Dr_Virus - оваа емаил порака е пратена на повеќе клиенти од страна на доневсервер и многу од нив се „исфрлени“ од серверот. Ова само го пишувам колку да ве известам дека ништо не е направено од ваша страна, бидејки истиот емаил бил испратен на многу корисници на доневсервер. ( нема логика од сите веб страни што биле хостирани да имало нарушување на безбедноста или искористеност на ресурси на серверот ) Така да верувам дека вие не сте направиле ништо против безбедноста на серверот. А баш е чудно зошто се одлучиле од доневсервер да ги исфрлат клиентите на ваков начин. Навистина чудно. Сигурно бил направен голем трансфер на серверот, доколку некој клиент употребувал недозволени скрипти или некои „хакери“ или вистински „хакери“ неовластено влегле во серверот и го злоупотребувале со користење на многу трафик или слично. Сепак хостинг компаниите имаат
правно да ги суспендираат и терминираат оние клиенти кои ги злоупотребуваат серверите. Но навистина како што ацид кажа, оние кои плаќаат за хостингот сигурно не би го ризикувале за да го злоупотребат со што ќе си ги изгубат веќе уложените пари.
Јас се надевам дека вие не сте направиле ништо лошо на серверот но тоа е тоа. Одлуката е нивна а вие сакале или не доколку ви е донација немате големо право да се побунувате. Инаку доколку вие сте само дизајнери на страната нема што многу да се возбудувате, гајлето нека го превземе училиштето, само гледајте вас да не ве обвинат поради исклучувањето на страната од серверот. Сепак доколку ви е потребен хостинг донација за училиштето можеме да ви помогнеме. Веќе имаме донирано неколку хостинг пакети на невладини организации и училишта. Повеќе околу ова клик
тука.
Или може да ме контактираш преку приватна порака за добивање на хостинг како донација за училиштето.