Најдобар/најлош трансфер

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.430
Поени од реакции
13.825
Кој е вашиот најдобар, а кој е вашиот најлош трансфер, според дадените пари и според прикажаните игри, кој играч ги оправдал дадените пари за него, а кој не ?
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
На новиов сејф со Нотингем Форест засега имам повеќе добри трансфери а засега играч што ги оправда вложените пари за само пола сезона е Lacina Traore го зедов за 10.25 м од кои 4 во готово и 6.25 на 48 рати на 20 утакмици има дадено 29 гола и 9 асистенции , а најлош ми беше кога платив 65к за Сол Кемпбел хаха го земав на 40 години не знаеше кај тера на пријателска утакмица против екипа од 2 лиги пониска од мојата и го баталив во резервниот тим :)
 

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.358
Поени од реакции
1.041
леандро дамиао на 42 утакмици 37 гола
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
На сејвот со Интер искрено до сега сум немал лош трансфер,секој што сум го земал се покажувал добро и ги оправдал парите дадени за него.
Од сите тие ги издвојувам Весли,го земав од Коринтијанс на 18 години за 3 милиони,а моментално има 26 години и вреди 42 милиони,на секоја утакмица дава најмалку по 2 гола и прави многу асистенции.
На менаџер е пола Пеле,пола Марадона растур си прави.

Можеби е и до тактиката што ја фурам 4-2-3-1 ја играм со напаѓачки крила и истурен напаѓач кој е безгрешен во финишингот,а има и ептен добар дриблинг и тимска игра.
Имаат слобода во играта според таа тактика што ја играм,кој премногу солира и утнува шанси од пола метро,му го покажувам патот во резервниот состав се додека не се поправи :D

Лоши трансфери до сега сум немал да чукнам во дрво,мада управата ми се лути кога продавам стари играчи пред умирање,ама тоа е,сакам да играм со млад тим.
М’вила го продадов на 34 години за 5 милиони на Барса,Гризман за 9 милиони на Вест Хем,Андре Аев на 33 години за 7 милиони исто на Вест Хем и другите да не ги набројувам.
Но кога ќе видат дека и со младите играчи вадам екстра резултати,ми даваат екстра буџет пред полусезона,а на полусезона уште еден екстра буџет.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Еј ај ако може да ставате и скриншот да видиме целосно детали за трансферот, не само 25 утакмици 25 гола, e што тоа, откај да знам за колку си го купил, ако си го купил за 40 милиона и повеќе дури слабо е тоа. Или па ако ве мрзи скриншот ставете во црти

- цена;
- плата;
- настапи;
- асистенции;
- продажба (ако сте го продале за повисока цена и сте заработиле).
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
885
Поени од реакции
912
Кога прв пат почнав да ја играм 2012ката почнав со Манутд и ми се повредија Чичарито и Руни на подолго а Бербатов играше катастрофално и останав само со Велблек. Тога еден скаут ми го понуди Робињо и им испратив понуда дека сум заинтересиран за играчот и да ми кажат колку цена му бараат. Тие ми вратија дека бараат 65 милиони и јас разговарав со Бордот дека со тој трансфер ке се направи многу добра зделка и дека ке има голем профит од него. Тие ми ветиа дека ке го купат и по 1 недела ценкање го купија за 38 милиони. Играчот на 20 натпревари во сите натпреварувања даде 2 гола и имаше 1 асистенција и експресно беше продаден за само 12 милиони :)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
На менаџер 07,Игор Тудор во Вест Хем.За 2.1 милион го земав човекот,во наредните 3 сезони догурав до 3 место,а Тудор беше столб на одбраната.Многу често МоМ и во тимот на колото.Беше и најдобро засилување во Англија.

п.с И Гуардадо и Пизаро на истата со Вест Хем.И нив за ситно ко Тудор ги земав,а растураа.
Гуардадо ми го бараше Реал за 20 милиони после една и пол сезона.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Еден и единствен Јаја Саного!

Го донесов во Нотингем Форест додека бев во втора лига сеуште. На Оксер им платив 2 милиони евра, половина од парите веднаш, другата половина на рати.

2012/2013 : Натпревари: 28 стартер, (28) од клупа, 22 голови, 4 асистенции и 4 МоМ.
2013/2014 : Натпревари: 31 стартер, (23) од клупа, 38 голови, 3 асистенции и 10 МоМ.
2014/2015 : Натпревари: 40 стартер, (4) од клупа, 46 голови, 14 асистенции и 16 МоМ.
2015/2016 : Натпревари: 45 стартер, (4) од клупа, 59 голови, 16 асистенции и 17 МоМ.

Во сегашната сезона на 19 натпревари има постигнато 27 голови, сега треба да играм во Светското Клупско Првенство, значи на крајот на Ноември сум.

Моментално има 23 години, моменталната плата му е 48.000 евра неделно, секоја сезона има покачување од 15%, овој договор важи до 2019. Моменталната цена 35 милиони евра!

Ете слика по завршувањето на минатата (2015/2016) сезона:

 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Најлош трансфер: Сол Кемпбел во Лестер (сезона 2010-2011 во ФМ11). Дојде како free agent со плата од околу 7.000 и исто толкав appearance fee. Очајно ми требаше бекап центар-бек па го земав него. Подоцна сфатив дека подобро ќе беше таму голман некој да стаев отколку него. Воедно со малкуте негови настапи тој донесе ултра-уништување на мојот тим во првата сезона. Најважен настап против Rochdale во ФА куп. Топки му летаа над него, под него, низ нозе, преку него си проигруваа како сакаат, жолт доби и загубив 1-2 на домашен терен, двата гола поради негови грешки. Не заигра пак, бараше повеќе стартови да има, но се повреди и се пензионираше на крајот на сезоната. Комшар...

Најдобар трансфер: Демба Ба од Хофенхајм во Катанија (сезона 2011-2012 во ФМ11). Бев нов во Катанија откако ме земаа од Н. Форест. Барав ефтин играч и скаутот ми го посочи него за... 0 фунти... ЗЕМАААААЈ. Некогаш го играв на крило, некогаш како шпиц. Неговото комбинирање со Макси Лопез ме однесе од Media Prediction - 19 и очекувања - Avoid Relegation, до 2ро место, 3 бода од првопласираниот Милан. Таква константна форма за тие пари... ма какви пари... за без пари никој друг играч што сум го земал немал. Секој натпревар најмалку барем една асистенција. Во стаклено ѕвоно го чував да не ми се повреди. За жал после го напраив најглупиот избор у играва со тоа што заминав за Интер. Сакав да го зеам и Ба, али други некои го земаа, не ми текнува кој. Најубавото најкратко трае :(
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
На менаџер 07,Игор Тудор во Вест Хем.За 2.1 милион го земав човекот,во наредните 3 сезони догурав до 3 место,а Тудор беше столб на одбраната.Многу често МоМ и во тимот на колото.Беше и најдобро засилување во Англија.
.
А сега мене Тудор ми е тренер задолжен за одбраната у Вардар... :icon_lol:

инаку, од мене препорака за Danny Wilson од Ливерпул.

Позиција - DC
Цена - free, после 2013та. Значи го договарате уште у јануари/фебруари 2012 за да не го грабне некој. Не требало да ве чини и повеќе од 5-6м, пред да му истече договорот. Ќе сака да пристигне и ако играте во помал клуб.

Иако отценките не му изгледаат премногу јаки, вистински ѕвер е. Не му треба многу да се вклопи со одбраната, а после една сезона станува и лидер. Како и секој поасален дефанзивец, го користи багот со корнерите(ако не го менувате) и дава по десетина гола по сезона.

Досега сум го имал во два тима. Депортиво каде што играше една ипол сезона, но дојде понуда од Арсенал, 10м. евра, мојот глуп борд прифати. После продужи дечкото таму да растура.
Вториот пат , со Леверкузен, не се зезнав и кога го потпишав му закачив клаузула од 50м. И таму за две сезони имаше преку 7.20 просечна отцена.

Скриншот не сум у можност да ставам, но имате топла препорака! :)
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
А сега мене Тудор ми е тренер задолжен за одбраната у Вардар... :icon_lol:

инаку, од мене препорака за Danny Wilson од Ливерпул.

Позиција - DC
Цена - free, после 2013та. Значи го договарате уште у јануари/фебруари 2012 за да не го грабне некој. Не требало да ве чини и повеќе од 5-6м, пред да му истече договорот. Ќе сака да пристигне и ако играте во помал клуб.

Иако отценките не му изгледаат премногу јаки, вистински ѕвер е. Не му треба многу да се вклопи со одбраната, а после една сезона станува и лидер. Како и секој поасален дефанзивец, го користи багот со корнерите(ако не го менувате) и дава по десетина гола по сезона.

Досега сум го имал во два тима. Депортиво каде што играше една ипол сезона, но дојде понуда од Арсенал, 10м. евра, мојот глуп борд прифати. После продужи дечкото таму да растура.
Вториот пат , со Леверкузен, не се зезнав и кога го потпишав му закачив клаузула од 50м. И таму за две сезони имаше преку 7.20 просечна отцена.

Скриншот не сум у можност да ставам, но имате топла препорака! :)
Чудо некое пак кај мене го продолжи договорот до 2015 :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232


Ете го во 2016. Бројките не се нешто златни али константен е упм!
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
преѓе ми пропадна цел пост па вака набрзина само ќе ги набројам :)
најдобри: думбиа, кадлек/ц, квинтеро, даглас коста, алдервилд, толои и ковал.
најлоши: алекс сандро, аого.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom