Најдобар југословенски бенд на сите времиња

Најдобар бенд

  • Бијело Дугме

  • Рибја Чорба

  • Прљаво Казалиште

  • Хладно Пиво

  • Лет 3

  • Црвена Јабука

  • ЈУ група

  • Азра

  • ЕКВ

  • Забрањено Пушење

  • Идоли

  • Хаустор

  • Галија

  • Бајага и Инстурктори

  • Индекси

  • Дивје Јагоде

  • Леб и Сол

  • Парни Валјак

  • Кербер

  • Плави Оркестар

  • Филм

  • Ван Гог

  • Time

  • Друго


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Па даааааа бе, легендата вели дека постои тема каде каљехон де ла муерте не ги спомнал одвратните срби и четници. :D :pos:
Бора е стварно четник, не е заебанција, забегал до даска, можеш да видиш на google :)
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
Бора е стварно четник, не е заебанција, забегал до даска, можеш да видиш на google :)
Знам бе, има тетоважа таква. И со Балашевиќ многу се расправаа порано на таа тема.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444








Малце понесекојдневни квалитетни бендови.
Автоматски споено мислење:


И класикава вреди да се спомне.
 
Последно уредено:

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
Кога веќе спомнуваме класици, да се надоврзам.



И секако фолк панкерите.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
468
Поени од реакции
866
A Смак го заборавивме на листата? Ех бе деца,
Смак, EKV Азра и Забранјено. Во тој редослед.

После идаат нашиве Мизар, Анастасија Леб и сол
Автоматски споено мислење:

Некој ги споман Лајбах. И нив треба некаде на листа да ги има
 
Последно уредено:

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Колку само се издвојуваат Јагодите од сите други, но темата е кој го сметаме за најдобар бенд на овие прости кој бил па затоа и заслужено се на листата. Тешко е да се избере да, ама гласав за Јагоде бидејки само они имаа муда да свират тежок рок да кажам и метал во тоа време, во времето на Исламовиќ и албумот на Тифа исто е многу добар (Коњи). Сега Ален е друга димензија и нема да навлегувам во тоа, зборам за времето кога беше во Јагоди, башка испада тежок педер што ги остави на цедило кога требаше да се промовираат у Лондон на турнеја, тој им откажа. Друго кај нив сакам да кажам дека Зеле(гитаристот) е можеби топ5 на Балканот и има предобри солажи у песните, едноставно тој е најзаслужен што бендот стаса и до Лондон.

Е сега, ве читам како Дугме и Чорба се фолкери или преценети особено Дугме, јас нема да се сложам бидејки се сериозни бендови со сериозни песни зад нив, плагијати да ама Дугме има предобри песни во времето на Бебек и никако не се заебанција, па може да да ги ставам во топ5 бендови на сите времиња на овие простори. Од Дугме и од Бебек само ова:

Чорба се исто така во овие топ5 да кажеме, некој од членовите спомна дека ги нервират слушачите, но ги нервират поради тоа што ги имаат со листите на Цеца и остали фолкери што се пејат за први мај, па и Чорба се наога на тие листи :). Инаку сериозно мислам дека се озбилен бенд со предобра дискографија, премногу се уиграни да кажеме бидејки се истите членови скоро 35 години. За Бора нема што да се говори одличен уметник, одлични текстови, и се е испејано онака што се претпознатливи по тоа што се.

ЕКВ, сигурно без нив нема да биде оваа листа, немам никакви зборови што да пишам се ке биде залудно од нив издвојувам за денес:

Е сега неможе нешто повеке да се издвојува оваа 5та позиција ке ја споделам со: Мајке, Атомско Склониште, Смак, Психомодо Поп.

Отприлика вака:
1. Дивлје Јагоде
2. Бијело Дугме
3. Рибља Чорба
4. ЕКВ
5. Мајке, Атомско Склониште, Смак, Психомодо Поп, и мноооогу други.
 
Член од
17 март 2017
Мислења
315
Поени од реакции
513
Ми замина гласот кај Дугме предвреме.Иначе Азра,ЕКВ и Хаустор.
Во втор план Дугме (само со Бебек),Прљаво Казалиште се добри со првите албуми и Галија.



 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Е сега, ве читам како Дугме и Чорба се фолкери или преценети особено Дугме, јас нема да се сложам бидејки се сериозни бендови со сериозни песни зад нив, плагијати да ама Дугме има предобри песни во времето на Бебек и никако не се заебанција, па може да да ги ставам во топ5 бендови на сите времиња на овие простори.
И Дугме и Чорба имаат сериозно добри песни.. Текстовите имаат тежина, вокалот на Бебек е посебно специфичен со уникатна дикција. Имав прилика да ги слушам и Бора и Бебек во живо во помали клубови, Бебек е неспоредливо подобар. Има неверојатна емоција кога пее.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
И Дугме и Чорба имаат сериозно добри песни.. Текстовите имаат тежина, вокалот на Бебек е посебно специфичен со уникатна дикција. Имав прилика да ги слушам и Бора и Бебек во живо во помали клубови, Бебек е неспоредливо подобар. Има неверојатна емоција кога пее.
Така е, и јас ги имам слушано и со бендови и сами кога настапувале. Чорба е жива легенда, толку многу има што да се слушне од нив така што со сигурност се едни од најдобрите бендови на Балканов.
Кога сме тука веќе уште една:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Да промрчам дека Бајага и Инструктори се потценет бенд, првите 2 албуми им се феноменални, после тоа се префрлаат на тезгарошење нажалост :)
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.479
Поени од реакции
16.099
Аbe zasho gi nema rokerite od morava? Najjaki bea na vremeto hhh.

Он топик, по мене чорба има најдобра лирика убедливо од сите. И ке повторам пак, приватно имам лошо мислење за него, ама како текстописец и пејач е еден од најдобрите на овие простори. За гласот ке се сложам дека Бебек е уникатен.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
Проблемот со ваквите теми е што има луѓе на форумов што се премногу субјективни при бирање на ГОАТ бенд. И се смеат кога ќе видат дека некој гласал за Чорба или Дугме, као демек тие луѓе ништо не разбираат, ептен се "мејнстрим". А мејнстрим и ГОАТ се многу сродни термини.

Да Смак е добар бенд, Точак е можеби најдобар гитарист во Југославија (после Влатко :) ), ама Смак не можат да бидат ГОАТ бенд. Исто и Лајбах и Панкрти и слични на нив. Можеби и оставиле траен белег на рок сцената, ама нивниот домет е кус.

Ако збориме за Дугме од друга страна, луѓе давале откази од работа за да присуствуаат на концертот кај Ајдучка Чешма. Имаше и еден српски серијал на Сител пред некое време баш за Дугме и таму познати личности од рок естрадата меѓу кои и Коља од Дисциплина Кичме (и Шарло Акробата), кажуваа дека луѓе наместо 10 дена да седат на одмор во Хрватска или Грција како што правеле повеќето во екс-ју, седеле по 3-4 дена само за да се вратат навреме за истоимениот концерт на Дугме. Јас денес не верувам дека постои бенд или пејач или човек поради кој некој би го направил истото. Точно дека се други времиња денес и Интернетот промени се, ама ако работи како ова погоре не се доказ за влијателност не знам што би било.

п.с. Секако дека концертот е за време на Бебек :sneaky:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
^Јас познавам еден за време на Цеца, додека беше на пивофест, работеше на шанк во една од пиварите, барал да биде ослободен тој час додека таа настапува, и да го одработи нахнадно времето до покасно, пришто бил одбиен од газдите, па си дал „отказ" само за да ја гледа Цеца. Уште еден доказ за влијателност.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
^Јас познавам еден за време на Цеца, додека беше на пивофест, работеше на шанк во една од пиварите, барал да биде ослободен тој час додека таа настапува, и да го одработи нахнадно времето до покасно, пришто бил одбиен од газдите, па си дал „отказ" само за да ја гледа Цеца. Уште еден доказ за влијателност.
Е влијателност. Ако се бара ГОАТ фолк пејачка на балканот се знае кој ќе го однесе епитетот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom