на Македоника Литера?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Еве ги со Нидерландија и нидерландски јазик :ROFLMAO:

724C453A-FFF1-40D9-80EE-8E2713BC55D8.jpeg
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Што мислење или искуство имате со книгите на Македоника Литера?
Македоника литера/Македонска реч е еден од подобрите домашни издавачи. Имам десетина книги во нивно издание, дел од тоа е стручна литература. Мојот впечаток зошто доста луѓе не се запознаени со каталогот на Македоника литера/Македонска реч е слабиот маркетинг. Слабо ги промовираат новите изданија, слабо ги користат социјалните мрежи во споредба со останатите издавачки куќи, едноставен дизајн на корицата (да не се лажеме, ова продава) итн. Плус, имаат издадено некои книги со скокотлива политичко-историска тематика, па веројатно имаат закачено некоја етикета (можеби грешам за последново, но така ми изгледа)...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom