Најдобар југословенски бенд на сите времиња

Најдобар бенд

  • Бијело Дугме

  • Рибја Чорба

  • Прљаво Казалиште

  • Хладно Пиво

  • Лет 3

  • Црвена Јабука

  • ЈУ група

  • Азра

  • ЕКВ

  • Забрањено Пушење

  • Идоли

  • Хаустор

  • Галија

  • Бајага и Инстурктори

  • Индекси

  • Дивје Јагоде

  • Леб и Сол

  • Парни Валјак

  • Кербер

  • Плави Оркестар

  • Филм

  • Ван Гог

  • Time

  • Друго


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
По логичен тек на настаните после темите за најдобар бенд на сите времиња и најдобар македонски бенд на сите времиња, еве тема и за најдобар бенд од екс Југославија. Ако во најдобар македонски бенд има класичен монопол и 2-3 бенда генерално се натпреваруваат за епитетот најдобар, а во најдобар светски бенд има длабоко несогласување околу тоа кои бендови треба да учествуваат во натпреварот, тука очекувам фер дискусија и неизвесен натпревар.

Рокенролот не е музика, рокенролот е начин на живот.

Еве, јас ќе почнам со субјективно мислење. За мене најдобар бенд се хрватите Хладно Пиво. Почнуваат како панк-рок бенд, за полека да станат класичен рок бенд иако во последните албуми се чувстува пристуво и на поп елементи. Сум бил на 10тина нивни концерти и сите биле врвни изведби. Инаки, ниту Миле Кекин е добар вокал, ниту останатите се врвни музичари, ама според мене рокенролот и не го бара тоа.

https://www.youtube.com/watch?v=bQKK8gLjKHY

На второ место би ги ставил Дугме од времето на Бебек и особено албумот на Тифа. Рок бенд што ги носи светските трендови во Југославија. На пример песнава, не знаеш дали ги слушаш Deep Purple или Бијело Дугме.

https://www.youtube.com/watch?v=3WereaAmeLk

Трето место не знам, кога ги гледам бендовите и за први и второ место не сум сигурен :icon_lol: . Ги има ЕКВ, Азра, Хаустор, Индекси. Тежок избор, стварно не сум 100% сигурен ниту кои ми се прво и второ место. Тежок избор.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.394
Бјело Дугме е најпреценетиот и најнеквалитетниот бенд што може да постои. Таков чобански рок, музика за широка маса, шабани и деца. Да ти ебам рокерите ако те слушаат у кафана и на слава.
Дугме се добри од почетокот на своето постоење кога свират класичен па и на моменти психоделичен рок и фронтмен им е Жељко Бебек, еден од најквалитетните рок вокали на овие простори. Со неговото заминување а и желбата на еден од најнеквалитетните гитаристи Горан Бреговиќ, да Дугме стане бенд за широките маси, да штанца што е можно повеќе плочи а со тоа да заработува многу, нивниот музички квалитет драстично опаѓа. На тој невкус на Бреговиќ горат квалитетни вокали т.е да се изразам поубаво, квалитетни рокеришта како Ален Исламовиќ и Младен Војиќ-Тифа.

Кога се овие двајца во муабетот, не можам а да не ги спомнам Дивље Јагоде, лично за мене еден од најјаките бендови во бившата држава. Невкусно е да се споредуваат со други бендови пошто ниеден од другите не им е ни блиску до стилот. Дивље Јагоде се металци. Доста потценет бенд, најверојатно поради агресивниот стил, бенд којшто се трга од широките маси и бенд што несака да биде комерцијала. Затоа и нема толку многу широка публика, пошто они не идат да бараат публика туку публиката да ги најде нив. Многумина ги знаат од жалопојките Једина моја и Криво је море, ама брзо се тргаат од тој стил и идат поагресивно, свират метал, хеви метал.
Јагодите имаат сменето милион пејачи и постави ама култен и централен лик е Сеад Липовача - Зеле, лагано топ 5 гитарист во екс ју.
Никогаш нема да го разберам потегот на Исламовиќ да од таков металец и таков хард кор бенд он се пресели у чобанаријата на Бреговиќ. Колку ме курчи како појава овој Горан, несфатливо нешто. Затоа па Тифа прави обратен трансфер и имаат доста успешна соработка. Дивље Јагоде имаат и албуми на англиски јазик, тука Исламовиќ не се снаоѓа баш добро пошо нема добра дикција ама затоа Жанил Татај кине. Ќе пишам некад у другата тема за Дивље Јагоде.

Тука ќе ги спомнам и Азра и Екатарина Велика, мои омилени бендови ама сепак ќе гласам за Дивље Јагоде, највеќе ради хипстерите што ќе се залепат за Дугме, Чорба и ним слични. Добар е Боро, да не се разбереме погрешно.
Не се секирам за Азра и ЕКВ, имаат они фанови тука доста.
У потесен круг на мои омилени бендови влагаат и Прљаво Казалиште, кинат панкерите.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Како помал ми беа ЕКВ и Азра со Штулиќ, ама сега би гласал за Идоли.
По мое албумов ја држи титулата за најдобар албум во Ју просторите. Направен со тестиси.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Слепа кучка слепи кучиња раѓа, не ни погледнав дека ЕКВ ги има. Ме нервира за нив кога зборат наркомани, а музиката и посебно текстовите им се вонвременски. За чорба гласам затоа што пред распадот на Југославија по мене има најдобра музика, од она што го имам слушано. Е после распадот, чат пат по некоја песна. За Бјело Дугме ке се сложам со Џонтра дека се најнапумпани медиумски. Инаку тука би ги ставил и бајага и инструктори, освен неколку песни, остало му е тешко срање.
 

madrock

Bogi
Член од
23 април 2014
Мислења
589
Поени од реакции
1.921
Гласав за КУД Идијоти... . т.е. ДРУГО
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Се знае гласам за Дугме, ме паметат старите членови кога им стримав екс ју на радио бадијала :love:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Веројатно во различни години различен глас ќе дадев, некогаш Азра дефинитвно, па Хаустор, ЕКВ, Дивље Јагоде, па и Дугме, иако имале сељачки призвук имаат некои ептен добри траки.

Ама гласав за Индекси, севкупно има некоја магичност и безвременост во нивните мелодии.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Тја, нема таков бенд!
ЕКВ или Азра рецимо се на доста високо ниво, ама не дека имаа јака проѓа по продадени албуми.
Инструментално Леб и сол и СМАК.
Бело дугме се сељачки бенд, нема некојa врска со рок! Што они што Рокери с мораву:toe:
Гласав за Леб и сол од патриотки причини, инаку Азра би ми биле фаворитот.
Дај тргнете го тој Плави оркестар од анкетата :sick:
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Jaс никогаш не ги капирав Чорба и Дугме. Ми иделе ко некој турбофолк рок, отсекогаш ми биле одбивни, особено Бора, кој ми личи на еден пес (сега покојни од маалово) додуша песов беше тро посимпатичен и ги е*аваше локалниве кучки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom